
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Министерството за здравство информира дека денес се планира враќање на седум пациенти од Виена, Анкара, Мадрид, Варшава, Марибор, Атина и Солун, со што во странски медински центри ќе останат на лекување 48 пациенти. Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти, велат од ресорното министерство. „Во болниците во земјава во моментот се лекуваат 7 пациенти, од кои ...
Овластен градежен инспектор од Општина Ѓорче Петров извршил вонреден инспекциски надзор и увид на местото каде ѕид меѓу вториот и третиот кат на станбен блок бил пробиен за време на изградба на нова висококатница. „Овластен градежен инспектор од Општина Ѓорче Петров изврши вонреден инспекциски надзор и увид на лице-место на предметната локација, односно на местото каде вчера при бетонирање на платно кое е дел од вертикална комуникација на ...
Општина Кисела Вода денес ја промовираше апликацијата „City and me” и со тоа стана првата општина во Македонија која ја имплементира оваа паметна, еколошка и граѓански ориентирана платформа. „Преку „City and Me“, секој жител на Кисела Вода кој ќе избере да пешачи, да вози велосипед, да рециклира, да пријави проблем или да гласа за решение за локален проблем, ќе може да добие симболична, но многу значајна награда – токен. Тој може да се ...
Денеска сум на работна посета во Ресен, утрово имав состанок со градоначалникот и со советниците. На состанокот разговаравме за ситуацијата која што го погоди овој регион, односно за ниските температури кои што беа изминативе денови“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. „Веќе денес на итна седница на Советот на Општина Ресен ќе се донесе одлука за прогласување на природна непогода, ќе се формира ...
Полициски службеници од ОВР Кичево уапсиле 14-годишен малолетник од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во домот на соседите допирал по телото четиригодишно женско дете. Во присуство на родител, претставник на Центарот за социјални работи и адвокат за малолетници, во ОВР Кичево со него бил извршен службен разговор. Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување на настанот ќе биде поднесена пријава за кривично дело „силување на ...
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска во врска со појавата на глувци во основното училиште „Панајот Гиновски“ во скопски Бутел вели дека предлага многу едноставна мерка кој е едноставна и се вика дератизација. Министерката посочи дека ќе контактира со директорката и ќе се информира што е преземено да се надмине проблемот. „Јас предлагам една многу едноставна мерка која се вика дератизација, а потоа и еколошка акција во училиштето. ...
Полицијата поднесе кривична пријава против Г.Б.(30) од Романија поради измама со проджба на кујнски прибор. Од Основен суд Штип пријавениот е осуден и му е изречена казна – протерување на странец од територијата на државата во траење од три години. Тој измамил 72-годишен маж му продал комплет кујнски прибор за сума од 970 евра, на тој начин што го довел во заблуда дека е оригинален производ на познат бренд. По преземени мерки, тој бил пронајден ...
Вчера во 10.29 часот во Полициската станица Демир Хисар била пријавена сообраќајна несреќа која се случила на крсотницата за за с.Кутретино, демирхисарско. „Несреќата се случила помеѓу патничко возило „фиат“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(58) од с.Мало Илино, демирхисарско и патничко возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(57) од с.Сараќино, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се ...
Две повозрасни жени вчера во полициски станици во Скопје пријавиле дека биле измамени од машко лице за вкупна сума од речиси 4 илјади евра. Првиот настан го пријавила 86-годишна жена во 16:00 часот каде кажала дека била измамена од едно машко лице за сума од околу 112.000 денари. „Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која ...
Изготвена е новата потрошувачка кошница. Од ова што е познато таа од сега ќе се пресметува за тричлено семејство но ќе се скратат одморите во странство, алкохолот, цигарите и други производи кои се сметаат за луксуз. Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески вели дека податоците од просечната кошница ќе се користат единствено како насока за спроведување на економските политики во заштита на животниот стандард на граѓаните, а не за ...
