Завршена е конзервацијата, реставрацијата и санацијата на „Споменикот на слободата“ во Кочани 11.12.2024 • Информации Денес имавме чест да бидеме сведоци на еден вонреден и пионерски зафат во Македонија, а тоа е да доживееме конзервација и реставрација со санација на едно исклучително архитектонско-уметничко спомен одбележје „Споменикот на слободата“ во Кочани. Проектот започна уште во 2018та година, со помош на Американската Амбасада ...

Росанда Минчева / 1928 – 2001 16.09.2024 • Автори Извори: Градителите во Македонија XVIII-XX век – Георги Kонстантиновски; mk.wikipedia.org Кратка биографија и достигнувања релевантни за развојот и афирмацијата на архитектурата на Росанда Минчева. Росанда Минчева ( с. Туларе, Прокупле, Србија, 08.01.1928 – Скопје, 02.03.2001), дипломирала на Архитектонскиот факултет при Техничката висока школа во Белград во 1953 година на тема ...

Монопод / Монозеро 06.07.2024 • XXI век Година на проектирање/изведба: 2024 Автор: Дарко Христов Соработници: Зоран Блажевски, Борче Поповски, Марија Бојковска, Маја Вукадиновиќ, Бојан Паскоски, Мартина Пенева. Проектантско биро: МОНОЗЕРО Автор на Фотографии: Дарко Христов, Мартина Пенева Површина: 19м2 Опис: Монопод претставува мала префабрикувана куќа за ефикасно живеење без да се жртвува удобноста. Куќа направена со грижа и креативност за ...

Меридијани / Мостови / Сценографија на „Струшки вечери на поезијата“ / 2023 / OTP Studio 24.09.2024 • XXI век Денешната објава е првата од двете, посветени на сценографските решенија за „Струшки вечери на поезијата“. Автори на проектот се OTP Studio, кои работат на двете поставки за отворањето и затворањето на фестивалот. Меридијани 2023 ( Отвoрање) Домот на поезијата со неговата должина од 145 м и специфичната поставеност помеѓу улицата “15ти ...

10/12/2024 09:13 - МАРХ
-

АКТ 2024 / Архрид 09.12.2024 • Информации текст: фотографии и видео: раководител на проектот: АРХРИД е стручен колектив чии главни цели се едукација (подигнување на свеста за архитектонските и урбанистичките вредности на градот) и заштита (на постојното културното наследство, како и препознавање и вреднување на архитектонското творештво и урбаните фрагменти во градот), преку спроведување активности (во јавниот градски простор) и креирање форум ...

Типокалендар „Македонска архитектура“ / Стојанов 10.12.2024 • Уметност Во денешната објава споделуваме типокалендар „Македонската архитектура“ изработен од страна на Трајче Стојанов, кој вели дека типографијата од секогаш била негов најголем предизвик. Идејата е поврзана со теми од домашната архитектонска сцена, чии илустрации Трајче ги изработува преку употреба на одреден фонт, со кој смета дека може најсоодветно асоцијативно да ги претстави ...

Архитектурата со име на Св. Климент Охридски 08.12.2024 • Информации Со низа настани денес во земјава се одбележува 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски, кој воедно е и патронен празник на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. Во Собранието на Република Македонија ќе се додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за истакнати достигнувања во воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата ...

Ентериерот на МОБ се најде во „The world of interiors“ 05.12.2024 • Фотографија ХХ век / II половина Годинава, светски познатиот фотограф Оскар Проктор, бил во посета на Македонската Опера и Балет. Целта на оваа посета е фотографирање на ентериерот на овој инзвонреден објект, со цел негово објавување во престижниот магазин „The world of interiors“. Објавата посветена на МОБ е дел од годинешното декемвриско издание. Во денешнат објава ги ...

Голем јубилеј на Архитектонскиот факултет – Скопје: 75 години носител на изградбата на државата и нацијата 29.11.2024 • Информации Архитектонскиот факултет – Скопје, високообразовната институција која продуцира кадри кои низ историјата учествуваат во планирањето и изградбата на најзначајните објекти во земјава и се едни од клучните носители на нејзиниот развој, денеска одбележа 75 години од формирањето и успешната работа. Значајниот јубилеј ...

Објавена агендата за Третата годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти во Битола 27.11.2024 • Информации Во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, на 29. и 30. ноември 2024 година, во Офицерскиот дом во Битола, ќе се одржи Третата Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти. Темата на овогодишната средба е „Граници на архитектурата“ и ќе се дискутира како архитектурата ги надминува физичките, ...

Типологија „Егејски згради“ – Скопје 26.08.2024 • ХХ век / II половина Проектант: Непознат Година: 1951 Локација: Дебар маало, Маџари, Чаир, Ѓорче Петров, Буњаковец Во продолжение на објавата за станбените згради во Буњаковец, подолу се обидовме да ги мапираме каде на други места е присутна истата типологија на објекти. Бидејќи не поседуваме точни информации за коа истите објекти се подигнати можеме да претпоставиме дека сите датираат после ...

