Украинскиот претседател Володомир Зеленски упати апел до лидерите на земјите од Групата седум најразвиени да го зголемат притисокот врз Русија со цел да се обезбеди прекин на огнот во конфликтот во Украина. Тој нагласи дека е неопходно да се преземат конкретни мерки за да се спречи избегнувањето на санкциите воведени против Москва. Во објава на својот „Телеграм“ канал, Зеленски изјави дека групата Г7 има доволно моќ и средства да ја заостри ...
Според нив, работната група, формирана претходно оваа пролет, почнала да губи замав во мај, бидејќи станувало сè појасно дека претседателот Трамп не е заинтересиран да заземе поостар став кон Москва, оценува Ројтерс. Иако за време на изборната кампања вети дека ќе го прекине конфликтот во Украина на својот прв ден на функцијата, Трамп станува сè пофрустриран поради недостигот од напредок, велат анонимните функционери. Претседателот дури ...
Виена, 16 јуни 2025 (МИА) – Народот на Украина не сака да биде поданик на Русија, тие се борат за својата слобода. Мораме да го браниме владеењето на правото и демократијата. Украина не се бори само за себе, туку за цела Европа, изјави австрискиот претседател Ван дер Белен на заедничката прес-конференција во Виена со украинскиот колега Володимир Зеленски. Белен посочи дека Австрија од почетокот на војната без двоумење ја поддржува Украина. - ...
Мораме да го браниме владеењето на правото и демократијата. Украина не се бори само за себе, туку за цела Европа, изјави австрискиот претседател Ван дер Белен на заедничката прес-конференција во Виена со украинскиот колега Володимир Зеленски. Белен посочи дека Австрија од почетокот на војната без двоумење ја поддржува Украина. - Австрија почитува воена неутралност, но не и политичка. Русија недвосмислено е агресорот, посочи Белен при тоа ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на самитот на Г7 во Канада, Украина ќе ги постави прашањата за притисок врз Русија, користењето на замрзнатите руски средства, санкциите, како и ограничувањата на цената на руската нафта. „Што се однесува до Групата седум, за нас е многу важно заеднички да утврдиме конкретни мерки за притисок за да го запреме Путин, да го принудиме да прекине оган и војна. Ќе разговараме за замрзнатите руски ...
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен повика на зголемен притисок врз Русија за да се стави крај на војната во Украина, пред почетокот на Самитот на Групата на седумте (Г7) во Кананаскис, Алберта, Канада. Таа ги повика партнерите од Г7 да ги зајакнат санкциите против Москва за да се постигне оваа цел. Европската унија е подготвена да усвои нов, 18-ти пакет санкции против Русија, но досега не успеа да го убеди американскиот ...