
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



ПОЧЕТОК ИСПОЛНЕТ СО ХРАБРОСТ Развој низ годините Во време на предизвици и неизвесност, Петре Јордев ја основа компанијата како мала софтверска фирма. Без страв од ризиците, но со јасна цел, тој тргна по патот на иновациите. Како што компанијата растеше, нејзината дејност се прошири. Од софтверска фирма, се насочи кон трговија со бела техника, а потоа го направи првиот голем индустриски потег со купување на фабрика за производство на дрвени ...
Генералниот директор и Претседател на УО на АЛКАЛОИД АД Скопје, Живко Мукаетов, е дел од престижната листа ТОП 25 за 2025 година, во категоријата Бизнисмени, подготвена од регионалната медиумска мрежа Bloomberg Adria. Листата ТОП 25 за 2025 година ги вклучува најистакнатите бизнисмени и компании од Северна Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и од Босна и Херцеговина. Изборот беше направен во вкупно пет категории – компанија, бизнисмен, ...
Во своето редовно годишно обраќање до вработените, генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД, Живко Мукаетов ги честиташе празниците и ги сподели бројните достигнувања во успешната година која изминува на која сегашните вработени, но и сите изминати генерации Алкалоидовци можат да бидат горди. ““Алкалоид“ во моментов е компанија на над три илјади семејства и секој еден член на големото семејство алкалоидовци ...
Со промоција на книгата „Вулкани и земјотреси“ од авторите проф. д-р Ванчо Чифлиганец, проф. д-р Михаил Гаревски и м-р Гуте Младеновски, синоќа во Скопје, Адора Бизнис Групацијата одбележа 22 години развој како успешна македонска градителска приказна. Книгата „Планетата Земја – Нашиот немирен дом“ е прва популарна научно-стручна публикација на македонски јазик, наменета за популација од 7 до 77 години, со цел читателите да се запознаат со ...
Душан Митрев, генерален директор на Пивара Скопје, беше еден од говорниците на овогодинешната конференција The Economist MeetUp, каде што го истакна значењето на корпоративната стратегија и нејзината улога во економскиот и општествениот развој. Во своето излагање, тој ја презентираше безвременската стратегија на Пивара Скопје, која се темели на четири клучни столба: „Стратегијата на Пивара денес е истата што била досега и ќе остане иста во ...
Френсис Фукујама, еден од најпознатите интелектуалци – „За смртта на историјата“, и победата на либералната демократија по распадот на комунизмот, во нов напис за „Фајненшл тајмс“, ја анализира победата на Трамп со тврдењето за „крајот на либералната демократија“. „Победата на Доналд Трамп и Републиканската партија ќе доведе до големи промени во важни политички области – од имиграцијата до војната во Украина. Големото значење на изборите ги ...
Бизнис заедницата во Македонија, од сите стопански комори, се обедини како ретко кога и гласно побара промена на досегашниот економски модел на функционирање во економијата. Побара израмнување на третманот на домашните и странските инвестиции и уште многу конкретни мерки. Падот на производството, мал извоз и перманентно зголемување на трговскиот дефицит, ниско ниво на инвестиции, раст на задолженоста … Ова се само некои од поразителните ...
Breitling и Triumph Motorcycles и оваа година најавија соработка што го обединува ослободувачкиот дух на мотоциклизмот со прецизното часовничарство. По нивната трета партнерска соработка, швајцарскиот производител на луксузни часовници и британската марка на мотоцикли го претставија часовникот Chronomat B01 42 Triumph, спој на титаниум и 18 k црвено злато украсено со бројчаник од антрацит. Оваа нова итеракција е совршено надополнета со ...
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес. На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и ...
Електричните и водородните возила на Грин Машинс на БРАКО учествуваа на еден од најзначајните европски настани, ECOMONDO во Римини, Италија, кој претставува еден од најзначајните саеми и конференции во Европа, и кој ги обединува и системизира клучните елементи кои ги дефинираат развојните стратегии на политиката за животна средина на Европската унија. На овогодинешниот настан, Грин Машис го претстави 500H2, најсовремен чистач на улици со погон ...
