Во градот Левски во Бугарија на 4 август беше поставен камен-темелникот на Музејско-изложбениот комплекс „Георги Парцалев“, посветен на животот и творештвото на еден од најомилените бугарски актери, јавува БГНЕС. Градоначалничката на општина Левски, Љубка Александрова, го оцени настанот како историски за градот и истакна дека музејот е долгогодишна желба на жителите. „Со денешниот почеток се додава уште еден значаен датум во историјата на ...

Адвокатот Звонко Давидовиќ беше гостин во емисијата „Доверливо со Насер Селмани“. Со познатиот адвокат, новинарот Насер Селмани разговараше за случајот со загадувањето на водата во Гостивар, одговорноста на институциите и текот на судската постапка. Што покажува овој случај за состојбата во македонското судство? Има ли вистинска политичка волја за судски реформи и што треба да се промени за граѓаните повторно да имаат доверба во правдата? ...

Бугарското културно друштво „Иван Вазов“ во градот Берисо, во аргентинската провинција Буенос Аирес, на 23 август од 16:00 часот по локално време ќе одбележи 71 година од основањето. Прославата ќе се одржи во седиштето на друштвото на улицата „Монтевидео“ број 1789, јавува БТА. На настанот ќе бидат претставени и новите културни амбасадори, кои ќе ја претставуваат организацијата на локални и национални празници и фестивали во текот на 2026 и ...

Писателот и социолог Тошо Ангелов Дончев е еден од најистакнатите чувари на историската меморија на бугарската заедница во Унгарија, чии корени се поврзани со бугарските градинари што се населиле во Будимпешта пред повеќе од еден век, пишува Радио Бугарија. Дончев е роден во Будимпешта во 1944 година, за време на Втората светска војна, а неговото семејство потекнува од селото Драганово, Великотрновско, познато како „село на градинари и ...

Родопите заслужуваат многу посилно присуство во туристичката промоција на Бугарија, изјави претседателката Илијана Јотова при посетата на Златоград, јавува БТА. Придружувана од археологот проф. Николај Овчаров, таа го разгледа Стариот Златоград, кој го опиша како „музеј на отворено“ што ги зачувал преродбеничкиот дух, традиционалните занаети и бугарското културно наследство. „Како институции сме им должници на луѓето овде, бидејќи недоволно ...

Министерката за енергетика на Бугарија Ива Петрова на 4 август ја посети АЕЦ „Козлодуј“ заедно со експерти од Министерството за енергетика, Бугарскиот енергетски холдинг и Електроенергетскиот системски оператор, јавува дневниот весник 24 часа. За време на посетата биле разгледани работата на петтиот и шестиот блок и влијанието на ниското ниво на Дунав врз централата. Петрова изјави дека нема опасност од целосно запирање и дека, при сегашното ...

Реалниот раст во бугарската енергетика доаѓа од соларните капацитети и батериските системи, а не од државната политика и плановите за нови нуклеарни централи, оценува поранешниот бугарски министер за животна средина Јулијан Попов во интервју за весникот „24 часа“. Според Попов, соларната енергија бележи најголем раст во Бугарија, додека батериите, кои масовно навлегле во последните две години, овозможуваат складирање на евтината електрична ...

Комисијата за политики за Бугарите надвор од земјата во бугарското Народно собрание ја сослуша Христина Михаилова, мајка на 23-годишната Ива Михаилова, на која судот во Кочани не ѝ дозволува да замине на лекување во Бугарија додека трае судскиот процес против неа за сообраќајна несреќа, јавува БНР. Постапката трае веќе десет месеци, а за 31 август е закажано четвртото рочиште. Мајката предупреди дека одложувањето создава ризик нејзината ќерка ...

Мицкоски и Клековски ја отруја и болницата во Гостивар, кризата со водата во Гостивар премина во здравствена катастрофа, велат од СДСМ. „Стерилизаторите не работат поради загадената вода. Операции, ортопедија, гинекологија, урологија – сѐ е блокирано. Здравјето и животите на граѓаните се директно загрозени. Мицкоски и Клековски сѐ уште одбиваат да ја кажат вистина. Нема официјален документ со кој се потврдува дека водата е чиста – затоа што ...

Дизелот денеска повторно поскапува, трет пат по ред, откако Мицкоски најави намалување на цената. Сега еден литар дизел ќе изнесува речиси 100 денари, велат од СДСМ. „Како што веќе рековме, секогаш кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува ново поскапување. По неговите најави – не еднаш, туку три пати се случува поскапување на дизел горивото. Граѓаните веќе имаат страв од најавите на Мицкоски. Знаат дека ќе поскапи ...

Дијалогот, довербата и добрата соработка меѓу локалните власти се основа за градење силни добрососедски односи. Во тој контекст продолжи официјалната програма на амбасадорот на Република Бугарија во Република Србија, Ангел Ангелов. Последната средба во рамките на неговата посета на регионот на градот Пирот, се одржа во Општина Бабушница, каде што разговараше со градоначалничката Ивана Стоичиќ, јавува бугарската амбасада во Србија. За време на ...

