Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Нов гел на база на вода HPMC успешно ја обновува формата на окото и спречува слепило, според пилотска студија во Лондон. Ретка, но сериозна состојба наречена хипотонија на очното јаболко до сега оставала многу малку шанси за враќање на видот. Оваа состојба се карактеризира со опасно низок притисок во окото, што може да доведе до негов колапс. Причините можат да бидат различни – од слабост во производството на течност во окото до несакани ...
Кинескиот фузиски реактор EAST постигна густина на плазма некогаш сметана за невозможна, отворајќи нови перспективи за речиси неисцрпен извор на чиста енергија. Кинеските научници постигнаа значаен пробив во нуклеарната фузија — технологија која се смета за иднина на чистата енергија. Експериментот со „вештачко Сонце“ во реакторот EAST успеа да надмине густина на плазма некогаш сметана за невозможна, што го означува најголемиот напредок во ...
Нова студија сугерира дека аспартамот, дури и во мали дози, може да влијае врз срцето и мозокот. Што покажуваат истражувањата? Аспартамот, еден од најчесто користените вештачки засладувачи во гуми за џвакање, безалкохолни пијалоци и диетални производи, повторно се најде во фокусот на научната јавност. Нова студија сугерира дека дури и мали количини, доколку се внесуваат подолг временски период, може да имаат негативно влијание врз здравјето ...
Многумина веруваат дека бракот е рутина исполнета со компромиси „во добро и во лошо“, но реалноста е многу послоена од тоа. Животот со саканата личност ретко личи на романтична слика. Не се будите секое утро за заеднички појадок во кревет, домот не е секогаш среден, а оброците не се секогаш топли и свежи. Да се живее со некого што го сакаш значи и мали кавги — кој ќе го изнесе ѓубрето, кој ќе ги измие садовите, кој троши повеќе. Значи ...
Без ракавици. Баба Уранија често знаеше да каже: „Врати се во сопственото тело.“ Студената вода, валканштината, отпорот, заморот во дланките — сето тоа ве враќа чекор по чекор. Не станува збор за чист дом, туку за вкоренување. Додека сте затворени во мислите, стравот владее. Со крпа и кофа во раце, се враќате овде и сега. Пред важна одлука — преспијте ја трипати. Не еднаш, туку три ноќи. Првата е полна со емоции, втората ја диктира стравот, ...
Не допирајте никого над педесет години. Сериозно. Тие не се само луѓе — тие се вид преживеани. Цврсти како леб од минатата недела, брзи како бабината влечка во лет. Дури и како деца, знаеле да го препознаат расположението на мајката по звукот на тенџерето. На пет години носеле клуч околу вратот и топлеле ручек без да се изгорат. На седум готвееле супа без рецепт, а на девет ја поправале чешмата и бегаале од кучето на соседот. Знаеле како да ...
По празниците повторно започнува училиштето, а ова е пораката што вреди често да им ја повторуваме на децата. Одвојте пет минути и разговарајте со вашето/те дете или деца. Објаснете им дека различностите не се причина за потсмев – без разлика дали некој е повисок или понизок, послаб или подебел, со поинаква боја на кожа, носи очила, има здравствен предизвик, живее со еден или двајца родители или е нов ученик во одделението. Потсетете ги ...
Светските океани никогаш не биле потопли – новите научни податоци покажуваат драматично зголемување на акумулираната топлина, што го забрзува глобалното затоплување и носи долгорочни последици за климата и животот на планетата. Светските океани деветта година по ред бележат рекордни нивоа на топлина, покажува анализата на меѓународна група научници, објавена од германската новинска агенција dpa. Во 2025 година, топлината на океаните на ...
Лажните лица генерирани со ВИ масовно ги измамуваат луѓето и претставуваат сериозна закана за безбедноста, но научниците предупредуваат дека дури и пет минути обука можат значително да ја подобрат детекцијата. Сè пореалистичните лица создадени со помош на вештачка интелигенција сериозно го доведуваат во прашање нашето визуелно расудување и способноста да разликуваме вистинско од лажно. Ново истражување покажува дека дури и кратка, петминутна ...
Иако бројките покажуваат значителен пораст, искуствата од целиот свет укажуваат дека овој тренд може да се запре и промени. Децата кои поминуваат неколку часа дневно пред мобилни телефони, таблети и компјутери имаат значително поголем ризик од развој на миопија, која денес достигнува епидемиски размери. Експертите истакнуваат дека поминувањето време на отворено може да ја намали веројатноста за миопија кај младите. Се предупредува дека се ...
Иако често веруваме дека внимаваме што внесуваме, секојдневно во организмот ни завршуваат милиони микропластични честички преку храната и пијалоците. Постојат неколку изненадувачки извори на микропластика што редовно ги консумираме, а ретко ги поврзуваме со овој проблем. Микропластиката одамна не е само далечен еколошки предизвик поврзан со океаните и животинскиот свет. Според британската научничка Кетрин Ролф, предавач по инженерство на ...
Ретка природна супстанција со антиканцерогени својства конечно е создадена во лабораториски услови, што отвора нови можности за развој на терапии, особено за деца со агресивни тумори на мозокот. Соединението, кое за првпат било издвоено пред повеќе од половина век, досега било достапно само во минимални количини. Вертицилин А – молекула добиена од габи со потенцијал да се бори против ракот – сега е успешно синтетизирана, овозможувајќи детално ...
Истражувањата покажуваат дека, без разлика колкава тежина ќе се изгуби, килограмите се враќаат побрзо по прекинување на лековите за слабеење отколку по програми што се темелат на промени во однесувањето и животниот стил. Голема анализа на претходни студии открива дека кога пациентите престануваат да ги користат овие лекови, нивните позитивни ефекти – и врз телесната тежина и врз други здравствени показатели – постепено исчезнуваат во период ...
Вистинската тајна за зачувување на силата не лежи во тешките тегови и исцрпувачките тренинзи – експертите откриваат што навистина е важно. Со напредувањето на годините, станувањето, искачувањето и секојдневното движење постепено стануваат потешки. Сепак, дури и едноставни вежби со отпор можат значително да помогнат во заштитата на мускулите и зачувувањето на самостојноста. Станувањето од стол често не го забележуваме како напор, но со ...
Православниот Божиќ е еден од најсветлите и најзначајните празници во православната традиција. Тој се празнува на 7 јануари и го одбележува раѓањето на Исус Христос – Синот Божји, кој дојде на светот за да донесе љубов, мир и спасение на човештвото. Овој празник не е само религиозен настан, туку и длабоко вкоренета духовна и семејна вредност. Подготовките за Божиќ започнуваат со Божиќниот пост, кој трае четириесет дена. За време на постот, ...
Бадник, денот пред големиот христијански празник Божик, е исполнет со длабока духовна симболика и тивка подготовка за раѓањето на Исус Христос. На овој ден, православната црква, покрај Бадник, го одбележува и споменот на Св. Великомаченица Евгенија, што му дава уште поголема тежина и значење. Св. Евгенија живеела во раните векови на христијанството, во време кога исповедањето на верата било опасно и често казнувано. Родена во угледно римско ...
Иако договорите за нуклеарно оружје звучат далечно и апстрактно, нивното истекување има реални последици за сите нас. Во февруари истекува „Нов СТАРТ“ – последниот договор што ја ограничува големината на нуклеарните арсенали на САД и Русија. Тоа значи дека за првпат по повеќе од три децении, двете најголеми нуклеарни сили ќе останат без меѓусебни правила и проверки. Зошто ова е важно? Договорот не служи само за „броење боеви глави“. Тој ...
Нашите сетила не работат одвоено – тие се испреплетуваат, создавајќи сложен и богат мултисензорен свет што ја обликува нашата перцепција. Конвенционалната идеја за пет сетила станува недоволна, објаснува британски експерт. Ретко размислуваме за сите информации што ги добиваме од телото надвор од класичните пет сетила. Грубоста на кујнската плоча, топлината на утринското сонце или мекоста на лебот се регистрираат без свесен напор. Бери Смит, ...
Доколку планирате да имате деца, грижата за здравјето не започнува во моментот на зачнувањето. Напротив, подготовката започнува многу порано и опфаќа повеќе од репродуктивното здравје. Научниците предупредуваат дека изложеноста на штетни супстанции, како микропластиката, може да има далекусежни последици – не само за идните родители, туку и за нивните деца. Истражувачи од Универзитетот во Калифорнија, Риверсајд, спровеле студија која покажала ...
По празничниот декември, кога многумина консумираа повеќе храна и алкохол од вообичаено, јануари е вистинско време за рестартирање и воведување поздрави навики. Без разлика дали сте донеле новогодишна одлука за подобра исхрана и помалку алкохол, лекарите од Хрватска ги повикуваат граѓаните да се приклучат на глобалната иницијатива „Сув јануари“. Станува збор за доброволна апстиненција од алкохол во текот на првиот месец од годината, чија цел ...
