Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека е добиена пријава за пожар на отворен простор во реонот на Момин Поток во Скопје. — реклама — — реклама — Според информациите, во пожарот гори ниска вегетација. — реклама — — реклама — За интервенција е известена Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која треба да постапи на терен. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека е добиена пријава за пожар на отворен ...

Триесет и едногодишен жител на Гевгелија е лишен од слобода по пријава дека агресивно се однесувал кон својата поранешна девојка. — реклама — Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 6 август околу 20:00 часот, полициски службеници од ОВР Гевгелија го привеле М.С. (31) од Гевгелија. — реклама — — реклама — Според пријавата, инцидентот се случил на 5 август околу 23:00 часот во Гевгелија, кога тој агресивно се однесувал кон ...

Триесет и осумгодишна скопјанка пријавила во полиција дека била физички нападната од својот партнер, кој притоа со тврди предмети го оштетил и нејзиното возило. — реклама — Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 7 август во 01:30 часот во СВР Скопје. Според пријавата, нападот се случил претходната вечер околу 20:30 часот на подрачјето на Гази Баба. — реклама — — реклама — Жената навела дека нејзиниот ...

Во текот на 6 и 7 август, на повеќе локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода пет лица, откако кај нив биле пронајдени наркотични средства и предмети поврзани со употреба на дрога. — реклама — Како што соопшти МВР, приведени се Т.Б. (19), Е.Е. (18), Ф.С. (42) и Е.С. (26), сите од Скопје, како и Ј.А. (30), државјанин на Шведска. — реклама — — реклама — При извршените прегледи, кај нив биле пронајдени и одземени ...

Во Казнено-поправната установа „Идризово“ биле пронајдени 27 пакувања со марихуана при претрес на осуденик, информира Министерството за внатрешни работи. — реклама — — реклама — Според МВР, на 6 август околу 15:10 часот во СВР Скопје било пријавено од затворот дека околу 13:10 часот, при извршен претрес кај осуденикот З.И. (29) од Скопје, биле пронајдени и одземени 27 пакувања со марихуана. — реклама — — реклама — По целосното документирање ...

Полицијата во Кочани презема мерки по пријава за психичко и физичко малтретирање на 10-годишно девојче од страна на нејзиниот татко. — реклама — Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 6 август околу 18:00 часот во ОВР Кочани, С.А. од Кочани пријавил дека неговата 10-годишна внука му се пожалила оти подолг период била психички и физички малтретирана од нејзиниот татко. — реклама — — реклама — Според пријавата, поради тоа ...

До 13:00 часот на територијата на Македонија се евидентирани вкупно седум пожари на отворен простор, од кои два се активни, два се ставени под контрола, а три се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). — реклама — Активни се пожарите во селото Могила, Општина Могила, каде што гори ниска вегетација, како и кај селото Ропотово во Општина Долнени, каде што е зафатено стрниште. — реклама — — реклама — Под контрола се ...

36-годишен жител на тетовско, со престој во Тетово, е лишен од слобода по пријава за семејно насилство, соопшти Министерството за внатрешни работи. — реклама — Според информациите, на 6 август околу 23:45 часот, полициски службеници од СВР Тетово го привеле А.Ф.(36), постапувајќи по пријава од неговата 26-годишна сопруга. — реклама — — реклама — Таа пријавила дека околу 21:00 часот во нивниот дом тој ја избркал од домот заедно со нивните три ...

Двајца жители на Прилеп се лишени од слобода откако полицијата при преглед кај едниот од нив пронашла прашкаста материја. — реклама — Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 6 август околу 21:50 часот на кејот „19 Септември“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги привеле Ј.Р.(27) и Д.Р.(26), двајцата од Прилеп. — реклама — — реклама — При извршениот преглед, кај Д.Р. била пронајдена прашкаста материја. — ...

32-годишен жител на Скопје е лишен од слобода во Битола откако при сообраќајна контрола било утврдено дека управувал возило без возачка дозвола. — реклама — Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 6 август околу 10:00 часот на улицата „8 Септември“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го привеле А.Ј.(32) од Скопје. — реклама — — реклама — При контролата било запрено патничко возило „Фолксваген“ со битолски ...

Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад ги лишиле од слобода В.В. (34) и Е.В. (30), двајцата од селото Жировница, откако кај нив бил пронајден и одземен кокаин. — реклама — Како што соопшти МВР, двајцата биле задржани во Полициската станица Гостивар. За време на преземањето на службените дејствија, тие физички нападнале полициски службеник. — реклама — — реклама — По целосното документирање на случајот, со ...

