Ѓоковиќ стигна до финалето во Женева, против Хуркач ќе брка „стотка“!

Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на АТП турнирот во Женева, откако го совлада Камерон Нори во полуфиналето со 2-1. Србинот мораше да игра три сета, а по два часа и 16 минути го скрши отпорот на британскиот ривал. 

Стартот на мечот во Женева беше израмнет, Ѓоковиќ во петтиот гем имаше две брејк-топки и не ги искористи, а потоа направи брејк во седмиот (3-4). До крајот на сетот српскиот тенисер со 6-4 успеа да поведе во мечот. 

Вториот сет беше најдолг и понуди најголема борба. Тенисерите си разменија по еден гем на противнички сервис, а потоа се влезе во тај-брејк. Ѓоковиќ имаше предност од 6-5 и не искористи меч-топка, но Нори успеа да се врати и направи пресврт па со 8-6 го израмни дуелот. Тоа како да го подналути Србинот, бидејќи во третиот сет Ѓоковиќ го доби убедливо со 6-1 и два брејка во своја корист. 

Во финалето на турнирот во Женева веќе чекаше Хуберт Хуркач кој го победи Офнер, па ќе му се спротивстави на Ѓоковиќ во походот кон стота АТП титула.

ФОТО/PHOTO: Corinne Dubreuil/ATP Tour