Синоќа беше промовиран видеозаписот на битолската серенада „Кажи, кажи, Широк сокак“ на група Деспина, песна инспирирана од вистинска љубовна приказна, која се круниса со брак. Премиерно беше изведена на фестивалот „Ех таа серенада“ во Битола во 2024 година, а по две години доби и видеозапис. Автор на текстот е Никола В. Ристевски, музиката и аранжманот ги потпишува Михаил Мими Марковски, а зад видео продукцијата стојат Дрим Каст продукција и ...

„Парни ваљак“ го претставува новиот сингл „Сати“ од албумот „Кажу пчеле умиру…“, издание наградено со „Порин“ кое, заедно со одличните критики од индустријата, ја освои публиката со нови оригинални песни. Новиот сингл пристигнува пред најавата за голем концерт на кој „Парни ваљак“ и „Прљаво казалиште“ ќе ги здружат силите и ќе организираат еден од најголемите концертни настани во годината. Песната „Сати“ доаѓа по успешните синглови „Данас ...

Културниот центар Balkan Heritage од Будимпешта со гордост го најавува своето прво музичко издание под сопствена дискографска куќа, антологискиот албум „Македонија“ во изведба на унгарското дуо Будапесме. Проектот претставува значаен исчекор во зачувувањето и промоцијата на богатото фолклорно наследство на Македонија. Албумот официјално ќе биде објавен и пуштен во продажба на 15 јули 2026 година и ќе биде достапен и во дигитален формат и на ...

Културниот центар Balkan Heritage од Будимпешта со гордост го најавува своето прво музичко издание под сопствена дискографска куќа, антологискиот албум „Македонија“ во изведба на унгарското дуо Будапесме. Проектот претставува значаен исчекор во зачувувањето и промоцијата на богатото фолклорно наследство на Македонија. Албумот официјално ќе биде објавен и пуштен во продажба на 15 јули 2026 година и ќе биде достапен и во дигитален формат и на ...

Во рамките на годинашното издание на Фестивалот за балкански и медитерански филм „Преку езерото“, во изминатите два дена во просториите на „ЕУ хаус“ (EU House) во Струмица и во Дојран се одржа стручна работилница на тема „Вештачката интелигенција во филмот“. Настанот, кој предизвика голем интерес кај филмските професионалци и ентузијасти, беше реализиран со финансиска поддршка од програмата „Креативна Европа“. На работилницата се говореше за ...

Македонскиот артист и продуцент Darkoff е единствениот претставник од Македонија кој се најде меѓу 12-те финалисти за овогодинешната регионална награда „Милан Младеновиќ“, што ја доделува Фондацијата „Милан Младеновиќ“. Тој обезбеди место во финалето со композицијата „Чекор (Јас и ти)“, во исклучително силна конкуренција, бидејќи на овогодинешниот конкурс пристигнаа повеќе од 170 композиции од земјите од поранешна Југославија. За изборот на ...

Во петок (17.7) во склоп на манифестацијата „Скопско лето“ во Лабораториум во Скопје ќе се одигра претставата „Сина сенка“ од авторот Брајан Рејнлодс во режија на Тамара Стојаноска, со почеток од 20:30 часот. Потоа, во август „Сина сенка“ ќе учествува на меѓународниот театарски џез фестивал „Нишвил“ во Ниш, Република Србија (9.8) и на меѓународниот фестивал на алтернативен театар „Корифеј“ во Колашин, Црна Гора (12.8). „Сина сенка“ е проект ...

„Парни ваљак“ и „Прљаво казалиште“ заедно на иста сцена за првпат. Помина половина век, но тоа ќе се случи во Загреб пред летото 2027 година. Заеднички настап на два бенда кои го дефинираа хрватскиот рок и без кои е невозможно да се раскаже музичката историја на овој град. Бендовите ја објавија веста денес, 14 јули, со кратка порака на социјалните мрежи: „Ваљак и Казалиште заедно живеат во Загреб? Да, се гледаме пред летото 2027 година, кога ...

Петтото, јубилејно издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ во состав на меѓународното тричлено жири има професионалци од филмската индустрија: продуцентот Мирослав Митиќ (Србија), режисерката Елеонора Венинова (Македонија) и филмската претставничка Емили Ришел (Франција), кои имаат одговорната задача да одлучуваат за престижните награди во главната натпреварувачка селекција. Во рамките на главната програма, жири ...

Годинешното јубилејно 20-тото издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“ се отвора во Хераклеја со спектакуларниот настап на ансамблот „10-те бузуки на Домна“ од Грција. Под ѕвезденото небо на Античкиот театар, публиката ќе ужива во уникатен музички спој на традиција, емоција и виртуозност, преку звуците на 10 бузуки, гитара, контрабас и впечатливи вокални изведби како и танцувачка група. „10-те Бузуки на ...

По кратка пауза, Гостиварскиот театар подготвува уште една нова претстава. „Хауситери“ е нов современ македонски драмски текст на Горјан Милошевски, кој низ хумор, напнатост и неочекувани ситуации зборува за луѓето што влегуваат во туѓите домови, но и во туѓите животи, за довербата, приватноста и границите што лесно можат да бидат преминати. Претставата е во режија на Игор Ивковиќ, а играат: Ирена Илиевска, Дарко Вељиќ (к.г.) и Ариан Ејупи. ...

Филмот, уметноста на филмот, актерот и уметноста на актерството на филмот, е онаа состојка која подвижните слики од информација ги трансформирала во приказна со која се идентификуваат сите луѓе на овој свет, без разлика на кој јазик зборуваат, од каде доаѓаат, колку се образовани или на која култура припаѓаат, само затоа што лицето на актерот зборува на единствениот и според се, за сите и насекаде разбирлив јазик на човечкото присуство и ...

Во Народниот театар Битола се одржа прес конференција по повод најновата претставата „Кориолан“ на Шекспир, во адаптација и режија на американскиот режисер Џон Блондел. На 15 јули, со почеток во 20:00 часот, една од најмоќните политички трагедии на Вилијам Шекспир, ќе оживее под отворено небо, во магичниот амбиент на Предворјето на црквата „Св. Софија“, како дел од програмата на Охридско лето. Беа споделени и информации за претстојните ...

Со претставување на програмата, новиот визуелен идентитет и годинашните фестивалски новитети, денес официјално беше најавено 56. издание на Интернационалниот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“, кое од 14 до 31 јули ќе се одржи во Битола. Со осумнаесет фестивалски денови исполнети со богата уметничка, научна и едукативна програма, ова ќе биде најдолгото издание во историјата на фестивалот. Фестивалот годинава започнува на 14 ...

Селекторот на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, режисерот Љупчо Ѓоргиевки ја објави селекцијата за овогодинешното фестивалско издание. Фестивалското жири ќе биде во состав: Билјана Драгичевиќ – Пројковска – актерка, Иван Додовски – професор и Билјана Ѓуровиќ – професор од Србија. Пројковска е во жирито како минатогодинешен лауерат а во програмата која ќе ја оценува се наоѓаат две претстави во режија на нејзиниот сопруг режисерот ...

Легендарниот ирски бенд U2 се враќа со нова музика. Тие го издадоа синглот „Street of Dreams“, кој исто така најавува албум со сосема нови песни по речиси една деценија. Новата песна започнува со потивок вовед, а потоа се развива во препознатлив рок звук. Фронтменот Боно пее на шпански во еден дел од песната, велејќи: „No abandons tus sueños“ („Не се откажувај од своите соништа“). Видеото за песната е снимено во мај во Мексико Сити, каде што ...

Театар Куманово започна со подготовка на нова претстава – комедијата „Смрт на погребот“ во режија и авторска адаптација на Ненад Витанов. Актерската екипа ќе биде во состав: Жарко Јовановиќ, Марко Трајковиќ, Владо Дојчиноски, Горан Илиќ, Давид Илиќ, Анастасија Трајковиќ, Никица Јанковски, Мирослав Петковиќ, Александра Михајловска Величковски и Дубравка Киселички. Костимографијата е на Елена Вангелова, сценографија на Крсто Богоевски а ...

Здружението „Артонаут“ во соработка со Театар Штип и Општина Штип, а во склоп на Штипско културно лето 2026, ја најавува премиерата на претставата „Сладолед за жени” во режија на Никола Ристов. Претставата ја истражува тенката граница меѓу трагедијата и апсурдот. Една случајност, една погрешна одлука и група ликови кои очајно се обидуваат да ја сокријат вистината. Но вината има свој вкус и не исчезнува лесно. „Сладолед за жени” не е класичен ...

По неполни четири месеци од нивната преррходна песна, нововозобновеното македонско поп дуо „Коктел“ имаат нова парче музика од својата понуда. Овој пат во духот на нивното име, Блаже Темелков и Стевче Грозданов ќе ве освежат со летен, музички „Коктел“ полн копнеж за љубов. „Помисли на мене“ е насловот на новата песна која во многу нешта потсетува на ретро звукот на 80-ите и 90-ите, години кога и домашната и светската музика ги нижеше своите ...

Најголемиот музички фестивал што ќе се одржи под отворено небо ова лето на 8-ми август на Ракометното игралиште во Битола, ќе биде С.О.С. фестивал. Замислен како музички настан со префинето селектирана концертна програма од македонски музички артисти, тој е и своевиден повик на музичка борба против увезениот турбофолк, шундот и кичот. Токму затоа учесниците на С.О.С. фестивал се жанровски различни, нo македонски музички ѕвезди на домашната ...

