Според првичните резултати објавени од Државната изборна комисија (ДИК), кандидатите на коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ водат во повеќе општини и во Град Скопје. Во Скопје, Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ има убедлива предност со 62,65% од гласовите (53.171), додека Амар Мециновиќ од Левица има 32,16% или 27.294 гласа. Во општина Аеродром, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ води со 68,77%, додека кандидатот на СДСМ доби 25,54%. Во ...

Со Струга, ќе раководи независниот кандидат, Менди Ќура, со Куманово ЗНАМ на Максим Димитриевски и со Шуто Оризари, Курто Дудуш од Унијата на Роми, кои за победите се изборија во вториот круг, откако во првиот круг не успеаја да го поминат прагот од 50 отсто плус еден од излезените избирачи Со вториот круг од локалните избори што се одржа вчера земјава го заокружи изборот на градоначалници во 76 општини и Градот Скопје. Вчера се гласаше во 32 ...

Република Македонија доби јасна политичка мапа по синоќешниот втор круг: коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои над две третини од градоначалничките места, вклучително и Град Скопје, каде Орце Ѓорѓиевски победи со над 94 илјади гласови. Излезноста на ниво на држава во вториот круг се движеше околу 41,7%. Вкупни градоначалници: 54 од 81 за ВМРО-ДПМНЕ по двата круга, СДСМ освојува 8, ВРЕДИ 9, НАИ 5 градоначалници, додека две општини ќе ги ...

Убедлива победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ – ВРЕДИ втора, СДСМ трета Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е најуспешна на Локалните избори 2025, со освоени 54 градоначалнички места, меѓу кои и Град Скопје. Според податоците од двата изборни круга, оваа коалиција ќе раководи со најголем број општини во државата. Резултати по коалиции На второ место се најде коалицијата ВРЕДИ, која освои девет општини, а коалицијата на СДСМ доби осум ...

Голема победа на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ прогласи лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски по вториот круг локални избори. Според досега објавените резултати, по двата круга, ВМРО-ДПМНЕ би имал 55 градоначалнички места, ВРЕДИ десет, шест се за СДСМ, НАИ четири, а ЗНАМ и Унијата на Роми би имале по еден градоначалник. Филипче и Ахмети најавија консолидација на партиите. Голема, голема победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ...

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, победи во вториот круг од локалните избори за градоначалник на Скопје. Според речиси конечните резултати на Државната изборна комисија, по преброени 98,83 отсто од гласовите, Ѓорѓиевски освои 94.375, наспроти Амар Мециновиќ од Левица, кој доби поддршка од 60.128. Иако победата на Ѓорѓиевски е со значителна разлика, бројот на освоени гласови е помал од оној со кој победи градоначалничката Данела Арсовска ...

Кандидатот на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, оствари убедлива победа во речиси сите скопски општини во вториот круг од локалните избори. Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), Ѓорѓиевски води со значителна разлика во повеќето општини на територијата на главниот град — Аеродром, Карпош, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел, Гази Баба, Сарај и Шуто Оризари. Единствен исклучок е Општина ...