Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Британската економија стагнираше во јануари во споредба со претходниот месец, покажаа денес податоците од Британската канцеларија за национална статистика (ONS), а аналитичарите предупредуваат дека економијата е во опасност од рецесија поради повисоките цени на нафтата предизвикани од војната на Блискиот Исток. Според податоците од Британската канцеларија за национална статистика, бруто домашниот производ на Велика Британија не порасна во ...
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека владата планира да ja одобри резолуција што ќе овозможи користење на дел од програмата на Европската Унија за финансирање на одбраната „SAF“, и покрај ветото на претседателот на законот со кој се воспостави механизмот за распределба на парите. „Неизбежна е седница на Владата, за време на која ќе ја усвоиме резолуција врз основа на која ќе ја финализираме програмата Полски вооружени соништа“, им порача ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Кочани најави дека ќе има намалување на цените на нафтените деривати за повеќе од 2 денари. Според премиерот, заедно со Министерството за енергетика и минерални суровини работеле со снабдувачот ОКТА, која на компаниите што соработуваат со нив ќе им даде попуст од отприлика 45-50 долари по тон. Како што вели Мицкоски, тоа ќе значи намалување по 2 денари за литар. -Разговарав и со голем дел од ...
Голема катастрофа била спречена откако пожар избувнал синоќа во Прочистителната станица за отпадни води во селото Мојанци, информираат од ТППЕ Кочани. Огнот се појавил околу 20.30 часот на инсталација од системот за пренос на метан, при што се запалиле цевки од системот. Според командирот на ТППЕ Кочани, Дарко Апостолов, интервенирале со четири противпожарни возила и осум пожарникари. Имало и едно возило од доброволното противпожарно друштво. ...
Вчеравечер (12/13.03.2026) во СВР Тетово, неколку професори од Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово, пријавија дека добиле информации од родители на ученици, дека М.Р. праќал пораки до учениците односно се заканувал оти ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето. Веднаш биле преземени соодветни мерки и активности од полициски службеници од СВР Тетово и по добиена судска наредба, извршен е претрес во с.Палатица, ...
Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје ги демантира информациите кои вчера беа изнесени на седницата на Советот на Град Скопје, и, како што велат, предизвикаа паника и вознемиреност кај дел од граѓаните, особено кај учениците од средните училишта во Град Скопје. ЈСП Скопје ги известува граѓаните дека автобуската линија број 35 воопшто не е укината ниту променета. Дополнително, таа не беше ниту предмет на разгледување во Одлуката за измена ...
На крајот на февруари, цената на нафтата „Брент“ за барел на светскиот пазар беше 70,58 долари, а денес е дури 97,6 долари. Ова е зголемување од 38,2 проценти за само две недели. Поради зголемувањето на цените на сировата нафта на светскиот пазар, државата го презема товарот и го намалува износот на акцизите за безоловен бензин и дизел. Акцизите ќе бидат намалени за 20 проценти. Прочитајте повеќе: Ова значи дека акцизата за дизелот, која ...
На прашањето на новинарите во Пожега дали хиперсоничниот проектил, кој таблоидите во Србија го нарекоа „Загребчанка“, претставува закана за Хрватска, тој одговори дека станува збор за сериозно оружје за кое Хрватска ќе разговара со своите НАТО партнери, објави медиумската агенција Хина. „Ќе разговараме со нашите НАТО партнери и ќе ги предупредиме за таквото оружје, кое е ново во арсеналот на српската армија“, изјави Пленковиќ. Тој, исто ...
Поради извршна постапка за стар долг на Општина Струга попречена е постапката за продажба на службениот автомобил ауди А6, кој требаше да биде ставен на аукција на 16 овој месец, а средствата да бидат наманети за набавка на комбе кое ќе го користат спортските клубови и центарот за деца со посебни потреби. Општина Струга информира дека градоначалникот Менди Ќура е во комуникација со засегнатите страни со цел процесот да се заврши во интерес на ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Париз на средба со неговиот француски колега Емануел Макрон. Пристигнувањето на Зеленски го потврди неговиот портпарол Сергеј Никифоров за украинскиот јавен сервис „Суспилне“, пишува „Украинска правда“. Според извештајот на француската телевизиска станица BFMTV, средбата се одржува во Елисејската палата. Кабинетот на францускиот претседател соопшти дека двајцата лидери ќе разговараат за ...
