Серијалот MADO MONOGATARI, кој своите почетоци ги бележи во 80-тите и 90-тите години развиена од Compile за MSX и PC-98, се враќа на гејминг сцената со нов наслов. Познат до некаде по впечатливите ликови и механики на истражување зандани, овој серијал е, можеби, најпознат по тоа што од него произлезе puzzle играта Puyo Puyo. Најновиот додаток, MADO MONOGATARI: Fia and the Wondrous Academy, ветува враќање кон корените, но со модернизиран пристап ...

Heartworm e наслов кој ветува длабоко психолошко, носејќи со себе носталгија за златната ера на survival horror жанрот. Развиена од Винсент Адинолфи, а објавена под закрилата на DreadXP, играта остава впечатоци на внимателно изработено љубовно писмо до легендарните наслови како Silent Hill и Resident Evil. Приказна за загубата и натприродното Во центарот на приказната е Сем, млада жена која се бори да ја прифати смртта на својот сакан дедо. ...

Студиото Surgent Studios, веќе познато по наградуваната игра Tales of Kenzera: ZAU, во соработка со издавачот Pocketpair Publishing, неодамна ја лансираше нивната најнова креација, Dead Take. Станува збор за психолошки хорор во прво лице, дизајниран во стилот на escape room игрите. Ваквата поставка ветува длабоко и вознемирувачко патување низ мрачните ходници на една холивудска вила, привлекувајќи огромно внимание поради својата уникатна премиса ...

PayPal објави нова услуга наречена „Pay with Crypto“, со која ја забрзува интеграцијата на криптовалутите во секојдневните трансакции. Оваа иницијатива, според компанијата, има за цел да ги направи крипто плаќањата мејнстрим, намалувајќи ги трошоците за меѓународни трансакции до 90% и овозможувајќи моментални порамнувања. Со поддршка за над 100 криптовалути и интеграција со популарни дигитални паричници како Coinbase, MetaMask и Binance, PayPal ...

Повозрасните гејмери дефинитивно се сеќаваат на гејминг сесиите со флеш игри преку интернет прелистувачите. Доколку сте и вие како нас, тогаш имињата како Armor Games и Kongregate будат бројни сеќавања. SoulGame Studio беше еден од пионерите на таа сцена, а сега, преку Swords & Souls Legacy Collection, нивните пет најпознати класици се враќаат во ново, модерно руво каде потребата за Flash Player-от е хирушки одстранета. Оваа колекција не е ...

Во оваа прилика издвојуваме две кратки, но крајно симпатични и впечатливи инди игри кои никако не би требало да ги заобиколите, особено доколку сте фанови на уникатни искуства кои ги заобиколуваат стандардните гејминг норми. Доколку имате слободно попладне, истражувајте трогателна приказна поврзана со мало девојче или пак навлезете во длабоки разговори додека го барате вашиот автомобил. and Roger: Поглед низ искривените очи на реалноста Едно ...

Apple Pay и официјално стана достапен во Македонија од утрово, 29 јули. Оваа вест доаѓа доста порано од првичните најави, и е голем чекор напред за дигиталните плаќања во земјава, овозможувајќи им на корисниците на Apple уреди да ги користат своите iPhone, Apple Watch и други компатибилни направи за брзи и безбедни трансакции. Лансирањето го вклучува и соседните земји Албанија, Андора, Босна и Херцеговина и Косово, што укажува на ширење на ...

The Great Villainess: Strategy of Lily е смел и интелигентно дизајниран наслов кој ги предизвикува конвенциите на стратешкиот жанр, спојувајќи длабока тактичка механика со наратив каде секоја одлука има вистинска тежина и трајни последици. Во сржтта на Strategy of Lily не се крие само приказна за војна, туку и за бунт, морал и врските што се создаваат во најтешките времиња. Згора на тоа, опсипани сте со бројни можности за водење впечатливи ...

Lucy Dreaming е шармантен, интелигентен и изразито британски наслов кој успешно ги комбинира комедијата, мистеријата и истражувањето на човечката психа, целосно вовлекувајќи ве во златната ера на „point & click“ авантурите. Развиена од студиото Tall Story Games, играта ве става во улогата на Луси, остроумна млада девојка која страда од вознемирувачки кошмари. Меѓутоа, нејзините проблеми се далеку од обични. Зад овие кошмари се крие мрачна ...

Resonant Blade e акциона авантура која е сместена во дистописки научно-фантастичен свет. Играта се истакнува на уникатен начин благодарение на механиките поврзани со звукот. Имено, играта на Wise Wombat Games го става звукот во центарот на своите механики, создавајќи уникатно искуство кое ги предизвикува и вапиот ум и вашите рефлекси. Приказната нè носи во Тера, свет чии градови некогаш биле заштитени со огромни био-куполи за да се заштитат од ...

