Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Србија би можела да оди на предвремени парламентарни избори веќе кон крајот на октомври, иако официјална одлука сè уште нема. Според информации на „Нова.рс“, таков термин се споменува во редовите на владејачката Српска напредна странка, додека претседателот Александар Вучиќ во последните месеци повеќепати ги посочува октомври и ноември како можен период за гласање. Дополнителни шпекулации предизвика изјавата на белградскиот градски менаџер ...
Иран се соочува со нов проблем во Ормутскиот Теснец, морскиот премин што во изминатите месеци стана едно од неговите најсилни средства за притисок врз САД и глобалниот енергетски пазар. Се повеќе бродови се обидуваат да го заобиколат иранскиот систем на контрола и да минуваат по јужниот коридор, поблиску до брегот на Оман, со поддршка од американските сили. Тоа, според анализата на Си-Ен-Ен, може да значи дека способноста на Техеран да го ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп испратила до земјите членки на НАТО прашалник со кој, меѓу другото, се проценува нивната политичка усогласеност со Вашингтон, објави „Блумберг“. Проценката доаѓа во период кога Пентагон ја преиспитува распределбата на американските сили во Европа и разгледува натамошно намалување на дел од воените капацитети на континентот. Според документот што го видел „Блумберг“, од сојузниците се ...
Возачите кои ноќеска се враќаат од Халкидики и Солун кон Македонија треба да сметаат на ново затворање на дел од солунската обиколница. Од 23 часот вечерва до 5 часот утре наутро целосно ќе биде прекинат сообраќајот во правец кон запад, поради продолжувањето на работите на проектот „Flyover“. Затворањето ќе важи на Источната внатрешна обиколница на Солун, меѓу клучките К10 кај Константинополитика и К9 кај Тумба. Сообраќајот кон запад ќе биде ...
Противпожарен авион од типот „Ер трактор“ принудно слетал во морето во Грција откако пилотот пријавил проблем со моторот. Инцидентот се случил во неделата во доцните попладневни часови во морската област Валти, а пилотот бил извлечен од водата без потешки последици. Според објавените информации, станувало збор за изнајмен авион ангажиран во противпожарните операции. Откако забележал проблем со леталото, пилотот навреме ја известил контролата ...
„Чудовиштето“ создадено од илјадници „пиксели“ навредува, потценува, омаловажува, се заканува, па дури и со посегнување по животот на инакумислечките. Љупчо ПОПОВСКИ* Во 1950-те години имаше еден хорор филм „Суштеството од Црната лагуна“ (Creature from the Black Lagoon) кој во наредните две децении беше стандардот според кој се мереше стравот во кино-салите. Беа направени неколку секвели за хуманоидното чудовиште од Амазон. Она што се ...
СДСМ ја критикуваше ВМРО-ДПМНЕ поради најавената партиска прослава во Гостивар, обвинувајќи ја власта дека организира прослава во период кога, според партијата, градот повторно се соочува со проблеми со водоснабдувањето. Претседателот на ОО СДСМ Гостивар, Бојан Зафироски, на прес-конференција праша што има да слави ВМРО-ДПМНЕ, наведувајќи дека Гостивар пет недели се соочува со проблеми со водата, а повеќе илјади граѓани имале здравствени ...
Во текот на првите сто дена од неговиот мандат, унгарскиот премиер Петер Маѓар објави 545 пораки на Фејсбук. Ова претставува просек од 5,5 објави дневно. Просечно четири часа и 23 минути поминале помеѓу објавите, според анализата на целата јавна активност на премиерот од 9 мај до 16 август, објави БГНЕС. Според анализата, ниту еден ден од 100-те не поминал без објава. На најактивниот ден, 11 август, кога парламентот го избира претседателот на ...
Речиси 30 години по убиството на американскиот рапер Тупак Шакур во Лас Вегас, започна судењето на 63-годишниот Двејн „Кефи Д“ Дејвис, обвинет за организирање на смртоносниот напад врз една од највлијателните личности во историјата на хип-хопот. На првиот ден од судењето, обвинителството го претстави Дејвис како поранешен водач на банда кој го планирал убиството како чин на одмазда. Дејвис е обвинет за убиство, но обвинителството не тврди ...
Поранешниот украински министер за одбрана Михаило Федоров повика на одржување избори и додека трае војната со Русија, оценувајќи дека Украина мора да најде законски и безбеден начин за враќање на целосниот демократски процес. Неговиот повик е еден од најдиректните политички предизвици за претседателот Володимир Зеленски од почетокот на руската инвазија во 2022 година. „Демократијата не може да биде заложник на Русија“, порача 35-годишниот ...
