
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Утревечер , 16 декември 2024 година, во 19 часот, во просториите на Занаетчискиот дом во Куманово, ќе се одржи промоција на романот од проф. Мирко Зафировски. Промотор- Љиљана Тричковиќ. Рецензент- Ани Младеновска. Музичка подршка- Јован Цветковиќ и Игор Величковски. Читаат- Елизабета Павловска, Иле Наумов и Даница Петровска. Во рамките на јавната покана, упатена до кумановци и сите љубители на пишаниот збор, неговата ќерка Елизабета Секирарска, ...
Во пресрет на новогодишните празници, од 15 до 31 декември 2024 годиба, ќе се одржи досега најголемиот Новогодишен базар на првиот кат во Скопје Сити Мол со учество на 68 индивидуалци- ракотворци. Со разновидната понуда на Новогодишниот базар посетителите ќе можат да ја почувствуваат предновогодишната магија и да уживаат во модерни брендови, кои нудат уникатни производи. Новогодишни сувенири изработени од фин бетон, персонализирани лампиони, ...
Скопје, 10.12.2024 Изложбата на професори од Националната уметничка академија од Софија со наслов „Дијалог преку уметност“ на професори од Националната уметничка академија од Софија, ќе се отвори на 12.12.2024 година (четврток) во Галеријата ФЛУ на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ- објект Педагошка во Скопје со почеток во 20 часот. ФЛУ, УКИМ во Скопје интензивно работи на воспоставување и продлабочување на соработката со сличните ...
Волшебни приказни оживуваат во новиот анимиран филм „Божиќната магија на животните“, кој ќе ја донесе празничната радост и топлина на големото платно од утре во кината низ републиката. Со своите пет прекрасни приказни, филмот ќе ве одведе на патување од Франција до Јапонија и до далечниот север, под поларната светлина. Овие модерни и трогателни сказни, во кои животните се носители на авантури и великодушност, носат пораки за радост, љубов и ...
Битола, декември 2024 Филмската и креативните индустрии играат клучни улоги во унапредувањето на одржливоста. Од јавни кампањи до практики за покревање на свеста, културните настани можат да водат кон позитивни промени за животната средина, а малите чекори можат да направат голема разлика. Дополнително, филмот има потенцијал да ја продлабочи нашата љубов кон природните пејзажи. Додека размислуваме за иднината, како клучна се наметнува потребата ...
Скопје, 12 декември 2024 година- Германската инспиративна приказна за 11-годишната Мона, „Победници“ во режија на Солин Јусеф, од денеска премиерно се прикажува во домашните киносали. Филмот се прикажува во Кино Милениум од денеска до 18 декември, во работни денови со почеток од 18 часот и за викенд од 16 часот. Дополнително, денеска и утре филмот ќе има премиера во Кинотека од 16 часот и во Домот на култура „Злетовски рудар“- Пробиштип, од каде ...
Декември, 2024 Во рамките на едукативна програма на Националната Галерија на Македонија покрај останатите едукативни проекти, за 2024 е предвиден и проектот “Музеј во училиште, училиште во музеј” како дел од Годишната програма. Со отворена покана до предметните професори за ликовна култура во повеќе средни училишта низ градовите во Македонија понудивме можност за дополнителна едукација: „Заради неможноста за колективна посета на учениците, со ...
Утревечер, 14 декември 2024 година, со почеток во 20.00 часот, на сцената на Македонската опера и балет, љубителите на класичната музика и операта ќе имаат уникатна можност да уживаат во изведбата на една од најголемите опери на сите времиња- „Пикова дама“ од П. И. Чајковски во изведба на солистите, хорот, оркестарот и балетот на Државната опера од Варна. „Пикова дама“ е опера во три чина од големиот руски композитор П. И. Чајковски. Либретото ...
На 16 и 17 декември 2024 година на големата сцена на Македонскиот народен театар, со почеток од 20:00 часот ќе се одиграат две премиерни изведби на претставата „Замисли нов свет“, работена според мотиви од делата на Горан Стефановски. Ова беше соопштено на прес-конференцијата која се одржа денеска во Македонскиот народен театар, на која присуствуваа членови на актерската екипа заедно со режисерката Нела Витошевиќ, претставникот од продукциската ...
На 12.12.2024 година концерт на НУ Камерен оркестар на Битола во Свечената сала на Офицерскиот дом – КИЦ Битола со почеток во 20.30 ч. Куриозитет за овој настан е изведбата на Концертот за четирирачно пијано од Леополд Кожелух за прв пат во Македонија, во изведба на Марија Вршкова (пијано) и Татјана Божиновска (пијано). Како дел од програмата ќе биде изведена и Симфонија бр. 5 од Ф. Шуберт. Диригент е Бисера Чадловска. Влезот е слободен. ...