Според американските медиуми, инвеститорите на Афлек и „InterPositive“ би можеле да заработат до 600 милиони долари преку договор со Нетфликс, доколку компанијата исполни одредени цели за перформанси. Во исто време, износот што Нетфликс го плати однапред за „InterPositive“ беше помал од тој износ. Нетфликс објави договор за аквизиција на „InterPositive“ на 5 март за неоткриени финансиски услови. Со аквизицијата, целиот тим на компанијата од ...
Синдикатот на културата (СКРМ) обвинува за предвремено разрешување на директорот на Националната установа „Гостиварски театар“, Сулејман Рушити. Од Синдикатот прашуваат дали станува збор за реваншизам од министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Во Решението што го објави СКРМ стои дека Рушити е избран на 16 декември 2022, а се разрешува од директорката позиција пред истек на мандатот. „Правосилните судски пресуди мора да се почитуваат. ...
САД сакаат да ги поделат европските влади, кои поединечно имаат помала моќ, изјави Каја Калас, висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика. „Она што мислам дека е навистина важно сите да го разберат е дека САД беа многу јасни дека сакаат да ја поделат Европа. Не ја сакаат Европската Унија“, изјави шефицата за надворешна политика на ЕУ за Фајненшл тајмс, додавајќи дека пристапот на Вашингтон ги одразува ...
Откако дел од медиумите објавија дека вработените граѓани од албанска националност во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците се соочуваат со загрижувачка ситуација, откако според пријави дел од нив останале без здравствено осигурување, се огласи и самиот министер Иван Стоилковиќ. Тој обвини за лаги и инсинуации, тврдејќи дека сите вработени имаат здравствено осигурување. Според него, ресорното министерство редовно ги ...
За новиот предлог за државен јавен обвинител, универзитетскиот професор Гордан Калајџиев вели дека по квалитет, Ненад Савески отскокнувал од конкуренцијата, со што и во самата судската и обвинителската организација е препознаен. Сепак, тврди дека е изненаден што Владата го поддржа Савески, особено ако земеме во предвид, како што вели, од претходните позиции добивавме луѓе со партиска позадина. -Има многу искушенија кои треба да ги гази ...
Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија и градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа ТВ говореше за актуелните политички случувања, односите во владината коалиција, состојбите во правосудството и ситуацијата во опозицијата. Осврнувајќи се на состојбите во СДСМ, Димитриевски оцени дека опозициската партија се соочува со сериозна политичка и кадровска криза и дека ...
ДУИ повторно излезе со свои барања за надминување на состојбата по кризата на Блискиот Исток. Од партијата забележуваат дека веќе една недела граѓаните се соочуваат со континуиран раст на цените на основните производи и на нафтените деривати. Оттаму додаваат дека Министерството за економија и Владата молчат, без ниту една конкретна мерка за ублажување на притисокот врз семејните буџети. „Од понеделник се очекува ново зголемување на цените на ...
Макрон потврди во објава на социјалната мрежа „X“ дека голем број на француски војници се ранети во нападот. „Овој напад врз нашите сили, кои се борат против „Даеш“ од 2015 година, е неприфатлив“, изјави Макрон, користејќи навредлив термин за екстремистичката група Исламска држава. „Нивното присуство во Ирак е строго во рамките на борбата против тероризмот. Војната во Иран не може да ги оправда ваквите напади“, додаде тој. Макрон не кажа кој ...
„Јас сум претседател на бројно мала земја. Јас не сум Доналд Трамп, Владимир Путин, големи претседатели кои сè решаваат со леснотија. Нема лесни работи за мене. Секако дека се плашам. Јас сум претседател кој сака неговото наследство да биде мир. Од никаде се појавува воен сојуз. Секако дека се плашам, за животот на секој граѓанин на нашата земја, тоа е моја одговорност, моја обврска, моја должност. Пред сè, морам да ја зачувам стабилноста на ...
„Да му дадеме време на времето“, вели премиерот Христијан Мицкоски за приведувањето на екс-вицепремиерот Артан Груби и судскиот процес кој што треба да следи понатаму. Во интервју за „Ора24.тв“, запрашан која од политичките партии СДСМ, ДУИ, ВЛЕН, треба да се „плаши од Груби“, Мицкоски истакна дека „долг е списокот“. -Во интерес на истрагата и информациите што ги имам, не би сакал длабоко навлегувал во чувствата на некои сегашни и поранешни ...
