
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Компанијата „Алказар енерџи партнерс“ (АЕП) од Луксембург денеска соопшти дека потпишала договор за развојна поддршка со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата на Светска банка, за изградба на ветерни електрани од 400 мегавати во Македонија. Договорот ѝ дава пристап на АЕП до развојно финансирање за првата фаза на штипскиот ветерен парк, кој треба да започне да се гради подоцна во 2025 година, се вели во соопштението ...
Зголемена е минималната плата на вработените во Пошта на Северна Македонија на 24.400 денари. Под раководство на директорот Орхан Куртиши е потпишан договор со синдикалните претставници за зголемување на минималната плата на 24.400 денари, односно за зголемување за 1.800 денари, согласно одлуката на Владата. „Ова е само почеток на серијата одлуки насочени кон радикална трансформација на јавниот сектор и животниот стандард на сите граѓани. ...
Детали за разводот на Арнолд Шварценегер и Марија Шривер: Со аферата ја уништи, одела по бајачки и манастири Арнолд Шварценегер вели дека разводот е најголемиот неуспех во неговиот живот и се обвинува самиот, додека неговата поранешна сопруга Марија признава дека одела по бајачки, а отседнувала и во манастир за да го преболи неверството на актерот кое ја уништило - „Не бев сигурна која сум и каде припаѓам. Искрено, беше брутално и бев ...
Кина го забрани извозот на ретки минерали и магнети без посебни дозволи што може да ги парализира клучните сектори на американската индустрија и да ја загрози воената безбедност на САД. Сега се поставува прашањето – колку брзо Кина ќе може да ја запре американската автомобилска индустрија, компаниите од полупроводничкиот сектор и сите оние кои ја снабдуваат американската војска со проектили, беспилотни летала, специјални возила и опрема? ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со задоволство објавува значајна иницијатива насочена кон поврзување со истакнатите македонски професионалци во областа на енергетиката и рударството, кои моментално прават значаен напредок во странство. Во оваа насока, министерката Божиновска оствари средба со Ангела Попова, истакната млада инженерка. Ангела е електроинженер со магистерски студии по електроенергетика ...
Собраниската Комисија за европски прашања го прифати Предлогот на новиот Закон за енергетика со што започнува процесот на усогласување на македонското законодавство со европската регулатива во областа на енергетиката. Заменик-министерот Мирослав Лабудовиќ, истакна дека неговото донесување претставува суштински чекор во модернизацијата, либерализацијата и зголемувањето на одржливоста на енергетскиот сектор во земјата. Како што посочи, ...
Агенцијата за пазар на хартии од вредност (SMA) открива зголемување на обидите за измама со криптовалути. Измамниците често им нудат на потенцијалните жртви враќање на изгубените крипто средства во замена за дополнителни плаќања, пристап до мобилни телефони или обезбедување лични информации. Веројатно се работи за обид за измама, предупредува регулаторот. Агенцијата за пазар на хартии од вредност (SMA) ги советува примателите на вакви пораки да ...
Германскиот ланец на намирници Penny, планира до 2035 година да достигне мрежа од 1.000 продавници во Романија, инвестирајќи околу 3 милијарди евра. Во моментов, романските капацитети на компанијата се околу 417, пишува Progressive Magazine, цитирајќи го извршниот директор на компанијата Даниел Грос. „Во нашата прва анализа за Романија, која ја спроведовме во 2003 година, идентификувавме локален потенцијал за отворање на 200 продавници. Една ...
Бугарија е целосно подготвена да потпише договор со Северна Македонија и да започне со изградба на прекуграничен железнички тунел долж Коридорот 8, најави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Гроздан Караџов, пренесува БТА. Изјавата е дадена за време на работниот појадок во Софија со амбасадорите на земјите од ЕУ и НАТО, посветен на напредокот на стратешкиот инфраструктурен проект. На средбата присуствуваа и министрите за регионален ...
Американската компанија Apple значително го зголеми производството на паметни телефони iPhone во Индија во финансиската 2024-2025 година (завршена на 31 март), со зголемување на обемот на 22 милијарди долари, објави каналот NDTV, повикувајќи се на свои извори. Споредено со претходниот сличен период, растот е 60%. Во фискалната 2023-2024 година, производството на уреди на Apple во индиските капацитети се проценува на 14 милијарди долари. Во ...