Во време кога дигиталниот свет ги потиснува традициите, а заборавот станува наша секојдневна реалност, македонскиот јазик добива нова форма на изразување преку уникатната колекција накит на Сташа Божиновска – ДУМА. Оваа колекција, создадена како дел од проектот „Азбучен споменар“, ги оживува архаизмите – подзаборавените македонски зборови – претворајќи ги во современа уметност. „ДУМА е посвета на македонскиот збор – неговата сила, убавина и ...
Љупчо Зиков Има една анегдота од деведесеттите години врзана со еден голем директор и сопственик на еден македонски комбинат (како што го викаа) кој поседува телевизија со национална концесија … Тој ден после изборите на ВМРО ДПМНЕ во 1998 година влегол во телевизијата, и пиејќи чаша виски на неколку уредници им довикнал – „ алоо пазете како вртите на десно испопадасмо од приколицу„!? Тој наш голем бизнис деец беше далеку пред времето со таа ...
Експертите и јавните лица се едногласни во однос на ставовите дека родителството е посебна животна улога која носи голема одговорност и која подразбира безусловна љубов, силна грижа, огромна храброст и безброј компромиси. Водителот Жарко Димитриоски и хрватската актерка и амбасадор на УНИЦЕФ Мирна Медаковиќ-Степинац ја отворија првата регионална конференција на Becutan, која броеше близу 200 посетители од Македонија и од регионот. Разбирајќи ги ...
Знаете што … Македонија „ни крива ни должна„ сепак ќе го продолжи својот пат во преговорите со Европската Унија. Она што ќе биде важно и секако многу непријатно со овие генерации кои сега се бутаат во јавната администрација (партиски и етнички) е што Брисел, кога ќе дојде времето, ќе биде немилосрден и нема да го интересира ниту балансерот ниту законот за правична застапеност. Кога ке дојдат тие глави и кластери на дневен ред за преговарање ...
Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – септември 2024 година продажбите достигнуваат 9.997.468.062 денари, што е за 9 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 14.236.125.924 денари, што е за 14 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Продажби според региони Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени ...
Во рамки на октомври – месецот на штедење, УНИБанка организираше серија интерактивни активности под мотото “УНИФин Aвантури”, насочени кон финансиска едукација на најмалите. Кампањата вклучи различни категории на образовни институции и тоа градинки, основни и средни училишта низ целата држава. Овие активности имаа за цел да ги едуцираат младите за важноста на штедењето и управувањето со финансиите, да се запознаат децата со концептите на ...
„Алкалоид“ е компанија која функционира глобално, но базата е во Македонија. Иако прогнозите на светско ниво се песимистички, со стабилност дома, ако сите дадеме свој мал придонес за раст на националната економија, амбициозните проекции би биле реални. Ни недостига и поголема меѓусебна доверба за како нација да растеме заедно“. Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, зеде учество на Првата годишна конференција ...
ПроКредит Банка започна нова соработка со Европската инвестициска банка (ЕИБ) како дел од Програмата за техничка помош на Greening Financial Systems (GFS), со што ќе добие поддршка во напорите за управување со климатските ризици преку споделено знаење и техничка експертиза коишто се неопходни за спроведување на сеопфатен план за климатска транзиција. Со оваа иницијатива, ПроКредит Банка ја потврдува својата долгорочна посветеност на одржливост, ...
ПроКредит Банка продолжува да ја шири својата мрежа со отворање на нова, модерна филијала во Чаир. По реновирањето на неколку постоечки филијали и отворањето на нови филијали низ Македонија, ПроКредит Банка ја збогатува и својата мрежа во Скопје. Отсега клиентите на банката ќе можат да ги користат сите дигитални поволности, како и стручните совети од ПроКредит тимот во населбата Чаир на ул. Џон Кенеди бб, Скопје. Филијалата во Чаир располага со ...
Сопственикот на Фероинвест, проф.д-р Кочо Анѓушев вели дека компанијата Фероинвест на годинешниот саем ЕНЕРГО ТЕХНОМА во Скопје ќе претстави решенија за проблемот со вишокот електрична енергија од фотоволтаици, што е главен проблем во моментот, но дека нивните инженери веќе работат на енергетски решенија кои ќе се бараат по 5 или 6 години. Нашата компанија е една од водечките компании во техничката сфера во Македонија, особено во ...
Скопје, 24.10.2024. Компанијата dm drogerie markt постигна извонредни деловни резултати во деловната 2023/24 година. Со остварен промет од 3,07 милијарди денари, односно раст од 25,15 отсто, инвестиции во износ од речиси 126 милиони денари во својата продажна мрежа, како и раст на фреквенцијата на пазарување од окoлу 16 отсто, најголемиот дрогериски синџир постигна напредок во сите клучни области и ја зајакна својата позиција на македонскиот ...
