Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Еден од најважните аргентински дефанзивци во изминатите години, Николас Отаменди, објави дека ја завршува репрезентативната кариера. Искусниот стопер по 17 години повеќе нема да го носи дресот на „гаучосите“. Отаменди се прости од репрезентацијата неколку дена по финалето на Светското првенство во 2026 година, кое воедно беше и негов последен настап за Аргентина. За националниот тим одигра 139 натпревари и беше еден од клучните фудбалери во ...
Општина Ѓорче Петров и оваа година продолжува со мерките за поддршка на семејствата и вложувањето во образованието, обезбедувајќи сеопфатен пакет за секое прваче кое ќе ја започне новата учебна година. Секое прваче ќе добие бесплатен училишен ранец со училишен прибор, финансиска поддршка во износ од 3.000 денари, како и бесплатна училишна ужинка, со цел децата да имаат еднаков и достоинствен почеток на своето образование. -Првиот училишен ...
СДСМ побара вонредни анализи на водата за пиење во Велес и околните населени места, како и проверка на квалитетот на водата во сите градови и општини во државата. „Конкретно во Велес СДСМ побара да се проверат сите водоводи поради тоа што последните наоди и стручни мислења коишто се јавно објавени покажуваат дека скоро секаде во селските водоводи има Escherichia coli индикатор за фекално загадување“, велат од партијата. СДСМ бара и на ...
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека ја злоупотребува состојбата со водоснабдувањето во Гостивар за политички цели и дека шири паника и дезинформации меѓу граѓаните. Во партиското соопштение се наведува дека СДСМ, предводена од Венко Филипче, наместо да понуди решенија, ја користи актуелната состојба за политички маркетинг и создавање вознемиреност кај јавноста. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека владините институции реагирале навремено и дека проблемот ...
Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, ќе се брани од слобода откако Основниот кривичен суд Скопје ја прифати понудената гаранција во износ од над 1,15 милиони евра. Како што соопшти Судот, гаранцијата се состои од засновање хипотека врз недвижен имот, а истовремено му е определена мерка на претпазливост – одземање на патната исправа, со цел да се обезбеди неговото присуство во понатамошниот ...
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот Регион да не биде впишан на Листата на светско наследство во опасност, со што го задржа статусот на заштитено светско културно и природно наследство. Со одлуката, на државата ѝ е даден дополнителен рок од вкупно пет години за спроведување на препораките за заштита на природното и културното наследство. Македонската делегација, предводена од амбасадорот Игор Николов, ја потврди ...
Светското првенство штотуку го доби својот шампион, а фудбалскиот свет веќе го тресе голем скандал. Меѓународното советодавно тело „Group of Copenhagen“, специјализирано за откривање и спречување местење натпревари, објави извештај во кој наведува дека дури седум ситуации од штотуку завршениот Мундијал биле означени како сомнителни и поврзани со нерегуларности на обложувалниците. Како што пренесува The Athletic, сомнителните обрасци на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп е сè пофрустриран од војната со Иран, која влегува во петтиот месец, а негови советници стравуваат дека конфликтот може да го обележи вториот мандат и негативно да влијае врз републиканците на претстојните избори за Конгресот, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на извори запознаени со случувањата. Според весникот, Трамп сè помалку верува дека преговорите можат да донесат траен мир и сега смета ...
СДСМ побара оставки oценувајќи дека случајот со загадената вода во Гостивар не е изолиран инцидент, туку доказ за, како што наведува партијата, системски пропусти во заштитата на јавното здравје. Во соопштението СДСМ тврди дека, покрај Гостивар, небезбедна за пиење е и водата во Валандово и Крушево, како и дека во Болницата за белодробни заболувања во Лешок биле пронајдени колиформни бактерии. Партијата поставува прашања дали биле преземени ...
Осмото издание на Меѓународниот фестивал „Фолк Фест Скопје 2026“ синоќа заврши на Плоштад „Скендербег“, со финална вечер исполнета со музика, танци и традиции од различни земји во светот. По настапите на ансамблите учесници, Грузија беше прогласена за победник на фестивалот, а пехарот за првото место го врачи градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. Мексико го освои второто место, додека Летонија се пласираше на третото место. ...