Инвеститорите на „Стелантис“ (Stellantis NV) се противат на практиките за надомест на производителот на автомобили, со кои поранешниот извршен директор Карлос Таварес доби 23,1 милиони евра (26,2 милиони долари) во година со опаѓачки продажби и приходи. АГИ (Allianz Global Investors) и советниците за полномошници како „Проксинвест“ (Proxinvest) ги повикаа акционерите да гласаат против извештајот за надоместок на производителот на „Џип“ (Jeep) ...
На азиските берзи денеска цените на акциите пораснаа бидејќи инвеститорите беа охрабрени од пораката на американскиот претседател Доналд Трамп дека може да ги коригира царините за увоз на автомобили. Пораснаа и индексите на Волстрит. Азиско-пацифичкиот индекс на акциите MSCI во 7 часот порасна за 0,4%, зајакнувајќи втор ден по ред. Утрово јапонскиот индекс Никеи зајакна за 1,1%, додека цените на акциите во Хонг Конг, Австралија и Јужна Кореја ...
Британската влада објави проширување на финансиската поддршка за извозниците за 20 милијарди фунти (26 милијарди долари), вклучително и за компаниите погодени од царините наметнати од САД, во обид да им обезбеди стабилност и безбедност во „новата ера на глобалната трговија“, објави Ројтерс. Царините, воведени од американскиот претседател Доналд Трамп, ја зголемија неизвесноста за британските компании во врска со нивната изложеност на новиот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека може да ја ослободи автомобилската индустрија од тарифите за да им даде време на производителите да ги прилагодат синџирите на снабдување. -Размислувам нешто да им помогнам на некои автомобилски компании. Им треба малку време бидејќи ќе произведуваат овде, но мора да преселат капацитети од Канада, Мексико и други места – рече Трамп. Претседателот на Американскиот совет за автомобилска политика, ...
Макстил АД Скопје преку Македонската берза информираше дека на 14. април е настаната промена во сопственоста на акциите со право на глас. -Имено, Duferco Skop SA, како мнозински акционер ја зголеми сопственоста и на наведениот датум се стекна со 1.500 акции, со што во моментов поседува вкупно 83,6% од главнината на акции со право на глас на Макстил, велат од таму. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Duferco Skop SA купи нови акции на Макстил Емисионите вредности од ...
Јавниот повик бр. 01/2025 од ИПАРД III програмата за Мерка 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“ овозможува кофинансирање до 70% од вкупно прифатливите трошоци за набавка на нов трактор, приклучна механизација, опрема за подготвителни активности при обработка на земја, наводнување, одводнување, опрема за берба, контрола и заштита. Начинот на аплицирање е со поднесување на деловен план/технички предлог проект и придружната ...
Автомобилите на „Гугл стрит вју“ (Google Street View) оваа пролет се враќаат во Македонија. Во наредниот период ќе се движат по јавните патишта низ државата, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на, Скопје, Куманово, Битола, Прилеп, Тетово, Штип, Велес, Охрид и Струмица. Целта на ова возење е да се ажурираат фотографиите на „Гугл стрит вју“ од градовите, патиштата и автопатиштата во Северна Македонија на „Гул мапс“. Благодарение на „Гугл ...
Бизнис ЕУ СО РЕКОРДЕН СУФИЦИТ ВО ТРГОВИЈАТА СО МЕДИЦИНСКИ И ФАРМАЦЕВТСКИ ПРОИЗВОДИ 14.04.2025 Европската Унија во изминатата година постигна рекордно ниво на трговски суфицит во секторот на медицински и фармацевтски производи во вкупен износ од 193,6 милијарди евра, објави денес Евростат. Извозот на медицински и фармацевтски производи од Европската Унија во изминатата година изнесуваше 313,4 милијарди евра, достигнувајќи раст од 13,5 проценти ...
Од денеска, клиентите на НЛБ Банка можат со само неколку кликања преку мобилниот телефон да аплицираат за кредитна картичка или да побараат зголемување на лимитот на постоечка картичка, благодарение на новите функционалности во мКлик мобилната апликација. Со оваа дигитална надградба, НЛБ Банка продолжува да ги носи традиционалните банкарски услуги директно во рацете на своите клиенти, обезбедувајќи лесен и брз пристап до финансии, без потреба од ...
