Инфлуенсерите денес многу влијаат врз тоа што купуваме, како се облекуваме и дури како размислуваме за себе. Меѓутоа, иако многу од нивните објави се, всушност, реклами или други комерцијални објави, сепак публиката често ги доживува како искрени препораки на „обични луѓе.“ А, кога маркетингот е маскиран како личен совет, се тенчи границата меѓу информирање и доведување во заблуда на корисниците. Во недостиг од прецизни домашни истражувања, ...

Речиси една петтина од жените во Скопје и Тетово избегнуваат да излегуваат сами навечер поради тоа што се чувствуваат небезбедни додека се движат во јавните простори. Ова се податоци од последното истражување на Реактор, кои проблемот го следат петнаесетина години, уште со објавувањето на платформата „Реагирај – биди безбедна!“ на која може да се означуваат локациите на кои жените доживеале непријатни искуства движејќи се надвор – од ...

Жестока реакција на активистите предизвика вчерашната јавна расправа во Собранието при изборот на нови тројца, од вкупно седумте членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД). Мрежата за заштита од дискриминација, вчера попладне обвини за партизација со фаворизирање на некомпетентни кандидати, откако Собраниската комисија за избори и именувања го утврди предлогот за членови, меѓу кои и Џихан Ахмет, дипломирана ...

Ако состојбите во СДСМ се претстава во неколку чина, вчерашниот конгрес е првиот. Заврши успешно, како што соопшти актуелното раководство. Беа изгласани извештајот за локалните избори, беше потврден составот на централниот и надзорниот одбор и беше изгласана доверба за заменик-претседателката Фани Каранфиловска-Пановска. На конгресот на 24 јануари, мнозинството од околу 450 присутни делегати ги поддржаа извештаите и раководството, а на ...

Апелацискиот судија Ѓоко Ристов речиси две децении дели правда во името на граѓаните. Само лани има над 300 пресуди и решенија на скопскиот апелациски суд, кои се објавени во судската база. Последната одлука што ја потпишал со колегите е од 9 јануари годинава. Од неделата наваму, неговото име наместо на пресуди, стои во наредба за истрага за прикривање имот и перење пари. По она што досега е познато, судијата една година бил на нишан на ...

Деветмина пратеници од владејачкото мнозинство предложија измени на Кривичниот законик, за да се надмине правната хаварија со измените направени во 2023 година. Со овие измени се скратија роковите на застареност за неколку кривични дела во делот на службената положба и овластување, се смени описот на дејствијата. Тогашната власт тврдеше дека законските измени ќе доведат до пократки рокови, а судовите и обвинителствата ќе постапуваат поажурно. ...

Група креативци, веќе втора година се обидуваат преку културни активности да го вратат времето, кое и не е толку дамнешно, кога соседствата беа вистински заедници во кои луѓето многу повеќе се дружеа, си помагаа и разменуваа знаења. Културниот фестивал „Комшилук“, во својство на временска машина, досега гостуваше во скопските населби Железара и Шуто Оризари, на подножјето на Скопска Црна Гора – во селото Побожје, па сè до Струга и Битола. ...

Речиси секој втор возрасен граѓанин во Македонија редовно пуши цигари, или околу 45 отсто од населението, што е алармантна бројка и речиси двојно повисока од просекот во Европската Унија. Загрижуваат и податоците дека тутунските производи сè почесто стануваат дел од секојдневието на децата и младите, со што пушењето прераснува во еден од најсериозните јавно-здравствени, но и економски проблеми. Во таков контекст, државата најавува нов, ...

Попладнето на 5 ноември 2020 година, двајца Албанци што живееле во Белгија размениле пораки преку Sky ECC, апликација за енкриптирана комуникација. „Ја најдовме стоката“, напишал едниот. Другиот одговорил: „Да… ти реков дека е таму. Најголема во историјата што влегла во Европа одеднаш – 12 тони… рекордот беше 8,7“. Според обвинението, под „стока“ се мислело на кокаин прошверцуван од Јужна Америка. Пораките од Sky ECC – до кои европските ...

Хана Лешниковска, многу ретко купува нова облека, последниот пат кога го направила тоа било за да купи посвечен фустан за свадба на роднина. Наместо тоа, како и сè повеќе млади, 22-годишната Лешниковска одбира да носи облека од втора рака. Ја купува во продавници наменети за тоа, но добива многу гардероба и од роднините. Во време на клик-економија, кога од домот преку компјутер може да се купи речиси сè, од електронски уреди до неквалитетни ...

Со 627 квадратни километри, националниот парк Шар Планина е малку поголем од десетте скопски општини заедно. За него се грижат вкупно 18 луѓе, од кои на десетина, редовната работа им е на терен – ренџерите и шумските техничари, а другите се директорот, двајцата раководители, административците и ИТ-техничарот. Треба да бидат над 50, но пари има само за една третина од она што предвидела систематизацијата. Шар Планина е првиот и досега ...

