ВАШИНГТОН (АП) - Американските работодавци додадоа солидни 151.000 работни места минатиот месец, и покрај наводите на претседателот Трамп за најави од трговски војни, намалување федералната работна сила и ветувањата за депортирање милиони имигранти. Одделот за труд во петокот објави дека вработувањата се зголемиле од ревидираните 125.000 во јануари. Економистите очекуваа 160.000 нови работни места минатиот месец. Стапката на невработеност малку ...

Три маркети, аптека и продажните места на тројцата најголеми увозници на овошје и зеленчук се затворени и нема да работат во наредните 15 дена бидејќи во своите продавници продавале продукти со маржи повисоки од дозволените со владините мерки. Тоа денеска на пресконференција во Скопје го соопшти директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојковски. Во Пазарната инспекција, како што истакна Стојкоски, се работат уште 30 предмети за да ...

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денес ги критикуваше САД за воведувањето царини за кинески увоз и вети дека „одлучно ќе возвратат“ доколку Вашингтон продолжи да го зголемува притисокот врз Пекинг. Говорејќи за локални и странски медиуми за време на годишниот состанок на кинескиот Парламент во петокот, Ванг ја доведе во прашање ефикасноста на царините на американската влада против Кина и го повика Вашингтон да избегне конфликти и ...

Претседателот Доналд Трамп продолжи да го притиска Киев да потпише договор за минерали во четвртокот и изрази уверување дека Москва, исто така, е подготвена да направи договор за ставање крај на војната што започна кога Русија ја нападна Украина во 2022 година. Трамп испрати порака до членките на НАТО: „Ако не платат, нема да ги бранам“. Тој ја изложи својата визија за тоа како ќе го посредува мирот меѓу соседните земји. „Мислам дека она што ќе ...

Северна Македонија не размислува за можноста за испраќање војници во потенцијална европска мисија во Украина која би била дел од напорите за одржлив мир. Формулацијата која ја користат високи извори во Министерството за надворешни работи е дека „земјава не е подготвена за опција за нејзино воено присуство во Украина“. Ваквото позиционирање на официјално Скопје доаѓа во период на силна дипломатска мобилизација кај клучните европски сојузници за ...

Претседателот Доналд Трамп во четвртокот потврди дека неговата администрација преговара со Хамас, означена од САД како терористичка група, за ослободување на преостанатите заложници. Тој го повтори неговиот претходен ултиматум дека ќе биде хаос во Газа доколку не бидат веднаш ослободени. „Ќе дознаете“, рече Трамп во Овалната канцеларија на новинарско прашање. Трамп го истакна неговиот состанок во средата со ослободените израелски заложници. ...

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп ги одложи за четири недели неговите нови царини од 25% за најголемиот дел од мексиканскиот и канадскиот извоз во САД, неговиот најнов потег во трговската војна која се одрази врз берзите и ги наруши односите на САД со нивните долгогодишни сојузници и двата најголеми трговски партнера. Трамп најпрво ги одложи царините за мексиканскиот увоз во САД до втори април, откако директно слушна од мексиканската ...

Во Смардан, Романија, на околу 50 километри од молдавската и украинската граница, европските сили на НАТО ја спроведуваат најголемата воена вежба: „Непоколеблива стрела“, 2025. Десет илјади војници од девет земји на НАТО учествуваат во овие вежби. Војници на НАТО од „Сојузничките сили за реакција“ ја тестираат својата сила и брзина додека тренираат за зајакнување на источното крило на НАТО без армијата на САД. Операцијата ја води 1-та дивизија ...

„Неколку работи кои мене ме движат. Да си ја сакаш работата која си ја работиш. Да веруваш во себе и она што мене најмногу ме држи на мои 52 години е да си го чувам детето во себе. Ако тие работи, јас ја велам златна тројка се присутни во секој ден, нема момент да не бидеш успешен“, тоа се трите работи потребни за да се биде добар педагог и едукатор, вели Иле Михајловски од Свети Николе, кој неодамна се најде во групата на 50 најдобри наставници ...

Во обраќањето во Конгресот, претседателот Трамп ја изложи својата визија за клучните прашања со кои се соочува земјата. Дописничката на Гласот на Америка од Конгресот, Кетрин Гипсон, разговараше со законодавците за плановите на Трамп за економијата, имиграцијата и надворешната политика на САД. Во своето прво обраќање до Конгресот во неговиот втор мандат, претседателот Доналд Трамп им даде на американските законодавци план за годините што ...

