Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Првите деветорки во светот го прославија својот петти роденден, а официјалната страница на Гинисовата книга на рекорди ја сподели снимката од среќното малојанско семејство на X. Халима Сисе и Абделкадер Арби им посакаа добредојде на четири момчиња (Мохамед VI, Елхаџи, Оумар и Баха) и пет девојчиња (Кадидија, Фатума, Хава, Адама и Оуму) во специјализиран центар во Мароко на 4 мај 2021 година. Родителите им открија на Гинисовата книга на ...
На секои 100 граѓани во Македонија, речиси 22-ца живеат под прагот на сиромаштијата, односно стапката на сиромаштијата во 2024 година изнесуваше 21,9 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Со сериозни егзистенцијални предизвици се соочува секое второ семејство во нашата земја, покажаа податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија и врз ...
Изминатиов викенд во Скопје се одиграа поединечните државни првенства во шах во младинска конкуренција, кои согласно категоризацијата на ФИДЕ се играа според возрасни групи, односно за учесници до 8, до 10, до 12, до 14, до 16 и до 18 години, посебно за девојки и за момчиња. ШК Алкалоид во пресрет на првенствата организираше камп за своите напредни ученици, за конечно да се заокружи циклусот за оваа школска година со настапите на државните ...
Австрија протера тројца руски дипломати осомничени за шпионажа преку прислушување од антените на руските дипломатски згради. Австриското Министерство за надворешни денеска го потврди извештајот на австриската јавна телевизија РТВ ОРФ дека шпионажата е извршена со употреба на антени на покривите на Руската амбасада и дипломатскиот комплекс во виенската област Донауштад за прислушување. Антените им овозможиле на Русите да пресретнуваат ...
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари, а цената на дизелот се зголемува за два денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,47 отсто. Новата максимална малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 85 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за ...
Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска го означи почетокот на кампањата „Мај – Месец на Европа“, на настан со амбасадори на европските земји, меѓународни партнери и претставници на домашните институции. Со оваа иницијатива, Владата а има за цел да оди подалеку од традиционалното одбележување на Денот на Европа на 9 мај и да го претвори целиот месец мај во заедничка платформа за ...
Рускиот претседател Владимир Путин го замени командантот на Руските воздухопловни сили, кои ги вклучуваат силите за воздушна одбрана и ракетна одбрана. Генерал полковник Александар Чајко е назначен на функцијата, заменувајќи го генералот Виктор Афзалов, кој ги водеше воздухопловните сили од 2023 година, објави РБК, повикувајќи се на извор запознаен со ситуацијата. Чајко, 54, дипломиран на московското воено училиште „Суворов“, командуваше со ...
По вчерашното давање задачи од страна на бегалецот Никола Груевски до министерот за правда Игор Филков, Министерството за правда денеска кусо одговори дека ја комплетира документацијата за неговата екстрадиција согласно законската процедура. СДСМ денеска го прозва Филков велејќи дека тој како претставник на ЗНАМ, сателит на ВМРО, е „поставен токму на тоа место да не биде ВМРО тој кој ќе го ослободи или ќе го апси Груевски“. „Министерството ...
Во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура“ која се одржува во Белгија, Националниот џез оркестар ќе настапи на 5 мај во престижниот културен центар „BOZAR“ во Брисел, со својата програма „Македонски сновиденија“. „Macedonian Dreams“ („Македонски сновиденија“) е уникатна фузија на македонски фолклорни мотиви и современ џез, вистинска музичка приказна која Националниот џез оркестар со гордост ја носи на сцената на културниот ...
Премиерот на КАнада, Марк Карни, од самитот на Европската политичка заедница во Ереван порача дека неговата влада ќе донира 270 милиони долари за да ѝ помогне на Украина да обезбеди критични воени капацитети во нејзината одбрана од целосната инвазија на Русија. Парите ќе одат за купување предмети од листата на НАТО и ја зголемуваат вкупната монетарна поддршка на Канада за Украина на 25,8 милијарди долари. „Тоа е дел од поголема загатка во ...
