Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Во изминатото деноноќие во Министерството за внатрешни работи се регистрирани пет пријави за семејно насилство, при што две лица се лишени од слобода, информираат од МВР. Како што соопштија од Министерството, вчера во 15:30 часот на улицата „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници го лишиле од слобода А.М. (31) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од неговата сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал и ѝ упатил ...
Војната што избувна откако САД и Израел ја нападнаа Исламската Република Иран го дестабилизираше Блискиот Исток, што јасно се гледа во Дубаи, регионалниот економски и туристички центар на Обединетите Арапски Емирати. Градот, кој планираше да прими рекордни 20 милиони посетители оваа година, се соочува со масовен егзодус на странци и ненадеен прекин на сите економски активности. Според новинарот на „Дејли меил“ кој го посети градот, Дубаи во ...
Доналд Трамп упати нов вербален напад врз папата Лав XIV, обвинувајќи го дека „загрозува многу католици“ затоа што „мисли дека е во ред Иран да има нуклеарно оружје“. Забелешките доаѓаат два дена пред Марко Рубио, државниот секретар на САД, да се сретне со Лав во Ватикан, во обид да ги ублажи тензиите предизвикани од претходната агресија на Трамп против папата роден во Чикаго, поради неговата осуда на американско-израелската војна против ...
Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, денеска изјави дека за две години владеење на владата предводена од ВМРО ДПМНЕ, држава се задолжила за нови 2,3 милијарди евра. На прес конференцијата во седиштето на партијата Филипче остро ја нападна Владата и премиерот Мицкоски дека водат „дилетантска“ политика која ги осиромашува граѓаните, како и дека забрзува инфлацијата и не се преземаат мерки за зачувување на стандардот на граѓаните, но и ...
Во тек е евалуацијата на понудите од компаниите, кои се јавиле на распишаниот тендер за изградба на современиот систем за управување за отпад во Светниколското село Мечкуевци, каде што ќе се селектира и на современ начин ќе се депонира отпадот од 18 општини од Источниот и Североисточниот Плански Регион, информираше денеска претседателот на Советот на градоначалнични на Источно Планскиот Регион (ИПР), а воедно и градоначалник на општина ...
Премиерот Христијан Мицкоски денес навести не само реконструкција на Владата туку и предвремени парламентарни избори, најверојатно следната година. Додека одговараше на новинарски прашања околу изјавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче – дека Бугарија не го негира македонскиот идентитет – тој излезе со констатација дека „добрата вест е дека набрзо ќе има избори и дека СДСМ како партија ќе се маргинализира“. Ова е првпат по повеќе негирања ...
Убедливата победа на Петер Маѓар во Унгарија предизвика глобален бран коментари што понекогаш звучат како ефтина реклама: „Оваа една тајна техника ќе го направи вашиот проблем со крајно десничарскиот популизам да исчезне!“ Искуството на Унгарија наводно покажува дека за да се триумфира, треба само да се фокусирате на корупцијата на актуелните власти или да ја обедините опозицијата. За жал, ако победата над популистичките автократи беше толку ...
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, денеска го критикуваше продолжувањето на кривичната постапка против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, оценувајќи дека тоа го попречува донесувањето одлуки во областа на националната безбедност. Кац на Икс напиша дека за време на актуелната и чувствителна безбедносна ситуација, Нетанјаху морал да ги прекинува судските рочишта за да прима итни повици од него преку безбедна линија, што го опиша ...
Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, и началникот на Здружениот штаб на американската војска, генерал Ден Кејн, денеска од Пентагон нагласија дека на САД „не им е потребна борба“ и додаде дека на Иран не смее да му се дозволи да блокира меѓународен воден пат и да запира стока наменета за невини земји. „Минувањето на двата брода покажува дека пловењето низ Ормуз е слободно“ Министерот објасни дека новиот „Проект Слобода“ е целосно ...
На денешната собраниска комисија беа интервјуирани кандидатите за членови на Антикорупциската комисија, серијал што се закажува и откажува, откако беше откриено дека некои од кандидатите за оваа позиција се на листата на донатори на ВМРО-ДПМНЕ. Изборот уследи откако Левица разобличи низа скандали кои резултираа со оставка на антикорупционерката Цвета Ристовска. И денес пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, истакна сомнежи за работата на ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција по повод Денот на македонскиот јазик истакна дека јазикот е целосно признат во Фронтекс во 2022 година – првиот официјален договор во Европската Унија потпишан на чист македонски јазик, оценувајќи дека Христијан Мицкоски продолжува со својата стара кампања, намерно создавање паника и лажно бранење на идентитетот. -Јазикот е целосно признат во Фронтекс во 2022 година – првиот ...
