На 25 март, со почеток во 20 часот во Културно-социјалниот простор ЦЕНТАР–ЈАДРО ќе биде отворена самостојна изложба на Моника Десоска „Моменти низ времето“. Изложбата може да се посети од 25 март до 2 април, секој работен ден од 10:00 до 15:00 часот Моника Десоска и се претставува на ликовната публика со серија на дела од циклусот „Моменти низ времето”. Нејзината животна ретроспектива, несебично ја споделува преку свое самооткривање. ...

На 11.11.2025 (вторник), во 19 ч, во Чифте амам при Националната Галерија на Македонија ќе се отвори самостојната изложба на ликовниот уметник и редовен професор на тетовскиот Државен универзитет, Сафет Спахиу, со наслов „Пурпурна имагинација“. Ќе бидат изложени педесет дела од овој негов последен циклус на слики изработени во комбинирана техника. Изложбата ќе ја отвори директорот на Национална Галерија на Македонија, Али Синани. Кустос на ...

Робин (Мери-Луис Паркер) е агент за недвижности која боледува од СИДА и бара придружник со кого да оди во Калифорнија. Џејн (Вупи Голдберг), невработена пејачка во ноќен клуб, се упатува кон Западниот брег на Америка и бара возач. Во Питсбург, Робин ја посетува својата бремена пријателка Холи (Дру Баримур), која бега од насилно момче и станува нивна нова придружничка. Трите нови пријателки решаваат да започнат нов живот на другата страна од ...

Филмот го следи Викиликс од неговите рани денови до самиот крај низ очите на Даниел Домшајт-Берг. Преку очите на Даниел Домшајт-Берг (Даниел Брул), раниот поддржувач и последен колега на Џулијан Асанж (Бенедикт Камбербач), филмот го следи Викиликс од неговите рани денови до самиот крај, по серијата контроверзни објавувања на податоци кои ја сменија историјата. Веб-страницата стана успех преку ноќ и им донесе слава на своите главни архитекти, ...

24/03/2026 10:29 - МРТ

Изнајмената атентаторка Електра (Џенифер Гарнер) работи за мистериозна меѓународна организација позната како „Раката“, за која ги убива своите цели без прашање, и тоа во впечатлив црвен корсет. Кога „Раката“ ја замолува да ги убие Марк Милер (Горан Вишњиќ) и неговата ќерка, Аби (Кирстен Праут), додека се на одмор, совеста на Електра се вклучува и таа одлучува да ги заштити своите цели, наместо да ги елиминира. Секако, „Раката“ не е толку ...

24/03/2026 10:29 - МРТ

Додека неговите попопуларни колеги лудо се забавуваат прославувајќи ја нивната последна година во средно училиште, почесниот ученик Метју Кидман (Е. Хирш) сè сфаќа исклучително сериозно и одговорно, на задоволство на неговата горда мајка (Д. Булок) и татко (Т. Ботомс). Со одлични оценки и престижниот факултет на кој штотуку е примен, неговата цел е да стане успешен политичар. Но, една вечер, неговата нова соседка Даниел (Е. Катберт) го ...

По повод Светскиот ден на поезијата, ве покануваме на вечер каде што јазиците градат мост, а не бариера, велат од ЕУ хаус-Скопје. „Меѓу два стиха – Ndërmjet dy vargjeve” – симбиоза помеѓу македонскиот и албанскиот јазик, препев и споделено значење. Повелете на вечер дизајнирана како поетски разговор, каде што секоја песна се слуша во нејзината оригинална форма, а потоа се ревитализира преку препев – дозволувајќи моќта на зборовите да ...

Во сабота (28.03) од 12 часот до 16 часот во просториите на Факултетот за драмски уметности, нашите колеги од филмска режија организираат отворен кастинг за испитни кратки филмови. Кастингот е отворен за сите заинтересирани, без разлика на претходно актерско искуство, информираат од Академска сцена. Ги покануваме сите љубители на филмот да се пријават и да станат дел од нови авторски приказни! Кастингот ќе се состои од: – кратко претставување ...

