АИТОНИКС, една од водечките ИТ компании во Македонија, прослави 25 години од своето основање на свечен настан во Скопје. Основана во 2000 година од сегашниот генерален директор Јордан Димитровски, АИТОНИКС денес е една од најголемите компании за ИТ-дистрибуција и развој на софтвер во Македонија, која воедно со тоа ја прошири својата дејност и на пазарите во Бугарија и Србија. АИТОНИКС е официјален дистрибутер на светски познати ИТ брендови како ...

„SAP“ соопшти дека потпишал договори со „OpenAI“ и „Amazon Web Services“ за проширување на својата понуда на услуги за „дигитален суверенитет“ на европските влади, објави „Bloomberg“. Германскиот развивач на софтвер ќе соработува со „OpenAI“ за да ги донесе услугите за вештачка интелигенција (AI) на компанијата, вклучувајќи го и „ChatGPT“, во јавниот сектор во Германија, соопштија компаниите во заедничка изјава. Иницијативата, наречена „OpenAI“ ...

„Ако сакаме Европа да биде конкурентна, мора да им овозможиме на нашите компании пристап до капитал – не само преку банкарски кредити, туку и преку пазарите на хартии од вредност“, порача Блаж Бродњак, Главен извршен директор на НЛБ Групацијата, на отворањето на 24. Годишна конференција на Македонската берза во Охрид. Бродњак потенцираше дека интеграцијата на пазарите на капитал е неопходна, бидејќи банките не можат сами да го преземат целиот ...

MGX, инвестициски фонд со кој претседава шеикот Тахнун бин Зајед Ал Нахјан, ќе добие 15% удел и место во одборот кога TikTok во САД ќе се одвои како посебна компанија. Претседателот на САД Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба со која се одобрува договорот и се даваат 120 дена за финализирање на деталите. Oracle, компанија во сопственост на Лари Елисон, како и инвестицискиот фонд Silver Lake и MGX од Абу Даби, заедно ќе контролираат околу ...

Македонските компании Витториа Фруит, Хортена, Туран, Баџо, Фреш Лајн, Ксенос, Атон Фруитс, Агро Гурмеш, Агро Кав-Комерц и Стенлеј, преставени од македонското здружение за свежо овошје и зеленчук – МАКФРЕШ од 30 септември до 2 октомври, по втор пат ќе учествуваат на меѓународниот саем Fruit Attraction 2025 во Мадрид, Шпанија. Овој водечки глобален настан за агро-прехранбениот сектор се одвива под слоганот „Откријте ја суштината на секторот“ и ...

Нов ден, ново сензационално откритие меѓу прашливите полици со употребувана облека. Купувањето половна стока, или стока од втора рака, брзо расте во последните пет години. Па така, се случува речиси секој ден некој да најде нешто необично – по изглед, цена, но најчесто по вредност! Ова го постигна и една девојка која купи луксузна здолниште за само 4 евра за која се покажа дека вреди најмалку 2.000 евра! Приказната брзо се прошири низ интернет, ...

Некогаш важеше за најобичен „свински отпад“, а денес е гастрономски деликатес чија цена постојано расте – парадоксално, ако се земе предвид дека пред само неколку децении чварките се сметаа за храна наменета само за сиромашните. Денес многу граѓани не можат да си ги дозволат, или можат повремено да купат само 100 или 200 грама. Најскапи се во Хрватска, а тоа го потврдуваат и фотографиите направени на пазарот во Загреб. Имено, на познатиот ...

Eвропската комисија денеска ја одобри заедничката инвестиција на американската компанија „Мета Платформс“ и индиската „Релајанс Индустрис“ во проект за услуги за вештачка интелигенција за претпријатијата во ЕУ. Комисијата заклучи дека заедничката инвестиција нема да предизвика нарушување на принципите на конкурентност, со оглед на нејзиното ограничено влијание во Европската економска зона. Трансакцијата е одобрена врз основа на Регулативата за ...

Европската комисија го објави вториот повик за стратешки рударски проекти, со цел да се обезбедат критичните минерални суровини за европската индустрија. Потпретседателот на ЕК задолжен за развој и индустриски стратегии, Стефан Сежурне вели дека стратешките проекти ја зајакнуваат отпорноста на ЕУ преку обезбедување суровини кои се клучни за зелената и дигиталната транзиција. Од Комисијата истакнаа дека избраните проекти ќе имаат корист од побрзо ...

Во голем број супермаркети низ Хрватска во последните денови се забележуваат речиси празни полици за јајца, што ги доведува граѓаните во загриженост и конфузија. Во ланците како „Лидл“, „Кауфланд„, „Шпар“ и други, купувачите се жалат дека не можат да најдат ниту основни количини, или дека по одредено време во денот јајцата целосно исчезнуваат на залиха. Најчесто проблемот се јавува попладне, кога стоката се распродала или не е доставена навреме. ...