Вечерва, 6.12.2024 година, со почеток во 19 часот, во ЛУ Градски музеј Крива Паланка ќе биде отворена изложбата „Ре(откружено) на уметниците Марина Цветановска Мартиновска, Александар Симоновиќ, Мирослава Цветковиќ и Марија Мицова Гацова. (Ре)откружено“ е третиот заеднички ликовен циклус на овие визуелни уметници, кои со своите размисли и идеи за поимот на „откруженото“ и „реоткруженото“, ги транспонираат во самостојни и групни ликовни ...
Вистинската забава е кога очите Ви се ширум отворени, а емоциите пуштени на најсилно. Кино Манаки, место каде доживувањето е целосно. Петок 13.12.2024 Кариран нинџа 2 Кино Манаки 18.00 ч. Во „Кариран Нинџа 2“ повторно го следиме Алекс и неговата карирана нинџа кукла во нивната мисија против злобниот Филип Еперминт. Кога Еперминт ќе успее да ја избегне затворска казна во Тајланд, карираниот нинџа повторно оживува и го наоѓа Алекс. Заедно, со ...
Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ ќе ја заврши серијата проекции во рамки на програмскиот сегмент „Зимски МакеДокс“ со прикажување на документарниот филм „Герлах, последниот земјоделец“ (Холандија / 2023 / 76 мин.) и тематска дебата, што ќе се одржат на 12 декември 2024 година, со почеток во 20 часот, во едукативно- културниот центар „Лабораториум“ во Скопје. Документарниот филм „Герлах, последниот земјоделец“ на Лук Бауман ...
Во пресрет на манифестацијата „Прличеви беседи“ 2025 година НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид распишува Конкурс за избор на најдобра беседа посветена на нашиот патрон, големиот поет и преродбеник Григор Прличев на тема: „Чувај се себеси“. Познато е и од неговата „Автобиографија“ дека Прличев најчесто држел беседи пред охриѓани. Токму под наслов „Чувај се себеси“ Прличев на крајот од една учебна година кога учителствувал во Охрид ја кажал ...
Скопје, 11 декември, 2024 Осум години поминаа без Кралицата на Ромската песна Есма Реџепова Теодосиевска. Есма почина на 11 декември 2016 година во Скопје. Според Википедија, Реџепова е петто од шесте деца на Чанија и Ибраим Реџепови, во мала куќичка во центарот на Скопје. Таткото Ибраим во бомбардирањето на Скопје во април 1941 година ја изгубил едната нога. Се обидел да ги прехрани четирите ќерки и двата сина како чистач на чевли, а бидејќи ...
На 10 декември 2024 година, во Друштвото на писателите на Македонија писателката и професорка на Факултетот за драмски уметности Ана Стојаноска ќе одржи интерактивно предавање со наслов „Да пишуваме за театар!“. „Затоа за мене театарот е најубавата уметност –“, забележува Ана Стојаноска, „трае како и животот- миговно. Учејќи го театарот, јас учев дека театарот треба да се чува во колективната и интимната меморија, а театарот се чува преку ...
Кинотеката на Македонија на 3 декември 2024 беше дом на еден особено топол настан- промоција на книгата „Авторските политики во филмските адаптации: Смрт во Венеција (Лукино Висконти), Војчек (Вернер Херцог) и Огледало (Андреј Тарковски)“ на режисерката Ана Опачиќ. Книгата е во издаваштво на КИНО БАЛКАН СКОПЈЕ, во соработка со Фестивал на нов европски филм БИЧ ФИЛМ ФЕСТИВАЛ, и е финансиски поддржана од Министерство за култура. Оваа обработка на ...
На 12 декември 2024, во објект Мала станица при Националната Галерија на Македонија, во 20 часот ќе се отвори самостојната изложба на ликовниот уметник и професор од Република Хрватска, Данко Фришчиќ. Проектот е финансиски подржан од Министерството за култура и туризам на Република С. Македонија во овогодинешниот конкурс за национални установи. ”СЛИКОИДИ- МЕТАЛАГАЛАКТИК ” е наслов на изложбата на која Данко Фришчиќ ќе се претстави со ...
Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ продолжува со серијата проекции во рамки на програмскиот сегмент „Зимски МакеДокс“. Вечерва, 10 декември 2024 година, со почеток во 21 часот, во едукативно-културниот центар „Лабораториум“ во Скопје ќе се одржи проекција на македонскиот документарен филм „Градина“ (2024, 75 мин.) во режија на Бојан Тантуровски, ќе биде промовирана новата онлајн платформа „Doc Around Europe – Film Festival ...
Во пресрет на новогодишните празници, од 15 до 31 декември 2024 година ќе се одржи досега најголемиот Новогодишен базар на првиот кат во Скопје Сити Мол со учество на 68 индивидуалци- ракотворци. Со разновидната понуда на Новогодишниот базар посетителите ќе можат да ја почувствуваат предновогодишната магија и да уживаат во модерни брендови, кои нудат уникатни производи. Новогодишни сувенири изработени од фин бетон, персонализирани лампиони, ...
Годинашната разнообразна уметничка и изложбена програма на Музејот на современата уметност- Скопје ќе биде заокружена со уште една импозантна меѓународна изложба, која ќе биде отворена на 5 декември, во 20 часот. Изложбата „Војна на сетилата/Војна врз сетилата“ ги вклучува едни од најреномираните автори и уметнички колективи денес, добитници на бројни награди и признанија, меѓу другите и престижната ,,Тарнер’’ награда. Во поставката ќе бидат ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со фондацијата Конрад Аденауер (КАС), предвидува одржување на тродневна работилница на тема „Вештачката интилигенција ВИ, во редакциите во Македонија: Потрагата по балансот помеѓу напредокот и иновациите наспроти безбедноста “. Работилницата треба да придонесе кон подобрување на знаењата и вештините, за можностите и предизвиците кои ги носи современата технологија и користењето на ВИ ...
9.12.2024 Пред вечерашната Златна гала премиера на нашиот светски класик „Пред дождот“, денеска на средба со медиумите се обратија учесниците во филмот. Странските гости од екипата дојдоа од Лондон, Париз и Хрватска– актерот Раде Шербеџија, дизајнерот на продукција и оскаровец Дејвид Манс, директорот на фотографија Мануел Теран, монтажерот Николас Гастер – и дел од македонската екипа Петар Мирчевски, Силвија Стојановска, Сузана Киранџиска, ...
Едно од најсигурните места на кои можете да се потпрете во секое време / невреме несомнено се кафанчињата на автобуските станици. И уште и ако ги бие глас на гостопримливи и пријателски, тоа место уште од прва ќе ви стане и омилено катче, кога и да патувате некаде или од некаде, а и било кога. Едно такво ретко срдечно и пријателско во Скопје, е кафанчето кое со децении работи нон- стоп 24/7 на самиот влез/излез на главната автобуска станица, или ...
Декември е месецот на интензивна концертна активност на Мизар, со почетна сцена во Скопје: МКЦ. Мизар – Sвезда на надежта, Sвезда водилка! Горазд Чаповски- гитара, Пеце Китановски- бас, Илија Стојановски- бас процесор, вокс, Принц- клавијатури, придружен вокал, Драган Теодосиев- тапани, Нико Ѓоргиевски- вокал, перкусии, Хармосини (Сава Булатович, Христијан Моневски- виола, саксафон, кларинет, флаута, лира). 15.12.2024 во МКЦ со почеток од 20 ...
Шведскиот фабрикант Алфред Нобел, пронаоѓач на динамитот, во Париз напиша своерачен тестамент со кој каматите од големиот имот ги остава за развој на науката, литературата и на борците за мир. „Наградите треба да се делат без оглед на националноста“, пишуваше во тестаментот, со кој се основа Нобеловата награда за најголеми достигнувања на човековиот ум. До март 2005, доделени се вкупно 770 Нобелови награди. Неколку добитници ја имаат одбиено ...
Денеска, 8. Декември (2024 година) се слави празникот на Свети Климент Охридски, и воедно е и духовен а од 2007 година и државен празник. Свети Климент Охридски (старословенски: Климєнтъ Охрїдьскꙑи, латински: Clemens Achridensis, грчки: Κλήμης της Αχρίδας; о. 840— 27 јули 916 година во Охрид)- еден од првите средновековни словенски светци, научник, писател и просветител на Словените. Бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј кои ...
Џон Ленон ( роден на 9 октомври 1940) животот го завршил на 8 декември 1980. Се смета за една од големите музички икони на дваесеттиот век. Член на легендарните “Битлси”, кои ја сменуваат музичката историја на светот. Тој е познат како пејач, композитор и гитарист на Битлси. Неговата креативна кариера содржи и епизоди во кои Ленон може да се опише како политички активист, уметник, глумец и писател. Дел е од тимот Ленон- Мекартни, можеби ...
М-р Билјана Челик е посебен феномен од жена, една од оние сосема најретките кои уште штом ги видите безрезервно им верувате и знаете дека сте во право. Таа е жена, да повториме, феномен/феноменална, чиј поглед, говор, начин на стискање на рака, сосема го доловува нејзиното презиме, добиено од сопругот. Жена со која, некако чудно но, не сакате лесни работи, а за тешките верувате дека ќе ги оствари со голема леснотија. Не затоа што така може, туку ...
Никола Јонков Вапцаров, (Банско, 7 декември 1909- Софија, 23 јули 1942)- е поест и писател од македонска народност, комунист, роден во Банско, Пиринскиот дел на Македонија. Вапцаров бил член на Сојузот на бугарските писатели, а посмртно бил добитник на почесната Меѓународна награда за мир, во 1952 година. Никола Вапцаров Роден 7 декември 1909 Банско, Солунски Вилает, Отоманско Царство Починал 23 јули 1942 (возр. 32) Софија, Царство Бугарија ...