Жељко Јоксимовиќ синоќа на концерт во Загреб ја отпеа песна која се уште не ја снимил, а ќе се најде на неговиот нов албум. Како што изјави пред публиката, ова го прави првпат во животот и тоа е негов подарок за сите што беа присутни. Решив вечерва да ти подарам нешто, што никогаш во животот не сум го направил. Знаете дека подготвувам нова плоча и дека сето тоа е, некако блиску, но Александра Милутиновиќ ми напиша прекрасна песна и размислувам ...

Музиката е универзален јазик на кој зборува срцето и има моќ да нѐ натера да чувствуваме различни емоции. Таа е највисоката форма на магија и, како што во една прилика рекол Карлос Сантана, има моќ да ги зближува луѓето. Музиката во исто време е и лек, факт потврден од Британската академија за звучна терапија (БАСТ), што со години ги проучува корисните ефекти од слушањето музика за терапевтски цели. Едно истражување на БАСТ, односно проектот ...

Една од најпопуларните млади балкански музички ѕвезди Џејла Рамовиќ во интервју за единствениот естраден магазин Бекстејџ откри како се справува со популарноста, медиумите какви впечатоци добила од натпреварот едно регионално музичко натпреварување, а разговараа и за многу други теми. За Џејла велат дека таа е целосен пакет, со харизмата со која ја освојува публика и неверојатните вокални способности, самоуверено се проби до финалето во ...

Нина Бадриќ од првиот ден кога се појави на музичката сцена на поранешна Југославија освои со својот магичен глас, позитивна енергија и харизма која никого не остава рамнодушен. И години подоцна, ништо не се промени. Со своите песни знае да расплаче многумина, а со своите шеги да насмее до солзи. Затоа е сакана, почитувана каде и да се појави, и во општеството и на сцената. Минува низ животот со крената глава и ведар дух. Дури и кога и беше ...

Започна новата сезона на „Нешто конкретно” со Снеже Велков, стартуваме во месецот на машкото здравје па затоа започнуваме со машко друштво. Темата беше „Колку вредиш”, а нашите вредни пријатели Владимир Четкар, Гораст Цветковски, Агим Јонуз и Роберт Спасенцовски направија нашата прва емисија од третата сезона да се памети по многу позитивна енергија која се надеваме ја пренесовме и преку малите екрани до вас. Дали вредиме колку што заработуваме ...

„Last Prayer“ е албум со девет песни на македонскиот состав Nesh & The Roosters објавен деновиве под закрилата на најголемата дискографска куќа во регионот – Croatia Records. Музиката за повеќето композиции ја напиша легендарниот пејач на ромски песни, Шабан Бајрамовиќ. Неш ги напишал стиховите и ги обработил на свој начин, што значи дека успеал да обедини неколку музички стилови во својот препознатлив музички потпис. Со внимателно одбрани ...

Новиот албум на Миа Димшиќ, една од најпопуларните млади кантавторки, насловен „Монолог“ (Monologue), како издание на Croatia Records, може да се слуша ексклузивно на стриминг платформите. Токму на својот роденден, Миа Димшиќ, ланската хрватска евровизиска представничка, го претстави својот нов албум, воедно и прв на англиски јазик. „Монолог“ ја носи талентираната пејачка и текстописец во ново светло, со песни на англиски јазик поддржани од ...

Во сабота, 11-ти ноември, градот Куманово ќе го одбележи својот ден, односно, 79 години од ослободувањето на градот. По тој повод Општина Куманово и Фондацијата за култура и спорт од Куманово подготвуваат низа културно-забавни настани за свечено и достојно одбележување на овој голем ден. „Во тек се ноемвриските денови со сериозно богата културна и спортска програма годинава. Постои и дигитална верзија од истата која можете да ја најдете на ...

Полни 31.година, охридското Супер радио, еден од најстарите приватни електронски медиуми во Република Македонија е со сериозна музичка мисија пред себе, затоа што работи во градот каде секогаш се слушала и пуштала најдобрата музика. Својата приказна ја започна во ноември 1992 година, веднаш по осамостојувањето на Република Македонија, а денес го прославува 31. роденден. „Повеќе од три децении ја пополнуваме тишината во преубавиот Охрид. Се ...

Kористејќи ги своите три гласа, маркантната појава и различниот сензибилитет, членките на новосадскиот бенд „Фрајле” убедливо ја освојуваат публиката низ Балканот. Во 2024-та одбележуваат цели 15 години работа и по тој повод ја најавија својата балканска турнеја, а на нивната листа секако е и Скопје. Женското трио „Фрајле” го најавија својот интимен концерт во „Македонска филхармонија”, на 16-ти март, следната година. Сите оние кои барем еднаш ...

Блуз бендот „4 Hombres & Flowery“ и рок легендата Срѓан Гојковиќ – Гиле од „Електрични оргазам“ ја објавија долгоочекуваната соработка која ги повикува сите љубители на музиката да ја прифатат својата слобода. Новиот сингл „Слобода“ навистина звучи како силна химна на слободата. Имено, главната порака што ја испраќаат преку оваа соработка е да не дозволиме другите да ни ги врзат крилјата, да бидеме слободни и самите себеси и да се ослободиме ...