Во 2025 година, Словачка донесе законско решение кое го нагласува традиционалното семејство како основна единица на општеството. Според новиот закон, посвојување на деца е можно само од брачни парови составени од маж и жена, со што државата ја потврдува рамката „татко, мајка и деца“ како најстабилна средина за раст и воспитување на детето. Овој чекор е логично продолжение на претходната уставна дефиниција на бракот како заедница помеѓу маж и ...
Беше 1942 година. Среде Арапското Море пловеше брод што повеќе наликуваше на лебдечка гробница отколку на спас. На него се наоѓаа 740 полски деца – сирачиња, преживеани од советските работни логори, каде што нивните родители умреле од глад, студ и исцрпеност. Децата успеале да избегаат преку Иран, надевајќи се на слобода. Наместо тоа, ги пречекало нешто уште пострашно: рамнодушност. Ниту една земја не сакала да ги прими. Дури ни Британската ...
На прв поглед, овие навики можеби не делуваат како нешто што значително ќе го промени вашето здравје. И навистина, ефектите нема да бидат моментални. Но токму во долгорочната примена се крие нивната вистинска вредност – постепено, но сигурно, тие позитивно ќе влијаат и на вашето физичко и на менталното здравје. А тоа, во крајна линија, е најважното. Почетокот на новата година традиционално е период кога луѓето носат „новогодишни одлуки“ со ...
Кина повторно ги поместува границите во истражувањето на хипергравитацијата со изградбата на досега најмоќната центрифуга во светот. Објектот е дел од лабораторијата CHIEF, која функционира во рамките на Универзитетот Zhejiang и е достапна за научници од целиот свет. Новата центрифуга, наречена CHIEF1900, претставува значителен напредок во однос на претходните модели. Освен што создава екстремно силни гравитациски полиња, таа овозможува и ...
Писмото на еден татко до ќерката со Даунов синдром, напишано по повод нејзината венчавка, е тивка и моќна исповед за стравовите, надежите и изненадувањата на родителството. „Не можевме да ги натераме другите деца да те сакаат. Да те прифатат, да се дружат со тебе и да бидат покрај тебе во светот на детските односи. Се прашувавме каков е тоа детски живот во кој нема преспивања кај пријатели и роденденски прослави. Тогаш бев загрижен за тебе. ...
Збогувањето на јапонската принцеза Мако со своето семејство претставуваше еден од најтивките, но и највпечатливи моменти во современата империјална историја на Јапонија. Со одлуката да се омажи за лице надвор од благородништвото, принцезата свесно се откажа од својата кралска титула, привилегиите и животниот пат што ѝ бил одреден уште од раѓање. Наместо свечена церемонија и јавен спектакл, моментот беше обележан со скромност и длабока човечка ...
Ја имаме! Тоа беше восклик на новите родители – оние кои со нетрпение ја очекуваа својата „Држава“. Тие ја родиле преку сите предизвици: стравот од бременост, породилните болки, неизвесноста. И конечно, ја донеле на свет новата, сакана, планирана Држава. Како и секој родител, тие беа горди, среќни и наивни. Тие ја гледаа совршена, иако родена со крв и со силен, гласен плач. Мислеа дека најтешкото е зад нив – но вистинската работа допрва ...
Иако научните откритија често доаѓаат ненадејно, постојат неколку настани што веќе сега се најавуваат како потенцијално пресвртни за 2026 година. Милиони научници ширум светот работат на проекти кои би можеле значително да го променат секојдневието на човештвото, но дали токму следната година ќе донесе големи пробиви – останува неизвесно. Сепак, експертите издвојуваат пет настани кои би можеле да ја обележат научната агенда во 2026 година. ...
Почитта кон себеси не е ароганција, туку зрелост. Таа почнува во моментот кога ќе престанете да се докажувате пред оние што не ве гледаат, и ќе почнете да се појавувате за себе. Не трчајте по луѓе на кои не им е грижа. Вниманието што мора да се моли не е внимание – тоа е навика што ве исцрпува. Зборувајте јасно, но само кога е потребно. Тишината често зборува погласно од илјада објаснувања. Инвестирајте во себе – во знаење, мир, здравје и ...
ПО НОВА ГОДИНА … Ние не очекуваме ништо. Ниту пресврт, ниту знак, ниту почеток. Само продолжување. Да не нè напуштат раце што знаат колку тежиме кога ќе замолчиме. Да не мораме да објаснуваме зошто понекогаш ништо не ни се слави. Да имаме каде да седнеме кога ќе се истрошат зборовите. И некој што ќе остане без да праша што ќе стане од нас. Ако ова е новата година — нека помине тивко. Нека биде нежна кон сите нас. Ние ќе бидеме тука. ...