Политичката иднина на Марин Ле Пен, лидерката на француската крајна десница и водечка кандидатка за претседател, зависи од денешната одлука на парискиот апелационен суд. Судот ќе пресуди за нејзиниот обид да ја поништи забраната за извршување јавна функција, а исходот ќе одреди дали Националниот собир (RN) на општите избори следната година ќе го претставува 57-годишната Ле Пен или нејзиниот 30-годишен штитеник Жордан Бардела, пишува Гардијан ...

Апелацискиот суд во Париз потврди дека лидерката на француската крајна десница Марин Ле Пен е виновна по обвиненијата за проневера, поради што е неизвесно дали ќе се кандидира на следните претседателски избори. Судот ѝ го овозможи тоа откако ѝ ја намали забраната за вршење јавна функција од пет години на 15 месеци. Судот ги потврди казните од 100.000 евра и три години затвор, од кои две условно. Третата година Ле Пен треба да ја отслужи со ...

Марин Ле Пен, која веќе две децении е лидер на француската крајна десница, најави дека четврти пат ќе се кандидира за претседател, иако жалбениот суд ја обврза да носи електронска алка откако ја потврди пресудата за злоупотреба на јавни средства. Лидерката на популистичкиот „Национален собир“, кој води во анкетите за јавното мислење, изјави дека ќе учествува во изборната трка во 2027 година, откако ќе поднесе жалба до највисокиот суд во ...

Лидерката на француската крајна десница, Марин Ле Пен, изјави дека ќе се кандидира за претседател на изборите во 2027 година и дека ќе поднесе жалба до највисокиот суд во Франција против пресудата за проневера, според која една година ќе мора да носи електронска нараквица за надзор. „Не можам да водам изборна кампања со електронска нараквица“, изјави таа за француска телевизија. „Ќе ги искористам сите правни можности за да ја докажам мојата ...

Францускиот Касациски суд денес објави дека ќе одлучи за жалбата на крајно десничарската претседателска кандидатка Марин Ле Пен против одлуката на второстепениот суд до почетокот на април следната година, пред гласачите да излезат на гласање. Во вторник, второстепениот суд ја потврди одлуката на понискиот суд и ја осуди Ле Пен на една година домашен притвор, по што таа објави дека ќе се кандидира за претседател и ќе се жали до Касацискиот ...

Речиси 60 проценти од Французите не ја одобруваат одлуката на Марин Ле Пен, лидерка на крајно десничарската партија Национален собир (RN), да се кандидира на следните претседателски избори, според анкета објавена денес од Институтот Елабе. Сепак, мнозинството гласачи на RN – 68 проценти – сè уште ја одобруваат нејзината одлука, додека 32 проценти од поддржувачите на партијата се против нејзината кандидатура, објави телевизијата BFM. Околу 79 ...