Економскиот шок што светот го доживува од крајот на февруари, кога започнаа конфликтите на Блискиот Исток, е претежно од енергетска природа, но се почувствува практично веднаш преку порастот на цените на прехранбените суровини на светските берзи, кои се зголемија за околу три проценти само во март, доведувајќи ги цените на храната до 22-месечен максимум. Зголемувањето на цените на храната во текот на првиот месец од војната и затворањето на ...
Јапонија повторно ќе увезува сурова нафта од Русија, што е прв ваков потег по затворањето на Ормутскиот теснец по февруарските напади врз Иран. Нафтата доаѓа од проектот Сахалин-2 на рускиот Далечен Исток, а пратката ја обезбедила јапонската компанија Taisei Oil. Танкерот веќе испловил кон крајот на април и се очекува да пристигне во префектурата Ехиме во западна Јапонија. Овој чекор се случува во време кога Јапонија, која во голема мера ...
Италијанскиот и иранскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани и Абас Аракчи денес разговараа за ситуацијата на Блискиот Исток, при што Тајани изрази загриженост за зголемувањето на тензиите во регионот. Тајани изјави на својот профил на мрежата „Икс“ дека разговарале за војна меѓу САД и Израел против Иран и ја нагласиле потребата да се спречи понатамошна ескалација. „Јасно потврдив дека за Италија развојот на иранската нуклеарна ...
Извештај на експерти од Програмата за развој на ОН (УНДП), заснован на податоци од 85 земји собрани во текот на три децении, покажува дека жените се непропорционално погодени кога отплатата на долгот значително се зголемува, а тоа највеќе се покажува во т.н. држави во развој, пренесува Гардијан. Додека владите го намалуваат јавниот буџет за да се приспособат на зголемените трошоци за долг, жените – кои се прекумерно застапени во сектори како ...
Цените на нафтата на меѓународните пазари повторно ја надминаа границата од 110 долари за барел, поттикнати од засилените геополитички тензии по најновите случувања на Блискиот Исток. Во вторник наутро, барел нафта од типот Brent се тргуваше меѓу 113 и 114 долари. На лондонскиот пазар, цената на нафтата Brent се зголеми за 2,44 долари во однос на затворањето во петокот и достигна 110,61 долари за барел. Во текот на минатата недела, цените ...

