Министерството за економија и труд се уште не го добило извештајот од контролите на Пазарниот инспекторат, кој е потребен за да донесат мерки со кои ќе се влијае на цените на производите. Бесар Дурмиши, министер за економија и труд, рече дека со извештајот треба да се направи анализа на цената на околу 700 основни производи, почнувајќи од цената кај производителот, трошоците за дистрибутерот па се до крајната цена во маркетите. -Имавме ...

Како што потенцира, ќе се анализира фактура по фактура, секоја цена на 74 групи со 600-700 основни прехранбени производи, кои се дел од потрошувачката кошничка. „Ќе се врши детална контрола на 600-700 основни прехранбени производи, од набавната цена на производителот до продажната цена на трговецот, и ќе најдеме точно кои се индикаторите од кои произлегува таа цена, кај имаме поголемо зголемување и да видиме точно зошто се случува тоа“, рече ...