Петнаесет години по смртта на Ејми Вајнхаус, нејзината мајка Џенис изјави дека пејачката станала „жртва на сопствениот успех“ и дека славата никогаш не била нешто што го посакувала. „Не го сакаше тоа, но славата едноставно ја следеше“, рече Џенис во интервју, додавајќи дека Ејми била несигурна и дека токму затоа алкохолот ѝ станал начин привремено да ја ублажи болката. По смртта на пејачката во 2011 година, семејството ја основало ...
Ривалството меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал останува едно од најголемите во историјата на тенисот. Двајцата одиграа рекордни 60 меѓусебни натпревари, а српскиот тенисер има 31 победа, наспроти 29 на Шпанецот. Надал изјави дека против Роџер Федерер имал јасен тактички план, но дека против Ѓоковиќ не можел да пронајде очигледна слабост. „Против Новак немам такво чувство“, призна Надал. Тој објасни дека за победа над Ѓоковиќ било неопходно ...
Полицијата приведе возач почетник на автопатот Скопје–Тетово, кај клучката Кондово, кој управувал„фолксваген артеон“ со брзина од 211 километри на час. При сообраќајната контрола, извршена со радар, било утврдено дека И.А. (18), како возач-почетник, возел повеќе од двојно над максимално дозволената брзина од 100 километри на час на автопат. Од МВР соопштија дека поради стореното кривично дело возилото е одземено, а лицето е лишено од ...
Земјотрес со магнитуда од 4,5 степени ноќеска ја погоди Австрија, со епицентар во областа Земеринг, а беше почувствуван и во делови од Словенија. Според австриската геолошка служба, потресот бил на длабочина од четири километри, а граѓаните пријавиле дека се почувствувал во источниот дел на Долна Австрија, Штаерска, како и во Виена. Во земјотресот е причинета помала материјална штета, а пожарникарите интервенирале поради одрони од карпи на ...
Вечерва, 24.07.2026г. (петок), со почеток во 20:30 часот во Салон 19’19 (Културно информативен центар) ќе се одржи камерен концерт на Алтус НЗ Ансамбл насловен „Континуитет“. Учествуваат: Гонца Богоромова Краповски – сопран, Елена Стојческа – флејта, Игор Иванов – кларинет, Мартин Димитров – виолина, Александар Лаовски – виола, Паскал Краповски – виолончело, Маријана Николовска – пијано, Roman Petiot – гитара, Pascal Gallois – уметнички ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ги доведе во прашање снимките и фотографиите поврзани со воздушниот напад врз училиште за девојчиња во јужен Иран, во кој, според извештаите, загинаа 120 деца и десетици наставници и родители. Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп изјави дека е можно снимките на кои се гледаат остатоци од американски ракети „Томахавк“ да се генерирани со вештачка интелигенција. Trump is now calling evidence of US bombing of ...
Со јасна цел, создавање професионален, ефикасен и модерен јавен сектор кој ќе биде вистински сервис на граѓаните, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години презеде конкретни и суштински чекори за реформа на јавната администрација, велат од владејачката партија утрово преку соопштение. „Усвојувањето на Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за стручно усовршување и обука на ...
Младиот австралиски репрезентативец Кристијан Волпато се најде во центарот на голем скандал во Сиднеј, откако наводно бил позитивен на кокаин при рутинска сообраќајна контрола, пренесуваат локалните медиуми. Според информациите, 22-годишниот фудбалер бил запрен во своето купе „БМВ“ околу еден часот по полноќ на познатиот мост Анзак. Причина за запирањето било пречекорување на дозволената брзина – Волпато возел 109 километри на час во зона ...
Според бројни традиции и психолошки толкувања, четири хороскопски знаци се издвојуваат по својата ментална сила, отпорност и способност да се справат со стресот. Овнот е познат по борбеноста и способноста да остане смирен и во најтешките ситуации. Бикот се издвојува со дисциплина, трпение и истрајност, што му помага да ги остварува своите цели. Лавот има храброст да биде свој и не потклекнува лесно под притисокот од околината. Рибите, пак, ...
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, ги оцени како неосновани обвинувањата на Вашингтон дека ЕУ недоволно ги спроведува забраните за принудна работа, по воведувањето нови американски царини, пренесе Ројтерс. Калас изјави дека Европската Унија не очекувала да биде опфатена со новите мерки и најави дека Брисел ќе побара појаснување од американската администрација. „Имавме договор со Америка и се ...