СОНУВАЧКИ Sanjalice / The Dreamers Владимир Петровиќ / Србија / 2025 / 69 мин Еден од првите женски рок бендови во светот е основан во Белград, главниот град на Титова комунистичка Југославија, во 1960-тите. Тинејџерките Дода, две Лјилјани и Нена како ВИС Сањалице, соочувајќи се со сложените општествени околности и предрасудите од „чуварите на јавниот морал“ за наводно ширење на духот на бунтот, ја освоија музичката сцена, рамо до рамо со ...

Повеќе од 50 уметници вечерва и утревечер ќе настапат на сцената на Македонскиот народен театар во новото издание на „Глумците пеат“. Оваа година програмата е посветена на македонската музика — песни што публиката добро ги знае, но ќе ги слушне поинаку. Форматот го става актерот во поинаква улога, каде музиката станува личен израз, а препознатливите композиции добиваат нов живот низ соло изведби, дуети и групни точки. Годинава првпат дел од ...

В среда, 25 март во бистрото „Комедија“ во Скопје ќе се одржи промоција на романот „Страв од чекорење“ („Бегемот“, 2025) од Ѕвездан Георгиевски. Промотор на романот ќе биде Војо Љ. Цветановски, пантомимичарски етиди ќе изведе Дарко Вељиќ, делови од романот ќе чита Енџи Николоска, а за музиката ќе се погрижи Костадин Шурбановски. Ѕвездан Георгиевски (1961) е автор на седум книги (публицистика, романи, раскази) и на дестина преводи. Уредил ...

Мирко Попов е роден на 15 октомври 1972 година во Скопје. Тој беше македонски автор и продуцент на електронска музика. Неколкуте авангардни музички револуции во 1980-те години, но и неверојатно високиот квалитет на поп-музиката од тоа време помогнале Мирко Попов да развие здрава љубопитност, дивергентен музички вкус и ориентација кон постојан прогрес, што се одразува пресудно во понатамошните одлуки. Првиот професионален диџеј ангажман го ...

Никола Перевски-Пере е роден на 24 март 1978 година во Скопје. Тој е фронтмен и движечка сила на култниот македонски бенд Нокаут. Пере од млада возраст ја следеше својата музичка страст и ја претвори во животна определба која трае до ден денес. Во 1997 година, Пере, со поддршка од Дарко Димитров и покана на Кирил Колемишевски (втор вокал), Ацо Богдановски (перкусии) и Владимир Крстевски‑Франц (гитара), ја создаде првата постава на бендот ...

Куманово, 23 март 2026 (МИА) - Кумановци ќе имаат можност да проследат мултимедијален настан кој обединува визуелна уметност, промоција на книга и музички перформанс кој ќе се одржи на 27 март (петок) со почеток во 20 часот во Уметничката галерија при НУ Музеј Куманово. Во рамки на настанот ќе биде отворена самостојната изложба „Прашина и сенки / Dust and Shadows“ на авторот Страхил М. Петровски. Проектот, како што објаснува уметникот, ја ...

Во светот каде кралскиот протокол се среќава со холивудскиот гламур, не секогаш сè оди според планот. Една таква вечер, која и денес се прераскажува, ја открива поинаквата страна на принцезата Маргарет, елегантна, но и исклучително директна. За време на нејзината посета на САД во 60-тите години, во нејзина чест била организирана гламурозна вечера во Лос Анџелес, со гости како Елизабет Тејлор, Ричард Бартон, Џуди Гарланд и Грејс Кели. Но, ...

Македонската музичка платформа „Терапија“ ќе учествува на фестивалот „Експо мјузик“ во Тирана, кој ќе се одржува од 17 до 19 април. „Платформата ќе учествува во тимот за поврзување на фестивалите, со цел подобрување на регионалната соработка и ќе биде дел од македонскиот павилјон, каде ќе се претстават претставници од музичката и креативната индустрија“, велат од „Терапија“. Платформата е создадена во периодот на пандемијата, кога музичката ...

