Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Илјадници работници на „Ауди“ денеска протестираа против можното затворање на фабриката на тој германски производител на автомобили во Некарсулм. Матичната компанија на „Ауди“, „Фолксваген“, спроведува реструктурирање за кое се очекува да резултира со десетици илјади отпуштања. Протестот во Некарсулм се случи истовремено со најавата на „БМВ“ дека исто така ќе укине неколку илјади работни места. Станува збор за најнов удар за работниците во ...
Пред утрешниот дуел против екипата на Браво тренерот на Шкендија, Артим Положани го даде своето мислење за натпреварот. „Браво е квалитетен тим и е тишичен претставник на словенечкиот фудбал. Ние ќе треба да дадеме и повеќе од максимум за да успееме да ја оствариме целта и да се пласираме во следната рунда. Знаеме дека нема да биде лесно, но видовме дека можеме да се надигруваме и дефинитивно ќе продолжиме со ист стил како во Скопје. Предност ...
Поранешната тенисерка Јелена Докиќ е во посета на Македонија. Таа е воодушевена од убавините на нашата земја, од Скопје, Матка…Охрид. Skopje, you are just beautiful, напиша Јелена. Сепак ова не остана незабележано од Грците кои и порачаа дека Македонија е во Грција и дека таа се наоѓа во Северна. View this post on Instagram A post shared by JELENA DOKIC 🇦🇺🇦🇺🇦🇺 (@dokic_jelena) Поранешната тенисерка Јелена Докиќ е во посета на ...
Трагичен настан се случи попладнево во селото Домен, кај Скадар, во северниот дел на Албанија, во кој при пожар во куќа животот го загубила мајка со две малолетни деца. Според првичните информации од увидот пожар избувнал во кујната каде жената готвеле и со голема брзина се проширил, што условиле неможност да излезат од куќата. “Како последица на пожарот животот го загубија 24-годишна жена и нејзините две малолетни деца, на возраст од една и ...
Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 27 јули поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против три лица, осомничени за кривични дела поврзани со поткуп и противзаконскои влијание. Како што информираат од МВР, пријавени се А.Т. (27) од Битола за кривично дело „давање награда за ...
Криминалниот ум криминално размислува! Кога ќе останете без аргументи, најлесно е да измислувате приказни и да ги обвинувате другите. Тоа не ја менува вистината. Госпоѓо Костадиновска-Стојчевска, додека бевте министер, ветувавте проект вреден 150 милиони евра за Скопје 2028. Денес јавноста има право да постави неколку едноставни прашања:Како дојдовте до сумата од 150 милиони евра?На што се темелеше таа финансиска проценка?Од кои извори ...
Македонската женска одбојкарска репрезентација својот настап на претстојните Медитерански игри ќе го почне против Грција, соопштија денеска италијанските организатори. Македонската репрезентација е дел од групата Б, а натпреварите од групната фаза ќе ги игра во салата „Паламазола“ во Таранто. По воведниот дуел против Грција на 20 август, следуваат пресметките со Турција, Алжир и Косово во последното коло. Двете првопласирани репрезентации ќе ...
Албанската мафија во Велика Британија регрутира млади луѓе преку социјалните медиуми, инвестира во шоу-бизнисот и користи брутални методи на заплашување.. Во последниве години, албанската мафија во Велика Британија го прошири своето влијание далеку над класичниот организиран криминал, инвестирајќи во шоу-бизнисот и социјалните мрежи за да привлече млади луѓе, додека, според Марко Никовиќ, адвокат и член на Светската асоцијација на шефови на ...
Собранието денеска во рамки на 97. седница ја избра Мери Дика Георгиевска за уставен судија. Дика Георгиевска беше избрана со 64 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“. Во текот на расправата за збор во однос на предлогот се јави пратеникот Сали Мурати од Европски фронт, кој забележа дека има административни грешки во биографијата на Дика Георгивска и побара процедурално и формално, во име на Европскиот фронт оваа точка да се ...
Тренерот на Челзи, Чаби Алонсо, по победа од 6:4 над Вестерн Сиднеј Вондерерс на вчерашниот пријателски натпревар, призна дека неговиот тим сè уште има многу работа пред почетокот на сезоната 2026/27, особено во однос на контролата на топката и играта во одбрана. – Имаше моменти кога се мачевме да најдеме решенија, а треба да можеме да го направиме тоа. Позитивно е што ги коригиравме, но имаше моменти кога управувањето со играта е нешто од ...