Во свет распарчен од катаклизмичниот настан Рагнарок, каде што старите богови ги нема, се појавува нова должност. Вие сте избрани да го обликувате следниот свет, а вашата алатка не е само чеканот на ковачот, туку и самиот хаос. Cloudheim, развиен од студиото Gneiss Softworks, е кооперативна акциона RPG игра која на уникатен начин ги спојува брзата борба заснована на физика со длабок систем за крафтање. Кога играта ќе излезе, ќе ви дозволи да ги ...

Neon Abyss 2 навлезе во раниот пристап како амбициозно продолжение на популарниот роглајк наслов, ветувајќи дека ќе ве однесе на уште подлабоко во својата неонска, хаотична бездна. Надоврзувајќи се на темелите на својот претходник, оваа игра има за цел да го прошири искуството со нови механики, повеќе содржина и, за првпат, да воведе онлајн кооперативен режим за до четири играчи. Но, дали е тоа навистина така? Синергија во хаосот Neon Abyss 2 и ...

Доајенот на македонското радио и телевизија, спикерката Бранка Станковска повторно ѝ „зборува“ на македонската јавност. Говорот е овозможен благодарение на иновативниот стартап Tytl од Валандово. Со помош на напредни техники за клонирање на глас и вештачка интелигенција, тимот на Tytl успешно го реконструираше автентичниот глас на Станковска, успешно доловувајќи ги нејзината препознатлива дикција, боја и начин на говор. За авторите на овој ...

За потребите на Hell Clock, развојното студио црпе инспирација од војната на Канудос (Guerra de Canudos), брутален конфликт што се случил во Бразил на крајот на 19-тиот век. Имено, Канудос била населба основана од верскиот водач Антонио Конселиеро. За брзо време, населбата станала прибежиште за илјадници сиромашни луѓе, поранешни робови и сите оние кои биле обесправени од новоформираната бразилска република. Кога жителите на Канудос одбиле да се ...

Во 2017 година, бумот со криптовалутите го тресеше светот, ветувајќи финансиска револуција и огромни нови можности за сите оние беа подготвени да вложат во овие дигитални пари. Но, зад блескавите ветувања како оние на компанијата Centra Tech, се крие една од најозлогласените измами во крипто индустријата. Документарецот Bitconned на Нетфликс ја раскажува приказната за тројцата ко-основачи од Мајами – Реј Трапани, Сохраб „Сем“ Шарма и Роберт ...

Лансирана во 2006 година, Neverwinter Nights 2 остави длабока трага во жанрот во срцата на бројни RPG гејмери. Многу добро паметиме колку се зборуваше оваа игра и каква се опсесија беше и на нас и на нашите пријатели. Скоро две децении подоцна, играта и понатаму има резервирано посебно место во нашите срца, истакнувајќи се како продолжеток на една од најдобрите RPG игри. Развиена од Obsidian Entertainment, двојката претставуваше амбициозна ...

Beat ‘Em Up Collection од студиото QUByte Interactive e внимателно составена компилација која обединува седум класични игри, пренесувајќи го духот на аркадните игри и 16-битните конзоли директно на модерните платформи. Наместо обичен порт, колекцијата е дополнително збогатена со современи функции кои го подобруваат искуството без да ја нарушат автентичноста на оригиналите. Овој пакет вклучува седум различни наслови, секој со свој уникатен шарм, ...

По успехот на првиот дел, серијалот BUSTAFELLOWS се враќа со целосно нова сезона, носејќи ги со себе препознатливите мистериите, романсата и адреналинот што ги освои долгогодишните фанови. Овој визуелен роман ветува уште подлабока приказна, покомплексни ликови и нови механики кои ќе ги задоволат и најверните фанови и новите играчи. Морални граници Дејството повторно нè враќа во мрачните улици на градот Њу Сиг, каде што криминалот и правдата ...

Мрежата за инвестирање Zephyr Angels ја реализира својата pre-seed инвестиција во македонско-српскиот стартап barKoder, deep-tech стартап кој развива високо-прецизни софтверски решенија за скенирање баркодови. Ова е првото надворешно финансирање за компанијата од нејзиното основање во 2021 година. Главниот производ на barKoder – barKoder SDK – овозможува на бизнисите да ги заменат традиционалните хардверски скенери со флексибилна, скалабилна и ...

Скопје, 27.03.2025 – Binance, водечката светска берза за размена на криптовалути, со гордост најавува дека ќе биде домаќин на собир на заедницата во Скопје. Овој настан претставува уникатна можност членовите на крипто заедницата да се сретнат со претставници на Binance, да ги истражат најновите трендови во индустријата и да разговараат за иднината на дигиталните средства, и во регионот и на глобално ниво. Првата средба во Скопје ќе биде на 3 ...

Holy Shoot е брза, хумористична и непредвидлива roguelite пукачка игра од прво лице која ве фрла во арени полни со демони. За да дознаеме повеќе за магијата (и лудилото) зад овој проект, IT.mk разговараше со клучните луѓе од тимот: Ерхан Ташкин (Erhan Taşkın), извршен директор и ко-основач, и Беѓум Џерен Онар (Begüm Ceren Onar), дизајнерка на играта и продукт менаџер. Разговорот го започнавме со прашање за самата срж на играта. IT.mk: Можете ли ...

