Полициски службеници на граничниот премин Ќафасан, на албанско - македонската граница кај Струга, во багажник на патничко возило „БМВ" открилњ лице, кое нелегално требало да биде пренесено на македонска територија. Според Полициската управа од Корча, возилото го управувал М.Ч. (25), а затекнатото лице во багажникот е А.Б.(20), двајцата од пограничното гратче Прењас. М.Ч. е уапсен и ќе одговара за кривично дело „помош за илегално преминување на ...

На 04.01.2025 во 09.30 часот во Полициската станица Велес У.К.(54) од село Горно Оризари, велешко, пријавил дека неговиот братучед М.Г. (77) од истото село се оддалечил од неговиот дом. Според пријавеното, претходниот ден во 22.00 часот добил повик од неговиот пријател В.С. кој имал шлеп служба дека М.Г. му се јавил и му кажал дека со неговото патничко возило „Спарк“ со велешки регистаски ознаки излетал во дупка на регионалниот пат ...

Осуденик од тетовско Јеловјане од затворот Идризово вчера бил физички нападнат од двајца осуденици од Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. Повредениотбил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде му е укажана лекарска помош и повторно бил вратен во КПУ Идризово. - Вчера во 15:33 часот во Полициската станица Гази Баба од Казнено поправната установа Идризово било пријавено дека истиот ден ...

Нема подобар начин да ви ги честитаме празниците освен со она што најдобро знаеме да го правиме, работа и резултати, вели премиерот Христијан Мицкоски. „Драги пријатели, почитувани сограѓани, патот по кој чекориме заедно со министерот за транспорт, Александар Николоски е новиот експресен пат Чатал - Длабочица - Крива Паланка во должина од 25,5 км, кој е голем чекор напред за нашата инфраструктура и економија. Со вакви проекти Македонија ќе го ...

Православните христијански верници во земјава утре го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. Одбележувањето на Бадник ќе почне пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“. Кум на годинашното одбележување е Радомир Макеларски, кој ќе го понесе ќупот за Бадник 2025, а здравичар е Атанас Петров, кој на платото пред ...

Во Србија денеска е Ден на жалост поради убиството на 12 лица и ранувањето на четири лица во градот Цетиње, во јужна Црна Гора. Владата на Србија одлуката за Денот на жалост ја донесе на вчерашната седница на предлог на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Седницата почна со едноминутно молчење за жртвите од масовното убиство во Цетиње. На 1 јануари вооружен маж застрела седум мажи, три жени, меѓу кои и сестра му, и две деца на возраст ...

ОВЕН Денот ви нуди одлични можности за реализација во деловната сфера. Позитивните промени на вашето работно место ви даваат многу поголема слобода на дејствување. Напредок во односите со личност важна за вас. Многу брзо ќе ги добиете информациите што ви се потребни. Внимавајте, доколку возите. Многу е веројатно дека ќе имате непријатности поради туѓи грешки. БИК Трпеливо ќе сослушуваате, охрабрувате и советувате. Со овие дејствија ќе ...

Кидман најпрво ѝ се заблагодари на режисерката на филмот Халина Рејн што ја ангажирала, а потоа ја спомна нејзината мајка и истакна дека таа се уште тагува по нејзината смрт. На крајот таа се расплака. „Ви благодарам што ми дадовте можност да кажам „ова е за мајка ми“. Целата моја кариера е за мајка ми и тато, кои сега не се тука. Ќе продолжам да работам и да му враќам на светот затоа што го сакам она што сте. И јас ве сакам сите, многу сум ...

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила дискриминација во Миравци, откако ученик од основното училиште „Свети Климент Охридски“ сам си ја исекол косата плачејќи поради тоа што фризурата не им се допаднале на класната, педагогот и на директорката, пренесува СДК.мк. Мајката на момчето за случајот ја известила Комисијата на почетокот на септември. Таа рекла дека претходно од училиштето добила порака дека нејзиниот син ...

Научници од Јужна Кореја анализирале податоци на околу 5,4 милиони поранешни и сегашни пушачи и непушачи и откриле дека, понекогаш, може да бидат потребни и до 25 години за повторно да се намали опасноста од срцеви заболувања, откако едно лице ќе се откаже од цигарите. Наодите се објавени во списанието „Јама нетворк опен“ (Jama Network Open). Јужнокорејскиот истражувачки тим предводен од Џун Хван-чо проучувале податоци од Корејската национална ...

