Европската Унија (ЕУ) и Црна Гора денес, на 28-от состанок на Меѓувладината конференција во Брисел, привремено ги затворија преговорите во рамките на Поглавје 8 – Конкуренција и Поглавје 29 – Царинска унија, зголемувајќи го бројот на привремено затворени поглавја од преговорите на 18 од вкупно 33 отворени, објави Советот на Европската Унија по конференцијата. Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ изјави на прес-конференција дека Црна Гора не ...

Црна Гора затвори уште две преговарачки поглавја и стана првата земја кандидат што завршила повеќе од половина од работата на патот кон Европската Унија. Европската комесарка за проширување Марта Кос порача дека земјата се наоѓа во завршната фаза од подготовките за членство и дека ЕУ е подготвена да ја прими. На меѓувладината конференција во Брисел привремено беа затворени Поглавјето 8, кое се однесува на политиката на конкуренција, и ...