Земјите членки на Европската фудбалска федерација (УЕФА) ќе одржат итен состанок подоцна оваа недела за да разговараат во врска со контроверзните предлози на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за продажба на комерцијалните удели во нивните најголеми натпреварувања, а не е исклучено меѓу темите на состанокот да биде и прашањето за евентуален европски бојкот на Светското првенство. Како што објави денеска Би-Би-Си, 55-те членки на УЕФА ...
Трошоците за живот во Иран нагло пораснаа по антивладините протести во јануари и во текот на речиси петте месеци војна со Соединетите Држави, пренесуваат државните медиуми. Потрошувачките цени минатата година скокнаа за 66 отсто, јави денеска државната телевизија ИРИБ. Сè поголемите трошоци, лошите економски прогнози и сè почестите недостизи претставуваат сè поголем притисок за Иранците. И полуслужбената новинска агенција „Тасним“ денеска ...
Следната фаза од третманот против возрасни комарци ќе се реализира утре и задутре со авионска дезинсекција доколку временските услови бидат поволни. Во случај на неповолни временски услови, третманот ќе биде одложен за првиот нареден ден со соодветни услови за што јавноста ќе биде навремено информирана – соопштија од Град Скопје. Град Скопје континуирано ги спроведува сите активности во согласност со законските прописи и стручните препораки, ...
Прекин во тек: Изложба на Игор Тошевски и ОПА (Опсесивно посесивна агресија) Во време кога честопати се повторува дека „ништо не може да се направи“, изложбата тргнува од едно поинакво прашање: што ако токму малите поместувања, прекините, погрешните преводи, гестовите на двоумење или отстапување можат да ги направат видливи структурите што вообичаено остануваат скриени? Во тој контекст, уметноста не се разбира како средство за илустрација или ...
По успешната премиера на Скопје танцова платформа, одржана во рамките на Танц Фест Скопје 2026, претставата „МА“ на Скопје танцов театар, во кореографија на Дејан Битровски, вечерва ќе ја има својата италијанска премиера во Новиот театар Абелијано во Бари. Гостувањето се реализира на покана на италијанската организација РесЕкстенса – Порта д’Ориенте, како дел од меѓународната програма „Обединете ги краевите и ќе го добиете вистинскиот ...
Стружанец со 2,50 промили алкохол во кртва предизвикал сообраќајна незгода, 30 минути по полноќ полицијата го привела, соопшти денеска СВР Охрид. На 29.07.2026 во 00:30 часот на ул.„Партизанска“ во Струга, полициски службеници го лишија од слобода Е.А.(36) од Струга. Претходно, тој со патничко возило „опел вектра“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал, предизвикал сообраќајна незгода. По преземени мерки, полициските службеници кај ...
Распишан е повик за изработка на физибилити студија и проектно решение за експресниот пат Кочани – Виница – Делчево, а се очекува постапката да биде комплетирана до крајот на годинава, изјави денеска во Делчево премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарско прашање за иднината на патното поврзување на Пијанечкиот и Малешевскиот Регион, Мицкоски истакна дека во тек е првата фаза од подготовката на проектот. Конечно е распишан тендер ...
Предлог законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина за 2028 година“ ќе се разгледува кога ќе се создадат услови за тоа, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и координатор на пратеничката група на партијата, Никола Мицевски, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција. Тој беше прашан за коментар за симнувањето од дневен ред на Законот за прогласување на Скопје – Европска престолнина за 2028 година. ...
Една од најзначајните македонски рок-групи, АРЕА, на 31 јули (петок) ќе одржи голем солистички концерт на сцената на Античкиот театар во Охрид, во рамките на годинешното издание на S.O.S. Festival 2026. Под отворено небо и во магичниот амбиент на еден од најубавите концертни простори во земјата, Ружица, Ивица и останатите членови на бендот ќе приредат вечер исполнета со емоции, рок-енергија и безвременски хитови. Публиката ќе има можност во ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) реагира по најавата дека Собранието по скратена постапка ќе гласа за предлог-законот за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“. Предлог-законот е на денешниот дневен ред во Собранието. Според предлогот поднесен од група пратеници, се предвидува Градот Скопје да основа посебна фондација која при своите набавки нема да биде обврзана да го применува Законот за ...
