Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Украина се согласи да извезува дронови во САД за да учествува во програмата на Пентагон „Доминација со дронови“, потврди извор запознаен со преговорите за „Ројтерс“. Договорот е постигнат додека Киев и Вашингтон преговараат за поширока соработка во областа на беспилотните летала. Засега нема официјални коментари од Киев или Вашингтон за ова, пишува „Ројтерс“. Успехот на украинските дронови во војната против Русија предизвика голем интерес ...
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и во источните делови, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне ...
Полициски службеници од СВР Тетово вчера во селото Јегуновце уапсија 16-годишен малолетник од село Радуша оти без возачка дозвола управувал патничко возило „фолксваген голф“ со германски национални ознаки и излетал од патот. Возилото е одземено и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. Полициски службеници од СВР Тетово вчера во селото Јегуновце уапсија 16-годишен малолетник од село Радуша оти без возачка дозвола ...
СВР Штип поднесе кривична пријава против К.Л.(34) од Германија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работа од безбедноста“. МВР извести дека во саботата, на 18.07.2026 година, на улицата Гоце Делчев во Штип, пријавениот физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија. СВР Штип поднесе кривична пријава против К.Л.(34) од Германија поради постоење основи на ...
Принцот Џорџ наполни 13 години, а неговите родители, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, во оваа пригода објавија нов портрет и кратко видео што ја прикажува порелаксираната и авантуристичка страна на идниот британски крал. Принцот и принцезата од Велс на тој начин ја продолжуваат традицијата што ја започнаа за првиот роденден на Џорџ, кога почнаа да споделуваат фотографии и моменти од неговиот живот со јавноста. View this post on Instagram A ...
Македонскиот пејач Мартинијан Кириловски ја претстави Македонија на едно од најзначајните регионални музички случувања – фестивалот „Бисер Јадрана 2026“, кој се одржа на 18 јули во Тиват, Црна Гора. Со сигурен сценски настап и моќна интерпретација, Кириловски остави силен впечаток кај публиката, колегите и музичките професионалци, потврдувајќи дека чекор по чекор го гради своето име и надвор од македонските граници. На фестивалската вечер ...
Иран упати директно предупредување до Бугарија поради најавеното распоредување на американски воени авиони на нејзина територија. Техеран ѝ порача на Софија дека не смее да дозволи Бугарија да стане база за операции против Иран, објави Euronews. Предупредувањето се однесува на предлогот на бугарската влада привремено да стационира до осум американски авиони танкери за полнење гориво во воздухопловната база Безмер на југоистокот од земјата. ...
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија – Куманово поднесе кривична пријава против С.С.Ф. (50) од Германија, К.С.(44) од Србија и против Х.Ф.А. (48) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа’’. Тројцата во саботата, на 18.07.2026 на граничниот премин Табановце, на влез во државата, на полицајците им дале фалсификувана хрватска возачка дозвола, фалсификувана ...
Денес Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ повторно го пушти во употреба одделението за трауматологија, овој пат реновирано, со 200 илјади евра од својот буџет и 30 евра донации. Директорот на болницата, Небојша Настов, кажа дека е горд оти завршила реконструкцијата на последниот необновен дел од болницата. „Горд сум што можам да најавам дека конечно заврши реконструкцијата на последниот оддел којшто беше ...
Невладината организација Новинари за човекови права ги повикува сите граѓани на Гостивар кои во изминатиот период почувствувале здравствени симптоми за кои сметаат дека може да бидат поврзани со состојбата со водата, да достават информации и расположлива документација до нашата организација. Граѓаните може да достават: опис на здравствените симптоми; лекарски извештаи и медицинска документација; лабораториски резултати; сметки и докази за ...
Скопските градоначалници и Кризниот штаб на Град Скопје денеска одржаа состанок на кој ги сумираа штетите и последиците од силното невреме што вчера го зафати главниот град. Градоначалникот, Орце Ѓорѓиевски, кажа дека Градот Скопје има свој солидарен фонд во кој што има обезбедено средства за обештетување на граѓаните при вакви состојби. „Вчера беше исклучително тежок ден за Скопје. Орканскиот ветер, со удари до 130 километри на час, ...
