Македонија со рутинска победа над Лихтенштајн ги отвори квалификациите за пласман на Мундијалот 2026 во Канада, САД и Мексико. На „Рајнпарк“ стадионот во Вадуц селекторот Благоја Милевски истрча со Столе Димитриевски, Висар Муслиу, Никола Серафимов, Ѓоко Зајков, Езѓан Алиоски, Елиф Елмас, Исник Алими, капитенот Енис Барди, Дарко Чурлинов, Александар Трајковски и Бојан Миовски. Пред почетокот на натпреварот со минута молк беше оддадена почит за ...

Фудбалската репрезентација на Македонија ја оствари целта и дојде до победа над Лихтенштајн (0-3) на стартот на квалификациите за Светското првенство (СП) во 2026 година. За нашиот национален тим ова беше единаесетти триумф во 12-тото соочување со аутсајдерот, а трите бода го радуваат Бојан Миовски, кој ги сподели импресиите од одиграното и прикажаното во Вадуц. „Разочаран сум од Лихтенштајн бидејќи игравме на ненаводнет и сув терен. Тоа ни ...

Репрезентацијата на Македонија до 16 години оствари победа со 2-0 над соодветната селекција на Киргистан во вториот контролен натпревар што го одигра нашата селекција во Сиде, Анталија. Македонија беше подобар противник во текот на целиот натпревар. Покрај двата постигнати погодоци во првото полувреме, нашите млади фудбалери пропуштија неколку извонредни прилики. Фадил Исламовиќ со гол од пенал во 12. минута ја доведе Македонија во предност. ...

Репрезентацијата на Македонија до 16 години оствари победа со 2:0 над соодветната селекција на Киргистан во вториот контролен натпревар што го одигра нашата селекција во Сиде, Анталија. Македонија беше подобар противник во текот на целиот натпревар. Покрај двата постигнати погодоци во првото полувреме, нашите млади фудбалери пропуштија неколку извонредни прилики. Фадил Исламовиќ со гол од пенал во 12. минута ја доведе Македонија во предност. ...

Македонската фудбалска репрезентација со победа од 3:0 на гостувањето во Лихтенштајн, ги започна мундијалските квалификации. Александар Трајковски и Висар Муслиу и донесоа на Македонија резултат од 2:0 по 45 минути, а третиот гол го постигна Бојан Миовски во 84 минута. Македонските навивачи кои присуствуваат на фудбалскиот натпревар Лихтенштајн – Македонија во 59 минута им оддадоа почит на жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани. Македонија ...