Со доаѓањето на пролетта, светот на внатрешниот дизајн се движи кон еден специфичен правец: „Невидлива технологија“ (Invisible Tech). Трендовите за оваа сезона ги напуштаат гломазните апарати и се фокусираат на чисти линии, природни материјали и уреди кои беспрекорно се интегрираат во мебелот. Кујната повеќе не е само функционална зона, туку срце на домот каде естетиката се среќава со паметната ефикасност. Палета на „земјена ...
Пратеничката Славјанка Петровска не се сложува и вели дека немало цел да бидат навредени или понижени родителите на загинатите од Кочани преку вчерашната комеморација во Собранието. Смета дека никој од пратениците не може да зборува со чисто грло за оваа тема. Пратеничката од СДСМ оценува дека во Собранието недостигале фотографиите на загинатите лица, но, како што вели, не сакам да навлегувам во детали околу организацијата. -Дали има ...
Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев објави дека Антикорупциската комисија започнала постапка за проверка на неговите банкарски сметки и потеклото на имотот. Во објава на социјалните мрежи, Апасиев наведе дека контролата се однесува и на сметките на неговата сопруга, при што ја критикуваше одлуката на Комисијата. Според него, наместо да се занимава со „владини тендераши и криминал“, институцијата решила да ги проверува неговите ...
Владниот предлог за нов републички Јавен обвинител стигна во Собранието – на 33 странци сумирана е биографијата, дипломите и искуството на Ненад Савески кој го доби „зеленото светло“ од Владата да биде кандидат за најпрестижната функција во правосудниот сиситем. Во 1995 година матурирал во Гостиварската гимназија „Панче Попоски“ а четири години подоцна станал дипломиран правник на Правниот факултет при Универзитетот Св. “Кирил и Методиј”. ...
Сопругата на актерот Ерик Дејн, Ребека Гејхарт, првпат јавно проговори по неговата смрт и откри како во последните недели од својот живот учествувала во проект за обновување на гласот со помош на вештачка интелигенција, што му било исклучително важно. Ребека Гејхарт се огласи во поддршка на хуманитарната иницијатива поддржана од нејзиниот сопруг, познат по неговите улоги во сериите „Вовед во анатомија“ и „Еуфорија“. Актерот Ерик Дејн почина ...
Славниот готвач Рене Реџепи се повлече од улогата на главен готвач во својот престижен ресторан „Нома“, по лавината обвинувања од поранешни вработени дека ги малтретирал, физички ги напаѓал и создавал токсична работна средина во кујната. Реџепи ја објави својот одлука на социјалните мрежи. „По повеќе од две децении градење и водење на овој ресторан, одлучив да се повлечам и да им препуштам на нашите извонредни лидери да го водат ресторанот во ...
На подрачјето на Центар малолетник вчера околу 19:30 чаот бил физички нападнат од двајца малолетници, од кои едниот подоцна на подрачјето на Гази Баба репетирал огнено оружје кон малолетникот и пукал, а другиот фрлал тврди предмети. Случајот бил пријавен во СВР Скопје денеска во 03:30 часот. -Н.И.(39) од Скопје пријави дека на 11.03.2026 во 19:30 часот на подрачјето на Центар, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од двајца ...
Не престануваат реакциите на партиите од албанскиот блок по последните изјави на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тие следуваат по неговиот став на седницата на Уставниот суд за иницијативите за Законот за прекршоци дека пораките за прекршоци треба да бидат на македонски и на англиски, но не и на албански јазик. Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи бара од претседателот на Уставниот треба веднаш да поднесе оставка. „Со ...
Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои ребалансот на Буџетот со кој средствата се зголемуваат за дополнителни 166 милиони денари, наменети за нови капитални инвестиции во градот. Од Град Скопје информираат дека зголемувањето на буџетот е резултат на домаќинско и одговорно работење, без нови задолжувања. Со ребалансот е предвидена изградба на нов кружен тек во близина на Народната банка на Република Северна Македонија, со цел ...
Во полиција е пријавена тепачка во берберница во скопско Арачиново. -На 11.03.2026 во 20:15 часoт во СВР Скопје, Б.Р.(41) од с.Арачиново, скопско, пријави дека околу 13:30 часот во берберница во с.Арачиново, по претходна расправија, неговиот 14-годишен син бил физички нападнат од 15-годишник, кој употребил и остар предмет, а со кого заедно работеле како чираци, стои во полицискиот билтен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ...