Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Турист од Грузија вчера го загубил животот во водите на Охридското Езеро кај Пештани, информираат од СВР Охрид . Според полицискиот билтен, во 14:32 часот било пријавено дека од езерото кај Пештани било извлечено машко лице. На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која се обидела да го реанимира, но лекар констатирал смрт. На телото не биле забележани видливи повреди. Турист од Грузија вчера го загубил животот во водите на ...
Петнаесетгодишната Кристина од Охрид која утринава беше пријавена за исчезната, е пронајдена. Од полицијата за Курир потврдуваат дека малолетничката е предадена на родителите. Денеска (13.08.2026) во 12:20 часот на крстосница од ул.„АСНОМ“ со ул.„Никола Карев“, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Охрид ја пронајдоа малолетничката К.Ј.(15) од Охрид, за која претходно беше пријавено дека се оддалечила од домот. Во ...
Шестмина се приведени вчера во полициските станици низ Скопје на информативен разговор во врска со пораките кои се ширеа со тврдење дека во водата во скопје е пронајдена бактеријата ешерихија коли, дознава Канал 5. Сите се повикани по претходна пријава од градоналникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, кој на прес конференција оцени дека станува збор за оркестрирано ширење дезинформации и паника, за што очекува да има и одговорност. Шестмина се ...
Не е точно дека е пронајдено Ешерихија коли во водата која го снабдува Скопје. Скопјани да бидат спокојни. Ова пред малку на прес конференција го сподели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој пред новинарите се напи чаша вода од чешма. – Ќе има одговорност за сите кои шират паника и хистерија, што според мене е еднакво на тероризам. До МВР ќе бидат доставени сите профили на социјалните мрежи кои шират лажни вести, порача Ѓорѓиевски кој нагласи ...
Четиргодишниот Богдан од Македонија, кој беше пријавен за исчезнат во познатото летувалиште во Голем во Република Албанија е пронајден жив и здрав, објави JOQ Albania. Претходно, како што објави JOQ Albania, 4-годишното дете исчезнало во областа Алто Маре. Според пријавата, семејството подолго време го барало детето, а ја известило и полицијата во Голем. За среќе, детето е пронајдено и е заедно со своите родители. Четиргодишниот Богдан од ...
По дури 17,5 години поминати во затвор, 71-годишната Шефије Јакупи од селото Зајас, Кичево, доби помилување од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, со што казната и се намалува за 1 година и 6 месец. Бидејќи оваа зтвореничка беше осудена на 20-годишна затворска казна, ова значи дека набрзо таа ќе излезе на слобода. ,,Фокус” пред четири години ја посети Шефије во женскиот затвор во ,,Идризово”. Тогаш не испрати со молба некој да ја ...
Податоците за речиси 5.000 првоодделенци помалку од 1-ви септември го вклучија алармот, но дел од актуелните чинители на политичката сцена продолжуваат со препукувањата чија е вината. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски ја критикуваше објавата на лидерот на Левица, Димитар Апасиев. Му порача на неговиот колега од пратеничките клупи да не се бламира јавно. Абе нека му каже некој да не се бламира вака јавно! Денешните првачиња се деца ...
Македонија обезбеди 149,2 милиони евра грант за изградбата на источниот дел од железничкиот Коридор 8, што, според заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е најголемиот грант што државата досега го добила. Покрај грантот, обезбедени се и 350 милиони евра поволни кредити од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, со што целосно е затворена финансиската конструкција за ...
Голем број спортски и рекреативни содржини за сите генерации и различни нивоа на спортска подготвеност ќе понуди четвртото издание на „Ohrid Water Festival“ што од утре до 30 август ќе се одржува во водите на Охридското Езеро. Тоа го истакнаа на денешната прес-конференција во Охрид градоначалникот Кирил Пецаков и претседателот на Фестивалот, Никола Вретоски. Втората половина на август во Охрид, според градоначалникот, веќе е препознатлива по ...
Македонските бранители во 2001 година, кај Љуботенски Бачила, ги положија своите животи бранејќи ги државата, мирот, достоинството и слободата. Марјанчо Бошковски од Бутел е еден од нив. Во Фејбсук групата „Македонски бранители“ се сеќаваат на овој млад маж како омилен во скопски Бутел. „Знам дека тука ми е крајот. Однесете ме дома само да ги видам сестра ми и мајка ми. Само да ги видам. Не ми е жал што ќе умрам, загинав за Македонија”. Тоа ...
ФИФА ДОЗВОЛИ ЗНАМЕТО НА ЛГБТ ДА СЕ ВЕЕ НА Инфо горТО ПРВЕНСТВО… По повод Прајд викендот во градот Сиетл, челниците на ФИФА дадоа зелено светло за истакнување на знамето на ЛГБТ заедницата на стадионот на кој се одигруваат мечевите од светското првенство. Дополнителен притисок врз овој настан е што знамето во боите на виножитото треба да биде развеано на мечот помеѓу селекциите на Иран и Египет. Фудбалскиот сојуз на Египет веќе поднесе ...
Денес се одбележуваат 25 години од масакрот кај Љуботенски бачила каде загинаа осум македонски бранители. Како делегација на Владата во Ѓорче Петров положивме свежо цвеќе пред спомен обележјето на Томислав Настевски Бумбар и во Волково пред спомен обележјето во чест на загинатите бранители Ивица Златевски – Цуци, Томе Димовски, Раде Јанковски, Томислав Настески – Бумбар, Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев и Марјанчо Бошковски ...
Срамно и понижувачки. Милиони евра народни пари троши владата на Мицкоски а не успеа ниту македонското знаме да го направи како што треба. Тендер патриотите го покажаа своето лице. Повторно. Го погрешија македонското знаме. Тие знаат само за тендери, проценти, провизии, кога е државноста во прашањето, македонските национални симболи, тогаш појма немаат. За тендери и провизии од милионски бизниси – тие се експерти. За македонско знаме – ...
На 08.08.2026 во 12:33 часот во СВР Битола е пријавено дека на брегот на Преспанското езеро во с.Сливница, ресенско, од езерото излегле двајца рибари кои кажале дека во чамец во езерото останале уште двајца рибари, од кои едниот околу 12:20 часот скокнал во езерото по веслата кои му паднале и не излегол од водата. Додека, другиот рибар останал во чамецот и ветерот го носел накај Крани и бил на далечина од околу 1000 метри од брегот. ...
Улични продавачи на лубеници и дињи во Свети Николе тврдат дека биле казнети од полицијата со парични казни во износ од по 100 евра. Според нив, станува збор за сума која е превисока во однос на заработката што ја остваруваат од сезонската продажба. Продавачите велат дека во летниот период се обидуваат да заработат со продажба на лубеници и дињи, но посочуваат дека дневниот промет не е секогаш доволен за да ги покрие трошоците, а камоли ...
Комбе со македонски регистарски таблички се запалило утрово во близина на патот што води кон Кемиштај, кај Љушња, Албанија. Возилото превезувало товар со пилиња од Македонија. Возачот на комбето го забележал пожарот откако излегол од автопатот и сврнал кон Кемиштај. – По добивањето на известувањето, противпожарната служба на Лушња брзо пристигна на местото на настанот, интервенирајќи за гаснење на пламенот што ја зафатил кабината на возачот. ...
Бојан јовановски, познат како Боки 13, официјално се обрати прв и последен пат во врска со концертот во Битола. За него, концертот претставува едно од неговите најголеми достигнувања, а како што самиот кажа, бројката на публика нема да ја коментира, бидејќи „луѓе не се бројат, се бројат само овци“. Воедно, Боки најави и нов концерт во Скопје, кој, како што посочи, ќе биде уште поголем. „Сакам да се заблагодарам на сите кои беа дел од ...
ОТКАЖАНА ГОДИНАШНАВА „ЗЕЛКАРИЈАДА“ ВО ТРАБОТИВИШТЕ Организаторите соопштија дека манифестацијата нема да се одржи поради несогласувања околу организацијата Тработивиште / Делчево, 6 август – Традиционалната манифестација „Зелкаријада“ во делчевското село Тработивиште, оваа година нема да се одржи. Одлуката ја соопштија организаторите на настанот преку официјално соопштение до јавноста. Како причина за откажувањето, организаторите ги ...
Македонскиот актер Тони Михајловски ќе биде професор по актерска игра на Универзитетот „Еуропа Прима“ во Скопје. Тој преку видео-обраќање соопшти дека му е доверена Катедрата по актерска игра и ги повика идните студенти да се пријават. „Катедрата по актерска игра на Универзитетот „Еуропа Прима“ ми е доделена мене. Доколку сакате да бидете дел од новата класа на истата катедра, запишете се и пријавете се на Универзитетот „Еуропа Прима“ во ...