Бугарските пејачки Бисера и Лидија ќе настапат на 34-то издание на фестивалот за авторска песна од македонската фолклорна област „Пирин фолк 2026“, кој ќе се одржи на 28, 29 и 30 август в Летниот театар на градот Сандански. Младите пејачки, кои настапуваат како дует, пред публиката ќе се претстават со песната „Твоја да сум“. Аранжманот е дело на македонскиот композитор Јован Василев, додека автори на текстот се Кристина Димова, Бисера и ...

Бугарија е прва во Европа според бројот на златни медали од меѓународни научни олимпијади според бројот на населението, покажува нова ранг-листа со резултати до 2025 година, јавува Актуално. Податоците ги опфаќаат златните медали од шест големи меѓународни олимпијади – по математика, физика, хемија, информатика, биологија и филозофија. Русија има најмногу златни медали во апсолутен број, а меѓу најуспешните европски земји се и Романија, ...

По последните случаи со насилство во Гостивар и свадбените веселби со истрели од огнено оружје, Либерално-демократската партија (ЛДП), предлага отворање на Семејни центри во секоја општина. Во видео објава на социјалните мрежи, претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова и членот на Извршниот одбор на партијата, Бобан Јанкоски, повикуваат на брза акција за намалување на случаите со врсничко насилство. „ЛДП предлага ...

Бугарија останува една од најбезбедните туристички дестинации и покрај војната на Блискиот Исток и предупредувањата од Иран поради соработката со САД, изјави претседателката Илијана Јотова при посетата на археолошкиот комплекс Перперикон, јавува БГНЕС. „Нема никакви закани од конфликтите во Европа и на Блискиот Исток“, рече Јотова, додавајќи дека туристите во земјата можат да најдат мир и добри услови за одмор. Според неа, откажаните летови ...

На 4 и 5 август во Летниот театар во Варна ќе се одржи првото издание на Меѓународниот фестивал на црковна музика „Св. Богородица Портаитиса“, со учество на изведувачи на православна духовна музика од Бугарија, Северна Македонија, Романија, Србија, Грузија и Либан, јавува Радио Бугарија. Фестивалот го носи името на Пресвета Богородица, небесната покровителка и заштитничка на Варна. Нејзиниот образ „Портаитиса“, односно „Чуварка на портите“, ...

Со гала-концерт на отворената сцена и заедничко оро на учесниците и публиката заврши првото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Оро се вие“, што се одржа од 27 јули до 2 август во Босилеград, јавува БТА. Во финалната вечер настапија ансамблот „Кочо Рацин“ од Скопје, Фолклорниот танцов состав „Прибојски ритми“ од селото Прибој кај Радомир, Културно-уметничкото друштво „Бранислав Нушиќ“ од Владичин Хан, како и ансамблите при Центарот ...

Владимир Перев 1. Деновиве во нашата Северна Македонија живееме во (или) свет на нови реалности, (или) свет на некаква паралелна реалност, на познатата „Зона на Самракот“ каде се губат облиците на реалноста, а сеуште се недостапни благодетите на “другата реалност“. Пред неколку дена премиерот и министерот за надворешни работи ни кажаа дека “протоколите не се дел од преговарачкиот пакет“, па можеме да спиеме мирно, за деновве да разбереме дека ...

Бугарија ќе биде дел од Edinburgh Festival Fringe, најголемиот фестивал за сценски уметности во светот. Пловдивскиот театар „Хенд“ ќе се претстави со претставата „Шекспир X 5“, јавува Радио Бугарија. „За нас ова учество е признание за патот што го изодевме низ годините и можност да го претставиме современиот бугарски независен театар пред публика од целиот свет. Од 7 до 30 август ќе одиграме 24 претстави, секој ден од 11:30 часот, во Zoo ...

Бугарката Дакота Дичева се врати успешно во ММА борбите, забележувајќи ја својата 16. победа во вкупно 16 професионални настапи, пренесува „sportal.bg“. Дичева ја совлада Дениз Килхолц со едногласна судиска одлука во главната воведна борба на настанот организиран од Professional Fighters League во арената UBS во Њујорк. Дичева се врати во кафезот по пауза од нешто повеќе од една година. Во јули минатата година таа ја скрши раката во борбата ...

Бугарската амбасадорка во Ирска, Ванја Андреева-Малакова, беше одликувана со почесна благодарница за нејзиниот придонес и поддршка во развојот на бугарските училишта во странство и зачувувањето на бугарскиот национален идентитет, соопшти Амбасадата на Бугарија во Ирска на својата страница на Фејсбук, пренесува БТА. Амбасадорката Андреева-Малакова била номинирана од Бугарската асоцијација за образование „Рајна Кнегиња“ во Ирска. „Високо го ...

