Новак Ѓоковиќ ја забележа првата победа по пауза од речиси два месеци, односно после точно 54 дена. Србинот со победа го започна настапот на турнирот во Женева, а во осминафиналето беше подобар од унгарскиот тенисер, Мартон Фучович, со максимални 2-0. На Ѓоковиќ му беа потребни само 75 минути за да дојде до победата со 6-2 и 6-3 по сетови. Противник на српскиот тенисер во четвртфиналето ќе му биде Италијанецот Арналди, од кого загуби на турнирот ...

По катастрофалните резултати изминативе два месеци, Новак Ѓоковиќ реши да се пријави на турнирот во Женева и да има завршна подготвка пред Ролан Гарос, а денеска во воведната рунда во Швајцарија ја запиша првата победа на земјена подлога оваа сезона. Искусниот Србин го одигра најдобриот меч после четвртфиналето со Карлос Алкарас на Аустралијан Опен и без големи проблеми го реши проблемот наречен Мартон Фучович, па сега може со далеку подобри очи ...