На Регионалниот натпревар по физика одржан во Крушево учениците од ОCУ” Св. Климент Охридски”-Охрид постигнаа одлични резултати. Петар Лекоски од втора година освои трета награда, Стефан Андрески од прва година пофалница и пласман на државниот натпревар,додека Стојан Буџак и Виктор Савески, исто така ученици од прва година обезбедија само пласман на државниот натпревар. На 61-от државен натпревар одржан во Тетово ученикот Петар Лекоски освои ...

Ќе се одржи и парастос по повод 4 децении од смртта на митрополитот г. Методиј Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 28 фебруари 2016 година (недела), во црквата „Света Богородица – Каменско“, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, со почеток во 8.45 часот, со која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со Митрополитот Дебарско-кичевски ...

Весна Најдеска од Охрид. Работам како негувателка во една од градинките во Охрид. Сопруга сум и мајка на 21-годишниот син Михајло-центар на мојот живот. Роденденот последниве години го одбележувам во кругот на семејство. Како помлада бев доста присутна во друштвениот и спортски живот во нашиов град . На секој, па и мене потребна ми е промена и тивка семејна атмосфера. Зад мене е успешната ракометна кариера -Охрид, па Пелистер и љубовта кон ...

Без разлика дали славите со пријателите, се релаксирате во дворот или правите забава на отворено, кај нас можете комплетно да се снабдите покрај саканиот пијалок и мраз за вашите пијалаци останат ладни до последната голтка! Алпојо мисли на Вас – како да ви ги направи подносливи и најголемите жеги. alpojo.com.mk 046 231 168 Набавете мраз на време и бидете подготвени за сите летни моменти! #алпојоохрид #whiskeyohrid #alpojoliquorstore ...

Заболените од дислекција имаат поголеми нарушувања во вниманието и проблеми со хиперактивност (АДХД), нарушувања во развојот на зборувањето, потешкотии во пишување на реченици, неможност за брзо читање и потешкотии со употреба на броевите. Најчесто овие потешкотии кај децата прв пат се забележуваат во училиште. Се смета дека генетскиот фактор е најбитен за појавување на дислексија. Дислексијата настанува заради мутации во одредени гени кои се ...

Здружението „За Трпејца со љубов“ во соработка со веб порталот Публицитет.мк и годинава објавува конкурс за најдобра уметничка фотографија „ Трпејца со мобилен“. Секој учесник на Конкурсот има право да достави само по 2 уметнички фотографии направени во Трпејца и околината во периодот од 18 до 23 јули оваа 2025 година и да ги испрати на електронската пошта: publicitetpublicitet@yahoo.com најдоцна до 23 јули во 24 часот. Треба да се наведе името ...

Утре, сабота во 19 и 30 часот во Ликвид кафе, во стариот дел на Охрид, во организација на издавачката куќа ТЕМПЛУМ, ќе се одржи промоција на две нови книги, низ средба на две македонски авторки. Пред публиката во Охрид, за прв пат ќе биде претставено второто, дополнето издание на збирката раскази „Берлин, градот што не го засакав на прва“ од Енис Хилми од Охрид, која за ова дело ја доби годишната награда „Новите“, за најдобар дебитантски прозен ...

Здружението „За Трпејца со љубов“ во соработка со веб порталот Публицитет.мк и годинава објавува конкурс за најдобра уметничка фотографија направена со мобилен „Трпејца низ објективот на туристите“. Секој учесник на Конкурсот има право да достави само по 2 уметнички фотографии направени во Трпејца и околината во периодот од 20 до 25 јули оваа 2024 година и да ги испрати на електронската пошта: publicitetpublicitet@yahoo.com најдоцна до 25 јули ...

Денеска – среда во 12 часот во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид свечено ќе биде отворена самостојна изложба на Слаѓана Кировска. Во нејзиното творештво најзастапени се пејзажи, цвеќиња и апстракции. Таа ликовните дела најчесто ги работи на стакло. Кировска е родена 1971 година и зад себе има неколку изложби, но и групни претставувања низ Македонија. Живее во Скопје и рабови во Националниот конзерваторски центар. ...

Вчера во Трпејца се одржа и традиционалната кајакарска регата во чест на прерано починатиот тренер и претседател на КК „Рибар“ Номче Митрески. Десеттината кајакарки и кајакари докажаа дека во Трпејца има голем потенцијал за развој на овој спорт на вода. Време е младите да се организираат и со помош на повозрасните клубот, конечно да се обнови. Со тоа и регатата ќе ја добие потребната афирмација, а на неа би учествувале и други клубови. За ...

Гордана Куновска уредник-новинар во Македонска телевизија. Благодарам “Публицитет” на вниманието и убавaта честитка. Како одминуваат годините така и родендените ги пречекувам и прославувам со поголем пиетет, а со помалку помпа и со помало и попрецизно одбрано друштво. Бидејќи не јубилеен, годинава ќе го одбележам само со моите најсакани. Тоа значи со повеќе часови дружење од вообичаено, дружење зачинето со ситници кои ова друштво го радува и ...

Под мотото „Трансформација на сетилата“ , утревечер од 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“. Честа да ја започнат 40-дневната фестивалска програма ја имаат американската пијанистка со блескава кариера Клер Хуангчи и уметниците од Националната филхармонија на Р.С.Македонија под диригентската палка на маестро Едвин Оутвотер. Клер Хуангчи е родена во Рочестер, Њујорк. На многу ...

Валентина Базерко, новинар за надворешна политика во Македонско Радио – Радио Скопје. Секој роденден е повод да се потсетиме на важните нешта во нашите животи, на нашите соништа и желби. На денот кога Сонцето најдолго ја грее Земјата и кога најдолго е ден, а најмалку ноќ, можеби и секоја наша желба може да се исполни. Среќа е да се прослави уште еден роденден со уште еден исполнет сон, со уште една исполнета желба. Некогаш и нашите најмали, ...

Александар Петрески, музичар од Охрид, живеам во Германија ни ја испрати својата авторска песна во која за прв пат е самиот вокал. -За прв пат во мојата 21+ годишна музичка кариера, се претставувам со авторска песна каде што вокал сум јас. Три месеци максимална емотивна вложеност, откако со гитара паднав в кревет и замислено го свирев интрово гледајќи в таван, замислувајќи како некој пати во моменталнава ситуација. Музика, аранжман, микс, ...

Градоначалникот на Општина Охрид го распишува овој јавен повик за расоредување на буџетските средства од програмата за спорт и рекреација од буџетот на општина Охрид за 2022 година за финансирање програми од спортски клубови, спортски здруженија, спортски манифестации, спортисти и други правни лица од областа на спортот на територијата на општина Охрид, со што општина Охрид ја изразува својата подготвеност за поддршка и развој на еден од ...

Валентина Базерко, новинар во Македонско радио, МРТВ. Роденденот понекогаш е само повод да си ги провериме желбите, но и да си одговориме на некои несекојдневни прашања. Како оние на пример, дали би сакале да сте се родиле на друго место доколку сте можеле да одбирате? И мојот одговор гласи вака: И илјада пати, сама да одбирав, илјада и еден пат ќе ја одберев Македонија, а илјада животи ќе ми беа малку да и се изнагледам, секогаш откривајќи ...

-Во Охрид кандидат за градоначалник ќе биде претседателот на општинската организација, д-р Асен Шајн., рече на прес лидерот на СДСМ Венко Филипче на прес на кој објави нови 11 кандидати за градоначалници. Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која се однесува на давање согласност за кандидатури на градоначалници за претстојните локални избори. Одлуката се ...

По едномесечна пауза и не објавување нови прилози поради проблеми од техничка природа publicitet.mk се враќа на глобалната медиумска сцена. Се надеваме дека бројната читателска публика повоторно ќе биде на наша страна и ќе ги чита и споделува нашите објави. Тому деновиве Публицитет.мк одбележува 10 години присутност во медиумскиот простор и останува посебен прозорец во светот на информациите… Ви благодариме за поддршката драги читатели! ...

Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, денеска ги прими најдобрите ученици, односно првенецот на генерација, Филип Вичороски и учениците на генерација, Илина Нечкоска, Марија Јосифоска и Зорица Митреска , во учебната 2018/2019 година, во ОУ “Дебрца” – Белчишта. Честитајќи им го постигнатиот успех, Ногачески им посака успех и во натамошното средно образование. -На учениците им доделив плакети и парични награди, на првенецот на ...

Деновиве во Охрид започна Летната школа за пливање”Пливај и уживај”, водена од проф. Валентина Караѓуле -Модева и Кате Бујароска -Анѓелеска. Часовите се одржуваат секој понеделник, вторник, среда и четврток од 10.00-13.30 часот на плажата Куба Либре. Оформени се четири групи според возраста и предзнаењата, а бројот на учесници веќе е пополнат. Да се учат техниките на пливање, а во исто време да се ужива во прекрасното езеро, може само во ...

Крсте Пурцов – Новинар, Туристички водич, претседател на Институтот за традиционални вредности Охрид и сопственик на Култура365 Секој роденден е убав бидејќи е причина повеќе да се соберат блиските на едно место да се прослават малите победи во животот. Оваа година беше тешка за многу од нас. Јас лично изгубив личности што беа од посебна важност за мене, имавме тешки моменти меѓутоа најбитно од се е тоа што не се откажавме и следнава година ...

Лионела Јаковлева, ТВ новинар од Охрид. Роденденот е ден кога го славиме животот, нашето постоење, растење, созревање, стареење. Колку повеќе родендени, толку повеќе сме благословени. Си ги сакам моите родендени, го сакам мај, најубавиот и најзелениот месец во годината. А, 13-ката за мене и за мајка ми бил најсреќен датум. Денешниот ден е мој, јас само ќе чекам со насмевка да видам како ќе ме изненади. Кога веќе ни е дадена можност да сме дел ...

Стефани Донеска од Охрид, студент на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески”-Скопје. Петок,обичен ден, но како што секој ден за мене е посебен, така и овој. Денот на мојот роденден ќе го поминам со моите најблиски и најсакани личности, пријатели со кои ги споделуваме моите најважни животни моменти, кои се моја секојдневна поддршка и инспирација за секој нареден ден да бидам подобра личност. Радувајте се на секој нов ден, бидете среќни, позитивни ...

Проф. д-р Гоце Џуклески од Лескоец. Универзитетски професор во пензија, научен истражувач , публицист, композитор, инструменталист, хуманист. Со право рекле дека датумот на раѓање е потсетник на животот. Годините се само состојба на умот. Вие сте стари колку што мислите дека сте. Колку годините ми минуваат сигурен сум дека имам повеќе соништа отколку спомени, повеќе можности, отколку шанси и повеќе пријатели отколку познаници. Минатата година ...

Снежана Стојановска, вработена во РЦСОО „Ванчо Питошески“-Охрид. На својот роденден се радувам многу бидејки тогаш се собираме и знаеме да направиме и по некоја дружба. Оваа година тој дел за жал ќе го изоставиме и роденденот ќе го прославиме заедно со именденот на ќерка ми дома во кругот на семејството. Сепак и со оглед на околностиве среќата сами си ја правиме, сите предизвици, избори, само не прават посилни за да можеме да одиме напред ...

Татјана Караџова – Маленкова од Охрид, новинар и уредник на News1.mk Во една прилика прославувајќи роденден ми рекоа „Поголема бројка – поголема среќа“. Во моментот не мислев така, но сега сум повеќе од сигурна дека ова е вистинската порака која ја добиваме преку родендените. За мене вистинска прослава за овој ден е во кругот на семејството и најблиските, а многу годи кога на овој ден ќе ме побарат и пријатели со кои подолго време не сме се ...

Денеска на саемот на книгата во Скопје издавачката куќа ПНВ Публикации ќе промовира две стихозбирки : „Љубов на плоштадот“ и Школките имаат два дела . Од која земја доѓаат авторите на стихозбирките? А) Албанија, Б) Србија В) Бугарија Ваше е одговорот да го пратите на: milco1jovanoski@yahoo.com Напишете го Вашето име и презиме и местото на живеење. Право на учество во наградната игра според организаторите имаат само наши читатели од Македонија. ...

Жарко Куциноски, директор на Државниот студентски дом „Никола Карев“ од Охрид денеска во Белград во амбасадата на Република Северна Македонија, заедно со колеги од тамошниот Ученички дом „Милутин Миланковиќ“ имаа средба со Михаела Веселинов, македонска амбасадорка во Србија. Куциноски и неговиот колега Ненад Миленовиќ ја запознале амбасадорката со формирањето на Здружение на ученички и студентски домови во кое членуваат домови од Југоисточна ...

Деновиве интензивно се одвиваат градежни активности од првата фаза на проектот за уредување на патеката што води од „Саат кула“ до „Горна Порта“ во стариот дел на градот. Проектот предвидува тампонирање, бетонирање и поплочување на постојната земјена патека, како и соодветно осветлување и хортикултурно уредување. Вкупната вредност на проектот е 3 милиони денари и истиот е финансиран од Центарот за развој на Југозападен плански регион. ...

Мирјана Трпческа – новинар од Скопје. Мојот роденден поради тоа што се совпаѓа со денот на кој се слави рождеството Христово Божик, отсекогаш предизвикувал внимание и посебен респект кај сите во семејството, моите пријатели и познаници.Потсвесно или не, 7 е мој среќен број и сакам да верувам дека среќата со овој број ми е некако предодредена. Роденденот отсекогаш ми бил повод повеќе за радост и посебна величенственост кон Божик кој во моето ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
71%
1025
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
79%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1027
weather icon

Софија

10ᴼ / 7ᴼ
5.14
60%
1025
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
4.49
77%
1025
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 4ᴼ
0.0
91%
1029
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
1.54
72%
1017
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
71%
1020
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
5.14
44%
1022
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
2.24
89%
1024
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 7ᴼ
0.89
76%
1026
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
6.17
82%
1021
Currency

61.6117

Currency

53.5431

Currency

69.9606

Currency

34.8127

Currency

38.0334

Currency

66.1643

Currency

7.52102

Currency

0.66196

Currency

0.3488

Currency

0.52486

Currency

1.27263

Currency

0.60225