Сагата околу иднината на Леброн Џејмс продолжува, а според поранешниот НБА играч Кендрик Перкинс, причината за чекањето не е од финансиска природа. Перкинс тврди дека при изборот на нов клуб, четирикратниот НБА шампион првенствено не ја зема предвид висината на договорот, туку колку добро би му одговарала околината нему и на неговото семејство. „Рич Пол ми рече: „Перк, слушај, ова нема никаква врска со пари. Кој и да е на врвот на листата ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, присуствуваа на церемонијата на откривање на бистата на Махатма Ганди во Музејот на Град Скопје, подарок од пријателска Индија и ја посетија Спомен-куќата на Мајка Тереза. Сиљановска-Давкова оцени дека бистата на Махатма Ганди, е израз на заемна почит и долгогодишно пријателство меѓу двете држави. Според неа, Махатма Ганди, како апостол на ...
Норвешкиот веслач Олаф Туфте, двократен олимписки шампион и еден од најголемите спортисти во историјата на таа земја, почина на 50-годишна возраст. Норвешките медиуми објавија дека семејството објавило дека Туфте бил пронајден во несвест на семејната фарма, по што бил итно префрлен во болница во Осло, каде што починал. Веста за неговата смрт ја потресе спортската заедница, а премиерот на Норвешка, Јонас Гар Стјоре, исто така, се збогува со ...
Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, стана првиот активен играч во речиси 75-годишната историја на Куќата на славните во кошарката „Најсмит“ кој доби своја постојана изложба. Новата изложба наречена „Стефен Кари: Надвор од лакот“ ќе се отвори за јавноста во петок во Спрингфилд, Масачусетс. View this post on Instagram A post shared by Golden State Warriors (@warriors) Кари не ги криеше своите емоции за историското признание. „Тешко ...
Труењето на граѓаните во Гостивар не е само резултат на погрешна техничка одлука или индивидуален пропуст, сметаат од Левица. Според досегашните наоди од истрагата, во водоснабдителниот систем била пуштена непречистена вода, Институтот за јавно здравје утврди присуство на фекални колиформни бактерии, а анализите покажаа и покачени концентрации на резидуален хлор, што укажува на обид за санирање на веќе настанатата контаминација. „Ова е ...
Министерството за јавна администрација, во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денес ја промовираше новата рамка за вработување заснована на заслуги, интегритет и компетенции, значаен чекор кон воспоставување модерен и професионален систем на вработување во јавниот сектор. Обраќајќи се пред претставници на институциите, дипломатскиот кор и меѓународните партнери, министерот за јавна администрација Горан Минчев истакна дека со ...
Министерството за локална самоуправа во рамки на координираниот институционален одговор на кризата со водоснабдувањето, итно обезбеди донација од 50.000 литри вода за пиење за жителите на Општина Гостивар. Денеска во Гостивар пристигна првиот од двата предвидени камиони со првите количини бесплатна вода. Испораката има за цел директно да ги задоволи основните потреби на населението додека траат мерките и препораките на надлежните служби. ...
Министерот за правда Јетон Шасивари и заменик на министерот за правда Ален Деребан се сретнаа со амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Михалис Рокас, на која беше разговарано за тековните реформски процеси во правосудството и напредокот на државата во евроинтегративниот процес. Министерот Шасивари ја истакна посветеноста на Министерството за правда кон спроведувањето на реформите во согласност ...
Од синоќа, во текот на целата ноќ, како и денес, екипите на Општина Чаир продолжуваат со работа на терен за санирање на последиците од невремето и што побрзо нормализирање на состојбата во погодените подрачја, соопштија од Општината. Сезонските работници, две екипи за сечење и кастрење дрвја, компанијата ангажирана од Општината, како и четири камиони, континуирано се ангажирани на расчистување на секундарните улици и јавните површини, како ...