Премиерот Христијан Мицкоски денес присуствуваше на промоцијата на новиот тркачки болид на нашиот трофеен автомобилист Игор „Иџе“ Стефановски Ми беше чест да бидам дел од овој посебен момент и да дадам поддршка на еден од најголемите амбасадори на македонскиот автомобилизам. Му посакувам многу здравје, безбедни трки, уште повеќе победи и трофеи, а македонското знаме да продолжи гордо да се развева на победничките подиуми ширум светот. ...
СТОЈНА МУ СЕ ПРИДРУЖИ НА СОПРУГОТ ВО ПРИТВОР: БРАЧНИОТ ПАР ЗАД РЕШЕТКИ ПО СЛУЧАЈОТ „КУКЛИЦА“ Случајот со локалитетот „Куклица“ добива нов развој – откако во притвор заврши 41-годишниот британски државјанин, сега и неговата сопруга Стојна Димитровска од Кратово му се придружи со иста мерка. Двајцата сопружници се опфатени со постапки поврзани со инциденти со службени лица и случувањата околу локалитетот прогласен за споменик на природата. ...
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди случај на вознемирување врз основа на раса, боја на кожата, потекло и етничка и национална припадност во работата и работните односи, сторена од шеф кон работник од ромска националност, пренесе СДК.мк. Имено, при настанат спор меѓу колеги, Ром и Албанец, поради тоа што лицето од ромска припадност за време на работата направило грешка, односно земало погрешна мерка за врата, ...
Најтешката делница од автопатот Кичево-Охрид во должина од десет километри ќе биде пуштена во употреба во следните месеци, додека рокот за целосно завршување и предавање во употреба на целиот автопат е мај следната година. Ова го најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во денешното гостување една од националните телевизии, нагласувајќи дека најголем дел од капацитетите на Министерството се насочени токму кон овој ...
Денеска остварив протоколарна средба со амбасадорот на Казахстан во Земјава, Н. Е. Сатибалди Буршаков. Н. Е. Буршаков доаѓа во прва официјална посета на Охрид. На средбата беше најавено отворање на Почесен конзулат на оваа централноазиска држава во Охрид. Го поздравувам и потпишувањето на билатералниот договор за соработка во областа на туризмот меѓу двете земји, Македонија и Казахстан чија постапка е во тек. Казахстан е деветта по големина ...
Состојбата со водата во Гостивар без големи промени. Може да се користи како техничка, за миење и капење, но не и за пиење или за готвење. Ќе продолжи доставата на вода за пиење во шишиња за жителите на Гостивар. Ова се заклучоците по денешниот состанок на Кризниот штаб. Водоводот беше загаден со фекални бактерии, откако со пумпи била внесена загадена вода во водоводниот систем, по што во градот изби епидемија. Сега биле детектирани бактерии ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за 41-годишна жителка на Кратово која беше лишена од слобода вчера и за која се водат постапки за спречување на службени лица во вршење службени дејствија и узурпација. Осомничената подолг период, и покрај сите досега преземени мерки, продолжува да го узурпира локалитетот “Куклица“, кој со указ е прогласен за споменик на ...
На 01.08.2026 во 13:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Т.Р.(73) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во 12:00 часот во ходник од станбена зграда во Охрид, по претходно недоразбирање околу паркирано возило вперил пиштол кон Г.К.(51) од Скопје, кој престојувал во истата зграда. Потоа полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при СВР Охрид извршиле претрес во домот на ...
Почина д-р Никола Стојановски – првиот претседавач на повеќепартиското Собрание и еден од последните живи првоборци од НОБ, долгогодишен претседател и почесен претседател на Сојузот на борците на Македонија. Со смртта на д-р Никола Стојановски, Македонија изгуби сведок на речиси цел еден век од својата современа историја – лекар, антифашист, пратеник и јавен деец, чиј живот беше нераскинливо поврзан со најзначајните настани во државата, од ...
Илинден е еден од најсветлите и најзначајни датуми во македонската историја. Ден што не потсетува на силната борба за слобода, на стремежот кон сопствена држава и на визијата на генерациите кои со храброст и пожртвуваност ги поставија темелите на нашата иднина. Илинденскиот идеал не е само историско наследство, туку трајна обврска да ги чуваме и унапредуваме вредностите врз кои почива македонскиот идентитет, а тоа се единството, ...
Битката кај Слива – симбол на храброст и саможртва. На ова свето место со длабока почит им оддаваме признание на храбрите илинденци кои во Битката кај Слива го дадоа својот живот за идеалот за слобода. Нивната непоколеблива решителност, пожртвуваност и љубов кон татковината остануваат врежани во нашата колективна меморија како пример за достоинство, чест и херојство. Слива нè потсетува дека слободата не е подарок, туку вредност што се брани ...