Според податоците собрани од Репортери без граници за Индексот на слобода на медиумите во светот за 2025 година, во 160 од 180 оценети земји, медиумите постигнуваат финансиска стабилност „со тешкотии“ – или „воопшто не ја постигнуваат“. Уште полошо, новинските куќи се затвораат поради економски тешкотии во речиси една третина од земјите во светот. Ова е случај во САД (57-мо место, пад од 2 места), Тунис (129-то место, пад од 11 места) и ...

Во извештајот подготвен од Европската унија за граѓански слободи, врз основа на активностите на 43 организации за човекови права од 21 земја, се наведува дека властите во неколку земји членки на ЕУ ја потиснуваат слободата на медиумите или ја ослабуваат независноста и регулацијата на медиумите. Со слабите правила за транспарентност на сопственоста, растечко влијание на националните влади врз јавните медиуми и заканите за новинарите, слободата и ...

Само професионални и независни медиуми можат да придонесат за одржлив општествен и демократски развој во ерата на брзи технолошки промени, велат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по повод 3-ти мај, Светскиот ден на слободата на медиумите. Од таму додаваат дека слободата значи право на новинарите да истражуваат без притисоци, но со развојот на вештачката интелигенција оваа слобода добива ново значење и се соочува со нови ...

„Додека медиумите од јавен интерес се борат да преживеат, авторитарните режими и актерите во дезинформациите брзо се обидуваат да ја пополнат празнината, искривувајќи ги фактите и манипулирајќи со јавното мислење. Се повеќе сме загрижени за растечките закани за новинарите и другите медиумски професионалци, вклучувајќи заплашувања и напади, произволно притворање, законски прогон и транснационална репресија, се со цел да се замолчи нивната ...

Европската комисија, по повод Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај, порача дека слободата на медиумите и плурализмот се основни принципи на просперитетните демократии. Европската комисија ја потврдува својата посветеност на почитување на слободата на медиумите и плурализмот во Европската Унија и на промовирање на овие принципи низ целиот свет, се наведува во пораката. Во пораката се посочува дека и во политичките насоки на ...

Слободата на медиумите и плурализмот се основни принципи на просперитетните демократии, порача Европската комисија по повод Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај. – Европската комисија ја потврдува својата посветеност на почитување на слободата на медиумите и плурализмот во Европската Унија и на промовирање на овие принципи низ целиот свет, се наведува во пораката. Во неа се посочува дека и во политичките насоки на претседателката на ...

Слободните медиуми се најдобриот штит за демократијата и новинарите мора да бидат слободни да известуваат без страв од цензура, заплашување или одмазда, порача претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола по повод Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај. - Европскиот парламент секогаш ќе ги брани и ќе се залага за слободата на медиумите и новинарите - не само на Светскиот ден на слободата на медиумите, туку секој ден, нагласи ...

Охрид, 3. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со одлука на Генералното собрание на Обединетите Нации, 3-ти мај е прогласен за Светски ден за слобода на медиумите. Овој ден е потсетување до сите влади и држави дека нивна должност е да го поддржуваат правото за слобода во изразувањето, нешто што е загарантирано со членот 19 од универзалната декларација за правата на човекот. УНЕСКО на овој ден доделува посебни признанија на поединци, организации или институции ...

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) реагираше на падот на Македонија за шест позиции на Светскиот индекс за слобода на медиумите за 2024 година, нагласувајќи дека тоа е директен резултат на влошената медиумска средина и нерешените системски проблеми со кои се соочуваат новинарите во земјата. Препорачано -Оценката на Репортери без граници во нивниот извештај за слободата на медиумите во Македонија е реален одраз на ...

Македонија е позиционирана на 42. место во светот според Индексот за слобода на медиумите на Репортери без граници за 2025 година, што е пад од шест места во однос на лани кога беше 36-та. Земјава и покрај забалежаниот пад, сепак, по Словенија која е на 33 место и Црна Гора 37, е повисоко рангирана од останатите држави од регионот. Репортери без граници ја оценува состојбата со слобода на медиумите во земјава како „задоволителна“. – Иако ...