Јаневска: Приемниот испит откри несогласување меѓу оценките и реалното знаење – следуваат измени во законот за оценки Во подготовка се законски измени, откако стана јасно дека половина од учениците со сите петки не го положиле приемниот испит во скопската гимназија „Георги Димитров“. Ова денеска го објави министерката за образование и наука Весна Јаневска од собраниската говорница, посочувајќи дека „нереалното оценување“ мора да престане. ...

Дваесет и седум скроз одлични ученици, со сите петки во основно, не беа примени во гимназијата „Георги Димитров“ бидејќи знаењето не го покажале на хартија. Сите кандидати за оваа скопска гимназија полагаа приемен тест со можни 150 бодови. Последниот примен успеал да одговори точно на помалку од третина прашања и станал гимназијалец со освоени 45 поени. Останатите со помалку бодови не влегле во квотата иако сите донеле само 5-ки од основно ...

Лавина реакции во јавноста предизвика изјавата на министерката за образование и наука, Весна Јаневска, дадена од собраниската говорница, дека „во гимназијата „Георги Димитров“ од 75 ученици со сите петки кои полагале приемен испит, 50 отсто не го положиле“. Изјавата остави впечаток дека учениците добивале високи оценки без реална проверка на знаењето, а како што кажа и самата министерка, постои сомнеж дека професорите „попуштале“ и им доделувале ...

Скопје, 26 јуни 2025 (МИА) - Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска од собраниската говорница информираше дека од 75 одлични ученици кои полагаа приемен испит за да се запишат во гимназијата „Георги Димитров“, половина од нив не го положиле испитот што според неа е резултат на досегашната пракса да се пишуваат оценки кои не соодветствуваат со знаењето на ученикот. - Сте можеме со измена во законот, како што ние рековме, ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска од собраниската говорница информираше дека од 75 одлични ученици кои полагаа приемен испит за да се запишат во гимназијата „Георги Димитров“, половина од нив не го положиле испитот што според неа е резултат на досегашната пракса да се пишуваат оценки кои не соодветствуваат со знаењето на ученикот. – Можеме со измена во законот, како што ние рековме, наставнички совет да нема право да ...