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од сервисна улица и регионален пат Скопје-Тетово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(67) од с.Арнакија, општина Сарај и електричен тротинет, управуван од деветгодишно дете од с.Арнакија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники ...
Зголемената финансиска поддршка во земјоделството со ребалансот на Буџетот предвидува директни плаќања наследени од претходната Влада, информира премиерот Христијан Мицкоски. По извршениот увид во тековните градежни активности на неколку инфраструктурни проекти во Делчево, одговарајќи на новинарски прашања, посочи дека наследиле неисплатени двегодишни програми како директна поддршка за земјоделците, како и неисплатени плати во АД ...
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од страна на опозицијата дека Владата ништо не направила во врска со Гостивар, изјави: Видете, тоа го поставува прашање или обвинувањата ги адресира човекот на којшто живи луѓе му гореа во модуларната болница во Тетово. Човекот којшто ќе остане забележан како рекордер по бројот на починати за време на ...
Посветени сме на реформите, ќе направиме се што зависи од нас, а останува на Европската комисија да суди дали реално заслужуваме да бидеме дел од Европската Унија на база на испорака, бидејќи велат оти тоа е процес што се темели на заслуга – колку испорачуваш, толку добиваш – порача премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за денешниот онлајн работен состанок посветен на Реформската агенда и процесот на европска ...
Ноќваво 01:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода Г.Ј.(44) од село Топлица и А.А.(46) од селото Чегране поради основано сомневање дека сториле кривично дело „мачење животни“. Како што соопшти СВР ТЕТОВО, околу 23:45 часот на влез во селото Топлица, полициски службеници од Полициското одделение Галате затекнале група граѓани и кучиња со видливи повреди и крварења од борба. Според пријавеното, лицата претходно се ...
Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Бесник Џемаили е избран за заменик претседател на ДКСК, функција што ќе ја врши шест месеци. Изборот на заменик претседател на ДКСК е извршен по принцип на ротација, а редоследот е утврден според азбучен ред на презимињата на членовите на ДКСК, појасни претседателот Адем Чучуљ. Мандатот на актуелната заменичка претседателка на ДКСК Софија Спасова Медарска завршува на 18 август, ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува в понеделник да има надолна корекција на цените на дизелот и на бензините во државава и дополнително стабилизирање на инфлацијата. Порача дека Владата останува на политиката за поддршка на стандардот на граѓаните и зачувување на ценовната стабилност. Прерано е да зборува, денеска имаме мал скок, вчера цените за брентот се движеа 83, 84 долари за барел, денеска повторно имаме нагорно придвижување, од 87, ...
Од Министерството за здравство денеска информираа дека уште 300 приватни специјализанти ќе добијат можност за вработување до крајот на 2026 година. Тоа значи, како што нагласија од Министерството, сигурна иднина за младите лекари, повеќе специјалисти во јавните здравствени установи и поквалитетна здравствена заштита за секој граѓанин. „Затоа, оваа одлука е многу повеќе од обично вработување. Таа е: инвестиција во младите лекари, одговор на ...
Сите македонски граѓани кои претстојниов викенд планираат да патуваат кон Халкидики, солунскиот аеродром или да се враќаат кон граничниот премин Евзони, треба да сметаат на целосна блокада на обиколницата околу Солун во текот на ноќта меѓу сабота и недела. Поради изведување градежни работи за изградба на новиот автопатски надвозник во рамките на проектот „Fly Over“, обиколницата околу Солун ќе биде целосно затворена за сообраќај. Кога ќе биде ...
Хрватска се подготвува за повеќедневен и потенцијално опасен топлотен бран, со дневни температури што од сабота ќе достигнуваат меѓу 35 и 40 Целзиусови степени. За повеќе делови од земјата е активиран црвен метеоаларм, а метеоролозите предупредуваат дека екстремната жештина може сериозно да влијае врз здравјето на луѓето. Според најновото предупредување на хрватскиот Државен хидрометеоролошки завод, под влијание на силен антициклон над ...