„Ви благодарам што ми дозволивте да се обратам, за жал македонскиот јазик го разбирам, но не го зборувам, па ќе продолжам на хрватски јазик.“ По куртоазниот гест кон земјата-домаќин, првиот човек на Саборот на Хрватска, држава од соседството која е силен поддржувач на македонските евроинтеграции, на својот мајчин јазик го продолжи обраќањето во Собранието и пред пратениците испорача две клучни пораки – првата беше поврзана токму со ...

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс предводеше трио претставници на Белата куќа во посета на клучниот премин на границата меѓу Тексас и Мексико, каде што го повтори тврдокорниот притисок на претседателот Доналд Трамп за имиграција и ги увери Американците дека американските сили не планираат да го нападнат Мексико. Неговото патување во малиот пограничен град Игл Пас, Тексас, доаѓа веднаш по обраќањето на Трамп во вторникот вечерта пред ...

Хамас, организација која САД ја сметаат за терористичка организација, во четвртокот соопшти дека заканите од американскиот претседател Доналд Трамп го охрабруваат Израел да се откаже од договорот за прекин на огнот во Газа. Таа најава дојде еден ден откако Трамп рече дека ќе има „пекол“ доколку Хамас не ги ослободи преостанатите заложници кои се држат во Газа. „Ослободете ги сите заложници сега, не подоцна, и веднаш вратете ги сите мртви тела ...

СКОПЈЕ – Ниту 450 ниту 500 евра минимална плата туку 1.800 денари покачување според постоечките законски прописи откако премиерот Христијан Мицкоски денес официјално го одби предлогот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и ги обвини за координирање со опозициските партии. Иако претходно премиерот Мицкоски кажа дека Владата ќе прифати било каков договор меѓу синдикатите и работодавачите, сега е дециден дека во Буџетот нема пари за ...

Одделот за ветераните на САД планира реорганизација која вклучува укинување на над 80.000 работни места од распространетата агенција која обезбедува здравствена заштита и други услуги за милиони ветерани, се вели во интерен меморандум доставен до Асошиетед прес. Шефот на кабинетот, Кристофер Сирек, им рече на највисоките претставници на Агенцијата во вторникот дека има цел да намали доволно вработени за да се вратат на нивоата на персонал во ...

Британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон може да го посетат Вашингтон со украинскиот претседател Володимир Зеленски следната недела. Ова го потврди портпаролката на француската влада Софи Примас. „Се смета дека претседателот Макрон може повторно да отпатува во Вашингтон со претседателот Зеленски и неговиот англиски колега“, им рече Примас на новинарите по состанокот на владата денес. Претходно, британското издание ...

Виши дипломати од Соединетите Американски Држави и Канада одржаа разговори во средата кои вклучија дискусија за трговијата, додека американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи новата царина од 25 отсто за увоз на возила од Канада и Мексико за еден месец. Стејт департментот на САД соопшти дека државниот секретар Марко Рубио и канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли соработувале на „заедничките глобални предизвици, безбедните ...

Естонските воени бродови до неодамна го поминуваа поголемиот дел од своето време на заштита на границите, барајќи повремена мина на дното на Балтичкото Море и спроведувајќи спасувачки операции. Но, овие денови - откако беа оштетени невообичаено голем број подводни кабли - морнарицата има нова мисија - заштита на поморската инфраструктура. Од почетокот на 2025 година, екипажот на овој ловец на мини учествува во операциите на НАТО насочени кон ...

Неодамна, државниот секретар Марко Рубио објави во изјава дека белоруската влада се согласила да ослободи тројца политички затвореници – Андреј Кузнечик, новинар во белорускиот сервис на РСЕ и 56-годишниот американски државјанин Николај Шугаев. По ослободувањето, Претставник на Стејт департментот Кристофер Смит рече дека САД работат на ослободување на повеќе затвореници. Но, Кенет Јаловиц, поранешен амбасадор на САД за Белорусија, не е оптимист ...

Фотографии од подрумот на ова училиште во април 2022 година станаа вирални - руските трупи го окупираа целото село скоро еден месец. „На 3 март 2022 година, Русите влегоа во селото и за три дена ги натрупаа сите во подрумот. Самиот подрум е 198 квадрати, а бевме 380. Тоа е околу половина метар простор по човек“, раскажува Иван Полгуј, жител на селото. На ѕидовите се испишани имињата на 10 луѓе кои загинале во подрумот. „Немавме доволно кислород ...

Откако САД официјално воведоа дополнителни 10% царини за кинески производи на 4 март, Кина брзо воведе три контрамерки, вклучително и поднесување тужба до Светската трговска организација (СТО), наметнување царини од 10% до 15% за голем број американски производи и ставање на 15 американски компании на црната листа за контрола на извозот. Некои кинески извозници открија дека реагираат на тарифните притисоци со проширување на нивниот простор за ...