Вчера попладне беше пронајдено безживотното тело на 27-годишната М.Ф. од Кратово на улицата Миле Поп Јорданов, каде што девојката престојувала во главниот град. Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), случајот бил пријавен во полиција во 16:12 часот. „Полициски службеници излегоа на местото на настанот и беше потврдено дека станува збор за пад од висина. Лицето беше пронајдено починато, што беше констатирано од екипата ...

Со пуштањето на експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, патувањето од 30 минути се крати на 10 минути, а од Крива Паланка до Куманово наместо еден час ќе се патува за 40 минути. Патот, којшто официјално е пуштен денеска, е во должина од 25,5 километри и е дел од Коридорот 8. Вкупната инвестиција е 93,7 милиони евра од кои 80,20 милиони евра се средства од Светска Банка, а останатите се грант средства во висина од 13,50 милиони евра. На ...

Божикните празнувања во Бигорскиот манастир почнуваат од утре наутро, со благослов на епископот Антаниски г. Партениј, игумен на Свештената бигорска Обител, информираа од овој мнастир. Оттаму ги покануваат сите верници кои имаат желба да го прослават светлото Рождество Христово да дојдат во манастирот. - Утре во 7.30 часот ќе биде отслужена Божествена литургија во спомен на Светиот отец наш Наум Охридски, додека во 16 часот почнува вечерната ...

ОВЕН Периодот е поволен за започнување со поправка на домот или викендицата. Со помош на пријателите ќе се справите со тешкотиите кои се појавуваат и брзо ќе напредувате. Ќе бидете задоволни од вниманието и убав подарок од саканата личност. За возврат, исто така, ќе понудите изненадување, ќе биде забавно и пријатно. БИК Потпирајте се на вашата искреност и одржувајте ги ветувањата што сте ги дале. Добро е да се справите со нив, бидејќи тие се ...

Уште од објавувањето во 2016 година, TikTok постојано иновира и носи нови функции во својата видео апликација за кратки форми. Сега апликацијата почна да добива уште една функција, која им овозможува на корисниците интеракција со видео клипови, а многумина беа шокирани од овој потег. Кон крајот на декември, корисниците почнаа да забележуваат ново копче на десната страна на видеото. Сместено директно под копчето „favorite“, сега има опција ...

На почетокот од 2025 година, американскиот „Лос Анџелес тајмс“ објави 25 филмови што ги оцени како „најнестрпливо очекуваните“ за годинава. На листата се наоѓаат: документарецот „Лајза: Навистина страшна, апсолутно вистинска приказна“, (Liza: A Truly Terrific Absolutely True Story) (во кината на 31 јануари), „Бриџит Џонс: Луда за момчето“ (Bridget Jones: Mad About the Boy) (13 февруари), „Падингтон во Перу“ (Paddington in Peru) (14 февруари), ...

На 02.01.2025 околу 16 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на локален пат Сарај-с.Рашче, патничко возило излетало од патот и паднало во реката Вардар. Веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници, Итната медицинска помош и јавен обвинител. Околу 21 часот полициски службеници од САЕ Тигар од водите на реката Вардар го извадиле возилото „ауди“ со скопски регистерски таблички, во кое биле пронајдени три починати женски лица ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на новинарско прашање за краток коментар во врска со изборот на новиот претседател на Судски совет, изјави дека нема коментар и нема што да дополни на тоа што се случува, туку останува да видиме како тој ќе работи. -Немам коментар. Пречесто некако коментираме, па пречесто експертите ги коментираат нашите коментари. Јас немам што да кажам ниту пак да дополнам на тоа што се случува. Да видиме како ќе работи ...

ОВЕН Започнете со важните задачи, ве очекуваат изненадувања кои ќе ви ги променат плановите. Денот е поврзан и со новитети од лична природа, ќе уживате во добивки и средби со луѓе од кои очекувате развој за прашање што ве интересира. Бидете пријателски расположени со колегите, но не им го откривајте приватниот живот. БИК Вашиот иден професионален развој ќе зависи од работите што ги правите денеска на вашето работно место. Не ги штедете ...

По преземени мерки и активности за расчистување на случајот, во координација со јавен обвинител, утврдено е дека се работи за кривично дело “убиство” сторено на 31.12.2024, каде по претходна физичка пресметка, М.Н. (65) со ловечка пушка го усмртил неговиот син С.Н.. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР за Прес 24. Денеска (02.01.2025) околу 18.50 часот во Тетово, во неговиот дом бил пронајден ...

По сообраќајната несреќа во која попладнето автомобил излетал од патот кај село Рашче и паднал во Вардар, случајни минувачи донеле четиригодишно дете во ГОБ „Св. Наум Охридски“ кое потоа е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје. Директорот на Клиниката за детска хирургија за Сител изјави дека детето нема животозагрижувачки повреди. - Здравствената состојба на пациентот згрижен на Клиниката на детска хирургија е стабилна, направени се ...

На 01.01.2025 во 19.40 чaсот во Полициската станица Гевгелија бил задржан Д.П.(25) од с.Вранештица, кичевско, поради основано сомнение дека околу 12.00 часот во близина на границата со Грција, со патничко возило превезувал пет лица-мигранти од Кина. Д.П. бил лишен од слобода, а мигрантите биле пренесени во Прифатно- транзитниот центар Гевгелија за понатамошна постапка. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе ...

Службата за општи и заеднички работи на Владата во моментов врши анализа на условите за изградба на втората фаза на жичарницата на Водно која би требало да тргне од Капиштец и да се спои на средно Водно со линијата која е веќе во функција. Истовремено, оттаму додаваат дека се анализираат и условите за доградба на двете згради за ФИНКИ и Факултетот за физичка култура кои повеќе години стојат недопрени во дворот на скопскиот универзитет. ...

Бездомник со македонско потекло на околу шеесет години бил пронајден мртов вчера околу ручек во близина на железничката станица во Порто Реканати, во близина на Анкона, пренесува „Радиоере“. Според локалните жители, бездомникот често престојувал на железничката, но дека никогаш не правел проблеми. На 1. јануари околу 16 часот, случајни минувачи го забележале неговото безживотно тело, по што била алармирана итната помош, кои само констатирале ...

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи од МВР синоќа извршиле увид на местото на настанот што се случил на скопската обиколница и во кое починато женско лице. -Точните причини и околности под кои се случил настанот се утврдуваат, но според првичните сознанија, починатата е женско лице, кое или се движело пеш по автопатот или паднало од надвозникот на коловозот. Во тој момент, во ноќни услови на ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја оцени безбедносната состојба во државата за време на новогодишната ноќ како мирна и стабилна. На територија на државата се случиле вкупно 29 кривично - правни дела и приведени се 33 лица. Случени се вкупно 28 сообраќајни незгоди од кои три со тешки телесни повреди. - Генерално, од кривично-правно аспект на територија на државата се направени 29 кривични дела и приведени се 33 лица од кои 14 се ...

Синоптичарите и за утре најавуваат сончево и претежно тивко време со услови за појава на магла по котлините, а од задутре влажен и студен бран со врнежи од дожд и снег. - Во петок попладне, во текот на ноќта и во сабота претпладне под влијание на влажен и студен бран ќе има врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а во останатите предели од дожд и ќе преминуваат во врнежи од повремен снег. Во сабота ќе дува умерен, долж ...

Ретко кој семеен однос е толку интензивен колку што е помеѓу мајка и ќерка. Може да биде со голема љубов, но и со бројни караници. Во овој однос констелацијата на хороскопските знаци игра важна улога. Како и кај љубовните, така и во врските меѓу мајките и ќерките има парови кои одлично функционираат заедно, но и такви кои имаат проблеми скоро секојдневно. Лав и Водолија Мајката Лав е роден водач. Таа ќе седи во родителскиот совет и ќе се бори ...

ЈП Паркинзи на општина Центар преку соопштение известува дека по повод претстојните празници паркирањето во Општина Центар ќе биде без наплата за сите граѓани. „Согласно Одлуката на претпријатието, на 01.01.2025 година (среда) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 02.01.2025 година (четврток) со вообичаено ...

За учениците во основните и средните училишта почнува зимскиот распуст од учебната 2024-2025 година. Наставата од второто полугодие ќе продолжи на 20 јануари. Учебната 2024-2025 ќе заврши традиционално на 10 јуни. Нема да биде продолжена како минатата учебна година, кога за основците заврши на 17 јуни, бидејќи ќе нема пролетен распуст кој беше воведен лани (29 април – 6 мај 2024). За оваа одлука Министерството за образование и наука во оваа ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
50%
1019
weather icon

Белград

23ᴼ / 22ᴼ
3.6
43%
1019
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
46%
1021
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
35%
1018
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.86
64%
1018
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 24ᴼ
3.6
53%
1021
weather icon

Атина

29ᴼ / 28ᴼ
1.54
47%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
51%
1016
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
4.12
39%
1016
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
3.6
52%
1017
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
6.17
34%
1021
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
7.2
73%
1014
Currency

61.535

Currency

53.3801

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60