Центарот за истражување, транспарентност и одговорност (CRTA) објави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, до денес имал 64 преноси во живо во август, надминувајќи го сопствениот рекорд од март 2025 година, со 61 пренос. CRTA на Фејсбук објавија дека Вучиќ го срушил својот личен рекорд во обраќања во живо во телевизија и го препознал како „инфлација од деведесеттите години од минатиот век“. Од CRTA посочуваат рече дека „тој може да ...
37 пожари на отворен простор се регистрирани во изминатото деноноќие, а три остануваат активни. Најсериозна е состојбата во прилепско Мариово, каде огнената линија кај Чаниште се движи во два правца – кон Зовиќ и кон Крушевица. Македонија и во последното деноноќие се соочува со голем број пожари на отворен простор. Според утринскиот извештај на Центарот за управување со кризи, од 18 до 19 август, до 7:30 часот, регистрирани се вкупно 37 ...
Сончево и топло време ќе преовладува денеска низ Македонија, со мала до умерена локална облачност. Максималните температури ќе се движат од 30 до 38 степени, а попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, додека утринските температури се движат од 12 до 20 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Температурата ќе ...
Американското Министерство за правда поднесе проширено обвинение против 17 Иранци поврзани со институтот „Мабна“, кои се товарат дека стоеле зад една од најголемите кампањи за кражба на академски податоци и интелектуална сопственост. Според обвинението, нивни цели биле најмалку 322 универзитети ширум светот, десетици компании, американски државни институции, Обединетите нации и УНИЦЕФ. Новиот обвинителен акт има 14 точки и го проширува ...
Претставниците на движењето „Make America Great Again“ (MAGA) и конзервативните кругови блиски до администрацијата на претседателот Доналд Трамп сè поактивно ги претставуваат односите меѓу САД и Европа како борба за иднината на западната цивилизација, објавува „Фајненшл тајмс“. Според претставниците на американската нова десница, Европа се соочува со сериозни проблеми поврзани со миграцијата, ограничувањата на слободата на говорот и ...
Државата не е караоке за секоја власт да ја пее по свое. Нејзината песна ја создаваат и оние без службен автомобил, обезбедување и право први да говорат. Заслугата не е амнестија, ниту критиката е предавство. Македонија им припаѓа на сите што направиле нешто свое од неа — и со тоа ја направиле малку повеќе наша. Андреја СТОЈКОВСКИ На 8 септември годинава се навршуваат 35 години од прогласувањето на независноста. Во претходните две колумни ...
Продажбата на N1, Nova S, Danas и Radar во Србија, паралелно со ширењето на „Ало“ кон македонскиот медиумски простор, отвора прашање многу поголемо од една бизнис-трансакција: кој ќе ја контролира информацијата на Балканот кога политичката битка повторно ќе се води и преку медиумите? Зоран БОЈАРОВСКИ Медиумскиот пазар на Балканот повторно се преструктурира. Овојпат, меѓу купопродажбите, новите сопственици и инвестиционите фондови, се ...
Секое повлекување со прстот носи нова фотографија или видео. Кога едното ќе заврши, другото почнува само. Телефонот испраќа известување за да го врати корисникот во апликацијата, а алгоритамот во меѓувреме учи што најдолго му го задржува вниманието. Токму ваквиот дизајн на Instagram и Facebook од 18 август е во центарот на едно од најважните судења досега за односот меѓу социјалните мрежи и децата. Во федералниот суд во Оукленд, Калифорнија, ...
На долг рок, тоа ја зајакнува самостојноста на Ташкент при донесувањето надворешно политички одлуки и придонесува за неговата подлабока интеграција во глобалните економски структури. Олександар ЛЕВЧЕНКО* Узбекистан континуирано ги проширува економските и миграциските врски надвор од рускиот простор, настојувајќи да ја намали еднострана зависност од Руската Федерација и да се интегрира во глобалните економски структури. Еден од клучните ...
Речиси 5.000 деца во Македонија во 2025 година биле на листи на чекање за место во јавна градинка, додека за државата да ја достигне планираната цел за опфат до 2032 година ќе треба да обезбеди уште околу 19.000 места. Во исто време, повеќе од 79.000 деца на возраст од 0 до 6 години воопшто не се опфатени со предучилишно образование. Бројките покажуваат дека проблемот одамна не е ограничен само на неколку преполни градинки во Скопје или во ...
