Американските разузнавачки аналитичари истражуваат дали Русија му обезбедила на Иран информации за таргетирање и напредна технологија за неодамнешните напади со беспилотни летала врз објекти на ЦИА во регионот на Заливот, потврдија четири разузнавачки извори. Иако сè уште не се донесени официјални заклучоци, сомнежот е поттикнат од исклучителната прецизност на ударот и поширокото техничко партнерство меѓу Москва и Техеран. Во март беа ...

Општина Кисела Вода започнува процедура за обесштетување на граѓаните кои претрпеа материјални штети од силното невреме што го погоди подрачјето на Град Скопје на 21 јули 2026 година. По одржаниот координативен состанок со Градот Скопје, во Општина Кисела Вода итно се формираше Комисија за утврдување на фактичката состојба на терен. Со ова започнува процесот за прием на барања, што е предуслов за обесштетување на граѓаните, а ќе се реализира ...

Во организација на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, со поддршка од СЗО, денеска, во Владата се одржа работилница посветена на унапредување на управувањето со боледувањата во Македонија. Во рамки на работилницата беа презентирани податоци за состојбата во земјава, предизвиците со кои се соочува системот, европските политики и искуства за подобрување на управувањето со боледувањата. -Целта на работилницата е ...

Според ѕвездите, Лавовите ќе имаат најмногу среќа денес. Лав Лавовите денес уживаат во целосна поддршка од Сонцето, нивниот владетел, што им носи неверојатна харизма и успех во сè што преземаат. На работа, нивниот збор ќе биде конечен, а проектите што ги водат ќе добијат зелено светло без многу непотребни прашања или одложувања. Во љубовта, тие ќе зрачат со магнетизам кој ќе привлекува внимание каде и да одат, без разлика дали се во ...

Демократската унија за интеграција уште еднаш го повика градоначалникот на Град Скопје веднаш да го отстрани незаконскиот билборд за добредојде и да го замени со билборд што, како што велат, целосно ги почитува законските обврски за употреба на албанскиот јазик. „И покрај бројните реакции на граѓаните и јавноста, Град Скопје продолжува да ја игнорира двојазичноста и мултиетничкиот карактер на главниот град. Исклучувањето на албанскиот јазик ...

Отворена е сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст за собирање средства за помош на Гостивар. „Црвениот крст е на терен и активно спроведува активности за поддршка на погоденото население, а и во наредниот период ќе продолжи со своите хуманитарни активности со цел да обезбеди помош таму каде што е најпотребна. Секоја донација, без разлика на нејзината висина, претставува значајна поддршка за погодените семејства и ќе помогне во ...

За време на летот од шпанскиот остров Тенерифе до Ливерпул во вторник вечерта, во авионот на компанијата „Изиџет“ се случила тепачка , во која учествувале десетина патници, поради што авионот извршил итно слетување на аеродромот за поаѓање „Јужен Тенерифе“. Капетанот на авионот одлучил да се врати на шпанскиот остров околу 30 минути по полетувањето „поради опасноста што тепачката меѓу патниците ја претставувала за безбедноста на летот“, ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Баграт Тунјан, координатор за Република Македонија од СИГМА – заедничката иницијатива на ОЕЦД и Европската Унија. На средбата беше разговарано за тековните активности поврзани со реформата на јавната администрација, како и за подготовките за претстојната оценска мисија на СИГМА, која ќе се фокусира на следењето и оценувањето на напредокот во спроведувањето на ...

Жител на Ново Мексико го снимил необичниот момент кога црна мечка се заглавила на врвот на телефонски столб висок околу 10 метри. На видеото, кое стана вирално и е потврдено како автентично, може да се види мечката како тешко дише додека држи столб со предните шепи и задните нозе што висат од двете страни. Јавете се до надлежниот орган Видеото го снимила Шенон Маленс, која се движела по автопатот од Ново Мексико до Оклахома кога го забележала ...

Обединетото Кралство размислува за суспендирање на трговскиот договор со Израел, откако минатото лето спроведе проценка на влијанието на суспензијата. Министерството за бизнис и трговија минатиот август спроведе проценка на влијанието врз суспензијата на Договорот за трговско партнерство меѓу Велика Британија и Израел, договорот за континуитет по Брегзит од 2019 година, преку кој израелскиот увоз добива преференцијален даночен третман и во ...

Венко Менгеле е последниот кој има кредибилитет да говори за здравството во Македонија. Исто така за кризата во Гостивар, наместо прашања и обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ и Владата предводена од претседателот Мицкоски, нека се состане со неговите коалициони другари Ахмети и Таравари и нека побараат одговорност за скандалот во Гостивар директно од градоначалникот Валбон Лимани, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека, ...

Министерот за правда, Јетон Шасивари, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Косово во Република Северна Македонија, Флоријан Ќехаја, на која беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка и интензивирање на партнерството во областа на правдата и евроинтеграциите. „Македонија и Косово, како добри соседи и партнери, ја делат истата визија за стабилен регион заснован на владеење на правото, ...

Селена Гомез го прослави својот 34-ти роденден и е во многу помирна фаза од животот. Од 2023 година е во врска со музичкиот продуцент Бени Бланк. Селена Гомез порасна пред милиони гледачи. Од девојката од серијата „Барни и пријателите“ до една од највлијателните жени на денешницата, нејзиниот живот беше обележан со слава, бурни љубови и сериозни здравствени проблеми, поради што мораше неколку пати целосно да ги менува своите приоритети. ...

До крајот на оваа недела премиерот Христијан Мицкоски очекува водата во Гостивар да биде дозволена за техничка употреба, а до крајот на следната недела да биде добра и за пиење. Одговарајќи на новинарски прашања денес при посетата на Кавадарци, премиерот рече дека е предвидено целосно чистење на системот за водоснабдување во Гостивар. „Ако биде се како што треба бидејќи се вклучија екипи и од скопскиот Водовод и експерти, јас очекувам до ...

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во вторникот, во Гостиварско спроведоа 70 вонредни надзори со кои беа опфатени промет, кафе барови, пицерии, пекарници, слаткарници, сендвичарници, ќебапчилници, производство и пакување на овошје и зеленчук и др оператори со храна. Акцент при контролите беше ставен на утврдување дали операторите од овој регион ја почитуваат донесената забрана на АХВ за употреба на водата од ...

Министерот за здравство и сите надлежни институции мора да понесат политичка и кривична одговорност за случајот со загадената вода во Гостивар, бидејќи со своето непостапување го доведоа во ризик здравјето на граѓаните, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче. „Загадувањето на водата започнало уште на крајот на јуни. И никој не реагирал. Никој ништо не кажал. Ги оставиле луѓето во Гостивар да пијат загадена вода. Институциите со недели ...

Општина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на 21 јули. Образецот за пријавување штета е достапен во просториите на Општина Аеродром, а може да се преземе и од официјалната веб-страница на следниов линк: https://shorturl.at/L3rcJ Образецот, заедно со потребната документација, се доставува во Архивата на Општина Аеродром ...

Полицијата поднесе кривична пријава за локал во Охрид затоа што на 14-годишно дете му бил послужен алкохол. Според информациите на МВР, по послужувањето на алкохолот, на малолетникот му се слошило и паднал во несвест. СВР Охрид поднесе кривична пријава против правен субјект – угостителски објект од Охрид и против сопственикот и управителот Е.Н. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалаци на ...

По иницијатива на градоначалникот Горан Герасимовски, на денешната седница на Советот на Општина Центар е предложена дополнителна точка со која ќе се утврдат начинот и условите за доделување еднократна парична помош за граѓаните и правните лица чии објекти беа оштетени во силното невреме што го зафати градот на 21 јули. „Уште од првиот ден сме на терен со сите наши служби за да им помогнеме на граѓаните. Паралелно со расчистувањето на ...

Американската компанија „Амазон“ денес отпушти дел од вработените во својот оддел за развој на општа вештачка интелигенција (AGI), продолжувајќи ја серијата помали реорганизации што следеа по големиот бран отпуштања на почетокот на годината. Компанијата објави дека останува посветена на развојот на големи модели на вештачка интелигенција, но дека сака да ги насочи ресурсите кон проекти кои имаат најголемо значење за корисниците, пренесува ...

