Фудбалската федерација на Франција и официјално поднесе жалба до ФИФА со барање да биде поништен жолтиот картон што го доби Мајкл Олисе на крајот од осминафиналниот натпревар против Парагвај (1-0) на Светското првенство. Ова и откако беше „поништен“ црвениот картон на американскиот фудбалер Фоларин Балогун во пресрет на мечот со Белгија. Како што и претходно беше најавено, Французите сметаат дека опомената за офанзивецот на Баерн Минхен е ...

Лавината што ја отвори контроверзната одлука во случајот „Балогун“ доби ново продолжение. Фудбалската федерација на Франција размислува да побара од ФИФА да биде поништен жолтиот картон што Мајкл Олисе го доби против Парагвај во осминафиналето на Мундијалот, пишуваат Ле Паризиен и Л’Екип. Французите сметаат дека опомената била престрога и дека судијата погрешно ја проценил ситуацијата во самиот финиш од натпреварот. Спорниот дуел во судиското ...