На 9-ти декември, со почеток од 20 часот, во салата на Македонската опера и балет, ќе се одржи концертот на ЗЏМ Биг Бендот насловен „ЗЏМ свири Леб и сол“. На целовечерниот концерт ќе бидат изведени дел од композициите на легендарните „Леб и сол“ со аранжмани адаптирани за Биг бенд изведба. „Леб и сол“ е бенд чија работа претставува фундаментален и незаменлив дел од македонската музичка историја. Овој музички состав настанува на 01.01.1976 по што ...

Првиот концерт во Скопје од страна на Авалон Продукција беше организиран во Куршумли Ан, на 28-ми август, 1993 година со „Електрични Оргазам“. Вториот концерт требаше да биде на истото место, на 11-ти септември, 1993-та, со „Галија“. Пред отворање на вратите, се споија небо и земја и одржувањето на концертот беше невозможно. Концертот никогаш потоа не се одржа. Не само што не се одржа, туку, верувале или не, добри 30 години, патиштата на Авалон ...

По трагичниот настан кој се случи на првобитно закажниот концерт на Калиопи во МТС дворана во Белград на 4-ти ноември, Калиопи и нејзиниот српски промотер го објавија новиот датум за концертот. Концертот е одложен за следната година, а новиот датум на концертот ќе биде 4-ти февруари. Сите купени билети за првично закажаниот концерт ќе важат и за новиот датум. Да потсетиме, ова ќе биде нејзин осми голем концерт во Белград, а втор по ред во МТС ...

Блуз бендот „4 Hombres & Flowery“ и рок легендата Срѓан Гојковиќ – Гиле од „Електрични оргазам“ ја објавија долгоочекуваната соработка која ги повикува сите љубители на музиката да ја прифатат својата слобода. Новиот сингл „Слобода“ навистина звучи како силна химна на слободата. Имено, главната порака што ја испраќаат преку оваа соработка е да не дозволиме другите да ни ги врзат крилјата, да бидеме слободни и самите себеси и да се ослободиме ...

На 9-ти декември, со почеток од 20 часот, во салата на Национаната опера и балет, ќе се одржи концертот на ЗЏМ Биг Бендот насловен „ЗЏМ свири Леб и сол.“ На целовечерниот концерт ќе бидат изведени дел од композициите на легендарните „Леб и сол“ со аранжмани адаптирани за биг бенд изведба. „Леб и сол“ е бенд чија работа претставува фундаментален и незаменлив дел од македонската музичка историја. Овој музички состав настанува на 01.01.1976 по што ...

По трагичниот настан кој се случи на првобитно закажниот концерт на Калиопи во МТС дворана во Белград на 4-ти ноември. Калиопи и нејзиниот српски промотер го објавија новиот датум за концертот. Концертот е одложен за следната година, а новиот датум на концертот ќе биде 4 февруари. Сите купени билети за првично закажаниот концерт ќе важат и за новиот датум. Да потсетиме, ова ќе биде нејзин осми голем концерт во Белград, а втор по ред во МТС ...

Во организација на Фризерската секцијата од Скопје (при Занаетчиската комора) и Скопје Сити Мол, на 12-ти ноември, традиционално ќе се одржи „Бербер шоу” со што ќе се одбележи „Моември” – месецот на машкото здравје. Настанот ќе трае од 12 до 17 часот. Ноември е месец во кој се степенува важноста на машкото здравје. Моември, меѓу другото, подразбира и растење мустаќи во текот на овој месец како поддршка на мажите. Овој забавен настан ...

Жан Белино во тужбата навела дека пејачот ја пипкал двапати во 1975 година, кога имала само 17 години. Таа, исто така, во тужбата навела дека претрпела силна и трајна душевна болка, но Тејлор ги негирал овие наводи и сè уште не коментирал. Џин изјавува дека работела како модел на Менхетен во времето кога еден пријател ѝ договорил да се сретне со рок бенд после модна ревија. Пејачот наводно ја натерал Белино да влезе во телефонска говорница ...

Познатиот рок состав “The Backdoor Band”, во петокот вечер одбележа респектабилен 13 годишен естраден стаж со голема роденденска журка во популарното Liquid Cafe во Охрид. На роденденот го промовираа и новиот видео запис за синглот “Зајко”, односно за песната која е настаната пред 10-тина години како сатиричен и другарски опис на личноста спомената во истата и нејзиниот “рокерски” начин на живот. Автор на музиката е Лазе Фармакоски, текстот е на ...

Мемоарите на американската пејачка Бритни Спирс, под наслов „Woman in Me“ (Жената во мене), се продадени во 1,1 милион примероци само во САД во првата недела по објавувањето. „Во овие мемоари ги влеав срцето и душата и благодарна сум им на многубројните обожаватели и читатели ширум светот за нивната непоколеблива поддршка”, изјави меѓу другото Спирс. Податоците за продадените примероци вклучуваат купени и однапред нарачани печатени книги, како и ...

