На узурпираниот простор кој се наоѓа наспроти хотел „Дрим“ поставен е натпис за паркинг и работно време од 24 часа, па на граѓаните им се наплатува по 100 денари за паркирање без фискална сметка.пишува сдк.мк (Фото: СДК.МК) Физичко лице на диво наплаќа паркинг на државно земјиште во центарот на Струга. На узурпираниот простор кој се наоѓа наспроти хотел „Дрим“ поставен е натпис за паркинг и работно време од 24 часа, па на граѓаните им се ...

Шефот на Делегацијата на Европската Унија, Давид Гир, денешниот ден го мина во целодневна работна посета на општина Дебрца. Притоа, евроамбасадорот Гир имаше работна средба со градоначалникот Зоран Ногачески и членовите на Советот на Општина Дебрца, по што изврши посета и промоција на дел од претходно реализираните проекти, поддржани и од страна на Европската Унија. Денес бев домаќин на Амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Македонија,Г-дин ...

Автопатот Кичево – Охрид станува историски, како Радин Мост во Кратово. Според легендата, го ѕидале девет браќа. Дење го граделе, ноќе паѓал. За да го прекинат проклетството, во темелите ја заѕидале најмладата снаа Рада, по која го добил името. На автопатот ќе решат едни свлечишта, се појавуваат други. Само што не се работи за проклетство, туку, како што оценија експертите, за погрешно избрана траса. Владата повторно го продолжи рокот за ...

Прес-известување за донација на Инвертер Уред за климатизација од Охрид Органикс на ЈПКД-Дебрца. Охрид Органикс донира климатски уред за канцелариските простории на ЈПКД-Дебрца Охрид Органикс, призната општествено одговорна компанија, денеска ја оствари својата поддршка кон ЈПКД-Дебрца, донирајќи инвертер уред за климатизација, за канцелариските простории на ова претпријатие во Мешеишта. Оваа донација ќе помогне во подобрувањето на работните ...