Илчо Ѓорѓиоски ќе ја предводи Струга ТЛ во атакот на првиот куп-трофеј во клупската историја, во големото финале што стружани утревечер ќе го играат против екипата на Вардар. Тренерот Ѓорѓиоски му ја препушта фаворитската улога на противникот, но и најавува дека неговиот тим ќе стори се за да им ги замрси сметките на „вардарци“ „Според мене, Вардар е фаворит на утрешниот натпревар. Многу го ценам овој клуб, како играч и тренер освојував титули, ...
Екипата на Струга го загуби и второто финале од Купот на Македонија во историјата на клубот, откако беа поразени од Вардар во финалето со 2-0. Тренерот на стружани, Илчо Ѓорѓиоски, му честиташе на противникот и му посака успешен настап во фудбалска Европа. „Имавме шанси први да постигнеме гол, но за жал не реализиравме. За жал, фудбалерите не го одиграа тоа што се договоривме. Требаше да играме поофанзивно. Тоа е фудбалот, кога не даваш гол, ...
Илчо Ѓорѓиоски не успеа да ја спаси сезоната на Струга Трим Лум. По загубената титула на домашната сцена, тимот остана и без трофеј во Купот на Македонија, откако го загуби финалето со Вардар (0-2). По мечот, тој направи анализа на мечот. „Секако дека можеше поинаку, Вардар ги искориси своите шанси и чеситки за победата. Му посакувам успех во Европа. Ние не ги искористивме шансите, примивме прв гол од од пола шут. Вториот беше сосема на ...
Колку сакам да го победам Вардар од 1 до 100? СТО…. вака го започна официјалниот прес тренерот на Струга Трим Лум, Илѓо Ѓорѓиоски, пред утрешното Куп финале кога со својот тим ќе му се спротивстави на Вардар. На Арената Тодор Проески, Стружани доаѓаат со скриени адути кога станува збор за тактиката и составот, но со отворени амбиции да се победи лутиот ривал. „Вардар е мој клуб, но утре сакам да го победам. Нема тука дилеми. Финале на куп е меч ...
Фудбалерите на Струга ќе се судрат со Вардар во финалето на Купот на Македонија за крај на сезоната на двете екипи. Ова е шанса за излез во Европа, бидејќи станува збор за тимовите кои завршија на четвртото, односно петтото место во ПМФЛ. Стандардно ден пред натпреварот беше организирана официјалната прес-конференција во просториите на нашиот најголем стадион. Илчо Ѓорѓиоски, тренерот на стружани ги изнесе своите очекувања и кажа: „Финале на Куп ...
Илчо Ѓорѓиоски има свое минато во Вардар и освојуваше трофеи како играч и тренер на најуспешниот македонски клуб, но утре поранешниот прв човек на македонската Федерација ќе биде ривал на „црвено-црните“ во финалето во Купот. Како предводник на Струга, Ѓорѓиоски ќе се обиде да го донесе првиот Куп трофеј за овој клуб во второто финале, а за да случи тоа, минатогодишниот македонски првак ќе мора да го победи најразиграниот тим во вториот дел од ...