Денес, еден германски суд издаде наредба до крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) да го ослободи своето национално седиште до 2026 година. Пресудата беше донесена во корист на сопственикот на имотот, кој е во спор со водечката опозициска партија во државата. Државниот суд во Берлин ја поддржа тужбата на австрискиот сопственик на објектот, кој инсистираше партијата да го напушти просторот. Судот констатираше дека АфД ги ...

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски очекува изградбата на автопатот Скопје – Блаце да почне да се гради следната година. – Тој проект се реализира со поддршка на ЕБРД. Рокот за поднесување за понуди истекува на 30 септември. Ќе ги видиме понудите и заедно со ЕБРД ќе направиме селекција и зависно од бројот на понуди очекувам меѓу крајот на ноември и почетокот на јануари во зависност од временските услови изведувачот да биде ...

Сојузот за младинска работа (СМР) објави јавен повик за прибирање средства за стипендијата „Билјана Василевска Трајкоска“, наменета за последипломски студии по младинска работа на Филозофскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Стипендијата е востановена во чест на Билјана Василевска Трајкоска – истакната активистка и лидерка во областа на младинската работа, која со својата визија, посветеност и енергија даде значаен ...

Италијанската банка „УниКредит“ и австриската „Рајфајзен банк интернешнл“ објавија дека ќе основаат компанија со уште 7 европски банки која ќе издава криптовалута која ќе биде „деноминирана во евра“ и покриена со традиционални финансиски средства. Заедно со „УниКредит“ и „Рајфајзен банк интернешнл“, групата ги вклучува и белгиската „КБЦ“, данската „Данске банк“, германската „Декабанк“, шведската „СЕБ“ и шпанската „Каиксабанк“, а може да се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, издаде извршна наредба за планот за откуп на американските операции на ТикТок од страна на американски и светски инвеститори, во согласност со законодавството од 2024 година, според кое апликацијата ќе биде забранета доколку нејзините кинески газди не ја продадат. Во согласност со наредбата, ТикТок ќе биде во мнозинска сопственост и под контрола на американски компании. Белата куќа објави дека спогодбата ...

Финансии / Банкарство Национална банка на Швајцарија ја задржа главната каматна стапка на нула 25.09.2025 Швајцарската национална банка (СНБ) ја задржа својата референтна каматна стапка на нула, предупредувајќи дека царините на американскиот претседател Доналд Трамп ги намалија изгледите за швајцарската економија во 2026 година. Одлуката на швајцарската банка да се задржи стапката на 0,0 проценти беше широко очекувана на пазарите и во анкетата ...

Финансии / Банкарство Хрватска се најде високо на листата најбогати земји, според нето финансискиот имот на граѓаните 25.09.2025 Со нето финансиски средства од 19.950 евра по глава на жител во 2024 година, Хрватска е на 31-то место на глобалната ранг-листа на најбогатите земји на „Алијанц“. Во најновиот извештај, кој ги анализира средствата и долговите на домаќинствата во речиси 60 земји, „Алијанц“ објави дека нето финансиските средства во ...

Време е за нови планови и свежи почетоци – затоа што оваа есен носи бомбастични можности! Есенската сезона во Минт Кредит започнува со неверојатна понуда, -30% попуст на трошоци до 300.000 мкд и инстант одобрување за само 10 минути, твоите идеи и желби стануваат реалност веднаш. Без чекање. Без компликации. Само голема насмевка и мали трошоци. Акцијата важи во периодот од 22.09.2025 до 30.09.2025 за Минт Кредит од 300.000 мкд. Секој клиент кој ...

Интересот за уникатниот настан во Gold Felicia – Битола е огромен, а остануваат уште мал број места! Во недела, 28 септември од 12:00 до 16:00 часот, гостите ќе уживаат во несекојдневно кулинарско доживување со еден од најпознатите шефови во Македонија – Mark de Jong, кој ќе готви во живо пред публиката. За пријатната атмосфера ќе се погрижи групата The Groove, со звучен микс кој совршено ќе го надополни гастрономското искуство. Мени-карта ...

Најголемиот претприемачки настан во Северна Македонија, Startup Weekend Skopje 2025, ќе се одржи од 31 октомври до 2 ноември. Оваа година, фокусот е на една од најбрзорастечките и најдинамични индустрии во светот на технологијата — Fintech. Startup Weekend Skopje е дел од глобалната мрежа на Techstars, поддржан од Google for Entrepreneurs и се организира во повеќе од 159 земји, низ кои поминале над 430,000 млади претприемачи. Локацијата на ...

Финансиското обезбедување за егзистенција и прогрес, заедно со предизвиците предизвикани од недоследностите во законската рамка, се меѓу главните проблеми на помалите и локалните медиуми, беше истакнато на денешната панел-дискусија на тема „Одржливост на малите и локалните медиуми во дигитално време“ организирана од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), која се одржа во просториите на Центарот за иновации на Правниот ...