Унгарската и македонската влада се на иста линија кога станува збор за Украина, а тоа е дека Европа, која е најпогодена од тригодишната руска агресија, треба да притиска за одржливо мировно решение и дека токму Европа треба да има позначајна улога во процесот на конечно запирање на војната. Оваа порака произлезе од настапите на Виктор Орбан и на Христијан Мицкоски по денешната меѓувладина седница меѓу двете земји што се одржа во Будимпешта. ...

Канада го намалува бројот на меѓународни студенти што ги прифаќа на 437.000, што е за 10% помалку од минатата година. Чеик Омар Киракоја дошол во Канада од Буркина Фасо пред помалку од една година. Неговото патување го отсликува она на илјадници странски студенти низ Канада. „Ја избрав Канада затоа што имаше повеќе можности во мојата област“, вели Киракоја. Но, сега е потешко да се остане и да се работи во Канада по дипломирањето. Идни студенти ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во говорот вчера вечерта на заедничката седница на Конгресот ги бранеше своите нови царини за американските трговски партнери и вети дека ќе има уште повеќе. „Другите земји користеа царини против нас со децении, а сега е наш ред“, рече Трамп во неговото прво обраќање пред американските законодавци во неговиот втор мандат. Забелешките дојдоа откако САД во вторникот воведоа царини од 25 отсто на извозот од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го започна својот прв говор пред Конгресот во неговиот втор мандат прогласувајќи дека „Америка се врати“, предизвикувајќи скандирања од републиканските законодавци. „Пред шест недели, застанав под куполата на овој Капитол и прогласив зора на златна доба на Америка. Од тој момент, тоа не беше ништо друго освен брза и непопустлива акција за воведување на најголемата и најуспешната ера во историјата на нашата ...

Руското раководство им оддава почит на оние кои загинаа во овие три години во војната во Украина. Влегувајќи во својата четврта година, Русија сè уште ја нарекува „Специјална воена операција“ и ја одбележуваат со настани, вклучително и изложба на портрети за паднатите борци. Но, очекувањето на средба лице в лице меѓу Трамп и Путин е она што доминира во разговорот на улиците на Москва. Максим Илинов е меѓу уметниците кои учествуваат во изложбата. ...

Објавата на Израел дека го блокира влезот на хуманитарна помош во Газа преку неговите контролни пунктови предизвика страв и паника за купување на пазарите во Газа. Овој потег доаѓа кога започнува светиот муслимански месец Рамазан, кога муслиманите постат од утро до мрак и споделуваат празнични оброци во вечерните часови. Рамазан годинава се одржува во услови на огромно уништување предизвикано од 16-месечните тешки борби меѓу Израел и Хамас, ...

Кина неделава ги започнува своите годишни состаноци на највисоко законодавно тело, бидејќи се наѕираат дополнителни царини од САД, а раководството во Пекинг се обидува да одговори на она што кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги нарече „комплексни“ економски предизвици. Почнувајќи од денеска, илјадници кинески елити и пратеници ќе почнат да се собираат во кинескиот главен град за да постават и дискутираат за широк спектар на политички агенди за ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес рече дека неговата земја е подготвена да преговара за крај на тригодишната руска војна против Украина „што е можно поскоро“ и дека ќе „работи под „силното раководство“ на американскиот претседател Доналд Трамп за да се постигне мировен договор. Зеленски рече дека неговата средба со Трамп во Белата куќа минатиот петок била за „покајување“ и дека тој останува подготвен да потпише договор што на САД ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се обрати во Конгресот вечерва, зборувајќи за првите недели од доаѓањето на функцијата. Обраќањето ќе му обезбеди на Трамп јавна сцена за да ја изложи својата визија за американската економија и политиката за имиграција и ќе му овозможи да ги брани неодамнешните контроверзни одлуки за намалување на федералната работна сила и соочување со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Но, најитниот предизвик ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
5.14
33%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
4.12
34%
1018
weather icon

Загреб

27ᴼ / 26ᴼ
2.57
43%
1020
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
4.12
30%
1015
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
6.72
49%
1014
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 27ᴼ
4.12
47%
1020
weather icon

Атина

33ᴼ / 29ᴼ
3.13
41%
1012
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
5.66
40%
1015
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
4.12
29%
1015
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.63
38%
1016
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 25ᴼ
7.72
32%
1019
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
10.29
65%
1013
Currency

61.535

Currency

53.3801

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60