Четири дена откако ја поднесе, денес парламентот ѝ ја констатира оставката на Татјана Димитровска, претседателката на Антикорупциската комисија. Нејзиниот мандат траеше едвај година и пет месеци. На челната позиција на ДКСК дојде со најави за бескомпромисна борба со корупцијата, но наместо да остане запаметена по судирот со моќниците, мандатот ѝ завршува во судир со законот. Стартот на новиот состав на Антикорупциската комисија што го ...

Новата година традиционално е период кога се сумира сработеното и се поставуваат приоритетите за периодот што следи. Во таа рамка, активизмот и волонтерството остануваат области во кои промените најчесто зависат од поединци или од неформални иницијативи наместо од системски решенија. Иако нивната работа ретко добива институционална поддршка, ефектите се видливи и мотивирачки за многумина. Затоа БИРН споделува неколку приказни, за луѓето, кои, ...

Ако годината што изминува се погледне низ призма на истражувањата, анализите и темите што ги отвори БИРН, заедничкиот именител на речиси сите стории е ист – системот не функционира. Во некои случаи, неговата нефункционалност доведе до трагедии со човечки жртви, во други создаде неправди, нееднаквост, селективна примена на законите и дополнително го отежна секојдневниот живот на граѓаните. Системските пропусти чинат животи „Ќе има големо ...

По пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, властите ветија „ресетирање на системот“. Девет и пол месеци подоцна, системот е ист: без политичка одговорност и со закони кои евидентираат трагедии, наместо да ги спречуваат. Да не се случеше катастрофалниот пожар во Кочани, дискотеката и денес ќе работеше исто онака како што работела 13 години наназад, затоа што Законот за угостителска дејност и денес е истиот каков што бил и кога се случи ...

Истата тегличка македонски ајвар, која Бранимир Јовановиќ во Виена ја купил за 4 евра, во маркет во Скопје непосредно пред новогодишните празници, го чинела 5 евра (290 денари). Економскиот аналитичар и истражувач, кој веќе пет години живее во Австрија и работи во Виенскиот институт за меѓународни економски студии, не бил многу изненаден. Одамна говори дека во Македонија, оние што се на власт не работат во интерес на граѓаните, а цената на ...

Додека судиите од Кривичниот суд се подготвуваат да го оценат обвинението за трагедијата во дискотеката „Пулс“, во соседната зграда на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција уште се собираат доказите за втората истрага што се води за Кочани. Обвинителката од специјализираното одделение за кривични дела што ги сториле полицајци, шест и пол месеци собира докази за нивната одговорност за случајот. Oсомничените како службени ...

Нема напредок. Со eдна реченица, Европската Унија годинава, во најновиот извештај го „закопа“ напредокот на земјава за реформите во правосудството. Лани имавме ограничен напредок. Годинава ни толку. Комисијата, не само што не гледа прогрес, туку предупредува дека владата и парламентот се мешаат и вршат притисок врз правосудството. „Повторените изјави од високи политичари претставуваат прекумерно влијание и заплашување и ја поткопуваат ...

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ги усвои тужбите на тројца македонски судии што ги разреши Судскиот совет поради нестручно вршење на судиската функција. Судот минатиот месец едногласно одлучил, а вчера ја објавил одлуката дека на врховниот судија, Стојанче Рибарев, штипската апелациска судијка Сузана Здравева и битолската судијка Силвана Илиевска им било повредено правото на фер судење. Со други зборови, државата го прекршила ...

Љупчо Коцевски реши да ги пресретне, она што извесно ќе беа непријатни дискусии за неговиот мандат, па во истото време кога беше закажана седницата на собранието за негово разрешување, на прес-конференција ја соопшти одлуката да поднесе оставка. Во своето обраќање, освен квалификацијата дека неговото разрешување е политичко, тој говореше за случаите што ги отворило Обвинителството, вклучително и за Кочани, за предметите за Антикорупциска и ...

Речиси 40 години, неделното сатирично списание „Леман“ редовно излегуваше во Турција. Но на 26 јуни беше објавена карикатура што ја прикажува Газа под оган, со две фигури именувани Мухамед и Муса (Мојсеј) – пророкот на исламот и пророкот во јудаизмот. Во една од сцените, двајцата ликови меѓусебно се претставуваат: „Assalamu alaikum (Мирот нека биде со тебе)“, јас сум Мухамед. „Wa alaikum assalam (И со тебе)“, јас сум Мојсеј. Издавачите на ...