Иницијативите на МАРХ низ годините 21.11.2024 • Информации Скопје е град со уникатен спој на историја, култура и брзи трансформации. Во изминатите неколку години, нашата платформа е посветена на потенцирање на клучните урбани предизвици и поттикнување дискусија за иднината на нашиот град. Преку успешни иницијативи и заеднички напори, работевме на истакнување на приоритетните проблеми во градот и промоција на одржлив, рационален урбан развој. Во ...

Железничко депо „Лисиче“ 07.11.2024 • ХХ век / II половина Депото на Македонски Железници е позиционирано на границата меѓу Општината Аеродром и Општината Кисела Вода, надолжно до меѓународната и регионална пруга Скопје – Гевгелија. Во комплексот постојат повеќе објекти, од кои најдостапен визуелно кон населбата 11 Октомври-бараки е таканаречената „Влеча на возови“ или „Ложионица“. Станува збор за објект кој се развива во должина од 305 ...

Арабати баба теќе / XVI век 30.10.2024 • XVI - XIX век Година: 1538 Локација: Тетово Арабат Баба или Серсем Али Баба теќе е дервишко теќе кое се наоѓа на излезот од Тетово кон Гостивар, во подножјето на планината Шара. Теќето е изградено во првата половина на 16 век, во 1538 година. Овој комплекс е единствен ваков пример на територијата на Балканот и Мала Азија. Територијата на теќето е затворена со ѕидови, на места зајакнати со кули, а на ...

Новата вертикала на Бања Лука 08.10.2024 • Од регионот Во денешната објава пренесуваме четиво од страната gradnja.rs кое известува за доградбата на Хотелот Палас во Бања Лука (БИХ). Со повременото известување за случувањата во регионот, се обидуваме да укажеме на краткогледоста на македонското општество. На Скопје одамна му недостасува визија, додека останатите македонски градови се застанати децении наназад во сопственото градско дообликување. ...

Леснотијата на сечењето дрва 17.09.2024 • Пејсаж Темата со градското зеленило е во фокусот на Скопје повеќе од 20 години. Се загубија многу зелени површини, се пренаменија паркови во градежно земјиште, се исекоа многу дрвореди. Но она за кое не зборуваме доволно, а учествува во вкупниот број на дрва и придонесува за општата состојба на воздухот е губењето на дворското зеленило со изградба на секоја една зграда на местото на куќа. Градот губи ...

ВЕЧЕРВА ОДБЕЛЕЖУВАМЕ 10 ГОДИНИ МАРХ МАКЕДОНСКА АРХИТЕКТУРА 23.11.2024 • Информации МАРХ слави 10 години! За да го одбележиме нашиот 10-годишен јубилеј, со задоволство најавуваме прослава исполнета со настани кои го слават минатото, сегашноста и иднината на архитектурата во Македонија. Овој јубилеј има за цел да ја обедини архитектонската заедница во еднодневен настан кој ќе се одржи во просториите на Public Room на 23-ти ноември со почеток во ...

Да се претставиме одново: Запознајте го тимот на МАРХ 22.11.2024 • Информации МАРХ не е само збирка статии и фотографии, туку платформа за едукација, инспирација и дискусија каде јавноста може директно да се вклучи. Стотици часови истражување, собирање на информации, уредување на објави, фотографирање на објекти и креирање на објави влегуваат во она што вие го гледате денес. Зад сцената стои посветен тим на индивидуалци што неуморно работи за ...

Артемушкин и Скопје / Чаусидис, Ефремовски 20.11.2024 • Информации Литература Наслов: Артемушкин и Скопје / Архитектонско творештво меѓу двете светски војни Aвтори, издавачи и уредници: Ноеми Чаусидис, Мартин Ефремовски Технички уредник: Матеја Николиќ Лектура: Маја Катарова Превод: Александра Кујунџиска Печатница: Датапонс дооел – Скопје Фотографии од денешна состојба: Димо Попчев, Борис Јурмовски, Александар Балдазарски Оваа публикација ја ...

Изложба „Македонска Архитектура 1974-2024“ 19.11.2024 • Информации Оваа година одбележуваме важни јубилеи: 10 години од формирањето на МАРХ, 50 години од изложбата „Македонска архитектура“ организирана од Сојузот на архитекти на Македонија, како и една деценија од проектот „Скопје 2014“. МАРХ започна скромно, но со амбициозна мисија – зачувување и промоција на македонската архитектура преку создавање дигитална архива на минатото, анализирање на ...

Рагледниците како архитектонски медиум: Кои се нашите досегашни изданија? 18.11.2024 • Информации Во дигиталната ера, каде што екраните доминираат во комуникацијата, разгледниците остануваат потценет, но моќен медиум за раскажување приказни. Тие го доловуваат духот и културата на едно место, нудејќи уникатен начин за промоција на архитектурата. Нивната физичка природа создава тактилно искуство што ја зајакнува поврзаноста со сликата, ...