Во СВР Тетово било пријавено дека патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки било оштетено од заталкан куршум. — реклама — Како што соопшти МВР, пријавата била поднесена на 6 август околу 12 часот од А.А. (47) од селото Раковец, кој навел дека неговото возило било погодено претходната вечер, околу 22:30 часот. — реклама — — реклама — Полициски екипи извршиле увид на местото, при што куршумот бил пронајден и подигнат за ...

Пожар избувнал во двор на семејна куќа во тетовското село Нераште, при што биле зафатени сува трева и дел од објектот. — реклама — Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен на 6 август околу 15:30 часот во Полициското одделение Теарце од страна на 37-годишниот З.Ќ. од селото Нераште. — реклама — — реклама — Во пожарот нема повредени лица, а огнот бил локализиран и изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. — реклама ...

Уште еден логистички центар на руската компанија за онлајн трговија Wildberries се запали по напад во регионот на Екатеринбург, околу 1.400 километри источно од Москва. Станува збор за објекти кои во изминатите недели се честа цел на украински напади со беспилотни летала. Компанијата соопшти дека пожарот е ставен под контрола и дека најголемиот дел од стоката во магацинот не е оштетен. Локалните руски власти информираа дека во текот на ноќта ...

Поранешниот заменик-министер за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, оценува дека податокот за 5.000 помалку запишани ученици претставува сериозен аларм и порача дека е време да престане, како што вели, ПР-водењето на државата. — реклама — Според Макрадули, демографијата не смее да биде партиска тема или прашање што ќе се става „под тепих“, туку национален приоритет околу кој треба да постои согласност. — реклама — „Молкот ...

Топлотниот бран и високите температури што го зафатија Скопје не влијаат само врз луѓето, туку и врз животните. Поради тоа, во Зоолошката градина Скопје секојдневно се преземаат дополнителни мерки за нивно разладување и освежување. — реклама — — реклама — Од ЗОО Скопје информираат дека нивните жители добиваат вкусни летни освежувања, со цел полесно да ги поднесат жешките денови. Ваквите активности се дел од редовната грижа за благосостојбата ...

Американските разузнавачки служби предупредуваат дека рускиот претседател Владимир Путин во наредните години би можел да се обиде да ја тестира решителноста на НАТО преку ограничен напад врз некоја од земјите членки на Алијансата, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на нови разузнавачки проценки. — реклама — Според извештајот, можните сценарија се движат од кибернапади и саботажи до ограничен копнен упад на источниот дел од НАТО. ...

СДСМ преку соопштение ја критикуваше четиридневната посета на премиерот Христијан Мицкоски на Брисел, оценувајќи дека начинот на кој тој ја опишал посетата како „екскурзија“ претставува обид да се намали нејзиното политичко значење. — реклама — Од партијата прашуваат зошто премиерот ја користи токму таа формулација и тврдат дека станува збор за обид да се избегне објаснување за темите и разговорите што ги има во Брисел. — реклама — СДСМ во ...

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека СДСМ и неговиот лидер Венко Филипче, додека биле на власт, не презеле соодветни мерки за решавање на случаите со небезбедна вода за пиење, ниту повикале на одговорност за, како што велат, утврдените пропусти. — реклама — Од партијата тврдат дека документи од извршени испитувања покажуваат оти и во периодот кога Филипче бил министер за здравство биле евидентирани случаи на небезбедна вода за пиење во ...

Бројот на потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго за првпат надмина 4.000 од почетокот на актуелната епидемија, покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здравје на земјата. — реклама — Според официјалните информации, досега се потврдени 4.053 случаи на зараза, а починале 1.850 лица. Стапката на смртност моментално изнесува 43,9 проценти. — реклама — — реклама — Епидемијата започна кон крајот на април годинава, а ...

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди Филипините, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). — реклама — Според првичните информации, епицентарот на потресот бил на длабочина од 90 километри. — реклама — — реклама — Засега нема информации за повредени лица или за материјална штета. — реклама — Очевидци, чии сведоштва се објавени на страницата на EMSC, наведуваат дека земјотресот се ...