ПроКредит Банка официјално го објави лансирањето на првиот дигитален банкарски асистент во нашата земја – Предраг, кој ќе биде достапен за користење 24/7, а ќе послужи како уште еден за комуникација на банката со клиентите, сѐ со цел да овозможи уште полесно и попристапно банкарство. Како дел од стратегијата за дигитализација на банката, Предраг е дигитален асистент кој ја нагласува посветеноста на ПроКредит во активно инвестирање во развојот ...
Зелените инвестиции играат значително важна улога во обезбедувањето на долгорочна одржливост на компаниите во денешниот брзо променлив свет каде сѐ повеќе доминираат темите од еколошки аспект. Со насочувањето кон зелени инвестиции компаните придонесуваат за заштита на животната средина и за зајакнување на сопствената конкурентност и стабилност на пазарот. Обезбедување долгорочна одржливост Најважната придобивка од зелените инвестиции за ...
Некои земји од Западен Балкан ќе станат членки на ЕУ до крајот на деценијата! Важни ќе ви бидат суштинските реформи на тој пат без кои нема да има напредок! Небојша Стојчиќ е ректор на Универзитетот во Дубровник. Истакнат претставник на помладата генерација на хрватски економисти. Неговата академска работа опфаќа широк опсег на теми, со посебен акцент на технолошката конвергенција, иновациите и индустриската политика и процесите на ...
CPHI 35 години по ред обединува фармацевтски експерти, иноватори и пионери од индустријата. Оваа глобална мрежа нуди можности за учење, иновации и разни типови на соработка. Тимот на „Алкалоид“ на овогодишниот собир брои околу 30 професионалци од различни организациски сектори на компанијата „Алкалоид“ годинава од Милано ја започна третата деценија како традиционален учесник на најреномираниот светски настан во областа на фармацијата – CPhl ...
Групацијата ГЕН-И ја изгради својата втора голема соларна електрана во земјата, во близина на Кавадарци. На претходно деградирано земјиште од 70.000м², инсталирани се 17 612 фотоволтаични модули, што зафаќаат вкупна површина од 60.000м². Нивната максимална вкупна моќност (во зависност од временските услови) изнесува 12 MW. Во зависност од бројот на сончеви часови, овие модули можат годишно да произведат до 15.500 MWh енергија без јаглеродни ...
Не може сите млади да бидат ИТ инженери, бидејќи на државата и се потребни и архитекти, и градежници, и металурзи и технолози. Вака проф. д-р Кочо Анѓушев се брати на дебатата на Машинскиот факултет во Скопје, по повод 20 години од Институтот за мехатроника. „Мора да се земе предвид дека стопанството денес не е истото коешто беше пред 30 или 40 години. Индустријата има потреба од друг тип на кадри и одговори, и затоа и факултетите треба да ...
Кредити од Европската инвестициска банка (ЕИБ) за македонските фирми да постават батерии на фотонапонските електрани, инсталирани на покривите на индустриските објекти, е поволноста со која европската финансиска институција ќе го поттикнува македонското стопанство да биде енергетски ефикасно. Пред штипските фирми, во салата на општина Штип, консултантите на Европската Банка, Ловре Ристевски и проф. Даме Димитровски, порачаа дека има потреба ...
Би споменал дека банката од водечкото светско списание „Global Banking & Finance Review” беше прогласена за „Најдобра банка за мали и средни претпријатија во Македонија во 2017 година”, а од истото списание беше прогласена и за „Најдобра Банка за Население во Македонија во 2020 година”. Имаме добиено и награда „Креатори на векот“ за 2018 година за придонесот во развојот на претприемништвото во Централна и Југоисточна Европа. Во 2020 година ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во вторник на 8 октомври ќе патува за Будимпешта каде ќе биде потпишан договорот за кредит во висина од 500 милиони евра од унгарската експорт-импорт банка. -На 8 октомври заминувам и тој ден ќе се потпишува кредитот во Будимпешта. Очекувам до крајот на следната недела парите да легнат на буџетските сметки, прво на девизната, а потоа ќе пренасочуваме дел на денарската сметка – рече таа во ...