Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Жолтите, палави и смешни миниони со години се едни од најпрепознатливите анимирани ликови во светот. Но, и покрај нивната огромна популарност, многумина одамна забележаа една необична работа – во целиот филмски универзум нема ниту една женска минионка, пишува „Јунилад“. Од Кевин, Стјуарт и Боб, па сè до стотиците миниони што се појавуваат во филмовите, сите именувани ликови се машки. Тоа со години ги поттикнуваше фановите да се прашуваат ...
Драч ги пречека младите оперски уметници од 11 земји од светот: Албанија, Македонија, Косово, Италија, Франција, Грција, Молдавија, Ерменија, Азербејџан, Украина и Иран. На второто издание на „Драч оперска уметност на пеење“. Меѓународното жири го прогласи победникот на баритонот од Азербејџан, Махир Тагизаде. Организаторот, познатиот баритон Гезим Мишкета, има за цел да го претвори овој мастерклас во меѓународен оперски фестивал. Победници ...
Од 4 до 8 август, во Струмица, традиционално по 21. пат ќе се одржи интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. Според овогодишното фестивалско мото „Со отворени очи“, независните филмски автори метафорично ја повикуваат публиката да гледа како животот тече како на филмска лента низ бројните приказни раскажани од различни краишта на светот. Физиономијата на фестивалот, кој е препознатлив не само во регионот туку и во меѓународната ...
На 14 јули започнува 56. издание на Интернационалниот фестивал „Илинденски денови“ едно од најзначајните и најдолговечни случувања посветени на фолклорот, етнологијата и нематеријалното културно наследство во овиј дел од светот. Во осумнаесет денови, Битола повторно ќе стане точка на поврзување. Град во кој ќе се сретнат врвни ансамбли од различни делови на светот, етнолози, етнокореолози, истражувачи, музиколози, филмски автори и љубители на ...
Британскиот бенд Duran Duran одржа концерт во Спортскиот центар Борис Трајковски како дел од нивната актуелна европска летна турнеа.Настанот беше оценет како еден од поголемите музички настани во Македонија, привлекувајќи публика од различни генерации и од повеќе соседни држави. Миа Милошеска од Авалон продукција вели дека ова е еден од најголемите концерти во последните години бидејќи бендот патува со комплетна своја продукција. Логистичкиот ...
Во книжарницата Литература.мк во трговскиот центар Дајмонд се одржа четвртата средба на offline book клубот на издавачката куќа Арс Ламина, на која повторно се собраа љубителите на литературата и заедничкото читање. Клубот, кој од месец во месец привлекува сè поголем број членови, прераснува во редовна заедница на читатели кои ги поврзува љубовта кон книгите, но и пријателските односи што се развиваат надвор од самите дискусии. Иако на ...
Комеморацијата за режисерот и драматург Сашо Миленковски ќе се одржи на 15 септември во 12 часот на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје, објави Драмски на социјалните медиуми. Миленковски почина на 29 јуни на 63 години, а погребот беше на 1 јули во неговиот роден град Битола. Роден е во Битола во 1963 година, Миленковски припаѓаше на генерацијата режисери кои во почетокот на деведесеттите години внесоа нова естетика, современ ...
„Признанието беше доделено на фестивалот што се одржа од 27 јуни до 3 јули, а за наградите одлучуваше петчлено жири составено од режисерите Магдалена Лазаркјевич и Ксавери Жулавски, актерите Анджеј Хира и Каролина Грушка и продуцентот Војчех Гостомчик“, соопшти продукцијата „Црна мачка“ Во образложението, жирито ја истакнало „длабоко трогателната изведба“ на Костиќ, оценувајќи дека таа со „извонредна чувствителност и храброст“ го води ликот ...
Биеналето во понеделник објави дека Џорџ Клуни ќе го добие Златниот лав за животно дело на Венецискиот филмски фестивал на овогодинешниот настан, кој се одржува од 2 до 12 септември, објави Анса. „Имав толку многу извонредни моменти во Венеција“, рече 65-годишниот американски актер, режисер и продуцент. „Овој фестивал е без сомнение мојот омилен и добивањето на Златниот лав е огромна чест. Веројатно значи дека сум стар, но ќе го прифатам“, ...
Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија, вечерва (7 јули) во 18:30 часот, ќе се одржи настан посветен на еден од великаните на македонската книжевност – тематско предавање со наслов „Столб на вселената или поттикнувач на сите движења – жената во делото на Петре М. Андреевски“ на Гордана Јовиќ-Стојковска. КИЦ во Софија почнува со нов циклус на настани посветени на одбележувањето на значајни јубилеи и годишнини на истакнати ...