Најмалку едно лице загина, а четворица се повредени во пукање што се случило во училиште во тајландската покраина Нонтабури, северно од Бангкок. — реклама — Според локалната полиција, напаѓачот бил ученик во училиштето. Тој отворил оган, при што загинал еден наставник, а повредени се уште еден наставник и тројца ученици. — реклама — По нападот, ученикот извршил самоубиство, потврди заменик-командантот на полицијата во покраината Нонтабури, ...

Поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, денеска (7 август) без електрична енергија привремено ќе останат корисници во повеќе населени места во Скопје. — реклама — Според известувањето од ЕВН Македонија, во периодот од 06:00 до 10:00 часот без струја ќе бидат корисниците од Колонија и Идризово, како и дел од корисниците во Јурумлери, во Општина Гази Баба. — реклама — — реклама — Дополнително, од 08:30 до 12:30 часот ...

Денес времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. — реклама — Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен. — реклама — Во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилност, проследен со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. — реклама — Утринските температури ќе се движат од 13 до 22 степени, а дневните ќе достигнат од 32 до 38 степени. — ...

ЈП „Водовод и канализација“ информира дека денеска ќе има прекин во водоснабдувањето на дел од Општина Карпош поради дефект на водоводната мрежа. — реклама — — реклама — Како што соопштуваат од претпријатието, поради дефект на водоводна цевка со пречник од 2 цола на улицата „Ванчо Мицков“ бр. 13, без вода ќе останат корисниците од оваа улица. — реклама — — реклама — Прекинот во водоснабдувањето започна во 9:00 часот и ќе трае сè до целосното ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изјави дека владеењето на правото се потврдува преку конкретни постапки и доследна примена на законите, оценувајќи дека проектот „Безбеден град“ е пример за успешно функционирање на институциите. — реклама — Според Петрушевски, проектот покажува дека со политичка волја, професионален пристап и примена на современи технологии може да се постигнат конкретни резултати и да се зајакне довербата ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 18:00 часот денеска се регистрирани вкупно 18 пожари на отворен простор. Од нив, два сè уште се активни, четири се ставени под контрола, а 12 се целосно изгаснати. — реклама — Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, кај селото Грешница, на месноста Стојанова Населба, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки, како и во Општина Струмица, помеѓу селата Ново и Старо ...

ЈП „Водовод и канализација“ информира дека утре (7 август) ќе има прекин во водоснабдувањето на дел од Општина Карпош поради дефект на водоводната мрежа. — реклама — — реклама — Како што соопштуваат од претпријатието, поради дефект на водоводна цевка со пречник од 2 цола на улицата „Ванчо Мицков“ бр. 13, без вода ќе останат корисниците од оваа улица. — реклама — — реклама — Прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 9.00 часот и ќе трае сè до ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на новинарско прашање во денешната изјава за медиуми во Ново Село, посочи дека политиките на власта во однос на евроинтеграциите целосно се разобличени и дека едно по едно паѓаат сите ветувања што ги даваа пред граѓаните. Филипче рече дека и т.н екскурзија на Мицкоски во Брисел, не е ништо друго освен потврда дека зад затворени врати се водат разговори токму за прашањето за кое ВМРО со години ја ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во моментов нема реални услови да ја посети Србија, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ. — реклама — Одговарајќи на новинарско прашање, Вучиќ посочи дека наскоро во Србија ќе бидат распишани избори, а во САД следуваат и изборите за Конгресот (midterm избори), поради што, според него, посета во овој период не е реална. — реклама — — реклама — „Кога тоа ќе заврши, ќе бидат можни посети на ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
42%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
6.3
51%
1017
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.18
74%
1021
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
0.19
45%
1018
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
0.77
43%
1016
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 21ᴼ
0.5
90%
1022
weather icon

Атина

26ᴼ / 26ᴼ
3.47
38%
1013
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.61
51%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
4.08
39%
1016
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 21ᴼ
5.81
63%
1016
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
0.89
41%
1021
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
3.36
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

71.9016

Currency

37.6328

Currency

38.2403

Currency

65.7872

Currency

7.89886

Currency

0.64604

Currency

0.33463

Currency

0.52413

Currency

1.11649

Currency

0.55857

Злато

141498.65

Алуминиум

3.34

Иридиум

252383.36

Бакар

13.36

Родиум

278103.96

Цинк

0.00

Платина

56328.11

Калај

56.16

Кобалт

56.29

Сребро

2102.98

Рутениум

53852.50

Паладиум

43853.62