INTER IKEA, матичната компанија и сопственик на шведскиот бренд за мебел со широко распространета франшиза, соопшти укинување на 850 работни места за да ги намали трошоците поради слабеењето на побарувачката. Компанијата вработува 27.500 луѓе и сега планира да отпушти вкупно 850 работни места, вклучувајќи 300 во Шведска. Малопродажниот синџир продавници што се протега во 63 земји бара нови мерки за намалување на трошоците за зголемување на ...

Шеснаесетгодишно момче нападнало врсник со тврд предмет во трговски центар во Аеродром. Според информациите на МВР, вчера 36-годишната М.Б. од Скопје пријавила дека претходниот ден околу 22:30 часот пред продажно место во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од друг 16-годишен малолетник, кој употребил тврд предмет, а потоа го нападнал и М.Д.(25) од Скопје, кој го бранел ...

Системот „Сејф сити“ ќе добие нови функционалности и во следниот период ќе опфаќа поголем број сообраќајни прекршоци, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Според него, целта на проширувањето е поголема безбедност во сообраќајот и поефикасно откривање на прекршителите. Тошковски посочи дека системот веќе не се користи само за регистрирање на брзо возење, туку и за други прекршоци во сообраќајот. -И сега констатираме поголем ...

Мале — Италијанското Министерство за надворешни работи соопшти во понеделник дека спасувачите ги пронашле телата на четворица италијански нуркачи длабоко во подводна пештера на атол на Малдивите, четири дена откако беа пријавени како исчезнати. Потрагите продолжија во понеделник откако беа прекинати по смртта на локален воен нуркач за време на опасната мисија за обид за нивно достигнување. Владата на островската нација во Индискиот Океан ...

Вашингтон – Најновото истражување на туристичката агенција „Беркшир хатавеј травел протекшн (Berkshire Hathaway Travel Protection) ги открива најбезбедните земји за патување во 2026 година. Станува збор за годишна ранг-листа која веќе десет години ги анализира државите според нивото на безбедност за туристите, при што се земаат предвид политичката стабилност, инфраструктурната развиеност, како и стапката на криминал. Според експертите, на ...

Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, доби продолжување на договор до 2028 година, објави прес-службата на каталонскиот клуб. Договорот, исто така, вклучува опција за дополнителна една сезона. Шеесет и едногодишниот Германец ја презеде Барселона во мај 2024 година. Под негово водство, тимот освои две титули во шпанското првенство и шпанскиот Суперкуп, како и еден шпански куп. Од август 2021 до септември 2023 година, Флик беше селектор на ...

Во Женева денеска почна 79-то Светско здравствено собрание, на кое шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, ги истакна предизвиците со кои се соочува ова тело на ОН. – Живееме во тешки, опасни и поделени времиња – рече Тедрос на отворањето на собирот, кој доаѓа само еден ден откако СЗО прогласи меѓународна вонредна состојба за јавното здравје во Конго и Уганда, по избувнувањето на смртоносниот вирус Ебола. ...

Собранието на денешната 102. седница донесе неколку закони, меѓу кои и Законот за младински додаток со кој на младите лица до 23 години и вработени во производните области ќе им се исплаќа младински додаток од 3.000 денари. Пратениците дадоа поддршка и на Законот за изменување и дополнување на Законот за индустриски-зелени зони, со кој се врши усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ). Со ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска уште еднаш повтори дека во овој момент и во вакви услови нема можност за уставни измени. Ова, според Муцунски, не значи дека треба да се прекине со дијалогот, туку, напротив, треба да се води проактивна дипломатија поради што побарал средба со својата бугарска колешка за крајот на оваа недела. – Треба да дискутираме за многу работи, вклучително и за овој неевропски ...

ЛОНДОН – Најчудната работа во врска со недели како последната во Вестминстер е … тие веќе не се чувствуваат толку чудно. Длабоко непопуларен премиер, обвинет од неговата партија и земја за неисполнување на стандардите што се очекуваат од еден лидер – и, полошо од тоа, за неможност да ги подобри животните шанси и расположението на обичните гласачи – беше подложен на сега веќе ритуалистичко отфрлање од неговите пратеници и високи сојузници. Се ...

