Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика денеска даде поддршка и ги проследи на натамошно второ читање предлог-законот за младински додаток и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за индустриски зелените зони. Со предлог-законот за младински додаток се продолжува рокот за примена на овој закон до 31 декември 2028 година. Со законот се овозможува на младите лица до 23 години и вработени во ...
Обилните дождови, грмежите и снегот во повеќе делови на Турција од синоќа предизвикаа сериозни поплави, прекини во сообраќајот и затворање патишта. Еден маж загинал во југоисточниот округ Шанлиурфа откако бил погоден од гром. Според агенцијата Анадолија, силни ветрови и обилни врнежи предизвикале материјална штета и локални поплави во Шанлиурфа, Дијарбакир, Килис и Газиантеп. Во Газиантеп денеска е прекината наставата, а во повеќе од 40 ...
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов потврди дека гори отпад на депонија во Шуто Оризари, при што над Скопје се издига густ црн чад. Според првичните информации, пожарот предизвикува големо загадување и е видлив од повеќе делови на главниот град. Надлежните служби се на терен и работат на локализирање и гаснење на огнот. Се очекуваат дополнителни информации за причините и обемот на пожарот. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов потврди дека ...
Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по панихидата за Гоце Делчев, изјави дека Македонија се соочува со, како што рече, оспорувања на идентитетот и историското наследство, вклучително и на ликот на Гоце Делчев. Тој нагласи дека македонскиот народ и државата и во 21 век се соочуваат со предизвици кои, според него, не би требало да постојат, посочувајќи дека дел од нив имаат корени во минатото. Мицкоски истакна дека ...
Моменталната исполнетост на хотелите за летото е околу 40 – 50 отсто, додека во 2025 година изнесуваше 75 проценти, рекол генералниот директор на Здружение на хотелиери на Кипар Христос Ангелидис за кипарската новинска агенција ЦНА, посочувајќи дека резервациите на Кипар за летниот период, досега се за 25 отсто пониски во споредба со истиот период лани, јави дописничката на МИА од Атина. Ангелидис потсетил дека минатата година беше рекордна ...
Францускиот претседател Емануел Макрон во понеделник ја поздрави најавената помош на американскиот претседател Доналд Трамп за бродовите блокирани во Ормузскиот теснец, но ја отфрли можноста за француско вклучување „Нема да учествуваме во никакви насилни операции, особено затоа што рамката за ова не ни е јасна“, рече Макрон во Ереван, каде што присуствува на осмиот самит на Европската политичка заедница (ЕПЦ). Формирана е меѓународна ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Европа треба да настапува со единствен глас и да учествува во евентуалните мировни преговори со Русија. – Одржуваме контакт со САД и ги разбираме нивните ставови и позиции. Но, би било добро да оформиме заеднички европски глас – изјави Зеленски на Самитот на Европската политичка заедница во ерменската престолнина Ереван. – Мора да најдеме функционален дипломатски формат и Европа ...
БИТОЛА – Вандали кршеле и уништувале на повеќе локации низ НП „Пелистер“ и областа Смолево. Искршени се табли на детската патека, оштетни се летниковци, на нив се фрлале камења, а влезовите во НП „Пелистер“ служеле и како паркинг за несовесни возачи. Вандализирани се и таблите на патеката Смолево. „Националните паркови се најскапиот накит на една држава. НП ‘Пелистер’ претставува жив музеј на богат биодиверзитет чиј носител е моликата како ...
Цените на суровата нафта паднаа утрово пред отворањето на европските пазари, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Вашингтон ќе им помогне на бродовите да го напуштат Ормускиот теснец, план што Иран го отфрли. Барел американска референтна нафта (WTI) падна за 0,28 проценти на 101,65 долари, додека цената на Брент, меѓународниот референтен, падна за мали 0,06 проценти на 108,10 долари, објави Euronews. Сега многу работи ...
Исказите на сведоците Дарио Трифунов и Александра Пепеларовска, дадени во Обвинителството во текот на истражната постапка беа прочитани во судницата во Идризово на денешното судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, откако и двајцата повеќе рочишта не се достапни на органите на прогон. Одбраната се противеше на предлогот на Обвинителството за повлекување на овие сведоци, тврдејќи дека се клучни за утврдување на неколку клучни ...
