Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Вулканските карпи на грчкиот остров Лимнос се наоѓаат во геопаркот Фаракло, на северниот брег на островот, во близина на селото Пропули. Овие необични формации од лава имаат чудни, често речиси совршено сферични форми. Благодарение на жолтите и портокаловите нијанси на карпите, целата област потсетува на „вонземски“ пејзаж. Геопаркот Фаракло е едно од најнеобичните природни места во Грција. Настанал пред повеќе милиони години како резултат на ...
Кевин Киген, легендарниот англиски фудбалер и тренер, почина на 75-годишна возраст по битката со ракот на желудникот во четврта фаза. Болеста му била дијагностицирана по упорни тегоби со желудникот. Светскиот фудбал е потресен од веста за смртта на поранешниот капитен и селектор на англиската репрезентација и еден од најголемите фудбалери во историјата на Ливерпул и Њукасл. Киген почина по битка со ракот на желудникот, кој кај него бил ...
„SK Hynix“ на почетокот на 2000-тите години беше компанија на работ на пропаст, со преполовени приходи и пазарна вредност од само околу 500 милиони долари. Денес е еден од најголемите победници на бумот на вештачката интелигенција, лидер во производството на HBM меморија и единствената компанија која прва ги испорача најнапредните мемориски чипови за „Nvidia“, чии AI акцелератори придвижуваат голем дел од денешната револуција во областа на ...
Додека температурите во Јапонија се приближуваат до 38°C, а властите издаваат предупредувања за опасност од топлотен удар, две јапонски компании претставиле решение за екстремните горештини – фрижидер за луѓе. Уредот, наречен „Do Hiemon“, односно „лична кутија за разладување“, е заеднички развиен од производител на автомати и компанија за производство на челични кутии за алат, а неговата цена изнесува околу 8.000 евра, пишува „The Telegraph“. ...
Револтот поради надоместоците што ЗАМП ги побарува од сопствениците на приватно сместување се шири и во Струга. По објавувањето на првите реакции од Охрид, до редакцијата пристигнуваат нови сведоштва од издавачи кои ја оспоруваат не само висината и начинот на наплата, туку и самата основа врз која се задолжуваат. Во некои случаи покани за плаќање биле доставени до повеќе членови на едно семејство, иако станува збор за ист апартман. Тоа ...
Девојче од село, војник и роб кои живееле пред речиси 2.000 години во антички Рим добија нови лица и замислени животни приказни во фасцинантната нова изложба во Будимпешта. Во Музејот „Аквинкум“, черепи од римскиот период, пронајдени во античкиот град Аквинкум, се претворени во веродостојни реконструкции на човечки лица, овозможувајќи им на посетителите да ѕирнат во животите на луѓето кои некогаш живееле на далечната граница на Римското ...
За некои луѓе будењето е најлесната работа на светот – ги отвораат очите пред да заѕвони алармот, одморени и подготвени за денот. За повеќето од нас, утрото започнува со постојано одложување на алармот и хронично чувство на исцрпеност, без оглед на тоа кога сме легнале. Најновата студија од Јапонија носи револуционерно и целосно природно решение. Истражувачите открија дека само 20 минути изложеност на светлина пред да се разбудите можат ...
„NASA“ објави спектакуларен тајмлапс од Марс, составен од илјадници фотографии снимени за време на прелетот на вселенското летало „Psyche“, кое во мај помина покрај Црвената планета за да ја искористи нејзината гравитација и да добие дополнително забрзување на патот кон истоимениот астероид. Покрај импресивните снимки од Марс и неговиот јужен леден пол, прелетот послужил и за тестирање на научните инструменти што ќе го истражуваат астероидот ...
Доналд Трамп повторно привлече внимание на прославата на светското фудбалско првенство, оставајќи се на сцената за време на подигнувањето на трофејот заедно со шпанските фудбалери, и покрај обидите на Родри и Инфантино да го отстранат. Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го привлече вниманието кон себе на прославата на титулата светски шампион. Откако на шпанскиот претставник Родриго (Родриго Ернандез Касканте) му беше врачен ...
Клаус по поволна цена купил пуст остров во Финска, кој 42 години бил напуштен, на 63. степен северна географска ширина. Заедно со својата партнерка Јохана, рачно обновиле стогодишна дрвена куќичка, а денес живеат целосно надвор од современата инфраструктура – без струја и водовод, соочувајќи се со сурови зими кога температурата се спушта и до минус 35 степени. Постојат луѓе кои купуваат станови, а постојат и оние што купуваат цел остров. ...
Полицијата ја приведе директорката на ЈП „Комуналец“ во Гостивар, Артана Асани. Според првичните информации, со неа се уапсени и двајца нејзини соработници – техничкиот директор Леон Нуредини и раководителот на водоводот Вадедин Дервиши. МВР би требало да објави детали за апсењето, а со тоа можеби ќе стане појасно што точно се случува со водата во Гостивар, со оглед на тоа што неколку институции кои вршеа испитувања и ги имаат резултатите сè ...
Затнувањето на артериите се развива постепено со години, а исхраната притоа игра клучна улога. Кардиологот д-р Сириша Вадали предупредува дека една многу популарна вечера може да го зголеми ризикот доколку често се наоѓа на менито. Сепак, таа нагласува дека ниту една намирница сама по себе не може да предизвика затнување на артериите. „Срцевите заболувања ретко се последица на една единствена намирница или на еден нездрав викенд. Проблемот ...
Финалето на Светското првенство во фудбал отсекогаш било повеќе од спортски натпревар. Тоа е глобален телевизиски настан што го следат стотици милиони луѓе, а секој негов сегмент е внимателно осмислен за да стане дел од историјата. Годинава, ФИФА направи уште еден исчекор, воведувајќи официјално музичко шоу на полувремето, инспирирано од спектаклот што со децении го гледаат љубителите на американскиот Супербоул. Додека гледачите во голем дел ...
„Caviar“ продолжува со создавањето необични и луксузни телефони, а овојпат на ред дојде модел кој сè уште не е ниту официјално претставен. До следниот голем настан „Galaxy Unpacked“ на „Samsung“ остануваат помалку од два дена, но тоа не ја спречи познатата компанија „Caviar“, која изработува луксузни верзии на технолошки уреди, да пушти во продажба специјален „Galaxy Z Fold 8 Ultra“ посветен на Лионел Меси – и тоа речиси една недела пред ...
Половина од светската популација се соочува со орални заболувања, како што се кариес и заболувања на непцата. Особено загрижува фактот што сè повеќе деца не посветуваат доволно внимание на оралната хигиена. Стресот, нездравата исхрана и нередовните посети на стоматолог се меѓу главните причини за ваквата состојба. Добрата вест е дека современата стоматологија овозможува безболни и минимално инвазивни третмани. Во ДЗУ „Бабамова“ се применува ...
Резултатите од вонредните анализи на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за квалитетот на водата во Гостивар се завршени, а според информациите што ги објавија домашните медиуми, констатирани се отстапувања од пропишаните параметри. Информацијата доаѓа во период кога во Гостивар е прогласена епидемија, а голем број граѓани во изминатите денови побараа медицинска помош поради стомачни тегоби, дијареја и повраќање. Засега не се објавени ...
Во јули 2024 година, фрагмент од метеорит со голема брзина го пробил покривот на една куќа во Њу Џерси, се распарчил и завршил на подот во спалната соба. Метеоритот, кој подоцна бил наречен Хилсборо (Hillsborough), се покажал како исклучително вреден за науката. Пронајден е речиси веднаш по падот, а бидејќи завршил во внатрешноста на куќата, не бил изложен на дожд ниту во контакт со почвата, со што била избегната контаминација со земски ...
Датумите на пакувањата на храната кај многумина создаваат дилеми, а експертите предупредуваат дека ознаките како „употребливо до …“ не секогаш значат дека храната е расипана. Сепак, постојат намирници кај кои препорачаниот рок на траење никогаш не треба да се игнорира, бидејќи опасни бактерии можат да се развиваат дури и без промена на мирисот, вкусот или изгледот, пренесува „Slobodna Dalmacija“. Што всушност значат ознаките? На производите ...
Три лица загинаа во сообраќајна несреќа кога нивното возило мерцедес со германски национални ознаки се превртело на патот ГП Блаце-Скопје. Починатите биле пријавени како исчезнати претходно од државјанин на Косово. Синоќа на 19.07.2026 во 22:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патот ГП Блаце-Скопје има превртено возило “мерцедес” со германски национални ознаки. На местото на настанот веднаш биле упатени полициски службеници и ...
Доналд Трамп во своја изјава ги спореди животите на фудбалските ѕвезди Лионел Меси и Кристијано Роналдо со својот, истакнувајќи дека животот на Меси и Роналдо е многу полесен и дека би сакал да се разменат барем еден месец. Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека фудбалските ѕвезди Лионел Меси и Кристијано Роналдо имаат „многу добар живот“, додавајќи дека би сакал да ги смени местата со нив еден месец. ...
Градот Гостивар се соочува со епидемија, а партијата Вреди посочува дека здравјето и безбедноста на граѓаните се апсолутен приоритет. Тие информираат за мерките што се преземени, како дистрибуирањето на бесплатна вода и следењето на состојбата од страна на институциите. По зголемувањето на бројот на граѓани кои побараа медицинска помош и по прогласувањето на епидемијата во Гостивар од „Вреди“ велат дека со загриженост ја следат состојбата во ...
Научници од Северозападниот универзитет во Еванстон, Илиноис (САД) развија беспилотно летало наречено „Phantom Twist“, кое во воздухот се ротира со брзина до 25 пати во секунда, со што станува до 10 пати помалку видливо од конвенционалните квадкоптери и речиси невидливо за човечкото око. Оваа иновација, чии идни примени би можеле да опфатат набљудување на диви животни, следење на животната средина и инспекција на инфраструктурата со минимално ...
Репрезентацијата на Шпанија е нов светски шампион и тоа откако вечерва ја надигра Аргентина на средбата на стадиoнот Метлајф во Њу Џерси. Шпанците славеа со 1-0 по продолженијата, но ова можеше да се случи многу порано затоа што „гаучосите“ одиграа катастрофален меч, меч кој на крајот го завршија со два упатени удари, ниту еден во рамките на голот на Симон. „Црвената фурија“ имаше шанси, полушанси во основниот дел, меѓутоа не успеваше да го ...
Центарот за јавно здравје во Тетово прогласи епидемија на гастроентеритис во Гостивар поради зголемување на бројот на заболени. Се прават анализи на пациенти и вода, а Владата обезбедува бесплатна вода за пиење. Министерството за здравство апелира на внимание и брза медицинска помош при симптоми. Центарот за јавно здравје Тетово прогласи епидемија на територијата на Општина Гостивар поради наглото зголемување на бројот на заболени со ...
По само 48 часа од поставувањето, билбордот на влезот на Скопје беше отстранет бидејќи предизвика голем број реакции поради визуелните грешки и спорните илустрации, вклучувајќи и приказ на коњот Букефал со пет нозе и споредби со храмот „Света Сава“. Билбордот ќе биде заменет со нов на трошок на истата компанија. По 48 часа од неговото поставување, денеска е отстранет билбордот на влезот на Скопје, кој предизвика голем број коментари на ...
За многу граѓани на Македонија, купувањето стан покрај море повеќе не е само прашање на одмор, туку и инвестиција. Најчестата дилема е каде инвестицијата се исплатува повеќе – во Грција, Црна Гора или Хрватска. На прв поглед, одговорот изгледа едноставен, но експертите предупредуваат дека не постои универзално правило, бидејќи цените, опциите за изнајмување и потенцијалот за раст на вредноста на недвижностите се разликуваат од дестинација до ...
Додека работодавците низ целиот регион сè повеќе се жалат на недостаток на квалификувана работна сила, еден оглас од Хрватска привлече големо внимание поради условите што ги нуди. Во Комижа на островот Вис е објавено слободно работно место за извршен директор на Геопаркот Архипелаг Вис, со бруто плата од 3.600 евра месечно и дополнителни 400 евра субвенција за домување. Ветувачка можност На прв поглед, се чини дека е исклучително привлечна ...
Агенцијата за храна и ветеринарство на 17 јули издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека е загадена и небезбедна за употреба. Поради времената забрана за употреба на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар, на граѓаните им се препорачува да ги почитуваат мерките до добивање на официјално известување дека водата повторно е безбедна за употреба. До официјално укинување ...
ВМРО-ДПМНЕ ја критикува локалната власт во Гостивар за начинот на кој управуваат со водоводната мрежа, наведувајќи дека се загрозува здравјето на граѓаните поради загадување на питката вода, што предизвикало масовно труење и бараат институциите да го расветлат случајот. Неспособноста и аматеризмот на коалицијата на СДС, ДУИ и Арбен Таравари во Гостивар, кои го доведоа градот во колапс, излегоа на површина. Според информациите постои основано ...
Лионел Меси се подготвува за своето трето мундијалско финале во кариерата, второ во низа по она во Катар на кое заедно со соиграчите ја освоија историската светска титула. Аргентинскиот капитен се стави на располагање на 39-годишна возраст и покажа зошто е еден од најголемите на сите времиња и во оваа фаза од кариерата, па како лидер на „гаучосите“ одново се погрижи актуелниот шампион да стигне до големото финале. Головите и асистенциите на ...