Во среда 8.7.2025 година во Центарот за култура во Битола ќе се одржи премиерата на дуодрамата „Свињи“ од Томислав Зајец во режија и адаптација на Тамара Стојаноска. Претставата е во копродукција со Центарот за култура. Играат актерките Илина Чоревска и Викторија Степановска Јанкуловска, преводот е на Тамара Стојаноска и Никола Стојаноски, дизајнот на звук, избор на музика на Лука Тошев, дизајнер на постер и рекламен материјал е Бојана ...

Синоќа во Ресен во дворот на Домот на културата „Драги Тозија” свечено беше отворено 24. издание на Интернационалната театарска манифестација „Актерот на Европа“, фестивал кој повеќе од две децении претставува симбол на културниот дијалог, уметничката извонредност и поврзувањето на народите преку театарската уметност. Во рамките на свеченоста, наградите ги додели претседателот на советот на Општина Ресен, Коста Замановски. За „Актер на Европа ...

Сараевскиот уметнички колектив „Хелем Нејсе“ го најави првиот долгометражен филм базиран на нивната култна анимирана серија „Bruca Braca Bruda Brada“, попозната под кратенката BBBB. Новиот проект е насловен „Bruca Braca Bruda Brada – Зомби апокалипса“ и претставува голем чекор напред за продукцијата, која досега беше присутна првенствено преку кратки епизоди на YouTube и социјалните мрежи. Серијата BBBB ги следи четирите главни ликови – Бруц, ...

Синоќа во Ресен во дворот на Домот на културата „Драги Тозија” свечено беше отворено 24. издание на Интернационалната театарска манифестација „Актерот на Европа“, фестивал кој повеќе од две децении претставува симбол на културниот дијалог, уметничката извонредност и поврзувањето на народите преку театарската уметност. Во рамките на свеченоста, наградите ги додели претседателот на советот на Општина Ресен, Коста Замановски. За „Актер на Европа ...

На 14 јули започнува 56. издание на Интернационалниот фестивал „Илинденски денови“ едно од најзначајните и најдолговечни случувања посветени на фолклорот, етнологијата и нематеријалното културно наследство во овиј дел од светот. Во осумнаесет денови, Битола повторно ќе стане точка на поврзување. Град во кој ќе се сретнат врвни ансамбли од различни делови на светот, етнолози, етнокореолози, истражувачи, музиколози, филмски автори и љубители на ...

Македонската песна повторно ќе одекне меѓу вековните камени ѕидини на Античкиот театар Хераклеја. На 29 јули, со почеток во 21:00 часот, еден од најавтентичните и најемотивни интерпретатори на македонската музика, Влатко Миладиноски, ќе одржи голем концерт кој ветува незаборавно музичко доживување. Во еден од највпечатливите културно-историски локалитети во земјата, публиката ќе има можност да ужива во вечер исполнета со безвременски ...

Дарко Гроздановски и Игор Џамбазов – спој на младоста и искуството, а како заедничка особина и на двајцата, како и на целиот тим вклучен во овој проект: енергијата, трудот и искрената желба да се создаде не песна со видео запис, туку парче уметност. Моника Црнокрак e „шанкерката” во која се вљубува главниот лик – Дарко Гроздановски. И секако…легендарниот Игор Џамбазов – татко на шанкерката, газдата на локалот, каде како главен заплет се ...

Првото издание на Кичево Филм Фестивал со награда за трајни вредности ќе ја награди српската актерска дива Тања Бошковиќ и македонскиот актер Јовица Михајловски. Уметница чија кариера повеќе од пет децении остава длабока трага во кинематографијата и театарот на поранешна Југославија и регионот. Со повеќе од 40 филмски улоги, бројни телевизиски серии и стотици театарски изведби, Тања Бошковиќ е препознатлива по својот исклучителен актерски ...

Библиотеката на Еко, една од најважните современи лични збирки книги, содржи над 32.000 наслови, а сега е преместена од миланскиот дом на писателот во простор што му припаѓа на Универзитетот во Болоња, каде што тој бил професор. Библиотеката содржи збирка што го одразува целиот спектар на интереси на Еко, од средновековната филозофија до семиотиката, од литературата до лингвистика и од популарната култура до стриповите, давајќи извонреден ...

Ова лето, Приштина ќе биде домаќин на една од најбогатите музички програми досега на Sunny Hill Festival, со меѓународни ѕвезди, светски познати диџеи, како и домашни изведувачи и нови музички имиња кои ја обликуваат локалната сцена. Овогодишното издание, кое ќе се одржи на 31 јули, 1 и 2 август во Sunny Hill Festival Park во Приштина, ги донесува Katy Perry, Lewis Capaldi и Martin Garrix како главни ѕвезди на Sunny Hill Stage, на кој ќе ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
74%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
62%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
85%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
67%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
59%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07