Охрид, 29. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат празникот посветен на Свети апостол Аристовул. Еден од Седумдесеттемина апостоли. Брат на светиот апостол Варнава. Родно место му е островот Кипар. Следбеник на свети апостол Павел, којшто во Посланието до Римјаните и го спомнува (16, 10). Кога великиот Павел поставуваше многубројни епископи за разни краеви на светот, тогаш го постави и Аристовул за епископ ...

Охрид, 30. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денеска го прославуваат Денот на Свети Алексиј, човек Божји. Различни се патиштата по коишто Бог ги води оние што сакаат да Му угодат и да го исполнат Неговиот закон. Во времето на царот Хонориј во Рим живееше високиот царски достоинственик Ефтимијан, многу угледен и многу богат. И тој и жена му Аглаида животот го минуваа богоугодно. Иако беше богат, Ефтимијан само еднаш дневно ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 март. Денеска е Св. Кирил Ерусалимски. Свети Кирил се роди во Ерусалим во времето на царувањето на Константин Велики. Во 350 година беше избран за Ерусалимски патријарх. Три пати беше прогонуван. Пострада од аријанците и од царот Јулијан Отстапникот. Се упокои во времето на царот Теодосиј Велики (втора половина на четвртиот век). Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) ...

Охрид, 31. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денеска го прославуваат Свети Кирил, архиепископ Ерусалимски. Роден е во Ерусалим во времето на Константин Велики, а умре во времето на Теодосиј Велики (315-386). Во 346 година го посветија за свештеник, а во 350 година го наследи на престолот блажениот јерусалимски патријарх Максим. Трипати го симнуваа од престолот и го испраќаа во прогонство, додека најпосле во времето на Теодосиј ...

Охрид, 1. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денеска го прославуваат Денот на Светите маченици Хрисант и Дарија и другите со нив. Хрисант беше син единец на еден велик бојарин, Полемиј, којшто од Александрија се пресели во Рим. Како син на богати родители Хрисант ги изучи разните светски школи, а ги имаше за учители најучените луѓе. Но, светската мудрост го збуни и го остави во неизвесност околу прашањето што е вистина. И тој ...