Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Алијансата за Албанците оценува дека последните резултати од микробиолошките анализи на водата од четири мерни точки во Гостивар покажуваат дека ситуацијата се подобрува и е во процес на стабилизација. Ги повикуваат граѓаните и понатаму да се придржуваат до препораките на надлежните институции и информациите да ги добиваат од официјални извори. „Нивната загриженост е целосно разбирлива и оправдана, но во овој момент се потребни смиреност, ...
Денеска до 18:00 часот биле регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи. Од нив активни се 4 пожари, 2 пожари се под контрола, а 8 пожари се изгаснати . Активни пожари според ЦУК има во Општина Штип – с. Пенуш (депонија); Општина Прилеп – с. Локвени (ниска вегетација и шума); Општина Крушево – с. Јакреново (нискостеблеста шума); Општина Крушево – с. Пресил (ниска вегетација). Пожари под ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупреди дека ново невреме, кое во моментов се движи од Албанија и Косово, се приближува кон Македонија. Според најавата, за разлика од претходното невреме кое беше проследено со силен ветер, овој атмосферски систем, според најавеното, може да донесе пообилни врнежи од дожд и појава на град. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупреди дека ново невреме, кое во моментов се движи од ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Македонско-индискиот бизнис форум, организиран во рамките на официјалната посета на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму. Според Сиљановска-Давкова, посетата е силен поттик за интензивирање на економската соработка преку поврзување на македонската и индиската бизнис-заедница. „Економскиот подем на Индија и визијата „Виксит Бхарат 2047“ природно се надоврзуваат на ...
Силното невреме проследено со силен ветер кое го погоди Скопје, остави зад себе паднати дрвја и искршени гранки низ повеќе локации скопска Кисела Вода. од таму известуваат дека Кризниот штаб на општината е веднаш активиран, а сите расположливи служби се веќе излезени на терен. „Во моментов интензивно се работи на сечење и отстранување на паднатите дрвја и расчистување на блокираните улици и јавни површини. За побрзо и поефикасно санирање на ...
Иран денес ја предупреди Бугарија да не им дозволува на САД да ја користат нејзината територија за воени операции против Техеран, откако бугарската влада објави дека ќе побара парламентарно одобрение за распоредување американски авиони за полнење гориво во земјата. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, изјави дека секоја активност што би овозможила американски напади врз Иран би претставувала соучество во ...
Општина Центар информира дека сите расположливи служби се максимално мобилизирани и интензивно работат на расчистување и санирање на последиците од силното невреме што го зафати градот. “Веднаш е свикан кризниот штаб, по што уследија теренските активности. Приоритет се јавните површини, општинските сервисни улици и отстранувањето на откорнатите дрва и оштетените покривни конструкции. Во моментов, активностите се најинтензивни во Капиштец, ...
Силниот ветер што го зафати Скопје предизвика штети речиси во сите скопски населби. Откорнати покриви, паднати дрвја, искинати кабли за струја, беа сликите кои граѓаните ги објавуваа на социјалните мрежи. На улицата Цветан Димов во скопски Чаир речиси и да не може да се помине од искршени гранки, реагираат жителите. Една лента на улицата според сведочењата е нефункционална, затрупана со паднати гранки, по цела должина. Нема улица во ...
Демократскиот сојуз смета дека е од исклучителна важност за надминување на состојбите со загадениот водовод во Гостивар со прогласување на кризна состојба во Гостивар. Очекуваaт координирани и ефектни мерки за заштита на здравјето на граѓаните и нормализирање на водоснабдувањето, како и дополнителни мерки за спречување на ширење на инфекцијата преку консумирање на храна во рестораните и други објекти кои произведуваат леб, пијалаци и друго. ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, како дел од владината делегација, заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, министерот за здравство Сашо Клековски, директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски и портпаролката на Владата Марија Митева, престојуваше во Гостивар, каде беа реализирани активности за координација на институциите и преземање мерки за надминување на ...
Во моментов невреме со пороен дожд и грмежи има во Скопје и Куманово. До крајот на денот и во вечерните часови ќе се задржи нестабилноста проследена со пороен дожд, грмежи и засилен до силен ветер. Ќе има услови за невреме со појава на град. Во текот на ноќта се очекува стабилизација. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава ...
Невремето го турна крстот на црквата “Св. Јован” во Бутел, откорнати покриви, паднати дрвја и искинати кабли за струја пријавуваат скопјани. За десетона минути орканскиот ветер што го зафати Скопје предизвика штети во сите скопски наделби. Граѓани од Бутел 1 пријавија дека ветрот го турнал крстот на црквата “Свети Јован Крстител”, а крстот на камбанаријата, пак, е извиткан. Скопјани од црл град на социјалните мрежи објавуваат снимки и ...
Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица се движи кон Скопје и Куманово, предупреди попладнево УХМР. Правецот на движење, според соопштеното е од северозапад кон југоисток. Дел од жителите во Скопје според објавеното на социјалните мрежи информираат за силен ветер кој носи се пред себе. Попладнево и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски објави дека Град Скопје е подготвен да се справи со невремето. Невреме со ...
Демократска обнова на Македонија (ДОМ) посочува дека лоцирањето на конкретните сторители за загадувањето на водата во Гостивар е неопходен, но недоволен чекор. Овој скандал, додаваат од партијата, не смее да се затвори само со индивидуална одговорност, бидејќи вистинскиот виновник е целосно нефункционалниот систем. Според ДОМ, партизацијата, клиентелизмот и нестручноста во институциите создадоа околина во која јавното здравје е континуирано ...
Утрово околу 04:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Џон Кенеди“, целосно е опожарено патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.С.(34). Од пожарот биле зафатени и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.Х.(34) и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(50). Исто така, од пожарот оштетен е и дел од фасада на зградата и прозорци ...