Научното дело „Континуитетот на македонскиот јазик“ (приказ на лексиката меѓу Слепченскиот патерик, Огледало и Различна поучителна наставленија) ја доби државната награда „Гоце Делчев“ за 2026 година. Наградата беше доделена денес во македонското Собрание, а на церемонијата се обрати и министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска. „Ова дело се вбројува меѓу оние што анализираат клучни лингвистички прашања за македонскиот јазик ...
Измамата ја вршат на тој начин што, откако лицата ќе кликнат на линкот оставен во пораката, истиот води на лажна веб страна на МВР каде што бараат да ја внесете Вашата регистарска табличка од Вашето возило и потоа Ве носи на нов прозорец каде ви е регистриран прекршок и Ви бараат наплата од 1500 денари за истиот. Апелираме до граѓаните да бидат претпазливи и да не веруваат на пораки кои доаѓаат од нелегитимен веб сајт на Министерството, ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по повод годишнината од смртта на Гоце Делчев упати остри критики кон ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи ја владејачката партија дека го злоупотребува името на македонскиот револуционер. „Ако Гоце Делчев денес беше жив, би се срамел од оние што се повикуваат на неговото име додека уништуваат сè за што тој се бореше. Тој лично би се борел против Мицкоски, против оваа денешна криминална ...
Дванаесеттата збирка поезија на академик Влада Урошевиќ, насловена „Кула крај море“, ќе биде промовирана в среда (6 мај) од 19 часот во „Метаноја“ во Скопје. Издавач е „Антолог“, а книгата ќе ја промовира Иван Џепароски. Од „Антолог“ велат дека „Кула крај море“ е една од најзрелите и најмистично градени збирки на Урошевиќ, како и дека е синтеза на речиси сите негови опсесии: митот, сонот, симболот, метафизиката, морето и огледалото на зборот. ...
Францускиот претседател Емануел Макрон утрово, пред самитот на Европската политичка заедница, џогираше низ улиците на Ереван, Ерменија. Камерите притоа забележаа симпатичен момент кога локални кучиња топло го пречекаа и го придружќуваа. Honestly, the sweetest moment today Emmanuel Macron, visiting Yerevan, was spotted on an early morning run near Republic Square — accompanied by local dogs. Gentle reminder: Armenia is safe & our street ...
Агенцијата за филм ги објави резултатите од конкурсот за финансирање проекти за организирање домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер за 2026 година. На овогодишниот конкурс беа поднесени вкупно 34 апликации, од кои, по спроведена евалуација, поддршка добија 20 проекти. За оваа намена, Агенцијата за филм обезбеди вкупен буџет од 35 милиони денари, што претставува зголемување во однос на претходната година, кога ...
Ерменскиот премиер Никол Пашинјан, денеска, во своето воведно обраќање на осмиот состанок на Европската политичка заедница во Ереван зборуваше за односите меѓу Ереван и Баку, деблокирањето на регионалните комуникации, како и за перспективите за меѓународен мир, објави ерменската агенција Арменпрес. Тој изјави дека состанокот во Ереван може да стане историски за меѓународниот мир и стабилност. Пашинјан го истакна мировниот договор меѓу ...
На 29.04.2026 Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против четири малолетнички (една 17-годишна и три 14-годишни) сите од Скопје, поради основи на сомнение дека извршиле две кривични дела „насилство“ предвидено и казниво по член 386 од КЗ. Во два одделни настани, на 27.03.2026 и на 30.03.2026 година пријавените физички нападнале 13-годишна малолетничка, а видео запис и фотографии од ...
Екипите на Противпожарната бригада се активни на терен, на интервенција за гаснење на пожарот кој денес избувна во Визбегово, на локација кај обиколницата, каде запален е приватен имот каде што биле складирани стари автомобили. Скопската противпожарна бригада на Град Скопје веднаш е излезена на терен и со сите расположливи возила, опрема и човечки капацитети активно дејствува во справување со пожарот. Паралелно, на терен се и инспекторите на ...
Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, кој беше осуден за случајот „27 април“, денеска е пуштен на условен отпуст – потврди за МИА директорот на „Затвор Штип“, Дејан Здравков. Чавков од „Затвор Штип“ излегол денеска околу 10 часот. Поранешниот министер за внатрешни работи, Чавков, затворската казна ја издржуваше во „Затвор Штип“. Чавков беше осуден на 18 години затвор за тероризам по настаните на 27 април 2017 во ...