Со години се зборува за германските пензии како гаранција за квалитетен живот во староста, но данскиот пензиски систем е најдобар во светот со години. Имено, во Данска, пензиските придонеси и заштедите се инвестираат на берзата. Приносите се високи, па идните пензионери веќе знаат дека ќе добијат добар пакет акции. „Луѓето често се пријатно изненадени кога ќе ја погледнат својата пензиска сметка“, рече Андреас Остергард Хартингтон, експерт ...

Децата и младите не се во целост заштитени и има многу повеќе што да се направи и во однос на семејството и институциите во државата за што треба поголема будност, следење на состојбата на промените во однесувањето на децата и младите со цел рана детекција и превенција на насилството, покажува годишниот извештај на СОС-линијата +389 70 390 632 за деца и млади „Ало, бушавко“ за 2025 година – истакна денеска на прес-конференција Жарко Змијанац, ...

Темата поврзана со насилството во училиштата не е нова и не се појавува само во последно време, отсекогаш имало такви случаи, но за разлика од претходните случаи, овој пат Министерството за образование и наука изрази подготвеност да преземе конкретни мерки, изјави денеска заменик-министерот за образование и наука, Дритон Сулејмани, одговарајќи на пратеничко прашање на Сања Лукаревска од СДСМ за одговорноста за случаите со врсничкото насилство ...

Нема кој да одговори каде се наоѓа вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи. Ниту дали сѐ уште зема плата иако неколку месеци не доаѓа на работа, но испраќа фотографии од егзотични дестинации како Тајланд. Премиерот Христијан Мицкоски молчи, молчеше денеска и потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски кога беше побарано од него вицепремиерот да се појави на седницата за пратенички прашања. Пратеничката на СДСМ, Даниела Николова, ...

Лино Червар ја предводеше златната генерација на Хрватска, освои сè што можеше да се победи во ракометот и го тренираше Иван Балиќ, за многумина најголемиот ракометар во историјата. Тој исто така водеше големи битки против Никола Карабатиќ во своите најдобри денови. Сепак, кога зборува за најдобриот ракометар на сите времиња, Червар избира некој трет – Кирил Лазаров. Легендарниот хрватски тренер зборуваше за Лазаров во својата автобиографија ...

Промоцијата на книгата „Репертоарски калеидоскоп“ на истакнатиот театарски критичар и публицист Тодор Кузманов ќе се одржи на 21 мај (четврток) во 12 часот во малата сала на Драмски театар Скопје. Станува збор за значајно издание кое преку аналитички осврти, критички текстови и театарски записи отвора важни прашања за современиот театар, неговиот развој, естетика и општествено значење. Книгата претставува драгоцен придонес за театарската ...

Словенечката претседателката Наташа Пирц Мусар денеска, по средбата со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, порача дека Словенија останува цврст поддржувач на европската интеграција на Северна Македонија, како и дека ќе продолжи активно да се залага за забрзување на пристапниот процес на земјите од Западен Балкан во ЕУ. На заедничка прес-конференција, Пирц Мусар одговори на новинарско прашање поврзано со иницијативата во ...

Италијанскиот моден бренд Trussardi официјално пристигнува во Македонија со отворањето на својата прва монобренд продавница на 21 мај 2026 година во Ramstore Mall, на приземје. Новиот продажен салон ќе понуди внимателно селектирана колекција на машка облека и аксесоари, како и женска колекција на кожни аксесоари, препознатливи по современ дизајн, врвен квалитет и италијанска елеганција. Со својот најнов концепт „Gentle Society“, Trussardi ...

На големата сцена во МНТ, вечерва, во 20 часот, ќе гостува претставата „Татко“, работена според текст од францускиот писател Флоријан Зелер, во режија на Наташа Поплавска, а во продукција на Никшиќско позориште. Пред скопската публика ќе настапат актерите Владан Гајовиќ, Ања Дрљевиќ, Никола Васиљевиќ, Маја Стојановиќ, Јован Кривокапиќ и Андреа Драшковиќ. Сценографијата е на Весна Сушиќ, костимографијата и изборот на музиката се на Наташа ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска нагласи дека на највисоко ниво и билатерално и во форматите поврзани со Европската Унија разговараат за Европскиот систем за влез/излез (ЕЕС) и се бара решение, особено за летниот период, при тоа потенцирајќи дека не се точни информациите за индивидуално исклучување на одредени земји. -Тоа што би можел да ја информирам јавноста е дека имаме разговори и со ...

