Администрацијата на Доналд Трамп најави нова фаза на економски притисок врз Иран, со можност за секундарни санкции врз земјите и компаниите што продолжуваат да соработуваат со Техеран. Администрацијата на Трамп го претставува овој потег како „економски ден Д“ против Иран, тврдејќи дека сака да го принуди иранското раководство да се откаже од својата нуклеарна програма и целосно да го отвори Ормускиот теснец за танкери за нафта и природен гас. ...
Иран денеска предупреди дека ќе одговори „силно и разорно“ на секоја нова закана од САД, откако Вашингтон објави дека ќе воведе досега најстроги санкции насочени кон понатамошно ослабување на иранскиот режим. Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, изјави дека деталите за новите мерки ќе бидат објавени во понеделник. Тој ги оцени како „најтешките санкции во историјата“ и рече дека САД ќе се обидат економски да го изолираат Иран, ...