Град Скопје е подготвен за најавеното силно невреме, објави на „Фејсбук“ градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски заедно со фотографии од чистење шахти и сливници низ градот. Тој доби силни забелешки и од граѓаните и од опозицијата по невремето од почетокот на месецов кога јавниот сообраќај сопре, неколку скопски населби до кои се стигнува преку подвозници и кружни текови останаа отсечени од градот и имаше стотина пријави за поплави. ...
Од Демократската унија за интеграција загрижени поради загадувањето на водата во Гостивар и сериозниот ризик што, како што велат, оваа состојба го претставува за здравјето на граѓаните. Како што потенцираат од оваа партија, безбедноста на водата за пиење е основно човеково право, а секој институционален пропуст во нејзиното гарантирање е неприфатлив. „Надлежните институции мора веднаш, одговорно и со целосна транспарентност да постапат за да ...
Во СВР Скопје синоќа во 20:25 часот било пријавено дека на подрачјето на Карпош паднало дрво и со тешка телесна повреда се здобила К.М.(86) од Скопје. Жената била пренесена во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Исто така, граѓанин пријавил дека, додека ја барал чантата на повредената, пронашол експлозивна направа, која подоцна била подигната од местото за понатамошна постапка. Известен бил јавен ...
Вчера околу 15:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на локалниот пат Кочани – Брана Гратче се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со кочански регистарски ознаки, управувано од И.Б.(51) од Кочани и велосипед управуван од Д.Ѓ.(65) од Кочани. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал велосипедистот, а лекар од Итната медицинска помош Кочани констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на ...
Пред една година Левица јавно укажа на сериозни сомнежи за злоупотреба на програмите за самовработување во Агенцијата за вработување во Пробиштип, раководен од Илија Петковски – Џани, воедно и претседател на локалната организација на ЗНАМ, велат од партијата Левица и нагласуваат дека власта сега потврдила дека нивните предупредувања не се само политички обвинувања. „Тогаш објавените податоци разоткрија дека средствата наменети за поддршка на ...
На денешната седница, на предлог на министерот за здравство, Сашо Клековски, Владата го именува Златко Перински за вршител на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија. „Перински е магистер по менаџмент на човечки ресурси. Во својата професионална кариера ја извршуваше функцијата министер за локална самоуправа, генерален директор на ЈП ‘Водовод и канализација’ – Скопје, како и управител на СЦ ...
Владата на денешната 195 седница, на предлог на Управувачки комитет во состав на министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за здравство Сашо Клековски, министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Ангелов, како и надворешните членови министерот за животна ...
Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис, извести Министесртвото за здравство Во Општа болница Гостивар се регистрирани 111 нови прегледи на инфективното одделение, 65 нови прегледи на педијатриското одделение и 7 прегледи ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска заедно со Директорката на инспекторатот за животна средина (ДИЖС) Ивана Гиновска и Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов, одржаа прес-конференција во врска со наодите од увидот на ДИЖС во Гостивар. „Во име на Владата дозволите пред се да ја изразам својата загриженост за сите заболени граѓани од Полошкиот регион. Како институции, будно ...
Пред голем број на претставници на бизнис секторот, заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, денес во Кочани ги презентираше придобивките од Оперативниот план за вработување за 2026 година и го објасни јавниот повик од мерката „Вработување и раст на правни субјекти“. „Со мерката ‘Вработување и раст на правни субјекти’ е предвидена поддршка во креирање на нови работни места во микро, мали и средни претпријатија, социјални ...
ВМРО-ДПМНЕ одговори на тврдењата од СДСМ дека без ребаланс нема да има пари ни за плати ни за пензии. Преку соопштение за јавноста партијата уверува дека СДСМ шири паника и измислува непостоечки финансиски проблеми. „СДС повторно се обидува да создаде паника таму каде што нема проблем. За економијата не се зборува со измислици и политички конструкции, туку со факти и бројки. А фактите се јасни, министерката за финансии во ниту еден момент не ...
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Арсова, денес направи пресек на с è она што Владата го презема за унапредување на системот за социјална заштита. Како најзначајна измена го наведе целосното реформирање на наследениот системски проблем во начинот на функционирање на системот за социјална заштита со воведување ново софтверско решение за интегрирано администрирање на паричните права, социјалните услуги и јавните овластувања. „Новиот систем ...
39 дена фудбал и вкупно 104 одиграни натпревари на Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико, донесоа многу незаборавни моменти. Агенцијата АП ги издвои најважните моменти од турнирот. Најубавиот гол на првенството pic.twitter.com/gy1TTKk09y — OvoOno (@OvoOnoX) July 21, 2026 Најубавиот гол на првенството го постигна репрезентативецот на Зелено’ртските Острови, Сидни Лопес Кабрал во 1/16 финалето против ...
Има ли срам Валбон Лимани градоначалникот на Гостивар кој вели дека не чувствува никаква морална одговорност за скандалот со водата, праша Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Кандидатот на Филипче, Ахмети и Таравари, Валбон Лимани вчера вели дека за скандалот со водата во кои директно беше погоден целиот град Гостивар, не чувствува никаква морална одговорност. Па со кое лице излегува пред неговите сограѓани и без срам и образ, вели ...
Францускиот возач Фабио Квартараро ќе вози за фабричкиот тим на Хонда во шампионатот Мото ГП следната сезона. Хонда официјално објави дека Фабио Квартараро е нивниот нов возач и дека двете страни потпишале двегодишен договор, па тој ќе биде носител на нивниот нов голем проект. Формализирањето на соработката беше одложено поради договорот на производителите да не објавуваат никакви информации за пазарот на возачи пред потпишувањето на ...