Соединетите Американски Држави годинава се повлекуваат од голем број меѓународни организации и институции, што се смета за потврда на систематскиот раст на скептицизмот кон мултилатерализмот и глобалната соработка под администрацијата на претседателот Доналд Трамп. По повлекувањето на САД од Светската здравствена организација на првиот ден од неговиот втор мандат, на почетокот од годината Трамп го потпиша повлекувањето на САД од 66 ...

За нас ЕУ беше и останува не само географски, историски и заеднички културен дом, туку и важен приоритет. Сакам да укажам на опасноста од билатерализацијата на процесот на проширувањето, особено кога таа е врзана за идентитетски прашања за кои не се преговара.Ние не бараме привилегии, ние само бараме доследна примена на европското право и почитување, се разбира, на историскиот и културниот идентитет на народите и на достоинството и ...

Виена – По првата победа на Бугарија на Евровизија, се постави прашањето каде ќе се одржи следното издание на натпреварот и дали Бугарија може да организира еден од најголемите телевизиски настани во Европа. Овогодинешната победничка Дара, која славеше со песната „Бангаранга“, веќе изјави дека сака Евровизискиот натпревар да дојде во Софија следната година. Сепак, организирањето на толку голем настан за Бугарија може да претставува сериозен ...

Оригиналниот македонски мјузикл „Као какао“ ќе биде премиерно изведен на 2 и 3 јуни во Македонскиот народен театар, во 20.30 часот. Репризите се закажани на 11 и 12 јуни. Станува збор за мјузикл инспириран од музиката на Влатко Стефановски. Текстот е на Венко Андоновски, режијата на Дејан Пројковски, кореографија – Олга Панго, аранжмани – Бобан Мирковски, продуцент – „Баги комуникации“, копродуцент – Македонскиот народен театар. Песните сами ...

ТИТАН Усје го одбележа двегодишниот јубилеј на едукативниот центар „Иноваториум – Клуб на напредни знаења и вештини“, преку кој учениците од основните училишта стекнуваат практични знаења и вештини од областа на 3Д моделирањето, 3Д печатењето, роботиката и инженерството. На завршниот настан од втората година од програмата за 3Д печатење присуствуваа повеќе од 500 ученици од осум основни училишта од Општина Аеродром, директорите на училиштата, ...

Во услови кога бројот на возила во општина Центар постојано расте, а јавниот простор останува ограничен, прашањето за фер распределба на паркинг местата станува едно од клучните урбани прашања за жителите. Токму затоа, со последните одлуки на Советот на општина Центар, се воспоставува нов систем на паркирање во кој јавниот простор ќе се користи порационално, а жителите полесно ќе можат да дојдат до паркинг место во близина на својот дом, ...

18-годишна девојка прободена пред дискотека во скопски Карпош. Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 20:00 часот во СВР Скопје, 18-годишната Т.Р. од Скопје пријавила дека околу 03:00 часот пред дискотека на подрачјето на Карпош во Скопје била физички нападната од едно лице, кој употребил остар предмет и ѝ нанел повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 18-годишна девојка прободена пред дискотека во скопски ...

Свеченото врачување на наградата „Роман на годината“ за 2025 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ ќе се одржи во среда, на 20 мај, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија, во 19 часот. Добитничка на годинашното признание, кое го доделува Фондација „Славко Јаневски“, е писателката Оливера Ќорвезироска за романот Три Марии, објавен од Арс Либрис. „Три Марии“ од ...

28-годишната ќерка на Хедер Локлир и Ричи Самбора, Ава Самбора, се омажи за инвестицискиот соработник за време на венчавка на отворено во Rosewood Miramar во Монтесито, Калифорнија, во сабота, 16 мај. Двојката беше опкружена со нивното блиско семејство и пријатели за нивниот посебен ден. Ричи, 66, беше присутна, како и Локлир, 64, и нејзиниот партнер, Лоренцо Ламас. Не е јасно точно кога двојката првпат се запознала, но Ава се чини дека ја ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,84% во однос на одлуката од 11.5.2026 година. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.89
61%
1019
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
3.13
66%
1014
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.9
71%
1013
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.02
51%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
4.3
65%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.76
75%
1014
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
2.68
53%
1015
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.05
52%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.7
52%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 20ᴼ
1.34
60%
1013
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.34
68%
1012
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.66
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Алуминиум

3.54

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Сребро

2186.28

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97

Платина

55170.68

Рутениум

48965.59

Калај

53.60

Злато

135639.33