Новата и засега последна песна на легендарниот британски поп-рок состав „Битлс“ – „Now And Then“ (Сега и тогаш) за само 21 час по првичното објавување на платформата Јутјуб собра речиси 4,8 милиони прегледи. А, пристигнуваат и бројни реакции од обожавателите. Песната е првично снимена во облик на демо-снимка пред 45 години. Нецелосната трака е напишана и отпеана од Ленон во 1978 година, а минативе неколку месеци е довршена и дообликувана од Пол ...

Новата и засега последна песна на легендарниот британски поп-рок состав „Битлс“ – „Now And Then“ (Сега и тогаш) за само 21 час по првичното објавување на платформата Јутјуб собра речиси 4,8 милиони прегледи. А, пристигнуваат и бројни реакции од обожавателите. Песната е првично снимена во облик на демо-снимка пред 45 години. Нецелосната трака е напишана и отпеана од Ленон во 1978 година, а минативе неколку месеци е довршена и дообликувана од Пол ...

На сцената на Народниот театар – Битола вчера премиерно беше изведена театарската претстава „Големиот бел заговор“ посветена на претпоставените последни денови на легендарниот фронтмен на „Нирвана“, Курт Кобејн. Претставата е во режија на Војо Цветановски а по текст на Димитрије Војнов. Ова е 4-та поставка на овој современ драмски текст по оние во Белград, Сараево и Нова Горица. Курт Кобејн го „оживеа“ Марјан Наумов, неговата сопруга Кортни Лав ...

Вчеравечер, македонскиот естраден магазин „Backstage” го прослави својот 16-ти роденден. Роденденската прослава беше во хотел „Холидеј Ин”, а на истата присуствуваше цела македонска и балканска естрада. На роденденската прослава беа доделени признанија на најуспешните соработници од музичката, спортската и телевизиска сфера. Меѓу гостите беше дел од џетсетот на македонската естрада, балкански музички ѕвезди, како и политичари. Директно од ...

Биографскиот филм „3211“ за животот и заминувањето во затвор на српскиот рапер Раста оваа недела е на репертоарот на битолското кино. Стефан Ѓуриќ – Раста во најтешките моменти од животот ја сфатил бесценетата вредност на слободата, но и нашол инспирација и креативност да пишува песни, кои режисерското дуо Данило Беќковиќ и Андријана Стојковиќ ги преточиле во филм. Филмот премиерно беше прикажан на 19-ти септември. Освен во Битола, филмот од ...

Во среда (1 ноември) во Културно информативниот центар во Скопје од 20 часот концерт ќе одржи австриското дуо SO SNER. Настанот е дел од културна понуда на Град Скопје – Европска престолнина на културата 2028. Стефан Шнајдер и Сузана Гартмаер го формираат проектот SO SNER, кој своето постоење го должи на концертот во 2015 година на фестивалот Approximation во Дизелдорф. Полифониите на бас-кларинетот на Гартмаер толку го импресионирале Шнајдер ...

41 годишната Бритни Спирс во последните неколку месеци беше во брак со 12 години помладиот Сем Асгари. Но изненадувачки тие решија да се разведат по само една година брак. Двојката се запозна на снимањето на нејзиниот спот во 2016 година и се венчаа на мала церемонија минатиот јуни. Асгари ја поддржуваше Бритни за време на нејзиното лекување за ментално здравје и се бореше да го прекине старателството на нејзиниот татко над неа. Како што ...

Метју Пери, ѕвездата на серијата „Пријатели“ бил пронајден мртов во саботата попладне во џакузи во неговиот дом во Лос Анџелес, соопштиле извори од полицијата. Тој имаше 54 години. Изворите, кои сакале да останат анонимни, бидејќи истрагата е во тек, не навеле причина за смртта. Но, како што објавија повеќето калифорнски медиуми немало траги на насилство, ниту пак била пронајдена дрога. Некои цитираа извори од брзата помош дека можеби имал срцев ...

Една од најпопуларните хрватски и регионални музички ѕвезди, а според многумина и неприкосновена модна икона – Северина, доаѓа повторно во Скопје и тоа со многу добра причина, а тоа е големиот концерт кој е закажан на 30-ти март, следната година. Таа е најголемата регионална ѕвезда, кралица на сцената која со нејзините настапи веќе долги години ги поместува границите и ги диктира трендовите. Секој нејзин чекор бурно се следи, а изминатиот период ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
1.54
28%
1015
weather icon

Белград

32ᴼ / 30ᴼ
4.63
38%
1019
weather icon

Загреб

31ᴼ / 28ᴼ
3.09
42%
1022
weather icon

Софија

37ᴼ / 32ᴼ
2.57
28%
1017
weather icon

Сараево

38ᴼ / 38ᴼ
2.65
14%
1015
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
5.66
51%
1022
weather icon

Атина

36ᴼ / 34ᴼ
10.8
24%
1011
weather icon

Тирана

37ᴼ / 37ᴼ
1.03
15%
1012
weather icon

Подгорица

38ᴼ / 38ᴼ
3.6
21%
1013
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 32ᴼ
7.72
40%
1017
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
39%
1022
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 31ᴼ
9.77
35%
1015
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326