Изречена е првата пресуда околу трагедијата во дискотеката „Пулс“ за тројцата полицајци обвинети дека ја злоупотребиле службената положба. Тројцата локални полицајци Кире Богатинов, Горан Лазаров и Александар Темелков добија условни казни, но ниту тие, ниту нивните адвокати не дојдоа да ја чујат пресудата. Богатинов и Лазаров добија условна казна затвор од по една година која нема да се изврши, ако во следните три години не направат ново ...
По повод Денот на македонскиот јазик професори од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Филолошкиот факултет, Институтот за македонски јазик, претставници на Министерството за дигитална трансформација и други денеска одржаа работилница на која главен фокус беше како што побргу да се развијат дигитални јазични ресурси за македонскиот јазик. Притоа проф. д-р Димитар Трајанов, зборуваше за проектот „Везилка“, преку ...
Основниот кривичен суд Скопје денеска ги прогласи за виновни тројцата полициски службеници – Кире Богатинов, Горан Лазаров и Александар Темелков во врска со т.н. кабаре „Пулс“ во кое лани во пожар загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Станува збор за еден од трите предмети што ги води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое има посебно одделение за водење истраги против полициските службеници ...
Филмот за Мајкл Џексон, Мајкл, заработи 424,8 милиони долари низ целиот свет во првите 10 дена од објавувањето, според boxofficemojo.com. Тоа веќе го става на второто место на листата на Билборд на музички биографски филмови со највисока заработка во светот. Џексон има долга историја на рангирање на првото место на листите, која датира од времето кога The Jackson 5 го постигнаа својот прв хит број 1 на Billboard Hot 100 со „I Want You Back“ ...
На 6 мај во 20 часот во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе се отвори изложбата „Старите мајстори и македонската модерна“, од авторот проф. д-р Кирил Пенушлиски. „Поаѓајќи од творештвото на старите мајстори како темел на европската ликовна традиција, изложбата го разгледува нивното влијание – како извор на техничко знаење, но и како поттик за критичко преиспитување и творечка трансформација. Посебен акцент е ставен на ...
Изложбата „Архивски документи“ на професорката и ликовна уметница Жанета Вангели е продолжение на програмските проекти за 2026 година на Националната галерија по нејзиното презентирање во македонскиот КИЦ во Загреб и Белград минатиот месец. Овој проект ќе биде реализиран во македонскиот Културно информативен центар во Истанбул со поддршка на Министерството за култура и туризам. Изложбата ќе се отвори на 8 мај 2026, во 19 часот. Пред ...
Парламентот на Романија денеска ѝ изгласа недоверба на владата предводена од Илија Боложан по иницијатива на претставниците на Социјалдемократската партија (ПСД), Алијансата за обединување на Романците (АУР) и ПАЦЕ – Романија на прво место – пренесоа романските медиуми. Вкупно 281 пратеник гласаа за предлогот, четворица пратеници беа против, а три гласа беа неважечки, објавува „Аџерпрес“. Предлогот за гласање недоверба, со наслов „СТОП на ...
Паркинзи на Oпштина Центар воведува нов модел на организација и користење на јавните паркиралишта, насочен кон поголема достапност на паркинг просторот за жителите, подобра ефикасност во управувањето и унапредување на квалитетот на услугите. Со измените во новите подзаконски акти на ЈП ПОЦ, жителите на Општина Центар и понатаму добиваат можност за користење на паркинг простор под повластени услови во зоната на своето живеење. Со новиот модел, ...
Вашингтон – За време на посетата на кралот Чарлс Трети и кралицата Камила на САД, минатата недела, претседателот Трамп откри нов декор во Овалната соба. Мал портрет на првата дама Џеки Кенеди, е забележан меѓу позлатени акценти, екстравагантен приказ на трофеи и голем број слики од основачите и други машки политичари. (Може да се види над десното рамо на кралот Чарлс на горната фотографија од билатерален состанок во Овалната соба.) Портретот ...