Пред многубројна публика во Цариброд се одржа јавната дискусија „Заробената држава, заспаното општество и граѓанската одговорност“, на која за политичката и општествената состојба во Србија говореа социологот Предраг Цветичанин, граѓанскиот активист Предраг Воштиниќ и професорот Радивоје Јововиќ, јавува Far.rs. Преку анализа на функционирањето на институциите, граѓанскиот активизам и општествената солидарност, учесниците ги претставија своите ...

Професорот Марк Полефејс, еден од највлијателните светски научници во роботиката и компјутерската визија, станува дел од Институтот за компјутерски науки, вештачка интелигенција и технологии – INSAIT на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“. Тој ќе соработува со истражувачите на институтот на иновативни проекти во роботиката, просторната вештачка интелигенција и компјутерската визија, јавува бугарското Министерство за образование и ...

Бугарската народна банка (БНБ) на 3 август 2026 година пушта во оптек сребрена колекционерска монета „Преображенски манастир“, со номинална вредност од 10 евра. Монетата е дел од серијата „Бугарски цркви и манастири“, ќе чини 132 евра, односно 258,17 лева, а тиражот е 5.000 примероци, јавува БГНЕС. На предната страна е прикажан стилизиран приказ на фреската „Тркалото на животот“ од Захариј Зограф, додека на задната страна се претставени ...

На 1 август 1926 година тргнал првиот воз по Родопската теснолиниска пруга, на делницата меѓу Сарамбеј, денешен Септември, и Л’џене, денешен Велинград. Редовниот сообраќај започнал еден ден подоцна. Пругата со ширина од 760 милиметри почнала да се гради во 1921 година според проект на инженерот Стојан Митов. Делницата долга 39 километри минувала низ тешкиот предел покрај реката Чепинска и низ 10 тунели. Првично сообраќал по еден воз во секоја ...

Над 11.000 евра беа собрани на хуманитарната аукција по дводневниот голф-турнир организиран од Фондацијата на бугарските фудбалери кои го освоија четвртото место во светот „Национали 94“, јавува бугарскиот дневен весник 24 часа. Сите собрани средства ќе бидат наменети за одделот за реанимација во болницата „Токуда“, каде што лекарите до последен момент се бореа за животот на легендарниот капитен на репрезентацијата и претседател на ...

Со поклонение пред споменикот на Тодор Александров во Ќустендил беа одбележани 123 години од Илинденско-Преображенското востание, јавува БНР. Со одлука на Советот на Општината од 1997 година, 2 август е прогласен за официјален празник на градот и на Општина Ќустендил. Секоја година на овој датум жителите на Ќустендил им оддаваат почит на хероите од Илинден, како и на идеалите за слобода, единство и саможртва во името на националната идеја. На ...

Пловдив, вториот по големина град во Бугарија е најстариот постојано населен град во Европа, објави „Travel Off Path“. Според изданието, населувањето на подрачјето започнало пред повеќе од 8.000 години, поради што градот е над 3.000 години постар од Атина, пренесува БГНЕС. Современиот Пловдив е изграден врз бројни антички структури. Главната пешачка улица минува над остатоци од римски стадион, а Античкиот театар на Филипопол, со капацитет од ...

Со панихида и свечен воен ритуал пред меморијалот „Илинден“ во месноста Предел во Бугарија беше одбележана 123-та годишнина од почетокот на Илинденско-Преображенското востание. Панихидата во спомен на хероите од Илинден ја отслужија Неврокопскиот митрополит, Неговото Високопреосвештенство Серафим, и свештеници од Разлошката духовна околија. По богослужбата, претставници на државната власт, градоначалници од Пиринска Македонија, јавни личности ...

Повеќе од 70 гајдаџии од Бугарија и од странство учествуваа на 23-от Национален натпревар во свирење гајда во родопското село Гела, со што годинашното издание стана најмасовно досега, јавува БГНЕС. Уште од раните утрински часови, Илинденските полјани над родопското село беа исполнети со звуците на каба-гајдите и џура-гајдите. Рекордниот број учесници претставуваше сериозен предизвик за жирито, кое требаше да оцени десетици настапи и да ги ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
45%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
6.0
51%
1017
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.18
76%
1021
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.19
47%
1017
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
0.77
48%
1016
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.5
92%
1021
weather icon

Атина

27ᴼ / 26ᴼ
3.47
40%
1012
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.61
52%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
4.08
37%
1016
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 21ᴼ
6.26
58%
1017
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 20ᴼ
1.34
40%
1021
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.36
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

71.9016

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52413

Currency

1.11649

Currency

0.55857

Сребро

2102.98

Родиум

278103.96

Кобалт

56.29

Платина

56328.11

Калај

56.16

Цинк

0.00

Паладиум

43853.62

Алуминиум

3.34

Рутениум

53852.50

Злато

141498.65

Иридиум

252383.36

Бакар

13.36