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја информира јавноста дека, поради непостапување во досегашниот период, Европската Комисија известува дека е можна суспензија на активностите во рамки на програмите финансирани од Европската Унија. Во насока на итно санирање на состојбата и заштита на македонскиот интерес, македонските студенти, ученици и научници, НАЕОПМ веќе реализираше конкретни мерки, меѓу кои: Одземена е ...
Пензионирањето е период од животот во кој се уживаат плодовите од долгогодишниот труд. Тоа е животен стадиум кој носи слобода и време без работни обврски, исполнето со лични задоволства и повеќе моменти со семејството. Пензиското осигурување е клучно за осигурување на финансиска стабилност во третата доба од нашите животи. Генерално, важи тоа дека како што еден човек напредува во кариерата, така растат и неговите приходи. Како резултат на тоа, ...
Европските политичари во Брисел сакаат значително да ги зголемат даноците за тутунот. Тоа значи дека пушењето станува уште поскапо, пишуваат германските медиуми. Според германските медиуми, следната година цените би можеле да бидат повисоки за 30 отсто. Прелиминарната одлука се очекува да биде донесена во среда во Брисел. Повисоките даноци не значат автоматски повеќе приходи Даночните експерти алармираат. Европската асоцијација на даночни ...
Концентрирани активности за директна поддршка за компаниите во наредниот период да можат да бидат конкурентни на пазарот и обид за задржување на домашниот кадар како додадена вредност на домашната економија, се двата клучни проекти на Стопанската комора ќе им ги понуди на Владата и сите надлежни институции што учествуваат во градењето на економските политики, соопшти денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, по средбата со ...
Во семејството на добитници на инстант лотарија добивме нов член. Лидија Перовиќ (83) од Скопје, е среќната добитничка на автомобил ford focus од првата серија на инстант лозот „Титаниум“. Ние ѝ приредивме незаборавно роденденско изненадување, со доделување на автомобилот токму на нејзинот 83-ти роденден. За Лидија оваа добивка е сосема неочекувана. Иако досега добивала само помали парични износи, сепак, никогаш не се откажала од потрагата по ...
И покрај тоа што многумина вложуваат години во образование и се надеваат на стабилна иднина, реалноста за голем број млади луѓе во Македонија изгледа сосема поинаку. Невработеноста меѓу младите останува сериозен проблем, а оние кои се без постојано вработување честопати се приморани на креативни, понекогаш и тешки решенија за да опстанат. Ана Илиева е 27-годишна девојка од Велес која има диплома од Економскиот факултет, но по две години активна ...
Министерката за финансии Гордана Димитриeска – Кочовска очекува да има средби со американските колеги за време на нејзиниот престој на редовните пролетни средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон идната недела на кои, како што рече денеска, ќе стане збор и за царините. Но, таа уште еднаш напомена дека земјава нема некој голем негативен ефект од ваквата одлука на САД, туку повеќе е индиректно засегната, преку размената со ЕУ. Според Димитриеска ...
Производителот на компјутерски периферни уреди „Logitech International“ во петокот ја повлече својата прогноза за 2026-та година, наведувајќи ја континуираната несигурност околу трговските политики на американскиот претседател Доналд Трамп. Швајцарско-американската компанија, која произведува производи како што се тастатури, глувци и веб-камери, претходно очекуваше продажбата за фискалната 2026-та година да варира помеѓу 4,53 милијарди и 4,71 ...
Македонската асоцијација на издавачи го распишува деветтиот по ред конкурс за наградите на МАИ за најдобри достигнувања во издаваштвото во периодот меѓу двата саема на книгата. Деветта година по ред, Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) за време на Саемот на книгата, ќе ги додели наградите на МАИ. На Саемот на книгата, кој ќе се одржи од 8 до 14 мај, МАИ ќе додели признанија за најдобрите изданија, автори и издавачки проекти кои го ...
Бизнис Големите податоци и улогата на дескриптивната аналитика во донесувањето бизнис-одлуки Економија и бизнис | печатено издание | 15 март 2025г. „Податоците стануваат нова суровина на бизнисот.“ - Крег Мунди „Затоа што поголемиот дел од податоците во светот се неструктурирани, способноста да се анализираат и да се дејствува според нив претставува голема можност.“ - Мајкл Шулман Отклучување на моќта на големите податоци во бизнисот Во ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,82 % во однос на одлуката од 11.04.2025 година. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за ...