10 дена до 10 години! 14.11.2024 • Информации МАРХ слави 10 години! За да го одбележиме нашиот 10-годишен јубилеј, со задоволство најавуваме прослава исполнета со настани кои го слават минатото, сегашноста и иднината на архитектурата во Македонија. Овој јубилеј има за цел да ја обедини архитектонската заедница во еднодневен настан кој ќе се одржи во просториите на Public Room на 23-ти ноември со почеток во 18:00 часот. Настанот е отворен за ...

13 НОЕМВРИ – 80 години од ослободувањето на Скопје 13.11.2024 • ХХ век / I половина ХХ век / II половина Денес прославуваме 80 години од ослободувањето на главниот град на Македонија – Скопје. За овој датум најчесто се навратуваме кон споменикот „Ослободителите на Скопје“, како едно од позначајните монументални скулпторски одбележја на градот. „Ослободителите на Скопје “/ Мирковиќ Овој пат се потсетуваме и на објавите поврзани со објектите и ...

„Прошетка низ архитектурата од пред земјотресот“ – едукативна тура како најава за книгата „Артемушкин и Скопје“ 10.11.2024 • Информации Со задоволство ви ја најавуваме нашата нова архитектонска публикација „Артемушкин и Скопје“, која го истражува творештвото на еден од најголемите градители од периодот меѓу двете светски војни. Додека го заокружуваме печатењето на самата книга, ви нудиме уникатна прошетка низ нејзината содржина. Настанот ќе се ...

Салата „Длаборез“ 09.09.2024 • Ентериер и мебел Во Македонија е вистинска реткост да пронајдете сочуван ентериер од минатите епохи и стилови. Што од негрижа, немање државна стратегија за културното наследство, дотаму и до изгубеното чувство за фамилијарните традиции, куќи и богатство. Со скопскиот земјотрес особено исчезнува цел еден свет на архитектура и ентериери, мебел и декорации. Уште поголема реткост е да најдете оригинален ентериер ...

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ЕXPO/БАЗАР ЗОНА НА „10 ГОДИНИ МАРХ“ 17.10.2024 • Информации 🎂„10 ГОДИНИ МАРХ-МАКЕДОНСКА АРХИТЕКТУРА“🎂 Платформата МАРХ оваа година го слави својот десетти роденден. Десет години од основањето на единствената македонска веб страна за архивирање и промоција на македонската архитектура пред пошироката јавност. Целта на МАРХ е да се влијае едукативно, стремејќи се да се покажат домашните вредности кои се скриени или ...

Мостот без панорамско тркало 27.09.2024 • Став Урбана опрема Урбанизам Пешачкиот мост на Вардар кој ги врзува левиот и десниот кеј на Вардар помеѓу Македонскиот Народен Театар и Мепсо, претставува уште една од редицата непромислени интервенции во Малиот Ринг. Тој урбанистички секако дека беше потребен но неговата појавност од аспект на естетика, габарит, обликување е тоа што е проблем. Замислен како мост со панорамско тркало во времето на ...

Урбанистичките настојувања / Пецовски 24.10.2024 • Литература Урбанизам Четивото „Урбанистичките настојувања“ на архитектот и урбанист Душан Пецовски е дел од повеќе написи кои се вклучени во изданието посветено на изложбата „МАКЕДОНСКА АРХИТЕКТУРА“ која се оддржала во 1974та година, во Музејот на современа уметност, одбележувајќи 30 годишнина од ослободувањето и формирањето на македонската држава, а со тоа и 30 години современа македонска ...

Промоција на монографијата „ARtCHITECTURE“ на архитект Ѓоко Радовановиќ 16.10.2024 • Изложби На 15 октомври во Културно информативниот центар во Скопје се одржа промоцијата на монографијата за животот и делото на архитект Ѓоко Радовановиќ, насловена како ARtCHITECTURE. Како што и самиот наслов поентира, монографијата во себе ги содржи сите негови дела низ годините, вклучувајќи ги и оние во областа на уметноста. Како автори на оваа монографија ...

Прилеп и Куманово 11.10.2024 • ХХ век / II половина Денес го прославуваме 11 Октомври, денот на народното востание за слободна Македонија, кое започнало со првите пушки во Прилеп и Куманово. Во чест на овoj датум, значаен за македонската историја подигнати се повеќе споменици, одбележја и костурници. Могилата на непобедените претставува меморијален комплекс во спомен паркот на Револуцијата во Прилеп. Комплексот е изграден во 1961 година во чест ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
5.14
59%
1011
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
5.14
50%
1009
weather icon

Загреб

15ᴼ / 14ᴼ
1.03
80%
1008
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
4.63
50%
1012
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
2.19
51%
1014
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
97%
1008
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
2.68
76%
1012
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
37%
1012
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
0.0
42%
1012
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
54%
1013
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.58
80%
1010
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
42%
1015
Currency

61.6217

Currency

52.9633

Currency

70.9274

Currency

34.3556

Currency

37.6708

Currency

66.7907

Currency

7.43901

Currency

0.65463

Currency

0.3504

Currency

0.52568

Currency

1.262

Currency

0.6035