Реал Мадрид ќе ја заврши сезоната без своите фудбалери Арда Гулер и Едер Милитао, кои се повредени, објави денеска шпанскиот весник „Марка“. Гулер има проблем со десната тетива, додека Милитао со левата нога, а двајцата играчи се повредија на натпреварот против Алавес во вторникот. Според весникот, повредата на Милитао е „позагрижувачка“ и неговиот настап на претстојното Светско првенство во дресот на Бразил засега е „неизвесен“. „Случајот на ...
Едер Милитао санираше две тешки повреди на коленото во изминатите две години, но кинењето на вкрстените лигаменти остави длабока трага врз неговата физичка состојба, за што доказ се низата мускулни повреди. Во моментите кога се врати после долго време, Милитао експресно си најде место во стартниот тим на Реал Мадрид, но поради повреда не го доигра мечот со Алавес и сам побара измена. Реал Мадрид како клуб во прв момент извести дека Бразилецот ...