Партнерството со земјоделците подразбира институциите да бидат присутни на терен и да дејствуваат координирано кога нивниот труд и производството се загрозени, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, при денешната посета на селата Дабиље и Пиперово во струмичкиот регион, каде што невремето предизвика штети врз градинарските култури. Министерот Серафимовски, заедно со градоначалникот на Општина ...
Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (21.07.2026 година) продолжи трендот на значително намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис. Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад” – Гостивар се регистрирани 60 нови прегледи на инфективното одделение, 37 нови прегледи на педијатриското одделение и 11 прегледи во ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свика состанок на Штабот за заштита и спасување, на кој присуствуваа сите раководители на сектори, претставници на МВР, ЈП ПОЦ и други надлежни служби. На состанокот беа донесени повеќе насоки за справување со последиците од силното невреме што ја зафати општината. Меѓу мерките што беа договорени се формирање комисија за проценка на штети, задолжение до сите куќни совети да ги проверат ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на прогласената кризна состојба во Гостивар и какви механизми и институционална помош ќе преземе Владата, рече дека интензивно се работи на решавање на проблемите. „Денеска во 12:30 часот ќе имаме состанок со Управувачкиот комитет за кризни состојби, ќе се донесат одлуки. Важно е сега откако полека, но сигурно ...
Продолжува да се намалува бројот на пациенти во Гостивар ко бараат лекарска помош. Министерот за здравство Сашо Клековски кажа дека бројката на граѓани кои бараат медицинска помош за еден ден се намалил за 100. „На темата на епидемијата во Гостивар, можам да кажам дека сме во понатамошен смирувачки тренд на епидемијата. Од вчерашната информација дека имавме околу 290 пациенти со прв контакт со доктор, денеска се 190 и соодветно. Значи имаме ...
Во Клиничкиот центар и во болницата „Св. Наум Охридски“ по вчерашното невреме лекарска помош побарале 33 повредени. 22 побарале помош во „Св Наум Охридски“, а 11 во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Најголем број од повредените биле со скршеници, еден бил опериран, а меѓу повредените е и еден турист. „ Во Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’, односно во ТОАРИУЦ, има згрижено 11 повредени од синоќешното невреме, од кои тројца се со посериозни ...
Блупринт групата за реформи во правосудството остро реагира за случувањата околу загадувањето на водата за пиење во Гостивар, која резултираше со забрана за користење на водата од градскиот водовод, прогласување на епидемија, а на 21ви јули Владата прогласи кризна состојба. Од таму сметаат дека овој случај не претставува само изолиран инцидент, туку сериозен индикатор за можни системски слабости. Начинот на кој институциите постапувале, ...
Претседателот на шпанската фудбалска Ла Лига, Хавиер Тебас, изјави дека првиот човек на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, треба да поднесе оставка за „уништување на фудбалската индустрија“ со проширување на меѓународните натпреварувања. Ова не е прв пат Тебас остро да го напаѓа Инфантино поради неговиот пренатрупан распоред на натпревари и неговото разгледување на предлогот за проширување на Светското првенство за ...
Англискиот фудбалер Морган Роџерс се пресели од Астон Вила во Челзи, објави клубот од Лондон. Како што претходно објави Би-Би-Си, трансферот е вреден 117 милиони фунти, а Роџерс стана најскапиот англиски фудбалер и најголемата куповина на Челзи. Англискиот фудбалер потпиша договор со Челзи до 2033 година. „Многу сум возбуден. За мене, Челзи е најголемиот клуб во Лондон и клуб на кој му се восхитувам уште од детството. Имаме добар менаџер и ...
Во Гостивар се случи масовно труење на граѓаните, институциите, системот, целосно потфрлија во заштита на здравјето на луѓето и за тоа мора да има и кривична и политичка одговорност, истакна на прес-конференција Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ. Граѓаните, вели таа, мора да ја знаат целата вистина, да знаат што се случило, зошто труењето не се спречило, каде затаиле институциите, зошто нивното здравје беше загрозено. „Сите ...