Во случај да ви е преку глава од интензивно микроменаџирање и стратешко планирање до најситен детаљ, тогаш чедото на Spaceflower и ByteRockers’ Games е наслов само за вас! Let Them Trade се појавува како освежителна алтернатива, нудејќи релаксирачко искуство фокусирано на економијата, трговијата и органскиот раст на едно живописно кралство. Во улога на кралски управител, вашата задача е да изградите мрежа на просперитетни градови, да управувате ...

Серијалот Killing Floor е еден од омилените серијали на голем број FPS фанови, особено оние фанови кои бараат поразлична Left4Dead алтернатива. Низ годините, серијалот има создадено наследство засновано на немилосрдните бранови од монструозни Зед. Патувањето започна во далечната 2009-та година. На времето, оригиналниот Killing Floor беше пофален за својата темна, угнетувачка атмосфера и суров хорор-гејмплеј што ги постави темелите на франшизата. ...

The Sims 4: Jungle Adventure е шестиот таканаречен game pack. Пакетот беше објавен на 27 февруари 2018 година и, доколку му пружите шанса, ќе ве однесе на егзотично и, со малку среќа, незаборавно патување во срцето на дивината. Надоврзувајќи се на впечатливото искуство кое го најдовме во The Sims 3: World Adventures, пакетот сепак успева да се истакне со специфични механики и приказна, под услов, секако, вашите симсовци да се спремни да ја ...

Минатата недела тивко помина една од можеби најважните вести за македонското образование – воведување на вештачка интелигенција (ВИ) во наставата. Ако оваа иницијатива се реализира како што треба, истата би можела да предизвика длабоки промени и да донесе значајни резултати за целото општество. Проектот ќе се спроведе во партнерство со приватниот сектор, како заедничка иницијатива на Министерството за образование и ИТ академијата Бреинстер. ...

The Necromancer’s Tale е готска RPG авантура која ве потопува во мрачен свет на интриги, магија и морални дилеми. Сместена во алтернативна историја во близина на Венеција и Јадранското Море во 1733 година, играта ве става во улога на благородник кој, воден од желбата за знаење и одмазда, навлегува во таинствените и забранети некромантски уметности. Она што набргу откривате е дека се работи за игра во која е вложено многу време, знаење и ...

Одвреме-навреме, се случува да се појави игра која успешно го размрдмува калапот со свежи и иновативни идеи. The Wandering Village, развиена од швајцарското студио Stray Fawn Studio, е наслов кој не се плаши да заплива во непознати води. Оваа игра ве става во улога на водач на мала група преживеани во еден суров, постапокалиптичен свет, но со еден уникатен пресврт – вашиот нов дом е грбот на колосално, древно суштество кое талка низ опустошените ...

Пред извесно време, имавме можност да го испробаме демото за играта Mycopunk. Уште тогаш, демото вети уникатно искуство што комбинира елементи од популарни наслови како Deep Rock Galactic и Risk of Rain, но со впечатлив визуелен (и гејмплеј) стил кој силно потсетува на Borderlands. По неколку месеци, играта конечно пристигна на Steam Early Access, нудејќи им можност на играчите да влезат во улога на необични роботи и да ја исчистат галаксијата ...

Верувале или не, The Sims 4 пали и жари нешто повеќе од една деценија. Развиена од Maxis и објавена од Electronic Arts, The Sims 4 со текот на годините прерасна во најголемата и најдолготрајната игра во серијалот. Оваа трансформација е резултат на континуираната поддршка преку огромен број на дигитални содржини за преземање, кои не само што ги вратија бараните елементи, туку и го проширија светот на играта далеку надвор од првичната замисла. ...

Songs of Conquest уште од самиот почеток се етаблираше како достоен духовен наследник на класичните стратегии на потези, но со секоја нова експанзија, докажува дека има и сопствен, уникатен идентитет. Најновиот додаток, The Roots, не е само пакет со нови единици, туку е длабока и инвентивна ревизија на основните механики на играта. Доаѓајќи од морничавите дивошуми, оваа свесна колонија од растенија, габи и реанимирани коски носи нешто што ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
71%
1025
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
79%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1027
weather icon

Софија

10ᴼ / 7ᴼ
5.14
60%
1025
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
4.49
77%
1025
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 4ᴼ
0.0
91%
1029
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
1.54
72%
1017
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
71%
1020
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
5.14
44%
1022
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
2.24
89%
1024
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 7ᴼ
0.89
76%
1026
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
6.17
82%
1021
Currency

61.6117

Currency

53.5431

Currency

69.9606

Currency

34.8127

Currency

38.0334

Currency

66.1643

Currency

7.52102

Currency

0.66196

Currency

0.3488

Currency

0.52486

Currency

1.27263

Currency

0.60225