Собраниската Комисија за култура и туризам денеска ја разгледа предлог-програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2026 година и изгласа заклучок со кој му предлага на Собранието да ја усвои. Според програмата усвоена од матичната Комисија, во оваа година ќе се чествуваат 94 јубилеи. Програмата ја состави работна група од девет пратеници: Велика Стојкова-Серафимовска, Павле Арсоски, Дијана ...

Бразилскиот актер и драматург Хука де Оливеира починал на 91-годишна возраст, а на Балканот ќе биде запаметен по неговата улога во бразилската сапуница „Забранета љубов“ („O Clone“), која се емитуваше во 2000-тите. Според бразилските медиуми, тој починал откако поминал седум дена во болница поради пневмонија. „Со жалење ја објавуваме веста за смртта на актерот, автор и режисер Хука де Оливеира, која се случи во раните утрински часови на 21 ...

Од коавторката на бестселерите „Анонимна девојка“, „Не си сама“ и „Златната двојка“, Сара Пеканен, ни пристигнува нов возбудлив психолошки трилер – „Куќа од стакло“. „Куќа од стакло“ раскажува приказна за адвокатка која застапува деца во сложени разводи и случаи за старателство. Нејзиниот нов клиент е деветгодишната Роуз Баркли, која можеби била сведок на убиството на својата дадилка и која, во екот на жестоката бракоразводна битка меѓу ...

„Македоника литера“ неодамна го објави романот на контроверзната бугарска писателка од минатиот век Јана Јазова – „Александар Македонски“ со поднаслов „Историски роман“. Преводот од бугарски на македонски јазик е на Ленче Тосева. -„Александар Македонски“ е историски роман кој само се потпира врз историските податоци, но е изведен со една неверојатна леснотија во градењето на приказната и е создадено особено занимливо четиво. На маестрален ...

Македонскиот народен театар (МНТ) ја најавува премиерата на танцовата претстава „Диво месо“, современа сценска адаптација на култното драмско дело од Горан Стефановски. Премиерата ќе се одржи на 27 март, на Светскиот ден на театарот, со почеток во 20 часот на големата сцена на театарот. Режијата ја потпишува Борче Начев, додека кореографијата е дело на Александра Кочовска-Начева и Елена Антонова-Петровиќ. Композитор на музиката е Албин Сопа, ...

Црногорскиот актер Милутин Мима Караџиќ ќе гостува во Скопје на 27 март во киното „Синеплекс“, на премиерата на неговиот нов филм „Спортско срце“. Караџиќ е режисер на филмот и ја игра главната улога. Сценариото е на Ѓорѓе Милосављевиќ, а во другите улоги се Нина Нешковиќ, Нела Михаиловиќ, Никола Шурбановиќ, Александар Ѓурица, Наташа Нинковиќ. „Спортско срце“ е комедија со елементи на драма која се занимава со судирот на генерациите, ...

Светскиот ден на поезијата се одбележува секоја година на 21 март, ден посветен на зборот, ритамот и тишината што зборува меѓу стиховите. Овој ден е прогласен од UNESCO во 1999 година, со цел да се поттикне читањето, пишувањето и изучувањето на поезијата, како и да се зачува нејзината уникатна улога во културата и општеството. Поезијата не е само уметност, таа е начин на гледање, чувствување и преживување. Таа ги надминува јазичните и ...

Литература за деца и млади во книжарниците се истакнува на посебни катчиња, во рамки на библиотеките постои оддел за деца и млади, а под овој тип на литература обично се подразбираат шарени сликовници, илустрирани приказни или интерактивни сликовници кои вклучуваат боење, цртање или усовршување на техники на пишување и описменување. Иако навидум, литература за деца и млади изгледа шарено, сликовито и визуелно веднаш привлекува внимание, ...