Последниот број на хрватскиот политички неделник „Глобус“ излезе вчера, а издавачот „Ханза медиjа“ како причини за згаснувањето ги наведе пазарните и деловните околности. „Глобус“, кој беше ценет во 1990-тите и 2000-тите години по својата независна уредувачка политика, се чини дека стана уште една жртва на падот на приходите од реклами и колапсот на продажбата на печатени медиуми што го погодува целиот сектор. Преминот кон онлајн-платформа не ...

Мартин Џорлев, млад музичар, добропознат на алтернативната сцена како фронтмен на бендот „Луфтханза“, настапи во едно различно издание на овогодинешниот музички фестивал ПИН во Скопје. Само една недела по издавањето на неговиот најдолгоподготвуван соло-албум „На Балкан, сам“, Џорлев и уште седум музичари што го придружуваа, свирејќи под името „Животни“, ги изведуваа новите песни во Младинскиот културен центар (МКЦ). Музички издржаниот ...

Буџетот на програмата за ретки болести, преку која се лекуваат 430 пациенти, е намалена од 24 милиони евра на 17,5 милиони евра за 2026 година, алармираат здруженијата на пациенти. Тие велат дека средствата што досега ги обезбедувала државата едвај биле доволни. А ова кратење дополнително ќе „удри“ по овие ранливи пациенти, чии лекови може да чинат по стотици илјади годишно. Весна Алексовска, претседателката на здружението на граѓани со ретки ...

Суд сместен во станбена зграда, канцеларии претворени во судници, судови сместени во згради во кои има уште по три државни институции, теписон и мебел стари 40 години, и рочишта што се снимаат на цедеа. Ако на тоа се надоврзе и преполовениот број судии од 363, од потребните над 600, и недостигот од судски службеници и администрација, заклучокот е дека македонското судство мора да импровизира за да преживее. Приливот на предмети расте, а ...

По повеќе од една деценија тивок политички живот и речиси целосно исчезнување од јавната сцена, Горан Минчев исплива во прв план како де-факто втор човек на владејачката партија ЗНАМ и министер задолжен за „ресетирање“ на неефикасната јавна администрација. Во улогите на реформатор на државниот апарат и генерален секретар на ЗНАМ, Минчев влезе со тридецениско искуство во СДСМ, партија со која и натаму има силна емотивна врска и која го врзува ...

Од 25 ноември до 10 декември се одбележуваат 16 денови активизам за борба против родово базираното насилство. Во тој период, политичарите и други јавни личности интензивно зборуваат за овој општествен проблем, кој секогаш не е во фокус во другиот дел од годината. Само годинава, во земјава имаше четири случаи на фемицид, меѓу кои беа брутално убиените Росица Коцева од Велес и Рамајана Асан од Скопје. Иако Македонија ја ратификуваше ...

Антикорупциската комисија денеска доби нов претседател. За првпат, челник на ова тело, суштинско за откривање и особено за спречување на корупцијата, станува човек однатре. Правникот Адем Чучуљ, од 2006 година е во Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), од времето кога институцијата броела шест вработени. Почнал како записничар и пишувал соопштенија, советувал и учествувал во стратегии и дебати, за лани да стане генерален ...

Зар остана нешто неизградено? Ова е прашање што скопјани често си го поставуваат по повеќе од две децении интензивна градба на станбени згради и на висококатници во главниот град, кои целосно го изменија ликот на повеќето населби во него. Низ годините, многу празни простори, запуштени места, поранешни индустриски комплекси, големи паркинзи, дури и функционални паркови се претворија во градежни зони. Населбите со куќи во кои живееше по едно ...

Граѓанските здруженија повторно предупредуваат дека ќе нема доволно пари за програмата за заштита на населението од ХИВ, тренд што се провлекува во последниве неколку години. Програмата, имплементирана од Министерството за здравство, има две пошироки компоненти – терапија за ХИВ пациенти и активности за превенција што ги спроведуваат граѓански здруженија. Активистите се загрижија откако забележаа дека предлог-буџетот за 2026 предвидува 1,45 ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1017
weather icon

Белград

4ᴼ / 1ᴼ
8.23
80%
1011
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
92%
1007
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.54
71%
1019
weather icon

Сараево

-5ᴼ / -5ᴼ
0.36
93%
1021
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
96%
1006
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.34
87%
1018
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1012
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
100%
1013
weather icon

Букурешт

-2ᴼ / -3ᴼ
3.09
78%
1021
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
96%
1011
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
2.57
93%
1022
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Иридиум

221848.72

Калај

49.78

Сребро

3663.67

Цинк

3.37

Бакар

12.10

Злато

159322.70

Родиум

339190.38

Рутениум

45750.51

Платина

83354.78

Алуминиум

3.06

Кобалт

64.04

Паладиум

56617.46