Одржливите јавни финансии и макроекономската стабилност се клучни во услови на зголемена глобална неизвесност, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето обраќање на Економскиот и финансиски дијалог, кој што се одржа денеска во Брисел. Во рамки на 12-oт Економски и финансиски дијалог се дискутираше за економскиот развој, предизвиците и плановите, а беа усвоени и препораки за таргетирани политики за секоја земја, ...
Со јасна порака дека енергетската транзиција повеќе не е план, туку активен процес со конкретни резултати и мерливи цели, денес во Владата се одржа состанок на Секторската работна група за енергетика, во организација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. На состанокот присуствуваа претставници од Делегацијата на Европската Унија, УНДП, Светска банка, амбасади, клучни институции од енергетскиот сектор, како и ...
Се верува дека хотелиер од Јужна Африка бил изеден од крокодил од 4,5 метри откако во отечениот влекач биле пронајдени човечки остатоци. Животното било застрелано од хеликоптер и однесено од реката Комати, полна со крокодили, во смела полициска операција пред да се изврши обдукција. Во стомакот на врвниот предатор од 500 килограми е пронајден прстен и се смета дека му припаѓал на 59-годишниот Габриел Батиста. Бизнисменот бил однесен од ...
Чудото во велосипедизмот, Пол Сексас, ќе го има своето деби на Тур де Франс оваа година, зголемувајќи ги надежите за првиот машки домашен победник на Франција од 1985 година. 19-годишниот возач на Декатлон-ЦМА ЦГМ предизвика интензивна дебата во Франција по блескавиот почеток на 2026 година, при што неговиот тим ги одмерува придобивките од раното запознавање со Турот наспроти ризикот од преоптоварување на возач кој сè уште е во својата прва ...
Народната банка ја задржа основната каматна стапка на нивото од 4 отсто. Ова беше одлучено на редовната седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка на која беа разгледани најновите податоци и информации за светската и домашната економија, како и најновите случувања на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика, соопшти НБ. „Одлуката за монетарната ...
Во подножјето на Националниот парк „Галичица“, во некогаш зелениот појас на Бејбунар, богат со подземни води, забрзано се одзема буквално секоја педа за да се изградат што повеќе згради, една до друга, без каков било простор за урбано зеленило, или да се зачува барем она што останало, реагираат од Граѓанската иницијатива Охрид SOS. „Деновиве, дел од просторот каде се наоѓаше механизацијата на Ј.П. ‘Охридски комуналец’ е претворен во ...
Јазикот е заштитник на нашиот идентитет, сегашност и иднина. Коренот на нашето битие и кодот на нашата посебност. Македонскиот јазик е чувар на нашата колективна меморија, историја и идентитет, основната карактеристика што не разликува од другите, вечниот паметник на нашето постоење и битисување и нашата лингвистичка гордост. Тоа го нагласи потпретседателката на Собранието Весна Бендевска во своето обраќање на одбележувањето на 5 Мај – Денот ...
Њујорк – Лорен Санчез Безос е горда што ја презема својата улога на Мет Гала 2026. Неколку часа пред најголемата модна ноќ , синоќа, сопругата на Џеф Безос – која е почесен копретседател – ја изрази својата благодарност за Ана Винтур. „Како што сите знаеме, никој не направил повеќе за да ја воздигне модата како уметничка форма“, рече Санчез Безос во говорот на претпремиерата на изложбата на Институтот за костими, „или да создаде во оваа ...
Компанијата Visa го објави именувањето на Сергиј Мартинчук на позицијата виш потпретседател и регионален менаџер за регионот кој ги опфаќа Украина, Молдавија, Јужна и Источна Европа, Централна Азија и Кавказ. Со седиште во Киев, Мартинчук ќе биде одговорен за целокупното работење и стратегијата на компанијата Visa на 17 пазари. Сергиј Мартинчук доаѓа на местото на Кристина Дорош, која презеде нова глобална функција во седиштето на компанијата ...
Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров денеска поднесе шест кривични пријави против родителите на малолетничките што беа вклучени во физичкиот напад врз 13-годишното девојче во Општина Ѓорче Петров, информираат од СВР Скопје. Полицијата ги товари родителите Е.А., А.М., Е.С., Р.С., Р.Г., С.А., В.И., Ѓ.И., А.Т. и Т.Т. по член 201 став 1 од Кривичниот законик. Оваа пријава се поднесува поради основано сомневање дека родителите ги запуштиле ...