33-годишна кавадарчанка била прегазена од млад возач кој по инцидентот избегал од местото. - На 10.04.2025 во 20.15 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на крстосницата од ул.„Ресавска“, ул.„Јован Планински“ и ул.„Ѓорѓи Сугаре“ во Кавадарци, патничко возило удрило во пешакот Х.И.(33) од Кавадарци, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Х.И., констатирани во Општата ...
20-годишна скопјанка со возило прегази пешак на скопска раскрсница. - На 10.04.2025 во 09.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Владимир Комаров“ и ул.„Бојмија“ во Скопје, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 20-годишната С.А. од Скопје, удрило во пешакот Е.Р.(33) од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум ...
Општина Карпош соопшти дека и покрај изречени повеќе опомени и напишани повеќе казни од општинската комунална инспекција, градежната компанија „Спектар Термо“ која работи на изградба на објект на улицата Драгутин Аврамовски Гуте бр.25 во Влае и натаму продолжува со своето несоодветно однесување, поради што градилиштето денеска го посети градоначалникот Стевчо Јакимовски. „На лице место беше повикана и сообраќајна полиција, а по извршениот увид, ...
Регулаторната комисија за енергетик донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,40 % во однос на одлуката од 10.04.2025 година. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на ...
Директорот за физикална медиција и рехабилитација Злате Мехмедовиќ во „Дејли Клик“ на ТВ21 кажа дека ниту една држава во светот, ниту еден здравствен систем не може да биде подготвен за таква трагедија како што беше во Кочани. Тој рече дека рехабилитацијата може да трае многу на ваков тип на повредени. „Рехабилитацијата на изгореници може да трае со години. Не континуирано со години. Кај одредени пациенти може да се повтори рехабилитацијата“, ...
Продолжувајќи со засилените сообраќајни контроли по патиштата низ земјава вчера полициските службеници издале вкупно 707 платни налози за сторени прекршоци по основ на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила. Така, во рамки на оваа бројка, а по основ на преовладувачките прекршоци што ги прават учесниците во сообраќајот – неправилно паркирање и пречекорување на брзината на движење, беа регистрирани 225, ...
Повторно покрената дилемата во јавноста за вакцините и појавата на аутизмот кај децата. Ова следи откако познатиот доктор епидемиолот Драган Даниловски ја нарече скандалозна изјавата на претседателот на Македонското научно здружение за аутизам доктор Владимир Трајковски кој изјави дека децата со аутизам не треба да е вакцинирааат. - Иако ниту еден исказ не е точен, нема родител што ќе го вакцинира своето дете, откако ќе го чуе ова од устата на ...
Алијансата за Албанците го исклучи од партијата Мухсин Арифи, кој е осомничен дека зел мито за да смести неподвижно лице. Од партијата на министерот за здравство, Арбен Тараври, информираа дека нивниот етички кодекс бара политичките претставници да имаат високи стандарди на морален, правен и професионален интегритет, а членовите на раководните структури да постапуваат во согласност со законот, Програмата и Статутот на партијата, избегнувајќи ...
Управата за хидрометеролошки работи информира дека во Крива Паланка и во Берово температурите беа во минус утринава. Минусни температури имаше и во Крушево и Лазарополе, деодека нула степени беше во Маврово. Во другите делови од земјата имаше температури во плус. Најтопло утрово во 8:30 часот беше во Гевелија со 8 степени. Темпертурите според термометарот на УХМР беа следниве: -2 Крива Паланка, -1 Берово, Крушево, Лазарополе, 0 Маврови Анови, 1 ...
Вчера во 15.45 часот во село Црничани, општина Дојран, полицијата го уапсила 21-годишниот Г.Ј. од село Црничани поради сторени кражби. „Тој се сомничи дека од почетокот на април 2025 година извршил две кражби во објект во изградба и во дворно место од куќа во Дојран. Врз основа на судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени предметите кои ги одзел и тие ќе бидат вратени на сопствениците“, информираат од МВР. За ...
Вчера во 19.45 часот на улица „Гоце Делчев “ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Р.П.(51) од Струмица. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,19 промили алкохол во крвта, соопштија од полицијата. По целосно ...
