Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Оваа недела Microsoft ја претстави новата надградба на GitHub Copilot. Со надградбата асистентот е побезбеден и помоќен. Новиот модел покажува поквалитетни решенија и тоа го прави побрзо. Copilot е вештачка интелигенција – асистент за програмирање, која генерира код заедно со програмерот. Алатката е развиена од Github и OpenAI, и е достапна за корисниците на Visual Studio, Visual Studio Code, Neovim, JetBrains. Copilot им помага на ...
Power Platform Македонија, го најавува својот прв настан под името “Power Platform Bootcamp” кој ќе се одржи во Public room во Скопје со почеток во 11:00 часот. Влезот е слободен за сите ентузијасти кои сакаат да слушнат повеќе за една од најпопуларните платформи на Microsoft денес – Power Platform. Power Platform Македонија е независна организација фокусирана на Power Platform и најновите трендови поврзани со оваa платформа. Сѐ поголемата ...
Овој текст е дел од иницијативата “.mk стартап на месецот” нa IT.mk и Startup Macedonia во кој ја раскажуваме приказната на одбран .мк стартап кој е на пат кон успехот. .мк стартап на месецот [декември, 2022]: Synapse Aviation со Airport Briefing – иновативен производ во глобалната авијациска индустрија Airport Briefing е софтвер кој им овозможува на пилотите на интерактивен начин, користејќи 3Д и аудио-визуелни елементи, да ги проверат ...
Доколку сте и вие како нас, често се случува да посетите одреден сајт и да ви се привлече вниманието од фонтовите кои се употребени. Fonts Ninja е екстензија за прелистувачот Firefox (има алтернатива и за Chrome), а нејзината цел е да го анализира посетениот сајт и да ве извести за имињата на фонтовите кои се користат. Fonts Ninja не може да анализира слики, така да фонтовите кои се дел од слика поставена на веб сајтот ќе бидат заобиколени. ...
Кевин Лиу е студент на Универзитетот Станфорд кој успеа преку вешто прилагодени барања да го открие основниот „prompt“ на Bing со вештачка интелигенција. Првичните нагодувања во себе содржат листа инструкции кои ограничуваат како Bing одговора на прашањата. Целиот разговор, вклучувајќи ги и првичните ограничувања се дел од единствен документ. Кога вештачката интелигенција дава одговор ги има предвид сите претходни прашања, одговори, но и ...
Diolingo е феноменална апликација за учење странски јазици, но доколку сакате да се префрлите во математички води, тогаш Duolingo Math е апликација само за вас, под услов да имате iOS направа… Duolingo Math ја препорачуваме ем на учениците од основно одделение, ем на повозрасните лица кои сакаат секојдневно да ги тренираат сивите ќелии! Преку апликацијата се се решаваат најразлични класични задачи како одземање, собирање, делење или множење. ...
Во случај да често преземате најразлични торенти, од легална природа, се разбира, потребна ви е едноставна, но моќна апликација. До пред некое време, сметавме дека Deluge е апсолутно на тронот, но со секое надополнување Transmission е чекор поблиску до првото место. Најновата верзија на Transmission е се што би можеле да посакате од еден клиент за торенти – чист, ненаметлив и едноставен дизајн кој е целосно опериран од реклами! Transmission е ...
React е бесплатна open-source front-end JavaScript библиотека, која се користи за креирање на кориснички интерфејси. Го одржува Meta (екс Facebook) и заедница од индивидулани девелопери и компании. Се користи за креирање на single-page апликации, веб и мобилни апликации. Оваа популарна библиотека овозможува креирање на UI компоненти и управување со состојбата на веб апликациите. За да стартувате со развојна околина и да ја направите својата ...
Корисниците на WordPress.com ќе можат да користат вештачка интелигенција за да генерираат содржина. Ако следите што се случува со развојот на вештачка интелигенција веројатно веќе помисливте дека секако ова може да го правите со некој од различните сервиси како chatGPT. Во овој случај не станува збор за тоа, туку за два нови блока. Блоковите ги изработија во партнерство со OpenAI. „AI Paragraph“ може да генерира текст кој се базира на ...
Во пресрет на денот на вљубените, од Sony решија да организираат огромна распродажба која опфаќа илјадници игри на попусти кои знаат да бидат исклучително длабоки. Во оваа прилика, решивме да ги засукаме ракавите и да ги ископаме ем најевтините ем најинтересните игри кои се опфатени со промоцијата. Destroy All Humans! Clone Carnage за 1 денар! Не знаеме дали е грешка, но за само 1 денар оваа самостојно DLC апсолутно се исплати затоа што нуди ...
Display Network на Google е збир од веб-сајтови, апликации и платформи кои им прикажуваат реклами на корисниците. Овие реклами се сервираат од страна на платформата Google Ads, и можат да таргетираат специфична публика врз основа на различни фактори, на пример демографија, интереси и локација. Кога корисникот посетува веб-сајт или користи апликација која припаѓа на Display Network, Google Ads се обидува да најде и да сервира реклама која е ...
Ја испративме 2022 година со многу научени лекции, нови перспективи и храбри иновации што нашите членови ги прифатија со отворени раце. Гледајќи назад, 2022 беше уште само една попатна станица што ни требаше за да нè охрабри да продолжиме да бидеме подобри, пофункционални, пофлексибилни, поуслужливи, похрабри. Ја започнавме 2023 година ветувајќи си дека ќе ги примениме научените лекции и ќе им го овозможиме на корисниците искуството што го ...
Има нешто особено интересно во управување со ресурси, градење најразлични објекти сред океан и грижење за вашите несреќни бродоломци. Havendock го знае ова и од петни жили се труди да понуди целосно уникатна и непредвидлива симулација со колонии. Havendock e како ниедна симулација која до сега сме играле. Почнувате на само една мала дрвена платформа, сред океан. Потребно е вашиот лик да собира дрво кое плови на водата за да може да направи ...
Се чини дека оваа недела ќе биде целосно во фокусот на вештачката интелигенција. Започна со најавите на Google за Bard, продолжи со најавата за ChatGPT во Bing. Вестите ќе продолжат и денес со презентациите на Google за можностите на Bard. Новата верзија на Bing е веќе функционална. Сепак за пристап до неа има листа на чекање. Ако сте заинтересирани ќе треба да се приклучите на листата. Она што е најинтересно во моментов, и за што имаме ...
Конкуренцијата кај вештачката интелигенција само што започнува. Откако минатата недела во обраќањето до инвеститорите Google најави дека наскоро ќе ја претстави својата вештачка интелигенција, оваа недела добивме повеќе детали. Сундер Пичај официјално го најави конкурентот на ChatGPT на почетокот на оваа недела во блог пост на Google. Google е претпазлив и барем засега „Bard“ e опишан како „експериментална услуга за разговорна вештачка ...
The Settlers серијалот нуди уникатни стратегии кои се особено ценети од оние кои првенствено сакаат да се фокусираат на градење, истражување и управување со населби. Кон оваа равенка дефинитивно се приклучуваат и игрите како Foundation, Banished и Kingdoms and Castles. Но, што доколку се извлечат најдобрите работи од овие четири игри и се покријат со розевата наметка на бајките? Релаксирачка гејминг сесија Тоа е констатацијата која константно ...
Како дел од најновиот Steam Next Fest настан, гејмерите можат да проверат над 900 демо верзии на игри кои ќе излезат. Се работи за запрепастувачки висок број демо игри и исклучително малку време доколку сакате да ги проверите сите. PC Gamer ја имаат направено математиката и излегува дека, доколку сакате се да проверите, потребно да играте по 129 демо игри секој ден, односно по 5.5 демо игри на секој час, или по 12 минути да посветите на секое ...
Пред околу 4 месеци Microsoft официјално го издаде Designer, едноставна алатка за креирање илустрации за друштвени мрежи, која треба, и може да биде конкурент на Canva. За користење на апликацијата имаше листа на чекање, а сега конечно ни стигна „покана“ од Microsoft. Најголемата разлика со Canva е што во Designer речиси сѐ е автоматизирано и се базира на вештачката интелигенција – Designer Copilot. Designer Copilot е нов систем за вештачка ...
BestFile e веб сајт кој ви дозволува да поставувате и споделувате неограничен број фајлови чија големина не е над 5GB. Имено, сервисот ви нуди да поставите онолку документи, музика и видеа колку што сакате. Таквите фајлови се поставуваат и преземаат без какви било ограничувања во призината, а можат да се сподела преку директен линк и автоматски на најпознатите социјални мрежи. BestFile ви дозволува да поставувате до пет фајлови од еднаш. Во ...
The Last Kids on Earth доживеа одреден успех, што со популарната книга за млади, што со Netflix серијалот. Онаму каде што има дим има и огин, па поради тоа, Last Kids on Earth and the Staff of Doom беше првата игра која се осмели да капитализира на литературниот и филмски успех. Staff of Doom не беше лоша игра и, потпомогната од Game Pass, успеја да заинтригира многу млади умови. Нешто повеќе од година дена, се појавува нова игра од овој ...