Во ЕУ само околу 12% од земјоделските стопанства се водени од млади луѓе. Сличен е процентот и кај нас. Ова станува се поголем предизвик поради што е во фокусот и на новата визија на Унијата за иднината на агро секторот до 2040 година. Целта е да се поттикне поуспешен трансфер на новите генерации во земјоделството, беше речено на денешната 13. сесија на Работната група 1 – Земјоделство и рурален развој. Како што посочија учесниците, 57 години е ...

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп соопшти дека ретроактивно ќе важи царинската стапка од 15% за автомобили и автоделови од ЕУ. Царината е со важност од 1 август. Во известување од Федералниот регистар се наведува дека го измениле распоредот на царините за да го спроведат рамковниот договор постигнат со ЕУ во јули, со кој се намалуваат царините на 15% за поголемиот дел од увозот од ЕУ, вклучително и автомобилите. За автомобилската ...

Во Европската Унија, само приближно 12 проценти од аграрните имоти се раководени од помлади генерации. Сличен е процентот и во нашата држава. Ова претставува сѐ поголем проблем, поради што е ставен во фокусот на новата визија на Унијата за иднината на агро-секторот до 2040 година. Целта е да се охрабри поуспешно пренесување на земјоделството на идните генерации, беше истакнато на денешната 13-та сесија на Работната група 1 – Земјоделство и ...

Бизнис Пиварa Скопје го претстави Скопско Weiss – првото македонско пченично пиво 25.09.2025г Пиварa Скопје го претстави првото пченично пиво создадено во Македонија – Скопско Weiss. Со оваа новина, Пиварa Скопје, како лидер на пазарот во производство на пиво и безалкохолни пијалаци, ја потврдува својата посветеност кон иновациите и квалитетот, збогатувајќи ја домашната понуда со уште едно пиво со врвен квалитет и специфичен вкус, кое ќе биде ...

Во јули производството на електрична енергија ја надмина потрошувачката на овој енергенс во земјава, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според овие податоци, вкупната бруто-произведена електрична енергија изнесува 458.478 MWh, што претставува 8,8 % повеќе од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија која изнесувала 421 489 МWh. Повеќе од половина од потрошената струја или 227.525 МWh е на домаќинствата. И овој ...

Кога „Порше АГ“ (Porsche AG) ги подготвуваше инвеститорите за своето берзанско деби пред три години, финансискиот директор вети дека електричните возила на компанијата наскоро ќе носат поголема заработка од бензинските модели. Сега, погоден од ослабената побарувачка за моделот „тајкан“ (Taycan) и растечките производствени трошоци, германскиот производител ги замрзна плановите за батериски луксузен теренец, одложи неколку други електрични ...

На светската премиера на IAA Mobility во Минхен, новата „Opel Mokka GSE“ привлече големо внимание со својот свеж дизајн и високите перформанси. Само неколку дена подоцна, ова признание беше официјално потврдено од читателите на германското списание „auto motor und sport“, кои ја избраа „Mokka“ за „Најдобра дизајнерска иновација 2025“ во категоријата мали „SUV/Crossover“ возила. Во 25-тото издание на наградите „autonis“, дури 49,6% од гласовите ...

Денеска во Скопје започнува Регионалната школа за срцева слабост, настан од исклучителна важност на кој свое предавање ќе имаат 22 врвни професори кардиолози од цела Европа, а ќе обедини повеќе од 150 доктори и специјалисти по кардиологија. Овој уникатен собир претставува точка на средба на најеминентните имиња од светската и регионалната медицинска кардиолошка пракса кои ќе ја пренесат својата експертиза и ќе дискутираат за најновите трендови ...

Хрватската пошта спроведува проект со кој вработуваат граѓани кои ќе дистрибуираат писма во нивната зграда и на тој начин да заработат до 300 евра. Досега околу 100 луѓе аплицирале за позицијата сосед-поштар. Поштата на овој начин сака да го надмине недостигот на поштари, но и да го намали губењето писма. -Нашата цел е жителите на тие згради да потпишат договор со Хрватската пошта на скратено работно време и да го искористат вишокот слободно ...

Повик

19 часа - МРТ
weather icon

Скопје

-6ᴼ / -6ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
2.06
100%
1025
weather icon

Загреб

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
94%
1024
weather icon

Софија

1ᴼ / -6ᴼ
1.54
65%
1028
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
0.25
91%
1027
weather icon

Љубљана

1ᴼ / -1ᴼ
1.03
99%
1024
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
84%
1026
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1025
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
80%
1026
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
3.13
91%
1026
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
96%
1026
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 4ᴼ
0.0
81%
1027
Currency

61.55

Currency

52.4436

Currency

70.1147

Currency

34.8638

Currency

38.0783

Currency

65.8659

Currency

7.43028

Currency

0.66248

Currency

0.33809

Currency

0.52446

Currency

1.22758

Currency

0.57734

Кобалт

58.42

Бакар

10.87

Алуминиум

2.87

Платина

58054.69

Родиум

255598.44

Иридиум

145787.60

Паладиум

50058.71

Цинк

3.13

Злато

138408.99

Сребро

2060.60

Калај

41.30

Рутениум

29192.88