Кремљ драматично ја засили личната безбедност на претседателот Владимир Путин, воведувајќи нови мерки што вклучуваат инсталирање системи за надзор во домовите на неговите блиски соработници. Овој потег беше поттикнат од низа атентати на високи руски воени функционери и страв од државен удар, според извештај од европска разузнавачка агенција до кој дојде Си-Ен-Ен. Во документот се наведува дека на готвачите, телохранителите и фотографите кои ...
Три лица починаа, а тројца други се разболеа по пријавена епидемија на хантавирус, вирус што се пренесува преку глодари и може да предизвика фатална респираторна болест, на холандски крстосувач, објави Ројтерс, повикувајќи се на владини изјави и медиумски извештаи во неделата. Холандската туристичка компанија Oceanwide Expeditions во соопштението изјави дека „управува со сериозна медицинска ситуација“ на поларниот експедициски брод MV ...
Амстердам стана првиот главен град во светот што го забрани јавното рекламирање на месо и производи од фосилни горива, како дел од мерките за намалување на емисиите и промена на навиките на потрошувачите Амстердам стана првиот главен град во светот што го забрани јавното рекламирање на месо и производи од фосилни горива. Од 1 мај, рекламите за бургери, бензински автомобили и авиокомпании се отстранети од билбордите, трамвајските и метро ...
Од 8 до 10 мај ќе се одржи голем фестивал „Откриј ги тајните на корејската убавина“ со содржина посветена на современите трендови за нега на кожа, настан, кој ќе ја доближи корејската козметика и нејзиниот глобален пристап кон убавината до домашната публика. За љубителите на негуваната кожа, во текот на трите денови, на приземјето од Скопје Сити Мол, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со различни производи, со корејските рутини и ...
Бранителката на првообвинетиот Дејан Јованов – Деко, адвокатката Ивана Коцевска, реагираше на изнесените директни закани по неговиот живот на минатото рочиште и бараше тоа да биде нотирано на записник. На минатото рочиште дел од оштетените, додека одбраната на првообвинетиот пред Судот изнесуваше барање за укинување на притворот, реагираше бурно извикувајќи „пуштете го, ние да му пресудиме”. Коцевска, пред почетокот на судењето за пожарот во ...
Прво сегашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му делеше задачи на новиот јавен обвинител што и како да работи и за кои случаи да се зафати. Сега неговиот претходник во ВМРО-ДПМНЕ, азилантот во Будимпешта, Никола Груевски, му дава задачи на на македонскиот министер за правда со што да се занимава, наместо да собира документи за барање за негова екстрадиција. Таквите барања веројатно се во пописот на работните задачи кои ...
Европските земји уверуваат дека ја разбрале пораката на американскиот претседател Доналд Трамп и дека гарантираат спроведување на договорите за користење на воените бази, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Трамп обвинува некои членки на НАТО дека не прават доволно за да ги поддржат Соединетите Американски Држави во војната со Иран. – Да, постои одредено разочарување од американска страна, но Европејците ја примија ...
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, денеска по пристигнувањето на Самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ), во главниот град на Ерменија, Ереван, изјави дека ќе се разговара за независна Европа и дека Стариот континент треба да ја намали прекумерната зависност во енергетиката, одбраната, безбедноста и во синџирите на снабдување. Осмиот самит на ЕПЗ започнува денеска во Ереван и ги собира лидерите на 48 земји, а ...
Демократската унија за интеграција соопштува дека Бурим Латифи и државното претпријатие МЕПСО не застанале само на еден договор, туку го продлабочиле соработувањето со компанијата „Елнос БЛ“ од Република Српска, блиска до Милорад Додик. Бурим Латифи и МЕПСО, во истиот ден, склучиле не еден, туку два договори со оваа компанија, што отвора сериозни прашања за начинот и транспарентноста на оваа соработка, се вели во соопштението од ДУИ. ДУИ бара ...
Со свечената изведба на балетската класика „Лебедово езеро“ во Антверпен, на 2 мај, беа отворени „Деновите на македонската култура“ во Белгија – значајна манифестација што ја претставува македонската уметност во нејзиното најрепрезентативно издание пред европската публика. Министерството за култура и туризам ја организира и поддржува оваа престижна манифестација, која претставува исклучителна можност за промоција на богатото културно ...
Во Венеција пристигна уметничкиот тим што ќе ја претставува Македонија на 61. Биенале за уметност. Отворањето на Македонскиот национален павилјон е закажано за петок, 8 мај, во 18.30 часот, каде ќе биде изложен проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“ на мултимедијалниот уметник Велимир Жерновски. Нашето претставување го организира Музејот на современа уметност – Скопје (МСУ-Скопје). Македонскиот национален павилјон е на локацијата ...
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, денеска по пристигнувањето на Самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ), во главниот град на Ерменија, Ереван, изјави дека ќе се разговара за независна Европа и дека Стариот континент треба да ја намали прекумерната зависност во енергетиката, одбраната, безбедноста и во синџирите на снабдување. Осмиот самит на ЕПЗ започнува денеска во Ереван и ги собира лидерите на 48 земји, а ...
СДСМ обвини дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, има политички мотиви поврзани со прашањето за евентуално апсење на поранешниот премиер Никола Груевски. Од партијата тврдат дека ваквите потези се дел од поширока стратегија за зацврстување на политичката позиција и создавање позитивен имиџ пред меѓународната заедница, особено во контекст на евроинтеграциите и уставните измени. СДСМ оценува дека зад ваквите најави стои обид за ...
На прв поглед, звучи нелогично – користење на климатизацијата или греењето во вашиот автомобил и добивање казна. Но, во Германија, тоа е можно, а тоа се должи на навика што многу возачи ја прават без размислување. Користењето на климатизацијата во вашиот автомобил не е проблем само по себе, но начинот на кој се користи може да доведе до казна. Во Германија, законот јасно забранува оставање на моторот вклучен додека возилото е во мирување, ...
Повеќе од 300 семејства беа евакуирани на Филипините откако огромни количини пепел еруптираа од вулканот Мајон поради колапсот на лавините од неговите падини, соопштија денеска локалните власти. „Немаше експлозивна ерупција од Мајон, кој еруптираше повремено од јануари, но огромните лавини на неговата југозападна падина одеднаш се срушија во лавина од жешки карпи, пепел и гас пред самрак во саботата“, изјави Тересито Баколкол, директор на ...
Во последните 24 часа имало најмалку една жртва од руските напади во украинскиот Херсонски регион, а 12 лица се повредени, вклучувајќи и едно дете, објави началникот на регионалната воена администрација на Херсон, Олександр Прокудин, на апликацијата Телеграм. Тој објави дека Русија таргетирала голем број населби во регионот со дронови, воздушни бомби и артилерија. Четири станбени згради, девет куќи, помошни згради, амбулантни возила и ...
Следен неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија е 25 мај – Св. Кирил и Методиј (бидејќи 24 мај е во недела). Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година, за да можете навреме да ги испланирате вашите патувања и одмори. За сите граѓани на РСМ Оваа година нè очекуваат дури 7 продолжени викенди за сите граѓани: 1 јануари (четврток) – Нова Година 7 јануари (среда) – Божиќ, првиот ден на Божиќ 20 ...
Луфтханза ја суспендира линијата помеѓу Франкфурт и Скопје за цел јуни. Последниот лет е закажан за 31 мај, а обновувањето се очекува дури од 1 јули, но без потврден распоред. Одлуката доаѓа по бурен април за германскиот авиопревозник, обележан со штрајкови, гасење на подружницата CityLine и масовни откажувања на рутите низ мрежата. Последниот директен лет тргнува на 31 мај Луфтханза ќе го одржи редовниот дневен сервис на линијата ...
Семејството зад јужнокорејскиот корпоративен гигант „Самсунг“ ја заврши исплатата на 12 трилиони вони данок на наследство, околу 8 милијарди долари и најголемата таква исплата во историјата на земјата. Претседателот Ли Џе-јонг и другите членови на семејството, вклучувајќи ја неговата мајка Хонг Ра-хи и сестрите Ли Бу-џин и Ли Сео-хјун, ја платија сумата на шест рати во текот на изминатите пет години. Даночната обврска е поврзана со имотот на ...
Со исказ не вешто лице од Судска медицина денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште на 28 април Обвинителството презентираше медицинска документација и податоци за повредените што се јавиле за укажување медицинска помош по пожарот. Обвинителката Наташа Сарамандова ги презентира вештачењата за 157 лица со ...