Петнаесет години по објавувањето на албумот „Penelope X“, што го издаде Filter Label во 2011година, нашиот композитор Никола Коабашија, кој живее и работи во Велика Британија, го објави новиот проект „ Три амбиентални парчиња за камерен ансамбал“, работен со колективот Тегет.Во него членуваат истакнати музичари кои повеќе децении успешно творат во џез, рок и авангардната музика: Благојче Томевски -Трале (бас кларинет), Нинослав Спировски- ...
Здружението Икуалити ја реализираше арт работилницата „Вдиши уметност“ во рамки на проектот „Магијата на Преспа“, на која учествуваа 10 учесници. Работилницата, водена од уметницата Сандра Беговиќ, им овозможи на учесниците преку различни ликовни техники да создаваат дела инспирирани од природните убавини и културното наследство на Преспанскиот регион. Целта беше да се поттикне креативното изразување, слободното творење и поврзувањето со ...
Актерството е професија на вечно учење. Не постои актер кој еднаш за секогаш завршил некакво училиште бидејќи животот и проектите во кои влегува и излегува се училиштето со кое секогаш се соочува. Со секој нов проект актерот почнува од почеток. За среќа имаме актер кој ги поминал сите вообичаени фази кои ги минуваат сите фази во светот. Тони Наумовски работел во театар, телевизија, на филм во Њујорк и во такви сериозни околности да стасаш до ...
Во фоајето на Македонската опера и балет се одржа Виетнам ден во Скопје во рамки на 47. издание на фестивалот Скопско лето. Амбасадата на Виетнам во Бугариjа, истовремено акредитирана во Северна Македониа, во партнерство со Виетнамската асоциациа за култура и туризам во Европа (VNCT), Виетнамскиот културен центар во Франциjа и фестивалот Скопско лето, гордо го претстави Денот на Виетнам во Скопjе 2026. Музичкиот дел од настанот беше ...
Џез групата Next to Silence ќе одржи самостојен концерт на 9 јули во Сули ан (20:30 часот). Концертот се одржува во рамки на фестивалот Скопско лето и на него ќе се изведе музика што составот неодамна ја сними. Иако музиката се‘ уште не е издадена на албум, сепак ова ќе биде ретка прилика таа да се слушне и публиката да се запознае со карактерот на новите композиции на Next to Silence. Next to Silence е македонски џез состав кој функционира ...
Пијанистката и професорка Даница Стојанова одржа пијано рецитал во Ерменската католичка катедрала „Сурп Левон“ во Истанбул. Стојанова вели дека концертот бил богато музичко патување низ различни епохи. Пред бројната публика, таа изведе дела од Томислав Зографски, Николај Медтнер, Јана Андреевска, Благој Цанев и Енрике Гранадос. Од Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул велат дека Стојанова одржала концерт за восхит. „Искрено ѝ ...
Друштвото на писателите на Македонија во чест и спомен на поетесата Даница Ручигај го распиша конкурсот за најдобра необјавена поетска книга „Даница Ручигај“ за 2026 година. Конкурсот ќе биде отворен до 16 август 2025 (недела).Наградата „Даница Ручигај“ се доделува за необјавена поетска книга напишана на македонски јазик или на некој од јазиците на националностите во РСМ, со доставен превод на македонски јазик и уредно пријавена на конкурсот ...
Постојат места што стануваат славни поради својата природна убавина, а постојат и места што ја стекнуваат својата легендарна репутација благодарение на луѓето кои ги избрале за свое прибежиште. Таков е и Мистик, мал карипски остров кој денес важи за едно од најексклузивните места за одмор во светот. Но, неговата приказна е нераскинливо поврзана со една жена – принцезата Маргарет, помладата сестра на кралицата Елизабета II. Подарок што го ...
ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје со особена благодарност ја прими донацијата на книги од академик Влада Урошевиќ, еден од најистакнатите современи македонски книжевници, поети, есеисти, преведувачи и член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Оваа значајна донација претставува драгоцено збогатување на библиотечниот фонд и ќе им овозможи на читателите непосреден пристап до дела од автор чие творештво ...
Уметноста нема една боја. Таа свети во сите бои. Токму со таа порака, во Three Garden Bar ќе се одржи настан во чест на Војкан Јовановиќ – истакнат оперски бас и долгогодишен солист на Македонската опера, чиј глас и уметничка посветеност оставија значаен белег во македонската музичка култура. Настанот е замислен како спомен што продолжува да инспирира. Како светлина за еден живот посветен на културата, но и како потсетник дека уметноста ...
Првото издание на Кичево Филм Фестивал со награда за трајни вредности ќе ја награди српската актерска дива Тања Бошковиќ и македонскиот актер Јовица Михајловски. Уметница чија кариера повеќе од пет децении остава длабока трага во кинематографијата и театарот на поранешна Југославија и регионот. Со повеќе од 40 филмски улоги, бројни телевизиски серии и стотици театарски изведби, Тања Бошковиќ е препознатлива по својот исклучителен актерски ...
На властите им пријавил обична трикатна куќа, но кога градбата била завршена, жителите останале без зборови пред раскошно архитектонско дело какво што никој не очекувал. Во Баварија, на југоистокот на Германија, се наоѓаат некои од најубавите градови во земјата, бајковити замоци, алпски пејзажи и историски градби што го одземаат здивот. Меѓу нив особено се издвојува Пасау, познат како „градот на трите реки“, бидејќи токму тука се спојуваат ...
Вечерва (06.07.2026г. – понеделник), во Сули ан со почеток во 20:30 часот ќе се одржи концерт насловен „Вечер на романтични серенади“ во изведба на НУ Камерен оркестар на Битола. Проектот „Вечер на романтични серенади“ претставува концертна програма посветена на романтичниот музички израз, лириката и длабоката емоционалност во класичната музика. Замислен како суптилно, елегантно и уметнички заокружено музичко доживување, концертот има за цел ...
Дарко Гроздановски и Игор Џамбазов – спој на младоста и искуството, а како заедничка особина и на двајцата, како и на целиот тим вклучен во овој проект: енергијата, трудот и искрената желба да се создаде не само песна со видео запис, туку парче уметност. Главниот „виновник” за спојот на оваа група уметници е продукцијата „Fresh Union” зад која стои Васко Павлевски кој безрезервно се вложи тимот да е составен од најдобрите од најдобрите, ...
Во рамки на програмата „Македонски филм. На големо платно“ публиката вечерва во 19 часот ќе има можност да проследи бесплатна кинопроекција на „Скопје ремикс“, во режија на Борјан Зафировски, Огнен Димитровски, Јане Алтипармаков, Синиша Евтимов, Вардан Тозија, Даријан Пејовски, Срѓан Јaнакиевиќ, Бојан Трифуновски, Саша Станишиќ, Ѓорче Ставрески. Филмот е од 2012 година, а влезот е бесплатен. „Скопје ремикс“ е омнибус-филм за градот Скопје, ...
Од 4 до 8 август, во Струмица, традиционално по 21. пат ќе се одржи интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. Според овогодишното фестивалско мото „Со отворени очи“, независните филмски автори метафорично ја повикуваат публиката да гледа како животот тече како на филмска лента низ бројните приказни раскажани од различни краишта на светот. Физиономијата на фестивалот, кој е препознатлив не само во регионот туку и во меѓународната ...
Охрид, 6. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва се спушта завесата на јубилејниот 65. Балкански фестивал на народни песни и игри. На завршната вечер ќе настапат КУД „Дримкол“ од Вевчани и Државниот ансамбл на Хрватска „ЛАДО“ од Загреб. Ансамблите ќе настапат во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20:30 часот. (Крај) извор: ОхридПрес фото: архива Прочитано: 1 Охрид, 6. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва се спушта ...
Претставата „Чичко Кумплунг“ од Сашко Насев, во режија на Јани Бојаџи ќе биде премиерно изведена на 8 јули, во 20 часот на големата сцена на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. „Чичко Кумплунг“ е култен лик од македонскиот филм „Самоуништување“ на Ербил Алтанај од 1996 година. Црна комедија и сатира за општеството во транзицискиот период во Македонија во 90-тите години. Чичко Кумплунг е ексцентричен, темпераментен и ...
Култната прилепска фонтана „Раце“, еден од препознатливите симболи на стариот градски центар, повторно е поставена во прилепската чаршија, откако пред неколку дена граѓаните ја затекнаа запоставена, оштетена и оставена како заборавен дел од урбаната историја на градот. Фонтаната, која со децении живее во сеќавањата на прилепчани, некогаш се наоѓала во централното градско подрачје, во близина на поранешниот хотел „Скопје“. За многумина таа не ...
Македонскиот Културно-информативен Центар во Белград, со поддршка од Министерството за култура и туризам, организира концерти со новоформираното трио „Нова“, составено од веќе меѓународно афирмирани македонски музички уметници: бас-баритонот Иван Наумовски; Јордан Петрушевски на пијано и Ѓорѓи Петрушевски на обоа и англиски рог. Првиот од двата предвидени концерти во Р. Србија насловени како „Медитеранска Ноќ“, ќе се реализира на 6 јули во 21 ...