Канадската актерка Кери-Ан Флеминг починала на 51 година од компликации од рак на дојка. Канадската актерка Кери-Ан Флеминг, која публиката ја памети по нејзините улоги во продукции како „iZombie“ и „Supernatural“, починала на 51 година. Веста за нејзината смрт ја потврдиле нејзините соработници и претставници, а како што е наведено, актерката починала на 26 февруари во Канада поради компликации предизвикани од рак на дојка. Починала ...

Повторното претставување на циклусот „Човек, средство, цел“ на сликарот Свето Манев одново ги отвора истите прашања за односот на човекот кон технологијата, иако првично циклусот беше создаден пред 40 години. Претставувањето на изложбата „Човек, средство, цел“ на Свето Манев во галеријата „Остен“ е како повторување на ненаучена лекција. Уметноста поставила точно дефинирани прашања пред 40 години, но човештвото не знае или не сака да ги научи ...

Во НУ Центар за култура „Бели мугри“ од Кочани за 26 март е закажано отворање на самостојната изложба на уметницата Ана Митевска насловена „Надеж – светлина во темнината“. Куратор е Јасминка Намичева, кустос советник. -Изложбата ги обединува сликарството, звукот и пораката на надежта, преку серија апстрактни дела создадени во последните две години, велат од кочанската Национална установа. Отварањето на овој настан од културата закажан за ...

Песните избрани да ги претставуваат Грција, Данска, Финска и Франција се фаворити на обложувалници на интернет за победа на годинешното 70. издание на „Евровизија“. Фановите на музичкиот натпревар веќе може да ги слушнат сите 35 песни што се во трка за победа на 16 мај. Двете полуфиналиња ќе се одржат на 12 и 14 мај. На големото финале на 16 мај ќе биде избрана победничката песна. Годинава, големиот музички натпревар ќе се реализира во Виена, ...

Изложбата „Архивски документи“ на професорката и ликовна уметница Жанета Вангели е првиот програмски проект за 2026 на Национална галерија. Овој проект ќе биде реализиран во македонскиот Културно информативен центар во Загреб со поддршка на Министерството за култура и туризам. Изложбата закажана на 24 март 2026, во 19 часот, ќе ја отвори Претседателката на РСМ, Гордана Сиљановска Давкова која на покана на хрватскиот претседател Зоран ...

Изборот на MONSTRA – Фестивалот на анимиран филм во Лисабон беше веќе доволно возбудлив за мене… Добивањето на наградата од публиката… Не знам што да кажам, напиша Крсте Господиновски на социјалните мрежи. Краткометражниот анимиран филм на македонскиот автор Крсте Господиновски, „Неми филмови“, во продукција на Фокус Покус Филмс и Флип Бук Продакшнс и поддржан од Агенцијата за филм, е работен по сценарио на Крсте Господиновски, Жарко Иванов и ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
82%
1021
weather icon

Белград

19ᴼ / 15ᴼ
3.6
72%
1020
weather icon

Загреб

19ᴼ / 14ᴼ
1.54
75%
1021
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
94%
1022
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.42
89%
1019
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.51
90%
1021
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
3.09
65%
1016
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1019
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
53%
1020
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 15ᴼ
1.54
88%
1018
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
0.89
59%
1020
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
63%
1018
Currency

61.635

Currency

52.9828

Currency

71.4045

Currency

37.9434

Currency

38.3637

Currency

67.5144

Currency

7.7944

Currency

0.74125

Currency

0.3328

Currency

0.52511

Currency

1.15371

Currency

0.55343

Калај

54.15

Цинк

0.00

Родиум

302217.02

Паладиум

44271.58

Сребро

2447.65

Алуминиум

3.69

Кобалт

45.39

Злато

145425.65

Рутениум

51376.89

Бакар

12.84

Иридиум

253540.09

Платина

62533.20