Густ чад и непријатна миризба покрија делови од Софија, главниот град на Бугарија, откако облак од голем шумски пожар во Србија беше пренесен од ветерот над Софиската долина. Општина Софија доби над 40 пријави од граѓани за чад и смог, но во моментов нема податоци за активни пожари на територијата на Софија или во непосредна близина на градот, пренесуваат бугарските медиуми. Проверките на Дирекцијата за итна помош и превенција и сигналите ...
Плати и до 10.000 евра месечно се реалност за дел од високо квалификуваните професии во Норвешка, земја која со години привлекува работници и од Балканот со високи примања, уреден пазар на труд и побарувачка за кадар. Но официјалните норвешки бројки покажуваат и нешто важно, ваквите плати не се стандард за секој работник, туку најчесто се врзани за специјализирани професии, искуство и висока одговорност. Најновите податоци на норвешкиот Завод ...
Германската автоиндустрија тоне под товарот на една од најдлабоките трансформации во последните децении, а најновите официјални бројки покажуваат колку брзо кризата се префрла врз работниците. На крајот од првата половина на 2026 година во автомобилскиот сектор имало 691.500 вработени, дури 42.300 помалку отколку една година претходно. Тоа е пад од 5,8 проценти и најниско ниво на вработеност во германската автомобилска индустрија од 2005 ...
Мусијала повторно падна на терен и предизвика сериозна загриженост во Баерн Минхен, откако само неколку минути по влегувањето во игра на пријателскиот натпревар против Хајденхајм мораше да добие медицинска помош. За 23 годишниот германски репрезентативец ова е втор сличен инцидент за само четири дена, откако претходно му се слоши и на натпреварот со РБ Лајпциг. Мусијала влезе во игра во второто полувреме, но неговиот настап траеше само ...
Астронаутите имаат запек во вселената почесто отколку што може да се претпостави, а научниците сега пронајдоа нова трага за причината. Анализа на примероци од крв од 52 астронаути кои поминале месеци на Меѓународната вселенска станица покажала дека само неколку недели по напуштањето на Земјата се менува активноста на бактериите во цревата, а храната најверојатно подолго се задржува во дигестивниот систем. Истражувањето го спровеле научници од ...
Македонскиот филм „17“ на режисерката Косара Митиќ ја имаше регионалната премиера на Сараевскиот филмски фестивал, каде што публиката ја награди екипата со силен аплауз и стоечки овации. Но зад фестивалскиот успех стои многу потешка приказна – за осаменоста на младите, траумата, сексуалното насилство и молкот на возрасните во моменти кога тинејџерите најмногу имаат потреба некој да ги забележи. Филмот е дебитантско долгометражно остварување ...
Оставањето чадор или лежалка на плажа за местото да ве „чека“ и следниот ден може да заврши поинаку од очекуваното. Во Геракини на Халкидики, општинските служби отстранија околу 100 чадори и лежалки кои биле трајно поставени на плажата, дел од нив вкопани во песокот, а други дури и заклучени со синџири. Акцијата беше спроведена на 18 август од Општина Полигирос, откако претходното предупредување до граѓаните и туристите да ја отстранат ...
Москва му се закани на Лондон дека британската воена поддршка за Украина ќе има последици, откако британски медиуми објавија дека Украина користела дронови од Велика Британија за напади врз цели длабоко на руска територија. Руската амбасада во Лондон порача дека британските власти ќе мора да одговараат за своите постапки, додека руското раководство сè поотворено ја претставува британската помош како директно учество во војната. Новото ...
Македонскиот филм „17“ на режисерката Косара Митиќ ја имаше регионалната премиера на Сараевскиот филмски фестивал, каде што публиката ја награди екипата со силен аплауз и стоечки овации. Но зад фестивалскиот успех стои многу потешка приказна – за осаменоста на младите, траумата, сексуалното насилство и молкот на возрасните во моменти кога тинејџерите најмногу имаат потреба некој да ги забележи. Филмот е дебитантско долгометражно остварување ...
Научници открија дека начинот на кој организмот го завршува воспалителниот процес може да има важна улога во развојот на високиот крвен притисок и во оштетувањето на органите што го придружува. Истражувањето отвора нов правец во разбирањето на хипертензијата, но засега резултатите се добиени само во експерименти врз животни. Како што пренесува RTCG, досегашниот пристап кон високиот крвен притисок главно е насочен кон симпатичкиот нервен ...