Полната Месечина (Buck Moon) нè очекува на 29 јули во воздушниот знак Водолија и ќе има силно влијание врз Водолија, Лав, Шкорпија и Бик. Полната Месечина во Водолија носи силна потреба да се ослободиме од сè што нè спречува и нè потсетува дека е време да бидеме самите себе, без страв од туѓите очекувања. Желба за промена Полната Месечина ја засилува желбата за промени, нови идеи и кршење на старите шеми кои повеќе не служат за нашиот развој. ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција покажа документи за кои вели дека докажуваат дека водата во болница во Лешок е загадена. Како што кажа Филипче, официјалните документи доставени од укажувачи откриваат дека во Болницата за белодробни заболувања во Лешок била регистрирана здравствено небезбедна вода за пиење, а институциите не презеле ништо. Филипче нагласи дека извештајот на Центарот за јавно здравје, за ...

Венко Филипче е последниот што има кредибилитет да зборува за состојбите во здравството. СДС нема право да зборува за здравството, СДС за нивните 7 години власт направи скандали кои граѓаните ги плаќаа со своите животи, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувања на лидерот на СДСМ дека здравствениот систем е во колапс. „Граѓаните добро паметат во каква состојба го остави здравствениот систем по неговиот мандат со наталожени проблеми, недостиг на ...

Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје, најави премиерот, Христијан Мицкоски. „Што се однесува до обештетувањето на граѓаните кои претрпеа штета од невремето кое што се случи, само можам да кажам дека општините и институциите под општините формираат комисии. Граѓаните кои имаат штета треба да ја пријават таа штета во комисиите. Тие ќе направат проценка и потоа во Комитетот за проценка на штети ќе ги ...

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбија и Марко Вујачиќ од Канцеларијата на UNOPS на која беа разгледани приоритетите во реформата на правосудството и следните чекори за модернизација и унапредување на системот. Посебно внимание беше посветено на експертската поддршка што Обединетите нации ја обезбедуваат во реформските процеси, ...

Здравствениот систем во државата е доведен до колапс, а власта предводена од Христијан Мицкоски не ја исполнува основната функција на државата, да го заштити здравјето на граѓаните, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. „Ова што се случи во Гостивар не е само еден изолиран случај, станува збор за системски знаци на неефикасност и нефункционирање. Едноставно, здравствениот систем се распаѓа во држава под ...

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска беше во Кавадарци каде што беше пуштен во употреба реконструираниот Градски базен. „Повторно сме во Кавадарци. Минатиот пат кога бев тука пред десетина дена почнувавме проект, сега пуштаме во употреба проект. Овој спортско-рекреативен центар мислам дека има регионално значење и е добар, да не речам, одличен. Од целосно запуштен објект, којшто сведочеше на едно лошо време, денеска гледаме како добива ...

Повеќето возрасни лица треба да консумираат не повеќе од 2.300 милиграми натриум дневно, што е еквивалентно на една лажичка сол. Сепак, многу луѓе значително го надминуваат ова ограничување и со тоа го зголемуваат ризикот од развој на срцеви заболувања. Натриумот е клучен за функцијата на мускулите и нервите, но вишокот често се додава во преработената храна и оброците во ресторани, па затоа готвењето дома останува најсигурен начин за ...

Раперот Драгомир Депсиќ, попознат како Десингерица, привлекува големо внимание во јавноста ова лето. Неговите настапи во Црна Гора станаа предмет на бројни дискусии, а најмногу коментари предизвика неговиот настап во кој им ја потстрижуваше косата на одредени луѓе од публиката. Додека некои го сметаат овој потег за ексцентричен дел од неговиот сценски настап, други го критикуваат и се прашуваат дали ваквите изведби се соодветни. Десингерица , ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница според член 133 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 30-годишник со нож се заканувал на двајца сопружници во чија фирма работел, барајќи да му ги исплатат последните неисплатени дневници. На 21 јули попладне, кога мажот и жената со нивниот ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
0.31
57%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.68
73%
1010
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.66
76%
1010
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.51
45%
1015
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
40%
1011
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 17ᴼ
1.08
89%
1011
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
2.68
64%
1015
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.47
54%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.16
85%
1016
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 17ᴼ
0.89
63%
1011
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
1.34
57%
1007
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 21ᴼ
2.67
100%
1015
Currency

61.575

Currency

54.1105

Currency

72.0558

Currency

37.7691

Currency

38.3694

Currency

66.1563

Currency

7.9902

Currency

0.69225

Currency

0.33143

Currency

0.52499

Currency

1.14296

Currency

0.56034

Кобалт

56.29

Злато

130265.18

Платина

50958.93

Калај

53.50

Паладиум

39448.97

Цинк

0.00

Родиум

263636.12

Алуминиум

3.17

Бакар

12.74

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Сребро

1870.85