„Не верувам дека некој политички се пресметува со мене и нема зошто. За односот на колегите од Уставниот суд сакам да ги поздравам и да ви кажам дека тие првиот ден кога се донесе пресудата рекоа дека ме поддржуваат, впрочем и судијата Осман Кадриу се појави на прес-конференција и рече дека ова е преседан и дека ме поддржуваат и дека ме охрабруваат да не се откажувам од борбата за мојот статус кој ми се одзеде насилно“, вели Елизабета Дуковска ...
Судската одлука за поништување на изборот на Елизабета Дуковска за уставна судијка предизвика реакции и прашања за правната основа на пресудата. Управниот суд донесе одлука со која го поништи изборот на Дуковска од април 2023 година, бидејќи постапката за избор на кандидатите, според нив, не била спроведена правилно. Според судот, Судскиот совет при предлагањето на кандидатите не постапил согласно законските правила, оти требало да гласа за сите ...
Судијката Елизабета Дуковска, чиј избор за уставен судија неодамна беше поништен од Управниот суд, во емисијата „360 степени“ на МРТ 1 рече дека на 5 јуни годинава веќе е вратена на старото работно место како апелациски судија. Претходно добила известување од претседателот на Уставниот суд дека е одјавена во Агенцијата за вработување. Таа смета дека претседателот на Уставниот суд немал никаква надлежност да постапи на овој начин и да ја одјави. ...
Прашана дали се сомнева на некого од Уставниот суд, Дуковска одговори – сè е можно Елизабета Дуковска се сомнева дека пресудата со која Управниот суд го поништи нејзиниот избор за уставен судија е донесена „однадвор“. Таа вели дека сите судски пресуди или решенија се работат во АКМИС-системот, чии, пак, обележја ги нема во конкретната пресуда. Наведе и конкретни забелешки. „Секоја пресуда мора пред уводот да содржи дека се изрекува ’во името на ...