Реномираната авијациска организација Скајтракс (Skytrax) го рангираше Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, меѓу најдобрите 10 аеродроми во регионот на Источна Европа, во рамки на својата програма наречена Светски Аеродромски Награди (Skytrax World Airport Awards). Наградите кои Скајтракс ги доделува според гласовите на патниците, беа објавени на авијацискиот саем „Пасинџер Терминал Експо“ кој ...
Општина Центар започна со реконструкција на улицата „Дебарца”, на потегот од улицата „Ленинова” до студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“. Се реконструира делница во должина од 220 метри, со целосна санација на коловозната површина од 1.700 квадратни метри, како и обновување на тротоарот од едната страна со површина од 1.000 метри квадратни, извести општина Центар. „Продолжуваме со реконструкција и санирање на повеќе улици во општината ...
Министерството за внатрешни работи информираат дека вчерашнта сообраќајна несреќа во Влае кај нив е пријавена во 17:30 часот. Во неа учествувале четири возила, пет лица се повреден, додека еден од возачите избегал со своето возило. „На бул.„Партизански Одреди“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „ауди“ со скопски регистарски ознаки управуван од Д.С.(39) од Скопје, автомобил „ауди“ со скопски регистарски ознаки управуван од ...
Вчеравечер се оддржа првиот тематски настан на тема “Гази Баба за спортот” на кој беа презентирани постигнатите резултати во областа на спортот во мандатниот период 2021 – 2025 година под раководство на градоначалникот Бобан Стефковски, соопштија од општина Гази Баба. Пред присутните во своето обраќање, Стефковски ги истакна реализираните проекти во оваа област, а вооедно и ја најави реализацијата на проектите кои ќе следуваат во следниот ...
Вчера во Скопје од слобода биле лишени З.Н.(55), Р.Т.(55) и С.М.(37), тројцата од Скопје, кои биле барани по централни потерници врз основа на судски наредби за издржување затворски казни. Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка - Отсек потраги го лишиле од слобода З.Н. затоа што бил баран за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 236 став 1 од Кривичниот законик. Полициски службеници ...
Исчезнатото повозрасно лице од село Степанци во Општина Штип продолжува, кое е пријавено за исчезнато на 07.04.2025 година во 16:20 часот преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, се уште не е пронајдено. Известени се МВР Штип и Локална самоуправа Штип, а и други институции и служби, здруженија и граѓани коишто можат да помогнат, информираше Регионалниот ЦУК Штип до Секторот за операции и координација во ЦУК. Во текот на ...
Дрво падна врз паркиран автомобил на улицата Веселин Маслеша во Карпош 2. За среќа, не е повреден ниеден од минувачите пренесува „Слободен печат“. Жителите раскажуваат дека станува збор за старо дрво кое било обележено за сечење, но надлежните служби тоа досега не го направиле. „Од 2020 година наваму има две пријави до „Паркови и зеленило“ за кои јас знам, но дрвото беше оставено така. И не е само тоа, тука сите дрвја покрај улицата и надолу ...
Во основното училиште „Панајот Гиновски“ во Бутел, Скопје, има наезда на глувци, пренесува ТВ21. Тие биле забележани и во внатрешноста на училиштето при што родителите веќе неколку дена не ги пуштаат децата да посетуваат настава. Според нивните кажувања тие се зажалат на општа нехигиена особено во тоалетите. „Децата не следат настава, нормално дека бевме загрижени, бараме да се исчисти и дезинфицира. Доколку се направи дезинфекција, за ...
Вандализирана е новата детска градинка во Бутел 1, објави градоначалникот Дарко Костовски. Вели дека МВР веќе има лоцирано осомничени лица, а за многу скоро очекува остра и брза акција, одговорност и кривични пријави согласно закон. „Направена е голема штета во новата граника во Бутел 1, истата е во план да се пушти во употреба во месец септември 2025 година. Особено е осетливо тоа што станува збор за детска градинка, таму каде што треба да ...