Турски театар – Скопје гостува на тринаесеттото издание на MITEM во Будимпешта, со претставата „Амадеус“ во режија на Андреј Цветановски. MITEM важи за еден од најзначајните европски театарски фестивали, на чија сцена низ годините гостувале врвни автори и режисери како Роберт Вилсон, Ејмунтас Некрошјус, Силвиу Пуркарете, Теодорос Терзопулос и Диана Добрева. Ова е второ последователно учество на Турски театар – Скопје на фестивалот, по ...
Европските лидери се собраа во Ерменија на два невидени самити досега. Денес, повеќе од 30 европски лидери и премиерот на Канада, Марк Карни, ќе учествуваат на самитот на Европската политичка заедница. Канада ќе стане првата неевропска земја што ќе присуствува на состанок на Европската политичка заедница кога премиерот Марк Карни ќе се придружи на самитот на групата од над 48 земји во Ереван, Ерменија, во понеделник. Карни изјави дека е решен ...
Кинескиот суд во Хангџоу донесе пресуда дека компаниите не смеат да отпуштаат вработени само затоа што ги заменуваат системи на вештачка интелигенција. Пресудата е донесена откако една технолошка компанија во источна Кина незаконски отпуштила работник откако тој одбил деградација и намалување на платата поради автоматизација на неговото работно место. „Судот оцени дека аргументите на компанијата не претставуваат законски основ за отказ, ...
Трговецот на мало со видеоигри „Гејмстоп (GameStop)“ вчера објави понуда за преземање на многу поголемата интернет-продажна платформа „И-беј (eBay)“. – Понудата е вредна околу 56 милијарди долари во готовина и акции… Намерата е да го користиме „И-беј“ за изградба на многу посилен конкурент на „Амазон (Amazon)“. Понудата претставува премија од приближно 20 насто во однос на цената на затворање во петокот, изјави извршниот директор на ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека имаат одредени разговори во рамките на ЕУ за надминување на метежот што се создава со примената на ЕЕС-системот за влез во земјите од Унијата. Но, додава ако тоа не се надмине и летните годишни одмори претставуваат проблем, тогаш, сите ние, како што рече, би можеле да ги поминеме на прекрасните места што ги има Македонија. – Јас не би коментирал премногу за тој начин на однесување. Имаме одредени ...
Гоце Делчев денес се злоупотребува од ВМРО, партијата што се претставува за наследник на организацијата, а Гоце Делчев да беше жив би се срамел од Христијан Мицкоски. Со вакви остри зборови претседателот на СДСМ го окарактеризира владеењето на ВМРО-ДПМНЕ денеска по положувањето цвеќе во црквата „Свети Спас“ по повод годишнината од загинувањето на Гоце Делчев. „За жал, денес неговото име се злоупотребува од страна на ВМРО – организација која ...
Иранската новинска агенција Фарс објави дека две ракети погодиле американски воен брод во близина на островот Јаск, додека Вашингтон најавува почеток на воена операција за заштита на бродовите во Ормутскиот теснец Иранската новинска агенција Фарс, повикувајќи се на локални извори, објави дека две ракети погодиле американски воен брод во близина на островот Јаск, откако наводно ги игнорирал предупредувањата од Револуционерната гарда да ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува реализацијата на проектот „Брза пруга“ на Коридор 10 да стартува на почетокот на следната година, откако по завршувањето на физибилити студиите ќе се потпише договор со потенцијален финансиер. – Продолжуваме со реализација на проектот „Брза пруга“ на Коридор 10. Физибилити студијата е веќе при крај, и студијата за влијание врз животнатса средина е исто така при крај, законско времетраење е 270 дена и ...
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – март 2026 година во однос на периодот јануари – март 2025 се намалил за 3,3 проценти, а во март 2026 во однос на март 2025 година за 2,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во март 2026 година, во однос на март 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.9 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.8 %, а се зголемил во ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека не се планира нова мерка за намалување на ДДВ-то за дизелот истакнувајќи дека според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) државава е меѓу првите три држави во Европа според аплицирани мерки во однос на БДП. – Граѓаните од соседните држави ја зголемија потрошувачката на бензинските стници во Македонија, во одредни денови за 30 проценти. Ние се гордееме што можеме да влијаеме за подобар стандард на ...