Конкуренцијата кај вештачката интелигенција само што започнува. ChatGPT ги покажа можностите на сервисите кои наместо листи на линкови кои можеби содржат одговори, дават одговори. Дел од анализите дури предвидуваа дека сервисот ќе го истисне Google oд пребарувањето. Сепак најпопуларниот пребарувач во светот не е без сопствени адути кога вештачката интелигенција е во прашање. Во обраќањето до инвеститорите директорот на Google, Сундар Пичај ...
Пред само неколку месеци во ноември, OpenAI го претстави ChatGPT. Вештачка интелигенција која има одговори за секое наше прашање, може да креира текстуални игри, да пишува поезија, ги воодушеви сите. Стартапот оваа недела најави дека комерцијалната верзија ќе биде достапна во следните неколку недели и ќе чини 20 долари месечно. Претплатниците ќе имаат пристап до ChatGPT дури и кога оптоварувањето е преголемо; ќе ги добиваат одговорите побрзо, ...
Креаторите на ChatGPT, Open AI, претставија нова алатка која ќе го олесни животот на академската заедница. Веб-алатката може да им помогне на наставниците и професорите да препознаат дали некој текст е напишан од човек или машина. Веста дека OpenAI работи на ваков софтвер ја објави Register на средината на јануари, а сега веќе постои готова алатка. AI Text Classifier е трениран за да може да препознае разлика помеѓу текст напишан од луѓе и ...
Моделите на вештачка интелигенција кои креираат слики од едноставни текстуални барања веќе се супер интересни за корисниците. Во 2023 година оваа технологија би можела да доживее „експлозија“ според предидувањата на MIT Technology Review, кој ја стави вештачката интелигенција што црта на листата највлијателни технологии во моментов. Една од причините за ова е што алатките кои со помош на вештачка интелигенција креираат слики веќе успеаа да ...
Пред неколку дена Mercedes-Benz објави дека е првиот производител на автомобили кој ќе започне да тестира 3-то ниво на автономија на своите возила. Неофицијално компанијата го објави ова на CES на почетокот на јануари, но официјално објавија дека започнуваат со тестови минатата недела. Технологијата ќе ги има првите тестови на улиците на Невада, и тоа со повеќе ограничувања. Брзината мора да биде под 64 km/h (40 mi/h), а возач постојано мора ...
Февруари обично се смета како релативно слаб месец во поглед на нови игри, но најзагрижените гејмери сепак нема да останат со празни раце. Како една од најочекуваните игри е секако Hogwarts Legacy. Лудилото по Хари Потер книгите и филмовите можеби е одамна завршено, но играта на ЕА озбилно се заканува да ја врати старата слава на големата врата. За истиот ден се планира и Wanted: Dead – уште една игра која ветува многу со уникатни борбени ...
MusicLM е нова вештачка интелигенција од Google која може да компонира музика од внесен текст. Како и останатата вештачка интелигенција корисникот внесува текст како опис, а MusicLM компонира врз база на овој опис. Она што можеби ќе ве разочара (или израдува) е дека Google нема намера да ја направи вештачката интелигенција достапна до корисниците. Веројатно главна причина поради која вештачката интелигенција нема да биде достапна за јавноста ...
Google најави дека ќе воведе промени во Google Store, Google Play Store, Google Hotels и Google Flights. Промените ќе овозможат поголема транспарентност и појасни информации за корисниците. Со ова услугите ќе бидат во согласност со законите во Европската Унија. Google во 2021 година се согласи да ја поддржи Мрежа за соработка за заштита на потрошувачите (Consumer Protection Cooperation Network). Промените во Google Flights и Google Hotels ќе ...
Има одредени ситуации кога за некоја песна сакате да го одстраните вокалот, и да ја извлечете само музиката. Ваквото нешто знае да биде исклучително корисно доколку организирате караоке забава или пак спремате претстава во, да кажеме, училиште. Vocal Remover е моќна онлајн алатка која користи напредни AI алгоритми за да ги отстрани вокалите или пак да ја изолира музиката. По посетување на сајтот, потребно е да одберете и поставите одреденa ...
Microsoft, Salesforce, SAP, IBM и Google последниве десет дена најавија дека ќе мораат да го намалат бројот на вработени. Компаниите ќе отпуштат поголем број на вработени, од 12.000 во Google, до 3.000 во IBM, а причината за ова е забавениот раст, непродуктивноста и економските случувања. Microsoft и Google им се приклучија на останатите големи и помали компании од секторот кои минатата година ја завршија со кратења на бројот на вработени. ...