Њујоршката полиција истражува напад со нож во кој вчера на Менхетен беа повредени двајца мажи – еден со азиско, а другиот со еврејско потекло – откако сведоци и жртвите изјавиле дека напаѓачот за време на нападот извикувал „Алаху акбар“. Полицијата го уапси 51-годишниот Раул Моралес, а мотивот за нападот сѐ уште се истражува. Според првичните информации, можно е психичката состојба на осомничениот да имала значајна улога во инцидентот. ...
СДСМ ја обвини Владата и ВМРО-ДПМНЕ дека поради, како што наведува, институционални пропусти во случајот со загадената вода во Гостивар, последиците сега ги трпат и приватните бизниси. Партијата посочува дека, според податоците на Агенцијата за храна и ветеринарство, досега се изречени 30 казни и 12 забрани за работа, при што засилените инспекциски контроли продолжуваат. „Ниту еден од овие луѓе не е виновен. Тие се жртви на туѓа грешка“, ...
Тест-модел на „Опен АИ“ за време на интерна проверка на сајбер-безбедност успеал да излезе од изолираното тест-опкружување и да пристапи до сервери на платформата Hugging Face, објави CNN. Претседателот на „Опен АИ“, Грег Брокман, изјави дека компанијата спроведува детална истрага за да утврди како дошло до инцидентот. Според CNN, моделот искористил дотогаш непозната ранливост во софтвер од трета страна, пронашол пристап до интернет и до ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп претстави нов план за оданочување на увозот, како одговор на одлуката на Врховниот суд кој претходно оваа година ги блокираше неговите најагресивни царини. Трамп тогаш најави дека ќе најде други начини за спроведување на својата трговска политика, објави Си-ен-ен. Канцеларијата на американскиот трговски претставник соопшти дека од петок во 00:01 часот по локално време ќе стапат во ...
Логистички центри на најголемата руска онлајн продавница Wildberries, позната како „рускиот Амазон“, во Санкт Петербург, Твер и на окупираниот Крим биле погодени во напад со украински беспилотни летала, објави Kyiv Independent, повикувајќи се на руски извори. Гувернерот на Санкт Петербург, Александар Беглов, потврди напад со дронови врз објекти на цивилната инфраструктура, додека гувернерот на Ленинградската област соопшти дека во нападот ...
По неколкуте успешни гостувања на одлични солисти и ансамбли со различна жанровска програма за кои публиката покажа голем интерес, синоќа репертоарот на класична музика на 66. „Охридско лето“ повторно беше исполнет со импресивен настап на Камерниот оркестар на Националната Опера и Балет под диригентската палка на Бисера Чадловска и сопранот Наде Талевска која беше солист на вечерта. Професионализмот и големиот креативен потенцијал на ...
Пијано дуото Денис Расел Дејвис и Маки Намекава вечерва ќе настапи на традиционалната Австриска вечер на фестивалот „Охридско лето“ која се одржува со поддршка на Австриската амбасада во земјава. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Денис Расел Дејвис и Маки Намекава прв пат концертно соработуваат во 2003 година. По нивниот одличен настап на Фестивалот „Арс Електроника“ во Линц, двајцата одлучуваат да ...
Околу 20.000 луѓе се евакуирани од југозападна Франција, каде што голем шумски пожар продолжува да се шири низ регионот Жиронд, јавува BBC. Огнената стихија досега уништила околу 3.400 хектари земјиште во близина на заливот Аркашон. Во гаснењето на пожарот се вклучени околу 700 пожарникари, а најголем дел од евакуираните се туристи сместени во кампови на полуостровот Леж-Кап-Фере. Властите соопштија дека евакуацијата се одвива без повредени, ...
Градоначалникот на мексиканскиот град Темоак, Валентин Лавин Ромеро, е убиен во вооружен напад во зградата на градската управа, пренесува „Гардијан“. Според властите, напаѓачите среде бел ден влегле во општинската зграда, го застрелале градоначалникот и побегнале со мотоцикл. Засега не се познати мотивот и сторителите, а обвинителството најави темелна истрага. Лавин Ромеро во јануари годинава преживеал претходен обид за атентат, кога бил ...
Британската влада соопшти дека вооружените сили се подготвени да ја заштитат земјата од каков било напад, откако Иранската револуционерна гарда го предупреди Лондон поради дозволата американски бомбардери да користат британски воени бази. „Обединетото Кралство е подготвено 24 часа на ден, седум дена во неделата да се брани“, изјави портпарол на британската влада. Тој нагласи дека одбраната се темели на повеќеслоен систем за противвоздушна и ...